-
Вечна куќа
0200,00 денПоаѓајќи од насловот на оваа стихозбирка, мое да се насети кој и што домува во Вечна куќа – оној и она што ги зграбила смртта во вечноста. Главната тема е физичкото напуштање на светот, но асоcијаcијата на тоа заминување е неповратноста, конечноста. Циклусите песни (Тоа таму, Секое нешто, Никој ништо…), што ја сочинуваат оваа стихозбирка, се чини како да сакаат да ја оџемат силата на смртта неизговарајќи го нејзиното име. Низ наративни, а лирични слики, песните во Вечна куќа зборуваат за разделбата со покојниот, за верувањето дека мое да се случи враќање од невратот, ако лелекот и оплакувањето се доволно истрајни до претерување. За осаменоста на оние што остануваат и за вечните прашања: кога и каде ќе се сретнат животот и смртта и дали ќе го сакавме животот, да не беше смртта?
-
Сè што изгубивме во огнот
0350,00 денДванаесет раскази во кои вешто се спојува аргентинското секојдневје, обликувано од крвавите траги од суровоста, грабнувањата и убиствата во бурното минато, со натприродните елементи.
Во книгата се распостилаат моќни приказни за патолошки личности, сериски убијци, мајка што го продала детето за да преживее, туристи што ги посетуваат местата на најтешките злосторства за разонода, ќе прочитаме за животот на луѓето во опасните и бедни квартови, полициската бруталност, за локалните празноверија и обичаи.
Последниот расказ, по кој воедно е и насловена книгата, ја раскажува историјата на група жени што решиле да се самозапалaт откако други жени загинале фрлени во оган од своите партнери. Инспирација е вистинскиот случај на фемицид на Ванда Тадеи, која починала неколку дена откако сопругот ја запалил.
Расказите не даваат одговор за судбината на ликовите, читателот не дознава кој е човекот што наведува една девојка да се самоповредува, што се случи со девојката што ја одведе напуштената куќа, кое е момчето со крвави заби што седи на креветот или каков е тој порив на жените за самозапалување како порака кон заканата од насилство. Се чини дека светот едноставно има потреба од жртви
-
Островот на исчезнатите дрвја
0500,00 денЛегендите постојат за да ни го раскажат она што историјата го заборавила.
Во 1974 г., на островот Кипар, Гркот Костас и Турчинката Дефне кришум се среќаваат во меаната Среќна смоква среде која се извишува едно дрво – сведок на војната што се разгорува на островот и на неговата поделба, кога младите се принудени да се разделат.
По дваесетина години Костас се враќа во Никозија како успешен ботаничар и ја наоѓа својата изгубена љубов. Заминуваат за Лондон, со едно гранче од старата смоква… По 16 години, соочена со загубата на мајка си, нивната ќерка очајно трага по одговори. А единствената врска што ја има со земјата на своите предци е смоквата во дворот и една неочекувана гостинка за новогодишните празници. Со своите вкусни кипарски рецепти, бучен карактер и топлина, таа го извлекува семејството од зачмаеноста и ги расветлува годините на тајни, разделби и тишини.
Раскошна, магична приказна за припадноста и идентитетот, љубовта и траумата, сеќавањето и заборавот, уништувањето на човештвото и природата, и најпосле, за обновата и зацелувањето.
„Прекрасен и трогателен роман за мрачните тајни на граѓанските војни и злата на екстремизмот: Кипар, љубовници од различни вери, оштетени деца, откоренување – и замислете, еден од ликовите во книгата е смоква!“
Маргарет Атвуд, Твитер
-
Џаро – живот на коцка
0400,00 денЗа ѕвездата на едно старо добро време кое веќе го нема, но ќе остане вечно запаметено
Животот на Велибор Џаровски-Џаро беше патување, песна, игра и љубов. Но играта што ја играше не беше секогаш лесна. Бурниот и немирен темперамент, остриот ум и специфичниот карактер постојано го соочува со најразлични перипетии.
Организатор на над 5.000 концерти, промотор на безброј пејачи и фудбалери на кои им помогна да го достигнат врвот во кариерата, бестрашен прекршувач на законот со 135 лажирани натпревари… Секогаш во центарот на вниманието поради различни згоди и скандали, тој остана крал на југословенската естрадна и спортска сцена дури и по нејзиното распаѓање.
Менаџер во времето кога менаџерството беше непризната професија, човек кој не признава просечност и пораз, незауздан ум кој не се плаши да ги премине границите. Некои луѓе не го познаваат зборот „доволно“. Таков е Џаро, кој останува запаметен како белег на едно време што ќе остане вечно запаметено – исто како и луѓето што го одбележаа.
-
Приказни од кафулето
0380,00 денГодишните времиња се движат во круг. Исто и животот. Минува низ тешки зими, но на крајот, секогаш доаѓа пролет.
Не можеме да видиме што навистина се крие во срцето на другиот. Кога тонеме во своите грижи, стануваме слепи за чувствата на најблиските. А кога конечно ќе се разбудиме, посакуваме да ги смениме нештата. Што ако навистина постои место во кое можеме да се вратиме во времето?
Во приказната на Тошиказу Кавагучи постои едно кафуле во кое можеме да се вратиме во времето. Но притоа мораме да следиме неколку правила, инаку патувањето може да заврши фатално. Најзначајно е дека треба да се вратиш во сегашноста пред да се излади кафето и дека не смееш да го менуваш минатото. Дали е разумно да се враќаш во времето ако не можеш да го промениш?
Во оваа книга ќе сретнеш неколку ликови кои го прифаќаат предизвикот. Тие ќе те премислат. Ќе ти откријат дека враќањето во времето навистина има смисла, дури и ако подразбира само одново доживување на истиот миг. На крајот, ќе видиме дека во тоа е и суштината – да го живееме секој миг како да нема да се повтори никогаш повеќе.
„Ретко се среќаваат вакви приказни кои завршуваат со искрени солзи радосници.“
Њујорк тајмс
-
Интимен живот
0400,00 денПред нас се открива животот на Марија Кристина, прекрасната четириесетгодишна поранешна манекенка и сопруга на актуелниот премиер на Италија.
Според медиумите и социјалните мрежи, таа е најубавата жена на светот, иако животот не ѝ бил секогаш лесен и претерано наклонет. На почетокот како читатели ја мразите оваа жена, затоа што е привилегирана, убава и богата, но како што се одмотува приказната, сфаќате дека почнувате да ја сожалувате. И дека веќе сте ја засакале. Марија Кристина е жртва на консументското општество, гладно за афери и за скандали, кое е спремно да ја проголта, но таа наоѓа сила и храброст да му се спротивстави и да не подлегне на подлите закони на медиумската тортура. Нејзиниот „интимен живот“ е драматичен, збунувачки и застрашувачки, но разоткриен во сета негова веродостојност и убедлива автентичност. Аманити повторно се претставува како мајстор на општествената сатира, и тоа на онаа најактуелната, поврзана со феномените на инстант културата, социјалните мрежи, стереотипите и нивните разобличувања.
-
Стовариште
0450,00 денСергеј Трифуновиќ истовремено е синоним за еден од најангажираните актери од Србија, но и редок пример на уметник од овие балкански простори што успеа да изгради своја забележителна кариера на „гостински терен“ – во САД.
Но, Сергеј Трифуновиќ е познат и по други нешта: музиката, хуманитарната работа, јавните настапи, социополитичкото гласноговорништво. А сега, на ред дојде и книжевноста! Во ова дело Сергеј ги прикажува своите веќе добропознати, но, што е уште поважно, скриени емоции. Сето она со што го поврзуваат: бунтовништвото, пркосот, своеглавоста, но и себекритичноста, креативната перцепција, скромноста, беспоштедноста кон себеси… Познатиот и непознатиот С. Т. на едно место.
Како што вели Владисав Бајац, резултатот од ова е: „Помалку автобиографија, а повеќе биографија за себе (она кога пишувате за себе како за друг). Автобиографија низ другите и преку другите. А најмногу патопис низ испреплетената Амеро-Србија, од Белград и назад, преку Париз, Амстердам, Њујорк и Лос Анџелес, но и Лос Аранѓеловац. Тоа се пределите на телото. Сè друго во оваа книга се предели на душата.“
Она што е помалку познато е дека Сергеј Трифуновиќ носи и една македонска жичка во себе. Многу повеќе поврзана со пределите на душата за кои говори Бајац отколку со географијата на телото. Но, таа жичка е клучот за читање на оваа книга и во нашиот контекст.
Немам податок дали Сергеј појадува ураниум, ама не е тајна дека со жестоката енергија и натаму татни низ просторот, кариерата и низ животот. Талентот го води на различни страни и му овозможува да види, да запознае, да слушне и да запамети многумина од великаните во светот во кој најдобро се чувствува. Дел од ова емотивно бреме елегантно го депонирал во „Стовариште“. Тоа го направил галантно, заводливо, страсно и искрено. Кога сака и почитува некого, за него тоа нема ни цена, ни мера… „Стовариште“ е книга што треба да се доживее со сите сетила: можете да ги вкусите речениците, да ги извикувате стиховите на улица, извадоците да звучат како музика, а цело време да гледате кадри од филмови што чекаат да бидат снимени.
На крајот на краиштата, целата приказна е изнијансирано истражување на сложените лични односи со професијата и големо сведоштво за болката од загубата, соништата, примерите и авторитетите до кафеаните и адресата на земјата во која е роден. Оваа „Автобиографија на другите“ е и прослава на она што е заеднички проживеано. Сергеј Трифуновиќ со брутална чесност и храброст го опишува своето турбулентно минато и патот до тоа да стане личност каква што е. Ликот на „тешко момче“ поседува и нежна човечна страна. „Стовариште“ е многу, многу повеќе од збирка мемоари на една јавна личност.
Пеца Поповиќ, од Предговорот
-
Држете се до своите деца
0600,00 денКако да ги одгледуваме своите деца подложни на врсничко влијание во новиот дигитален свет?
Современа класика за највознемирувачкиот тренд на нашето време – притисокот на врсниците. Неопходен водич за разбирање на овој проблем и за тоа како да му помогнете на своето дете да се справи со него.
Габор Мате и Гордон Нојфелд се зафаќаат со решавање на поткопаниот родителски авторитет. Децата сè повеќе се угледуваат на врсниците во потрагата по својот идентитет и правилата на однесување. Тоа го нарушува здравиот развој и негува непријателска и сексуализирана младинска култура. Децата стануваат опортунисти подложни најчесто на опасни влијанија, се отуѓуваат и најважно им е да бидат кул.
„Држете се до своите деца“ нуди практични совети за повторно поврзување и воспоставување соодветна домашна хиерархија, а притоа децата да се чувствуваат безбедно и сфатено и одново да ги придобиеме нивната приврзаност и љубов. Родителите можат да ги разбудат во себе вродените инстинкти и повторно да ја преземат својата природна улога да бидат за своите деца вистински извор на разбирање, сигурност и нежност.
„Достојна книга која ни носи навистина нови идеи и свежи гледни точки за родителството.“
Мери Пајфер
-
Психопорно
0400,00 ден„Психопорно“ е збирка од кратки раскази, целосно напишани во динамичен дијалог.
Како што кажува и самиот наслов, во делото се прикажуваат сексуалноста, нејзината духовна и трансцедентална димензија. Во расказите буквално се разглобува сексуалноста, дел по дел. Пред читателот се открива длабинско истражување на човековата внатрешнотст. Ова се разговори што се состојат од изјави без заобиколувања, без одбирање „суптилни“ зборови и понекогаш ја доведуваат дискусијата меѓу ликовите до самата срж.
Даворин Ленко е вистински мајстор на дијалогот, кој успева да исцрта сцени без премолчување, а истовремено создава расположение на комплексни, ранети или „ѕверски“ харизматични ликови. Со оваа шокирачка книга тој отвора ново поглавје од својот литературен опус и го подигнува нивото на читателските очекувања.
-
Не почна од тебе
0430,00 денДепресија. Анксиозност. Хронична болка. Фобии. Опсесивни мисли. Доказот е убедлив: можно е корените на тие проблеми да се во траумите на нашите родители, баби и дедовци, дури и кај прабабите и прадедовците. Најновите истражувања потврдуваат дека трауматичните искуства се пренесуваат на идните поколенија и дека тоа емоционално наследство, скриено во сѐ ̶ од експресијата на гените до секојдневниот јазик ̶ има многу поважна улога во нашето здравје отколку што досега се знаело. Врз основа на истражувањата на водечките стручњаци во областа на невронауките и посттрауматскиот стрес, Марк Волин осмисли пионерски пристап во идентификувањето и отстранувањето на тие наследени фамилијарни обрасци. Книгата „Не почна од тебе“ е пристапна, прагматичен и прескриптивен водич за методот што на илјадници луѓе им помогна да завладеат со сопствениот живот. Книгата Не почна од тебе е преполна со приказни што ќе ви го сменат животот, моќни увиди и практични орудија за индивидуално исцелување, таа заслужува место на вашата полица за книги. – Марк Матоусек, автор на делото „Ethical Wisdom“ Многу важна книга… Марк Волин е мудар и доверлив водич на патувањето кон исцелувањето. – Д-р Тара Брак, авторка на делото „Радикално прифаќање и вистинско засолниште“ Смело, креативно и сочувствено дело. – Шерон Салцберг, авторка на бестселерот на „Њујорк тајмс“ „ВИСТИНСКА СРЕЌА“
-
Не одам никаде
0350,00 денКратки, презицни и напнати, овие раскази се експлозија од емоции. Шокираат, растажуваат и вознемируваат, но знаат и да насмеат.
Географскиот и внатрешниот егзил е главниот поттик за конфликтите на овие ликови, заедно со сите наметнати очекувања што ги отежнуваат меѓучовечките односи. Обременети од притисоците на западниот свет, од потценувањето на нашата македонска и балканска реалност, тие не можат да избегаат од своите комплекси, каде и да одат.
Сложените проблеми не можат да имаат едноставни расплети, но можат да кријат зачеток за нивно разрешување. „Не одам никаде“ е совршена книга за да ги помести читателите од нивната умствена вкочанетост.
„Бужаровска е искучително талентирана, модерна и учена раскажувачка, која пораснала со влијанието на американските раскази. Има невообичаено читлив и заводлив стил, дури и кога обработува мрачни теми. Човек лесно би си помислил дека е наследничка на Ани Ерно, решена да стане некој и нешто, иако веќе е она што посакува да биде.“
Дубравка Угрешиќ
-
Зошто ме тргаш од ѕвездите?
0280,00 денКнигата „Зошто ме тргаш од ѕвездите?“ од Леонардо Змајшек е симпатично четиво за зреењето, растењето, за сите дилеми, болки и радости што ги носи периодот на адолесценцијата.
Со нескриена младешка енергија, со уште поотворена тинејџерска
љубопитност и желба за сознавање, расказите на Леонардо откриваат
еден лик и многу негови внатрешни гласови или обратно, мноштво
ликови, а еден доминантен глас што раскажува.
Леонардо, можеби и ненамерно, но секако интересно, си поигрува и
со елементите на научната фантастика, креирајќи ликови или суштества кои во себе или околу себе носат енигма на мистичност, на чудесна интервенција од некој или нешто непознато.
Текстовите откриваат и автор кој е упатен и пасиониран читател, со
силно влијание од митологијата, од епската фантастика, од трилерот
како литература или неговата екранизација.
Дел од расказите лесно би можеле да бидат адаптирани за стрип,
филм или видеоигра.
Леонардо Змајшек пишува искрено, емотивно, со силна страст за
метафори, градење слики и цели лични светови. Неговата книга и
емотивниот вртлог во неа, за повозрасните читатели може да биде
и силна шлаканица или одговор на прашањето каков свет им оста
ваме на нашите деца -
Проектот Автентичност
0500,00 денШто би се случило кога сите би ја кажувале вистината?
Приказна за една обична бледозелена тетратка која ги менува животите на неколку ликови откривајќи им вредни животни лекции.
Џулијан Џесоп е осамен ексцентричен уметник кој верува дека луѓето никогаш не се целосно искрени. Прашувајќи се што би се случило кога сите би ја говореле вистината, својата ја запишува во обична бледозелена тетратка што ја остава во еден мал ресторан. Кога ќе ја најде, Моника решава да му помогне на Џулијан да ја преброди осаменоста и организира курс по сликање. А потоа ја раскажува својата животна приказна и ја остава тетратката во блискиот вински бар.
Моника и Џулијан не можат ни да претпостават колку нивната искреност влијае врз сите кои ќе ја пронајдат тетратката и на кој начин таа ќе им го промени животот. Еден по еден, тие ја споделуваат сопствената приказна – чин што носи слободување, им ги открива скриените потенцијали и безбројните можности што ги нуди животот.
„Топла книжевна прегратка, книга која несомнено ќе ве расположи.“
Вашингтон пост
„Топла и нежна приказна за придобивките од храброста да се покаже своето вистинско лице со сите несовршености.“
Пипл
-
Што не те прави будист
0400,00 денВе фасцинира да станете будист или веќе се сметате за тоа?
Ѕонгсар Џамјанг Кјенце, учител кој доаѓа од традицијата на тибетскиот будизам и еден од најкреативните и најиновативните лами што на денешнината отворено го предизвикува будистичкиот свет, притоа опфаќајќи често сретнувани погрешни сфаќања, стереотипи и фантазии. Со проникливост и иронија, Кјенце ги принудува читателите да појдат отаде површните замки и стапици на будизмот – отаде романсата која подразбира бројаници, мирисливи стапчиња или егзотични одежди – и да се устремат токму кон средиштето на она на што подучувал Буда.
Ѕонгсар Џамјанг Кјенце е лама од традицијата на тибетскиот будизам кој патува и подучува низ целиот свет. Предводник е на прочуениот манастир Ѕонгсар, на колеџот „Ѕонгсар“ и на „Siddhartha’s Intent“, и е духовен патрон на центри за медитација во Ванкувер, Сан Франциско, Сиднеј, Хонг Конг и Тајпеј. Покрај тоа, тој е сценарист и режисер на наградуваните филмови „The Cup“ и „Travellers and Magicians“.
„Конечно пред нас е еден нов и свеж глас на тибетскиот будизам. Во оваа кратка книга се содржани многу нешта за размислување, како за проучувачите на будизмот, така и за сите оние кои се заинтересирани за постојаното приспособување на традиционалната источна мудрост во постмодерните услови и околности наметнати од западниот свет.“ – Паблишерс викли
-
ЗАВЛАДЕЈТЕ СО СВОИТЕ ЕМОЦИИ
0380,00 денНе мора да имате совршен живот за да бидете среќни. Среќата е избор што го правите секој ден.
Сте размислувале ли некогаш за своите мисли? Дали сте посклони кон негативните наместо кон позитивните?
Првиот чекор кон промената е да разберете како функционираат негативните мисли и емоции. Една негативна критика може да фрли во сенка стотици позитивни. Затоа, мора да научите да ги преобразувате лошите емоции и да ги претворате во позитивни. Среќниот живот е возможен ако ги следите практичните чекори што ни ги нуди Морис.
Продадена во 100.000 примероци, оваа книга содржи докажана програма што ќе ве научи на 31 практичен чекор за совладување на негативните емоции. Ќе ви покаже како емоциите да работат за вас и ќе ви помогне да ја научите формулата за преобразба на мислите.
Тибо Морис бил интроверт и неговата повлеченост не му овозможувала да ги постигне целите што ги посакувал. Кога одлучил да си го подобри животот, сè се променило. Ова е неговата приказна за тоа како ја пронашол среќата. Може да биде и патоказ кон вашата.
„Корисен, оптимистички и добро организиран водич за справување со емоциите што ќе ви помогне да станете цврсти и непокорни.“
Киркус ривју
-
Мојот маж
0350,00 денЕдинаесет жени отворено и без никакви задршки зборуваат за своите сопрузи. Секојдневните ситуации докажуваат колку може да биде тежок животот во заедница. А ставовите за брачниот живот кажуваат многу и за нас како личности.
Тешки партнери и уште потешки карактери. Румена Бужаровска ги посочува/оцртува/назначува социјалните и интимните граници што ги имаме со сопружниците. А кога ќе се крене тепихот под кој е насобрано сè што било премолчувано со години, од нас избликнува и долгопотиснувата горчина.
Иронична и трагикомична, брачната баналност во својата срцевина го содржи она што се нарекува живот, а што некои од нас дури и навистина го живеат.
„Бужаровска никогаш не е цинична, зашто секогаш меѓу редовите ја открива битката што сите сме принудени да ја водиме со себеси.“
„Фалтер“