-
Keјт идната кралица
0300,00 денНИГА ЗА РАЃАЊЕТО НА ЉУБОВНАТА ПРИКАЗНА ВО КРАЛСКИОТ ДВОРИсцрпна ретроспектива на оваа современа кралска љубовна приказна. Неверојатно и до детаљ, Никол ја разоткрива љубовта на Вилијам и неговата идна сопруга и ја истражува неговата силна поврзаност со својот брат и начинот на кој тие заедно ѝ даваат нов ликна иднината на британската монархија.ВЕНИТИ ФЕРВрвна новинарска сторија за кралскиот двор.ЏОРЏ СТЕФАНОПОЛУС, ЕЈ-БИ-СИ ЊУЗБогата со интриги и сочни детали за Вилијам и Хари −задолжителна лектира за обожавателите на кралското семејство. -
Заговор против Дијана
0300,00 денДАЛИ ПРИНЦЕЗАТА ДИJAНА БЕШЕ УБИЕНА?
Ричард Томлинсон, поранешен “свиркач” од САС/МИ6, имал резервациj за летот броj 111 на “Свис ер” oд Женева до Њујорк. Авионот се запали и се урна и притоа загинаа сите 227 патници.Поранешниот шеф на МИ6 ја отфрла можноста за вмешаност на офицерот-одметник Том Линсон, а потоа се премислува. МИ6 признава дека се служи со “воени средства” за да убиваат луѓе; тие потврдуваат дека Дијана била предмет на нивна обработка. И многу повеќе…
-
Карла Бруни и Никола Саркози: вистинска приказна
0300,00 денСвежо разведен од својата втора жена, и покрај својата презафатеност, во ноември 2007 година францускиот претседател Никола Саркози се сложува да оди на вечерна забава приготвена од еден негов пријател; таму ја запознава Карла Бруни, супермодел, музичар, поранешен партнер на грандиозни фигури од интелектуалниот и од светот на џет-сетот: Рафаел Ентовен, Мик Џегер, Леос Каракс, Шарл Берлен, Ерик Клептон. Привлечноста е мигновна и обострана: Бруни сака маж со „нуклеарна моќ“, а Саркози не може да одолее на вниманието на една убава, славна и интелигентна жена. Во рок од неколку месеци, венчавката станува неизбежност.
Валери Бенаим и Ив Азеруал, преку ексклузивни интервјуа со Карла Бруни, успеваат да сложат една читлива и интересна приказна за она што се случувало зад завесите: поранешните љубовници на најпознатата француска двојка, нивното запознавање, текот на врската. И секако: реакциите на француската јавност, која, и покрај својата либералност, не можела да биде подготвена за втора дама со наводна репутација на нимфоманка и со импресивна листа на поранешни љубовници.
Ив Азеруал е автор на познатата книга Митеран, Израл и Евреите, авторитативна студија за француската стратегија и историски ангажман на Средниот Исток, како и на За верата и републиката. Уредник е на La Tribune Juive, весникот на француската еврејска заедница.
Валери Бенаим е една од најпознатите водителки на францускиот ТВ-канал TF1 и е коавторка и на историскиот роман Ружата на Сталинград.
-
Робинсон Крусо
0159,00 денМорнарот Робинсон Крусо завршува на пуст остров како единствен преживеан
по катастрофалниот бродолом. Оставен на милост и немилост на суровата природа и на самотијата, тој го пронаоѓа патот до културата и цивилизацијата.
Учи занаети, гради куќа, обработува земјиште и припитомува животни, но сèуште е сам. Сето тоа се менува кога ќе го спаси Петко од човекојадците и заедно
ќе го планираат враќањето дома…
-
Астрофизика за луѓе кои немаат време
0350,00 денКаква е природата на просторот и времето? Кое е нашето место во универзумот? Кое е местото на универзумот во нас? Ова е најдобриот водич во потрагата по одговорите на овие прашања што го зашеметуваат умот, напишан од познатиот астрофизичар и популарен автор Нил Деграс Тајсон.Но, современиот човек речиси и да нема време да размислува за вселената. Затоа, Тајсон пишува на оваа тема со разбирлив и лесно читлив стил, правејќи ги и најсложените вселенски концепти достапни за ние што немаат време.
Додека чекате да се свари утринското кафе или да дојде автобусот, „Астрофизика за луѓе кои немаат време” ќе ви го каже само најнеопходното за разбирање на вестите од областа на вселенските науки, но и за информирано учество во разговори на таа тема. Ќе знаете интелегентно да зборувате за Големата експлозија, црните дупки, кварковите и квантната физика, за откривањето нови планети и потрага по вознемски живот.
Оваа книга речиси гарантирано ќе ги прошири вашите перспективи и ќе ги збогати вашите знаења, и тоа на начин што ќе ве предизвика да посакате уште.
-
-
ГОЛ ЧОВЕК
0320,00 денПоради огромниот интерес на читателите, Издавачки центар ТРИ ја реиздаде книгата „Гол човек“ на Игор Џамбазов. „Гол човек“ е можеби најконтроверзната книга на Џамбазов, во која тој искрено и без лажен срам, до гола кожа го соголува својот приватен живот и ни се прикажува во својата вистинска, човечка светлина. Напишана со отворено срце и остар јазик, „Гол човек“ е книга во која ќе се препознаеме сите ние, неговите современици.
-
Девојчето и дванаесетте месеци
0168,00 ден„Туку, слушај девојче, сакам нешто да те прашам. Можеш ли да ми кажеш кои месеци во годината се попубави, а кои полоши?“
„Златна бабичке“, рече девојчето, „мене сите месеци во годината ми се убави, кој од кој поубав. За мене нема ниту еден лош месец.“ -
УБК одблизу
0250,00 денАвтентична збирка на лични сведоштва и размислувања на Љубен Конески, поранешен висок припадник на Службата за безбедност во времето на СФРЈ и во периодот на самостојна Република Македонија. Оваа книга е прва од ваков формат во независна Македонија, при што претставник на тајната државна служба преку една литераризирана форма го преставува периодот од животот поминат во редовите на оваа често дискутирана и многу табуизирана професија. Во стил што се наоѓа помеѓу сеќавањето и кусиот расказ, Конески јавно проговорува за познати и не толку познати настани и личности од политичкиот и јавниот живот, фрлајќи нов зрак светлина не само на историските процеси туку и на внатрешните состојби на оваа служба.
Првпат читајте за:
– најавите за воен удар во предвечерието на независноста на Македонија;
– акцијата за сопирањето на еден конвој на ЈНА и можните инциденти;
– ретки детали од истрагата за атентатот на Киро Глигоров;
– лозунгот што беше најстрого чувана службена тајна врзана за смртта на Ј. Б. Тито;
– контактите на ВМРО–ДПМНЕ со членовите на ДБК;
– акцијата за одземање на документацијата за испраќање регрути на боиштата во поранешна Југославија;
– реорганизацијата и трансформацијата на службите за безбедност;
– вистински примери од отворањето на тајните досиеја;
– (не)мешањето на УБК на приватниот помен по повод 25 години од смртта на Ченто;
– активности на странските служби преку пласман на капитал во стопанскиот живот во Македонија;
– контроверзиите околу панихидата за Методија Кусев, бугарскиот митрополит со потекло од Прилеп.
-
Вилино
0300,00 денЗошто остануваш во зандана
кога вратата е ширум отворена?
РумиКако се случува оние што се љубеле верно како дрвото и сенката, како дрвото и огнот, да станат туѓинци во иста постела и дневна соба?
Жесток роман за повикот на слободата и стравот од неа, и за доброволното ропство во „сигурните“ брачни води. Видан – Огнена – Тони: семеен триаголник на двајца отуѓени сопружници и нивниот син. Потресна приказна за тоа како најблиските што се сакале влегуваат во магичниот круг на повредување на другиот. Книга полна источни мудрости и мистична филозофија. Роман богат со психолошки и до нијанса извајани машки и женски ликови, со што се потврдува мајсторството на авторот покажано и во претходните романи. Префинета симболика на детали, прекогниции, соништа, сеизмографски треперења на душата. И роман терапија: ведриот женски лик на Вили од идиличното Вилино, спротивставено на градот како дувло на страстите.
Венко АндоновскиВилино е лек.
Митрополит Методиј Златанов -
Ватиканската принцеза
0550,00 денГламурозно, но и предаторски, Борџија ја обележуваат ренесансна Италија.
Расцепкана на многу кралства, војводства и град-држави, папата Александар VI користејќи ја својата вонбрачна ќерка, Лукреција, како инструмент на владеење, успева во своите политички интриги.
Животот на Лукреција Борџија е сечиj само не и нејзин. Искористена за целите на својот татко и браќата, таа преживува како физички така и душевен пекол.
Желбата за искрена љубов, безгрижен живот и соништа на една млада девојка, се заменети со бескрупулозни игри и инцестни односи.
Дали историјата била неправедна кон ликот на Лукреција?
Желбата за преживување и одмазда, можеби, е посилна и од највозвишената љубов. -
Боенка: Диви животни
048,00 денБоенки со налепници
• За развој на моторичките вештини кај децата
• За јакнење на концентрацијата
• За поттикнување на детската љубопитност, фантазија и креативност
Наслови во серијата:
• Бубачки
• Превозни средства
• Играчки
• Диви животни
• Домашни животни
• Овошје и зеленчук
За деца од 3 до 5 години
-
Кучето и зајакот
0168,00 ден„Јас можам да трчам побрзо од тебе“, рекол зајакот.
„Е, како не“, рекло кучето. „Јас сум побрз!“
Се расправале вака, па решиле да се тркаат.
Одредиле една линија што ќе биде „старт“ и уште една што ќе биде „цел“, застанале на стартот и… трката почнала!
-
Другарска азбука
0200,00 денПред вас стои една сликовница што ќе ве упати во светот на буквите, на пишувањето, на запознавањето со кирилското псимо. Во неа, на забавен и на шаренолик начин преку римувани строфи ќе дознаете повеќе за другарството, за заемните игри, понекогаш и за работните задачи на момчиња и девојчиња, чиишто имиња почнуваат со иста буква.
-
Харемот на Гадафи
0300,00 денСораја не е како повеќето тинејџерки на светот: наместо на својата полуматура, таа треба да мисли како да не биде уште еднаш силувана од обожаваниот либиски претседател. Кога на 15 години ќе добие покана да го посети Муамер Гадафи, пресреќната Сораја нема да може ниту да претпостави дека пречекорувајќи го прагот на неговата палата, таа всушност влегува во еден од најужасните хареми на модерното време.
Оваа фасцинантна книга на новинарката на Le Monde Аник Кожан ја раскажува приказната за Сораја само како вовед во судбината на илјадниците либиски сексуални робинки кои биле дел од најсуровите фантазии на политичкиот лидер на оваа земја: од стомачните танци, преку различните видови понижувања, па сè до тајната зелена соба на претседателот во рамките на Универзитетот во која била проверувана (а потоа и одземана) невиноста на околните студентки.
И тука не завршува сè. Во другите земји, повеќето девојки барем можат да најдат сочувство за страдањето штом еднаш ќе избегаат. Во Либија – тие се потоа блудници и предавнички; предмет за потсмев и критика; тепани и убивани. Дури и од нивните семејства.
Аник Кожан е дописник за француското списание Le Monde и е една од најценетите новинарки во Франција. Таа е претседател на комисијата за Prix Albert Londres, а и самата е добитник на истата награда во 1996 година. Автор е на бројни книги, меѓу кои и контроверзната сторија за малолетната Сораја и харемот на Муарем Гадафи, наслов кој само во Франција во првата година беше распродаден во над 100.000 копии. Книгата е од неодамна преведена и на арапски – можеби еден мал зрак надеж за многуте познати и непознати Сораи чиј глас досега не допрел до развиениот свет.
-
Есента на патријархот
0500,00 денТатко на пет илјади деца — сите недоносенчиња — од огромен број љубовници кои без љубов се менуваат во неговиот харем, неименуваниот патријарх од насловот со титула генерал на вселената, доживотниот тиран над една карипска нација, умира на неодредена возраст меѓу сто седум и двесте триесет и две години.
Зад него, наместо моќта да му наредува на мракот или да прогласува ран процут на ружите, останува низ од фантазмагорични визии за сè што било и сè што можело да биде поинаку.
Од привидна милосрдност до најкрупни измами, од добродетелство до ужас, од богобојазливост до екстремна суровост, диктаторот го отелотворува најдоброто, најперфидното и најлошото во човековата природа. Ова е неговиот живописно преувеличен портрет — во затворот на неговата сопствена диктатура и уморна, но неизбежна совест.