Филтер по цена
Жанр
Автори
  • Раскажувачката

    Раскажувачката

    0

    Некои приказни живеат засекогаш…

    Сејџ Сингер се спријателува со еден старец, омилен во заедницата – пензиониран наставник и тренер во јуниорската бејзбол лига. Нивното пријателство започнува во пекарницата во која работи Сејџ. Еден ден тој ја замолува за услуга: да го убие! Таа е шокирана и одбива… И тогаш започнува исповедта на неговите најмрачни тајни – тој навистина заслужува да умре… Што да се прави кога злото е во соседството? Треба ли да се понуди прошка?

    И најтешкото прашање: се работи ли за убиство или за правда?

    600,00 ден
    Додај во кошничка
  • Авијатичарот

    Авијатичарот

    0

    Главниот лик на романот, Инокентиј Петрович Платонов, се буди во болнички кревет и сфаќа дека не се сеќава на ништо – ни на своето име, ни како завршил тука. По предлог на својот лекар, ќе започне да го запишува секој детаљ што ќе се врати од неговото сеќавање. Платонов создава калеидоскоп од слики, лица, зборови, мириси, звуци и случувања поврзани со животот на еден млад човек во екот на Руската револуција, болшевизмот, необолшевизмот и анархијата… Иако поголемиот дел од неговото минато се однесува на почетокот на XX век, Платонов насетува дека се разбудил во едно друго време… На апчињата покрај неговиот кревет пишува дека е 1999 година?!

    Во Русија нарекуван „Умберто Еко“, во Америка „рускиот Маркес“, Водолазкин со овој роман го оправдува и го потврдува епитетот гениј, создавајќи проза за сеќавањето и простувањето, за вината и невиноста, истовремено обликувајќи ја нежно и тажно, со силна духовна и литерарна димензија, претставувајќи го најмрачниот период на руската историја низ индивидуална судбина, зашто, како што и самиот вели, „политиката е на маргините во однос на она што се случува во душата на човекот“.

    Дали Платонов ќе успее да се приспособи на својата нова реалност?

    350,00 ден
    Додај во кошничка
  • Мирисот на листовите чај

    Мирисот на листовите чај

    0

    Сместена во дваесеттите години на минатиот век, приказната ја следи младата Англичанка Гвен, која има среќа да ја сретне љубовта на својот живот – русокосиот сопственик на плантажа од Цејлон (денес Шри Ланка). Таа доаѓа со пароброд на островот за да стапи во брак што ветува долг и мирен живот среде високите зелени ридови со чај. Но Лоренс е постојано на работа, а неговата млада сопруга мора сама да ја истражува плантажата.

    Талкајќи по забранетите места, Гвен наоѓа заклучена врата, премолчено минато. Гвен наскоро ќе остане бремена, а нејзиниот сопруг е пресреќен. По породувањето таа се соочува со страшната одлука што мора по секоја цена да ја скрие од Лоренс. Кога вистината ќе излезе на виделина, дали сопругот ќе може да ѝ го прости на Гвен тоа што го направила?

    500,00 ден
    Додај во кошничка
  • Чернобилска молитва

    Чернобилска молитва

    0

    Чернобилска молитва е чудесна и потресна книга за личните соочувања на луѓето погодени од најголемата нуклеарна катастрофа во историјата на човештвото. 26 април 1986 година, Чернобил. Сведоштво од кое се ежи кожата. Каталог на трауми на луѓе погодени од катаклизмични настани чии ефекти беа пренесени низ целата планета. Болка, страв, бес и несигурност, со кои сè уште живеат. Авторката дозволува оние што живееле и сè уште живеат во погодените области да ја раскажат сопствената приказна.

    Гласови на жени сведоци на грозоморното умирање и распаѓање на телата на нивните сопрузи погодени од радијацијата. Жена што добива рак од седењето покрај креветот на кој спиел нејзиниот сопруг. Гласот на таткото што ја закопал својата ќерка, почината од болест што не постои. Гласот на старата жена што не може да сфати зошто мора да ги напушти селото и својата градина кога во неа сè расте и сè цвета. Во овој свет сè изгледа сосема нормално затоа што злото се крие зад маска и никој не може да го препознае, да го види, да го слушне, да го допре или да го помириса. А сè може да убие – водата, почвата, јаболкото, дождот.

    Алексиевич нагласува дека ова не е книга за Чернобил, туку за последиците од Чернобил, за луѓето што живеат во нова реалност, која никако не можат да ја сфатат. Оние што го преживеале Чернобил се преживувачи на атомската Втора светска војна.

    350,00 ден
    Додај во кошничка
  • Војната нема женско лице

    Војната нема женско лице

    0

    Војната нема женско лице е една од најпознатите книги за војната. За време на Втората светска војна, околу еден милион жени се бореле на страната на Црвената армија, но за нив никогаш ништо не се пишува. Оваа книга ги собира на едно место спомените на стотици жени – снајперистки, тенкистки, болничарки. Ова е приказна за жените во текот на војната. Што ним им се случувало, како таа ги променила? Од што се плашеле? Како научиле да убиваат? Овие жени – повеќето првпат во својот живот – ја раскажуваат нехеројската страна на војната, која најчесто не е присутна во сеќавањата на ветераните. Тие говорат за валканоста и за студот, за гладот и за сексуалното насилство, за проблемите и за сенката на смртта. Алексиевич дозволува овие гласови да се слушнат во нејзината трогателна книга, првпат објавена во 1985 година. Авторката ја дополнила во 2002, преработувајќи ги деловите што биле цензурирани и додавајќи нови материјали што првично не било дозволено да се објават.

    350,00 ден
    Додај во кошничка
  • Птиците умираат пеејќи

    Птиците умираат пеејќи

    0

    РОМАН СПОРЕД КОЈ Е СНИМЕНА СЛАВНАТА ТЕЛЕВИЗИСКА ХИТ СЕРИЈА
    Меги е ќерка на сиромашни доселеници од Австралија. Уште од мала, таа е запоставена од нејзините родители и постојано живее по религиозните и патријархални правила на нејзината фамилија и стегите што ги наметнува гратчето и огромниот имот Дрогхед.
    Ралф е млад, убав и речиси совршен свештеник што назначувањето во Австралија во почетокот го доживува како казна. Имено, неговите силни свештенички амбиции се насочени на друга страна, кон таинствениот Ватикан. Уште од првиот момент кога ќе ја запознае десетгодишната Меги, таа му станува многу мила и постојано е нејзин заштитник. По неколку години, една вечер, кога погледите ќе им се сретнат, сега веќе преубавата тинејџерка Меги, ќе пробуди чувства кај Ралф, чувства какви што тој никогаш немал, а и не ни знаел дека ги има. Од тој момент, Ралф е во вечно искушение дали тој е совршен свештеник и има неограничена љубов кон Бога, или сепак постои жена, на чиј мирис, убавина и нежност не може да им одолее.
    Дејствието опфаќа повеќе од половина век – двете светски војни и постапките на Ватикан. Тука се судбините на неколку генерации. Оваа љубовна и семејна сага сведочи и за сушите, пожарите и поплавите кои се заканувале со целосно уништување на имотите во Нов Зеланд.
    „Волшебна сторија… едноставна, неповторлива!“
    – Чикаго Трибјун
    „Преплетувањето на љубовни приказни од една генерација во друга, драматичниот заплет, чувството на постојана напнатост, реалните ликови… се во најмала рака неодоливи.“
    – Паблишерс викли

    600,00 ден
    Додај во кошничка
  • Трите ќерки на Ева

    Трите ќерки на Ева

    0

    На пат кон една луксузна палата на вечера со истанбулската елита, на триесет и петгодишната Пери чантата ѝ ја краде еден питач. Во борбата да си ја врати, но и да си го спаси животот, на земја ѝ паѓа една фотографија – три студентки со својот професор ‒ реликвија од минатото, но и непребол што очајно се обидува да го заборави.

    Додека градот го тресат терористички напади, во Пери навираат живи спомени од идиличното детство со нејзиниот мистичен придружник, и од студентските денови на Оксфорд, кога првпат го напушта родниот град. Си спомнува на двете најверни другарки од сликата, бунтовната Иранка Ширин и набожната Египќанка Мона и нивните конфликти за идентитетот, религијата и феминизмот, но и на харизматичниот професор Азур, чиј контроверзен предмет ги преобразува животите на студентите. Како што се стеснува обрачот на тероризмот, Пери е принудена да се соочи со болниот спомен од детството и најпосле – со оксфордскиот скандал што неповратно ги раскинува сите врски меѓу нив…

    „Длабок и незаборавен роман што поврзува различни светови, гледишта и можности.“ Сандеј тајмс

    500,00 ден
    Додај во кошничка
  • Полиња со диви нарциси

    Полиња со диви нарциси

    0

    Писмото што останува непрочитано во џебот на едно палто е причина за едно долго патување кон секој изминат и иден миг од животот. Сто и осум жолти ливчиња со непромен- ливата порака: Разбуди ме. Страниците од дневникот, испишани во потрагата по себе, се единствената нишка во лавиринтот на љубовта и неверството. Митови што еманираат од нашето најсекојдневно постоење. Доброволни прогонства и разделби ни ги отвораат портите кон вечно живите детства. Мириси што можат да ги разбудат најскриените агонии на животот, секогаш еден чекор пред нас. Како можеме да го најдеме она што ниту сме знаеле дека воопшто ни припаѓа. Противречноста на очекувањето. Да проникнеш во човекот е исто како тој да се роди повторно. Дали тоа, што еднаш суштински се скинало, може совршено да зацели?

    Најновиот роман на Винка Саздова, Полиња со диви нарциси, е необична приказна за едно неверство. Особено восхитуваат веќе докажаното мајсторство во монтажата на нарацијата и суптилната инверзија во која ни се откриваат ликовите. Староста преку младоста, минатото преку иднината. И едното и другото судбински вкрстени во вечното сега.

    250,00 ден
    Додај во кошничка
  • Последниот чај

    Последниот чај

    0

    Од далеку ли доаѓате?, ме прашува.
    – Не од блиску, од многу блиску.
    Сомничаво ја ниша главата. Со авион не се доаѓа од близу, сака да каже, ама премолчува.
    – Долго ли бевте на пат?
    – Не бев на пат.
    – Туку… – Бев дома.
    – А сега, кај одите?
    – Дома.
    – Ништо не разбирам, вели подналутено и гласно ја пушта музиката.

    Спакувај се и замини! Каде? Што е можно подалеку. Зошто? За да дознаеш. Што? Не прашувај. Одважи се и тргни! Можеш ли!? Ако може жената од Последниот чај можеш и ти. Препушти ѝ се да те одведе до Тара, Елена, Савита, Џиду, Тарун, Самир… до самиот тебе. Последниот чај ги отвора нашите сопствени приказни. Нè охрабрува да се соочиме со нив и да ги прифатиме такви какви што се, убави или грди, сеедно.

    Ова е роман во кој понекогаш и една единствена реченица е голема приказна врз која се останува долго време. Толку долго колку што е потребно таа да се спои со личната приказна на оној што ја чита. Сочувствителен. Љубовен. Нежен, а цврст. Меко што зборува за груби болки и вистини, покажувајќи како се исцелуваат и претвораат во спокојство.

    250,00 ден
    Додај во кошничка
  • Понекогаш доаѓа среќа

    Понекогаш доаѓа среќа

    0

    Младата Гора е заплеткана во необични сестрински односи со Ведра. Давид по разводот опсесивно се врзува за своето синче. Средбата меѓу девојката и зрелиот човек навестува љубов, но не им ги олеснува животите. Во насловот се насетува среќен крај, ама до него треба да се стаса низ многу пречки, болни интимни соочувања и преиспитувања… низ созревање.Овој роман само навидум се движи по еднонасочен колосек. „Попатните станици“ го прават богат и слоевит, непредвидлив, возбудлив… (…Љубовта те прави свесен за неименливиот недостиг…)

    „Оваа загадочна исповед во нашите раце не е љубовен роман. Или барем не претендира да биде. Таа ги допира најранливите места на нашата склоност да се приврзуваме за сенките и одблесоците на она што замислуваме дека сме. Местата каде што започнува секое наше суштинско прогонство… и, одново пронаоѓање.“отец Методиј Златанов

    250,00 ден
    Додај во кошничка
  • Ние против вас

    Ние против вас

    0

    Едно гратче против друго. Еден хокејски тим против друг. Некогаш и против себе.

    „Ние против вас“, накратко, е роман за последиците. Како продолжение на приказната за Мечкоград и на сите случувања што го зафатија, оваа книга, со емотивниот набој со кој е напишана, зборува за љубовта, другарството, честа, верноста, единството, разединетоста, жртвувањето и борбата за опстанок. Подготовките за новата хокејска сезона започнуваат, но хокејскиот клуб е на раб на стечај. Додека спортскиот директор се обидува да го спаси, клубот, како и градот, се распаѓа дел по дел. Следуваат настани во кои ќе се отсликаат сите емоции и надежи на заедницата, следуваат и жестоки пресметки и трагични случки.

    Нови ликови, нови пријатели, нови непријатели. Мечкоградската хроника на Бакман е микрокосмос, емоционален тобоган што уште еднаш подвлекува за каков автор станува збор.

    Серијата „Мечкоград“ на HBO премиерно беше прикажана во октомври 2020 година.

    500,00 ден
    Додај во кошничка
  • Мечкоград

    Мечкоград

    0

    Луѓето велат дека со Мечкоград е готово. Малечката заедница вгнездена длабоко во шумата полека попушта пред дрвјата што стануваат сè погусти и ја проголтуваат. Но покрај езерото има едно старо лизгалиште што пред многу генерации го изградиле работниците што го основале ова гратче, а во тоа лизгалиште се наоѓа причината поради која народот верува дека утре ќе биде подобро од денес. Јуниорскиот хокеарски тим игра во полуфиналето на националниот турнир и, всушност, се обидува да го освои. Сите надежи и сништа на ова место сега почиваат на рамената на еден грст тинејџери.

    Одговорноста за надежите на целото гратче е тежок товар, а полуфиналниот натпревар е катализатор за чин на насилство по кој едно девојче ќе биде трауматизирано, а градот ќе врие. Се појавуваат обвиненија и, како камчиња што отскокнуваат од површината на водата, патуваат низ цел Мечкоград и никого не го оставаат рамнодушен.

    „Мечкоград“ ги истражува надежите што ја обединуваат малата заедница, тајните што ја разединуваат и храброста што е потребна за еден човек да ѝ се спротивстави. Во оваа приказна за мало шумско гратче, Фредрик Бакман го сместил целиот свет.

    Истоиментата серија на HBO премиерно беше прикажана во октомври 2020 година.

    500,00 ден
    Додај во кошничка
  • Брит-Мари беше тука

    Брит-Мари беше тука

    0

    Неодолив роман за наоѓање љубов и за вторите шанси што сите ги заслужуваме. Брит-Мари не може да поднесе неред. Неорганизирана фиока за прибор е непростлив грев. Секој ден го започнува во шест часот бидејќи само лудаци се будат подоцна од тоа. И не е пасивно агресивна. Секако дека не! Само понекогаш луѓето нејзините корисни сугестии ги толкуваат како критики. Таа не суди за другите, никако.

    Зад социјално непријатното, напорно лице на Брит-Мари се крие жена со фантазија, со преголеми соништа и со претопло срце! По разделбата со сопругот Кент, животот го почнува одново во мистериозното гратче Борг. Секојдневно се соочува со новите сограѓани: пијаници, џаболебари, а еден згоден локален полицаец успева дури и да ѝ го привлече вниманието. Нејзината нова и речиси невозможна задача е да стане тренер на фудбалски тип со неталентирани деца.

    Дали Брит-Мари ќе го најде местото каде што навистина припаѓа? На комичен и динамичен, внимателен и хуман начин се слават неочекуваните пријателства што нè менуваат засекогаш. Дали може да го направиме светот подобро место?

    400,00 ден
    Додај во кошничка
  • Човекот по име Уве

    Човекот по име Уве

    0

    Запознајте го Уве, 59-годишен вдовец. Тагата по неговата сакана го тера секој ден да ја посакува сопствената смрт. Уве е еден од оние што покажуваат со прст во луѓе што не им се допаѓаат. Секое утро врши инспекција по населбата во која живее. Ги преместува велосипедите и проверува дали ѓубрето е правилно селектирано – иако веќе поминале неколку години откако е разрешен од должноста претседател на здружението на станари. Вечно гневен и незадоволен, лесно избувлив, накратко: сосед од кошмарите. Меѓутоа, зад неговата мрзоволност, педантерија и железна принципиелност се крие една многу тажна судбина… И така, еден ноемвриски ден, кога соседот што се вселува во соседната куќа случајно го уништува поштенското сандаче на Уве, одеднаш почнува комично топлата приказна. Приказна што суштински ќе промени еден човек и едно соседско здружување. Ова е роман за влијанието на еден човечки живот врз безброј други.

    Истоимениот филм во 2017 година беше номиниран за „Оскар“ за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје.

    450,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Бесплатна достава

    Бесплатна достава

    0
    Прочитај повеќе
  • Сопруга на хартија

    Сопруга на хартија

    0

    Јужна Кина, 1923 година. Очајни да ѝ обезбедат иднина, родителите на Меј Линг договараат нејзин брак со вдовец кој живее во Калифорнија. За да влезе во земјата, Меј Линг мора да се преправа дека е првата сопруга на својот сопруг- сопруга на хартија.

    За време на опасното патување, Меј Линг прима под своја закрила девојче- сирак по име Сју. Соништата за подобар живот во Америка ѝ даваат сила на Меј Линг да ги издржи мачното патување и држењето во излоација на островот Енџел. Но, кога конечно ќе стигне во Сан Франциско ја чека изненадување…

    420,00 ден
    Додај во кошничка