-
Има ли сè уште секс во градот?
0350,00 денДваесет години по објавувањето на светски популарниот бестселер „Сексот и градот“, Бушнел малку го преобликуваше пејзажот – животот не се случува исклучиво на Менхетн. Сè совршено приспособила на приказната за луѓето кои ја поминале педесеттата година од животот, но кои и понатаму излегуваат, се забавуваат, лудуваат…
Авторката по малку сатирично ги коментира врските и односите помеѓу мажите и жените во средните години додека се движат во технолошки модернизираниот свет. Без разубавување и мошне духовито ги коментира различните феномени на 21 век. Љубовта и животот ги согледува низ различни перспективи – низ бракот и децата, разводот и загубата, а се осврнува и на мошне агресивните притисоци врз жените да останат млади и убави колку и да ги чини тоа.
Оваа книга е совршен приказ за состојбата на современото општество и логично продолжение на една од најреволуционерните книги на 20 век.
-
Без Мерит
0420,00 денСемејството Вос е сè освен нормално семејство. Живеат во пренаменета црква, што таткото ја нарекува Долар Вос. Кога мајката, која преживува рак, почнува да живее во подрумот, таткото се преженува за нејзината поранешна медицинска сестра. На малечкиот полубрат не му е дозволено да прави или јаде што и да е забавно, а најстариот брат е иритантно совршен. Потоа, тука е Мерит.
Мерит Вос собира трофеи што не ги освоила и тајните што семејството ја присилува да ги чува. Додека пребарува трофеи во локалната антикварница, го наоѓа Саган. Неговите духовитост и неапологетски идеализам ја разоружуваат и во неа повторно ја разгоруваат искрата живот – сè додека не открие дека тој е комплетно недостапен. Мерит уште повеќе се повлекува во себе, посматрајќи го семејството од страна, откривајќи тајна што ниту еден трофеј во светот не може да ја поправи.
Не можејќи повеќе да живее во лага, Мерит решава да ја разниша илузијата за среќно семејство од кое никогаш не била дел и да ги напушти засекогаш. Кога планот за бегство не ù успева, принудена е да се справи со последиците од кажувањето на вистината и губењето на момчето кое го сака.
-
Бесмртност
0420,00 ден„Смртта и бесмртноста создаваат неразделна двојка… поубава од Ромео и Јулија или од Лорел и Харди…“ „Бесмртноста подразбира вечно судење.“
Тоа го вели Кундера во Бесмртност, каде што и самиот се јавува како лик. Бесмртноста, или претставата за неа, е присутна низ целата приказна, почнувајќи од интерференцијата на Гете и Хемингвеј како ликови, преку односите на другите, фиктивните ликови, па сè до инспирацијата што произлегува од еден единствен специфичен гест.
Кундера и во ова дело го користи нему својствениот и мошне типичен психолошки реализам, а низ Бесмртност како стожерни провејуваат две главни теми: врската меѓу човекот и неговата слика и она што Кундера го именува како хомо сентименталис.
-
Животинска фарма
0199,00 денЕден ден животните на фармерот Џонс креваат бунт и го прогонуваат земајќи ја судбината во сопствени раце. Превратот е раководен од свињите, самопрогласени за најумни меѓу своите собраќа. По спроведената животинска револуција следува чекор кон она што е својствено за сите револуции – кон тоталитаризмот. Идеалите се претвораат во демагогија, соперниците на власта сурово се отстрануваат, се измислуваат внатрешни непријатели за оправдување на насилството, се спроведува систематска дезинформација и манипулација на мислењето, се фалсификува историјата… Оваа промена на вредностите е блескаво изразена во паролата „Сите животни се еднакви, но некои животни се поеднакви од другите“.
Напишана во 1944 година, сатиричната антиутопија Животинска фарма била директно вперена против сталинистичкиот режим, но е еднакво важечка за секој систем во кој се поткопува личната слобода. Преведен на над 60 јазици и објавен во милионски тиражи, ова е роман кој никогаш не ја губи својата актуелност.
„Животинска фарма е мудра, емпатична, беспоштедна и просветлувачка басна за нашето време.“ Њујорк тајмс
-
Еден од нас е следен
0450,00 денЕден од нас е следен, продолжението на Еден од нас лаже, нѐ враќа во средното училиште Бејвју. По смртта на Сајмон се појавуваат низа апликации за озборување, но овој пат не станува збор за апликација туку за игра.
Учениците добиваат групна порака за играта „Вистина или предизвик“. Тој што ќе избере „вистина“ ризикува да биде откриена неговата најдлабока тајна, а тој што ќе избере „предизвик“ ќе добие задача. Фиби е прва. Ако одлучи да не игра, ќе биде откриена тајна. А нејзината е мрачна. Потоа следува Мејв – но таа знае што да направи и одлучува паметно да постапи. А кога на ред ќе дојде Нокс, ситуацијата е веќе опасна. Предизвиците стануваат смртоносни.
Иако се откриваат пикантни тајни, учениците уживаат во играта и злокобното предупредување секогаш избирајте предизвик, сѐ додека не се појави нова жртва во Бејвју. Сајмон е мртов, но некој е одлучен да продолжи таму каде што тој застана.
Нова година, нови тајни, нови правила. Кој ќе биде следниот?
-
Мали тајни
0400,00 денСè што е потребно да се разоткрие нечиј живот е само една мала тајна…
Марин има совршен живот. Омажена за својата љубов од факултетските денови, таа е сопственичка на синџир елитни фризерски салони, додека сопругот Дерек управува со сопствена компанија. Тие се почитувани членови во својата заедница и семејство полно со љубов. Сè додека не им се распадне светот дента кога е киднапиран нивниот син Себастијан.
Една година подоцна, Марин е претворена во сениште. ФБИ изгубило секаква трага. Таа и нејзиниот сопруг одвај зборуваат еден со друг. Марин најмува приватен детектив да продолжи со истрагата, но, наместо да го најде Себастијан, открива дека Дерек има афера со помлада жена. Ова откритие ја враќа Марин во живот. Го изгуби својот син, но нема да дозволи да го изгуби и сопругот. Кензи е непријател со име и презиме, што значи дека ова е проблем што Марин може да го реши.
-
Срца од цимет
0400,00 денКолку далеку можеш да ги закопаш своите тајни? И да ја скриеш тагата? Колку долго може да се извлечеш со лагите? И колку долго можеш да живееш со тоа?
Ова е приказна за тројца најдобри пријатели: онаа што беше убиена, онаа што отиде во затвор и оној што ја бара вистината сите овие години…
Кога имаше шеснаесет години, Анџела Вонг – една од најпопуларните девојки во своето училиште – исчезна без трага. Никогаш никој не се посомнева дека нејзината најдобра пријателка е вклучена на кој било начин во убиството. Но не и Кајзер Броди.
Четиринаесет години подоцна, посмртните останки на Анџела Вонг се откриени. Заклучокот е дека и таа е жртва на серискиот убиец што подоцна убил уште најмалку три жени. И кога сите помислија дека мистеријата конечно е разрешена, започнуваат да излегуваат на површина длабоко закопани мрачни тајни. Она што се случило таа судбинска ноќ е покомплексно и пострашно отколку што некој би можел да претпостави. Опсесивното минато се враќа во смртоносната сегашност.
-
Бувот лови само ноќе
0450,00 ден#2 Миа Кригер и Холгер Мунк
Тинејџерка со проблеми во однесувањето исчезнува од домот за млади. Набргу, на шумска ледина е пронајдено нејзиното мртво тело на постела од пердуви, врамено во пентаграм. Случајот е доделен на Одделението за убиства на полицијата во Осло, со истражителите Холгер Мунк и Миа Кригер. Работата е посебен предизвик за Миа, која сè уште води борба со суицидните мисли и со зависноста од апчиња и од алкохол.
Во меѓувреме, Миријам, ќерката на Мунк, доживува емоционална криза и ја преиспитува својата улога на сопруга и мајка. Откако ќе го запознае младиот интересен активист, почнува да се прашува каде исчезнала нејзината страсна политичка ангажираност, а романтичните чувства што се будат во неа ќе ја одведат директно во рацете на еден исклучително болен ум…
Истрагите на тимот Мунк и Кригер се вртат во круг сè додека не им се јави мистериозен хакер што им покажува вознемирувачко видео. Снимката разоткрива нови детали за трагичната судбина на убиената девојка, а на крајот се гледа дури и убиецот, облечен како був – птицата на смртта.
-
Ослободување #3 Детската куќа
0400,00 денБрилијантна и неизвесна приказна за мрачната страна на друштвените медиуми. Книгата ќе те натера да се запрашаш дали си објавил нешто за што можеби ќе зажалиш.
Полицијата дознава за злосторството на ист начин како и сите други: преку „Снепчет“. На видеото е прикажана преплашена млада девојка што моли за прошка. Кога е пронајдено нејзиното тело, тоа е обележано со бројот 2.
Детективот Хулдар се приклучува кон истрагата, доведувајќи ја во тимот детската психологинка Фреја за да помогне при испрашувањето на пријателите на убиената тинејџерка. Наскоро ќе дознаат дека Стела била далеку од оној ангел како што сите ја опишуваат, но кој би можел да ја мрази толку многу за да ја убие?
Потоа, исчезнува уште еден тинејџер, нови видеа се испратени по друштвените мрежи и се појавува тело со бројот 3. Вистината е далеку од едноставна. Фреја и Хулдар се согласуваат за најмалку две нешта: убиецот сè уште не завршил. И, дали некаде постои неоткриено тело обележано со бројот 1?
-
Патувам сама
0450,00 ден#1 Миа Кригер и Холгер Мунк
„Патувам сама“ постигна извонреден интернационален успех кај читателите низ светот, а беше избран и за најдобар во бестселер-листата на германскиот весник Der Spiegel.
Истражителката Миа Кригер ја напушта полицијата и градскиот метеж го заменува со осамен и тивок живот на еден норвешки остров. Наскоро таму доаѓа нејзиниот стар колега, Холгер Мунк, да ја наговори да се врати на работа. Потребна му е нејзината помош за новиот вознемирувачки случај. Во шумата е најдено безживотното тело на шестгодишно девојче, обесено со училиштен ранец на грбот. Околу вратот има закачено порака: „Патувам сама“.
Сè укажува на тоа дека убиецот ќе продолжи да убива, а истрагата на Миа нè води до постар случај кога од породилното одделение исчезнува новороденче…
Комплексен, софистициран и застрашувачки трилер, кој нема да престане да ве шокира и изненадува до последната страница.
-
Жед
0500,00 денЕдна жена е најдена мртва во нејзиниот стан, со прегризан врат, по состанокот договорен на Интернет. По два дена, нова жртва – на слична возраст, корисничка на Тиндер, во слична сцена.
Притиснат од медиумите за што побрзо решавање на случајот, директорот на полицијата е свесен дека само еден човек може да го фати убиецот. Меѓутоа Хари Хуле не сака да се врати таму каде што за малку ќе загубеше сѐ. Барем додека не се посомнева дека овие убиства може да се поврзани со една негова стара, неуспешна истрага.
Зашто има нешто во нив што му го привлекува вниманието, нешто во деталите што истражителите ги пропуштаат. Кога ќе биде откриена наредната жртва, Хари мора да стави на коцка сѐ за да го фати единствениот човек што успеал да му се извлече.Потрагата по убиецот прераснува во потрага по она што е најинтимно, најдлабоко во човекот.
„Исклучително… Хари е растргнат од тежок внатрешен конфликт – од една страна, сака да ги заборави ужасите што се обидува да ги спречи, а од друга, знае дека мора да ги запомни во сите нивни мрачни детали.“
Паблишер викли
-
Нож
0500,00 денПред својот педесетти роденден, Хари Хуле живее како во најлошите времиња. Рахела, единствената жена која ја сакал, го исфрла од дома. Ја губи работата на Полициската академија и се враќа во Одделението за крвни деликти, но работи на стари, неважни случаи. Згора на сѐ, серискиот силувач и убиец Свејн Фине излегува од затвор и се заканува дека ќе му се одмазди на тој што го пратил таму и кој во меѓувреме го убил син му.
Во своето алкохолно бунило, Хари очекува остварување на својот најголем кошмар – кобен напад на неговото семејство. И кога едно утро целиот во крв се буди од морничавиот мамурлак, сфаќа дека кошмарот станал реалност.
Нож е можеби најдобриот роман од исклучителниот серијал на Ју Несбе. Моралните дилеми ќе ве потсетат на Достоевски, пресвртите ќе ве остават без здив, некои дијалози ќе ве насмеат, а напнатоста не попушта ни за миг. Нож е една од ретките големи книги за кои никој не би помислил дека требало да бидат скратени макар за една страница.
Волстрит џорнал
Дали некој умее да создава позлокобни злосторници од Ју Несбе?… Не, не можам да се сетам на друг од чии приказни ме полазуваат толку морници.
Њујорк тајмс ривју
-
Еден ден во декември
0430,00 денЛори е речиси сигурна дека љубовта на прв поглед постои само во филмовите.
Но, еден снежен ден во декември, низ замаглениот прозорец на автобусот ќе здогледа еден младич и во моментот кога ќе им се сретнат погледите, нејзиното срце ќе затрепери како никогаш претходно… и… тогаш автобусот тргнува од постојката.
Убедена дека судбината повторно ќе ги спои, таа цела година се обидува да го најде на улиците, автобуските постојки и по лондонските барови и кафулиња. Но, не го пронаоѓа.
Со скршено срце, таа одлучува да го заборави тој магичен момент и да продолжи во животот.
Ама, законите на љубовта, тешко може да се разберат и да се следат, а судбината понекогаш создава испреплетени патеки по кои се движиме и кои не можеме да ги промениме.„Џози Силвер напиша топла и моќна сторија за љубовта, губењето и пријателството, со чии што ликови се поистоветуваме. Ова е книга на која постојано ќе се навраќате.“
Џил Сантиполо„Подгответе се да бидете вовлечени во виорот на оваа романса. Апсолутно ме воодушеви.“
Рис Витерспун„Возбудлива и неизвесна љубовна приказна која нема да Ве остави рамнодушни и ќе Ви го држи вниманието до самиот крај.“
Маријана Киз -
Те молам, внимавај на мама
0350,00 денСекој има потреба од својата мајка, без разлика кој е и колку години има…Парк Со-нјо, мајка на пет возрасни деца, доаѓа во Сеул да ги посети. Но, на преполната железничка станица, ѝ се губи секаква трага. Од перспектива на ќерката, најстариот син, сопругот, но и самата Со-нјо, ја разоткриваме сложеноста на меѓучовечките односи и ја запознаваме жената што целото свое постоење, без оглед на скриените желби и копнежи, се посветила само на децата. Четири приказни и четири перспективи – загуба, бес, вина и жртвување – ни откриваат вител од чувства што испливуваат по таинственото исчезнување на една мајка и жена. Но, ова не е приказна за една мајка, туку за многу мајки што повеќе се „наши“ одошто „свои“, за жените чиј живот се крунисува кога семејните нишки се олабавуваат, а децата тргнуваат по своите патишта.Некои книги имаат моќ да нѐ менуваат, да го променат начинот на кој се доживуваме себеси и начинот на кој се однесуваме кон најблиските. „Те молам, внимавај на мама“ е една од тие книги. Таа може да ни послужи како опомена дека важните личности во нашиот живот не треба да ги земаме здраво за готово, таа предизвикува дури и непријатни спомени, вина и тага, не стресува до срж. Оваа книга претставува праг: кога еднаш ќе го поминеме, веќе нема да бидеме исти. -
Порака во шише
0500,00 денИзраснат во екстремно религиско семејство, кога пораснал, педантно и безмилосно тргнал во поход да се одмазди на сите секти за своето несреќно и заробено детство.
Планот му го загрозува шише, пронајдено на морски брег, а потоа со години заборавено во шкотска полициска станица. Во шишето се наоѓа порака што е мошне уништена и тешко читлива. Единствено може да се забележи: ПОМОШ!
Кога шишето стигнува во рацете на инспекторот Карл Морк во Данска, заедно со помошниците Асад и Роуз тој ќе успее да дешифрира повеќе букви од пораката.
Станува јасно дека некаде во деведесеттите години две момчиња биле киднапирани, а ова шише е единствениот знак на живот што тие го испратиле.
Но кои се момчињата и зошто нивните родители никогаш не пријавиле дека се исчезнати? И, што се случило со нив?
„Порака во шише“ во 2010 година ја доби престижната награда „Стаклен клуч“ во категоријата најдобар нордиски крими-роман на годината.
-
Ловци на фазани
0450,00 денВо 1987 година, во викендичка во северна Данска, сурово се убиени брат и сестра. Полицијата се сомнева дека убиецот е дел од една приватна гимназија во која учат децата на најбогатите семејства во земјата. Учениците од ова елитно друштво се познати по организирање насилни оргии. Сепак, истрагата е попречена од високи полициски инстанции.
Дваесетина години подоцна случајот повторно е на масата на полицискиот инспектор Карл Морк, брилијантниот детектив што раководи со Секторот Q – одделението за нерешени случаи. За него станува јасно дека не е сè така како што изгледа на прв поглед.
Тој ќе дојде до Кими, жената што живее на улица и краде за да преживее и која мајсторски го усовршила криењето од полицијата. Но не ја бараат само претставниците на законот бидејќи таа чува тајни поради кои и моќници од високите општествени кругови би можеле да ја бараат нејзината глава.
Tајната што Кими ја крие може да смени сè.