-
Исидора Мун прави зимска магија
0490,00 денМајка и е самовила, татко и е вампир, а таа е по малку од двете.
Исидора обожава да си игра на снег, особено кога нејзините снежни фигури оживуваат!
Но, снежната магија не може да трае засекогаш.
Ќе успее ли Исидора да ги спаси своите нови другарчиња пред да се стопат?
-
Вејко Северко
0168,00 денТалкаше така дење и ноќе, преку седум гори и седум планини, за да стигне на крајот до куќата на Северко. Детето тропна на вратата, но Северко не беше дома, па тоа си седна на прагот да го почека. Одеднаш, нешто почна да фучи. Се се затресе.
И ете ти го Северко, студен и намуртен!
*Изворник: „Македонско народно творештво: Народни приказни, книга 2 – Македонски народни волшебни приказни“, подготвил: Танас Вражиновски,
Институт за фолклор „Марко Цепенков“, 1986, Скопје
Адаптација на текст: Билјана С. Црвенковска
Илустрации: Катерина Николовска
-
Двата цара
0168,00 денОдеднаш, низ дрвјата здогледа една срна како трча. Тој го збодна коњот и почна да ја брка.
Срната бегаша и бегаше, но се сопна од една пенушка и падна.
Во моментот кога царскиот син се приближи до неа, срната му проговори:
,, Немој, те молам, не ме убивај!”
*Изворник: „Македонско народно творештво: Народни приказни, книга 2 – Македонски народни волшебни приказни“, подготвил: Танас Вражиновски,
Институт за фолклор „Марко Цепенков“, 1986, Скопје
Адаптација на текст: Билјана С. Црвенковска
Илустрации: Катерина Николовска
-
Бајки од Македонија
0600,00 денНајубавите бајки од македонската народна традиција
– Момчето што се скри во златното јаболко
– Двата цара
– Вејко Северко
– Девојчето и дванаесетте месециИзворници:За „Момчето што се скри во златното јаболко“, „Двата цара“ и „Вејко Северко“: „Македонско народно творештво: Народни приказни, книга 2 – Македонски народни волшебни приказни“, подготвил: Танас Вражиновски, Институт за фолклор„Марко Цепенков“, 1986, Скопје
За „Девојчето и дванаесетте месеци“: Марко К. Цепенков, „Македонски народни приказни“, Т. 1, стр. 357-359, приредил Кирил Пенушлиски, Скопје, Македонска книга, 1989.
Поддржано од Движењето за поддршка на креативноста „Иво Лауренчиќ“ – Браво Сине!
Адаптација на текст: Билјана С. Црвенковска
Илустрации: Катерина Николовска
-
Бајки од Македонија за цела година
01.500,00 денНајубавите бајки од македонската народна традиција
Дали сте чуле за девојката Злата Позлатена?
А за мома Тентелина и волците? Кој ја знае приказната за ламјината ќерка Црнодреха? А сакате ли да дознаете зошто еден кнез се научил да плете кошници?
И кој бил змејот од Пелистер?
Ова богато илустрирано издание содржи 52 македонски бајки и басни од нашата фолклорна традиција што се читаат во текот на целата година, а читателите се запознаваат со многу нови интересни ликови кои се соочуваат со разни предизвици.
Приказните во оваа книга ќе ја разбудат фантазијата на секое дете кое со возбуда ќе сака да ги прераскажува повторно и повторно.
-
Хотел за кучиња
1290,00 денЕнди обожава кучиња!
Па, така, кога една преслатка бездомна кучка ќе се појави на прагот, Енди сака да ја спаси – но не смее да ја донесе дома. Со помош на Брус, нејзиниот брат, ја спасуваат кучката и малечките кученца што ќе ги роди и ги сместуваат во една напуштена куќа во близината.
Но, потоа доаѓа и Ред Ровер, еден раскошен ирски сетер кој е матретиран од својот сопственик. А тој не е последен, по него доаѓаат и други..
Енди е воодушевена – па таа сега има свој хотел за кучиња!
Но, дали таа и Брус ќе можат докрај да ја дочуваат тајната за хотелот или, пак, ќе мораат да се доверат некому?
-
Сказна за глупавото глувченце
0130,00 денГлупавото глувче мало
Вели уште незаспано:
– Неубав е гласот твој,
И многу е силен тој!
-
Малиот Стјуарт
0300,00 денМалиот Стјуарт не е обичен глушец. Роден во семејство на луѓе, тој живее во Њујорк со неговите родители, постариот брат Џорџ и мачорот Сноубел. Иако е срамежлив и претпазлив, тој е вистински вљубеник во авантурите.
Најголемата авантура на Стјуарт се случува кога неговата најдобра пријателка, прекрасната мала птица по име Маргало, ќе исчезне од нејзиното гнездо. Решава да тргне по неа и по првпат во животот го напушта својот дом. Потрагата е возбудлива, но дали ќе ја најде Маргало?
-
Петар Пан
0200,00 денПетар Пан е палаво момче кое одбива да порасне.
Барајќи ја својата сенка, тој слетува во домот на Дарлингови. Се спријателува со Венди, Џон и Мајкл и ги учи да летаат (со помош на самовилска прашина).
Тој и Ѕвончица ги носат децата во земјата Недојдија, каде што среќаваат Индијанци, изгубени момчиња, пирати и лошиот капетан Кука…
-
Авантурите на Том Соер
0290,00 денОва е првиот авантуристички роман за деца на Марк Твен за Том Соер и Хаклбери Фин и е една од најпознатите и најчитаните книги во светот.
Во него е прикажан животот покрај реката Мисисипи во четириесеттите години на 19 век преку авантурите на Том Соер.
Том е јунак во очите на неговиte другари, но и постојан извор на проблеми за неговите најблиски –особено за неговата тетка Поли. Каде и да има некаква неволја или авантура – Том е таму.
За време на едно топло лето, Том е сведок на убиство, бега од дома за да стане пират, се вљубува во Беки Тачер, присуствува на сопствениот погреб, спасува невин човек од бесилка, трага по богатство во куќа со духови и наоѓа кутија со злато…
-
Мојот брат од тринаесеттиот кат
0250,00 денАко едната страна од гајтанот божемски ја вклучам во мојот кревет (всушност ќе ја пикнам под јоги-душекот!), а втората ја вклучам во креветот на Мирна (ќе ја ставам под нејзината перница), двата кревета ќе бидат поврзани и најверојатно и таа и јас следната ноќ ќе сонуваме ист сон.
-
Кифличката Мирна
0250,00 ден„Како се викаш?“
„Не знам. А ти?“
„Мирна.“
„Од каде знаеш?“
„Мајка ми ми кажа веднаш кога се родив.“
„А зошто мене мајка ми не ми кажа?“
„Не знам.”
Разговорот се скина, но тишината продолжи да ги поврзува нашите срца.
-
Ѕвездено дете
0500,00 денЅвездан е дете кое живее меѓу ѕвездите. А кога живееш меѓу ѕвездите, животот ти е исполнет со нив.
Ѕвездан е вистински мајстор за ѕвезди: ги поправа кога ќе престанат да светат, пловејќи меѓу нив со своето бротче. Исплашен од помислата некоја ѕвезда да не падне, Ѕвездан доаѓа до едно големо откритие… што понатаму ќе го одведе до нешто сосема, сосема неочекувано…
„Ѕвездено дете“ е нежна, ѕвездена приказна за желбите, стравовите, осаменоста и љубовта.
-
Облачињата кои не сакаа да плачат
0450,00 денОх, како скандал во училиштето за облаци!Малите облачиња одбиваат да плачат!
Хи, хи, хи, протрчуваат по небото малечките облаци.
Ха, ха, ха, се бркаат насмеани со ветрот.
И така по цел ден и саноќ и ниту една капка, со денови!
-
24 часа во Еднорозија
0250,00 денМалата извидничка Дева е изгубена во густата шума на планината Би. Во потрага по неа тргнуваат нејзината сестра-близначка Дина, момченцето Јан и кученцето Путерче. Случајно ја откриваат чудесната, таинствена земја Еднорозија во која живеат еднорози, самовили и волшебникот Моли. Многу одамна, злобниот принц Нолад фрлил страшна магија врз оваа прекрасна земја и оттогаш нејзините жители се заробени во неа.
Додека групата извидници трага низ планината по нашите пријатели Дева, Дина, Јан и Путерче, тие, пак, соочени се со многубројни предизвици што треба да ги совладаат, три гатанки што треба да ги одгатнат и три книги што треба да ги пронајдат за да ги спасат жителите на Еднорозија.
А, обидите за спас уште повеќе ги отежнуваат тројцата научници – господинот Шол, господинот Верг и господинот Адулбаз (нивните презимиња прочитај ги наназад за да откриеш какви се тие). Тројцата научници ја напаѓаат Еднорозија, верувајќи дека еднорозите го кријат лекот за бесмртноста…
-
Мала книга за хиге: данскиот начин на добро живеење
0780,00 денЗа Данска често се вели дека е најсреќната земја во светот. А тоа се сведува на една работа – хиге.
ХИГЕ СЕ ПРЕВЕДУВА НА НАЈРАЗЛИЧНИ НАЧИНИ, ОД УМЕТНОСТ НА СОЗДАВАЊЕ БЛИСКОСТ, ПРЕКУ ПРИЈАТНА ДУШЕВНА УДОБНОСТ, ПА ДО ЦРПЕЊЕ ЗАДОВОЛСТВО ОД ПРИСУСТВОТО НА СМИРУВАЧКИ НЕШТА. А МОЈОТ ОМИЛЕН ОПИС Е – КАКАО ПОД СВЕТЛИНА ОД СВЕЌИ…
Кога ќе го почувствуваш она што се нарекува хиге, едноставно го знаеш тоа. Тоа е она кога си стуткан на каучот со саканата личност или кога јадеш заедно со најблиските пријатели. Тоа се оние јасни сини утра кога светлината што ти влегува низ прозорецот е токму онаа вистинската.
А никој не може да ти биде подобар водич за сето она што се подразбира под хиге од Мајк Викинг. Мајк е генерален директор на Институтот за истражување на среќата во Копенхаген и има минато многу години во проучување на магијата на данскиот начин на живот. Почнувајќи од изборот на вистинското осветлување и сè околу планирањето забава, преку создавањето комплет за хиге прва помош, па дури и во однос на изборот на облека, оваа прекрасна и инспиративна книга на Мајк ќе ти помогне да бидеш по-хиге.