-
-27%
Оставена пред олтарот
0Original price was: 550,00 ден.399,00 денCurrent price is: 399,00 ден.Животот на Слоун Карик се врти околу љубовните приказни и среќните краеви. Таа е новинар што пишува за венчавки за списанието во кое работи и од мала верува во нивната магија – сè додека свршеникот не ја остави пред олтарот.
Сега секоја црква, секој завет, секоја прослава ја потсетува на животот што го изгуби. Заколнувајќи се дека никогаш повеќе нема да љуби, Слоун се посветува целосно на работата, но една работна обврска ја спојува со последниот маж што ѝ е потребен во моментот: шармантниот, арогантен и неподносливо неодолив Вајлдер Хејс.
Украдените погледи и забавното препирање набрзо се претвораат во нешто подлабоко. Доколку си дозволи да љуби, ризикува сè, а Слоун не е сигурна дали е доволно силна да преживее уште едно разочарување.
Сепак Вајлдер можеби вреди за ризикот. Бидејќи понекогаш, љубовта не влегува во твојот живот кога си подготвен… туку кога најмногу ти е потребна.
-
-27%
Кревки нешта
0Original price was: 550,00 ден.399,00 денCurrent price is: 399,00 ден.Април, 1906 година. Разорувачки земјотрес го тресе Сан Франциско токму пред изгрејсонце исплукувајќи го пеколот на површината на земјата. Многу животи згаснуваат, но некои се раѓаат од пепелта засекогаш променети.
Софи Вејлен, млада ирска имигрантка, е очајна да се спаси од мачниот живот во Њујорк, па одговара на огласот за невеста во весникот и се согласува да се омажи со маж што не го познава. Вдовецот Мартин Хокинг е занесно згоден и има неверојатни очи, но е воздржан и многу често патува по работа. Петгодишната ќеркичка на Мартин, Кет, веднаш ѝ го освојува срцето на Софи, но чудното однесување на новиот сопруг ѝ разгорува сомнеж дека нешто не е како што треба во нејзиниот нов живот.
Животите им се менуваат една ранопролетна вечер кога непозната личност им се појавува на врата. Судбините им се испреплетуваат вечерта пред ужасниот земјотрес впуштајќи ги на опасно патување на кое ќе ги откријат својата сила и сознанието дека љубовта умее да го победи стравот.
„Кревки нешта“ е емотивна приказна за силата на мајчината љубов, женската солидарност и пријателствата.
-
-23%
Зрак надеж
0Original price was: 520,00 ден.399,00 денCurrent price is: 399,00 ден.Во текот на мојот прв ден во Монтана, ќе настанеше тепачка за количка за пазарување во продавница. Најзгодниот маж кој некогаш сум го видела ги смири тензиите пред да ме покани на состанок. И за малку ќе прифатев… но тогаш ми го кажа своето име.
Како сопственик на ранчот Хејвен Ривер, Џакс Хејвен не ми беше шеф. Но и делумно ми беше. Работите беа комплицирани. Па, единствената опција ми беше да го одбијам, да побегнам, а потоа да се преправам дека не се знаеме на првиот работен ден. И многу јасно, не смеев да си дозволам да се дознае дека потајно бев малку зацапана во него.
Па така, колку што се трудам за работата, двојно повеќе се трудам да се преправам дека Џакс не постои. Не си дозволувам да мислам на неговите сјајни очи или шармантната насмевка. Игнорирам колку нездраво добро изгледа во пар избледени фармерки. И не ме интересира колку секси му стои каубојскиот шешир – Џакс е дистракција што не можам да си ја дозволам. И сѐ одеше по планот до вечерта на забавата, кога испивме малку повеќе. По една ноќ во неговиот кревет, веќе нема теоретски шанси да го игнорирам Џакс Хејвен. Барем не сега кога носам негово дете.
-
-19%
Лесни пари
0Original price was: 490,00 ден.399,00 денCurrent price is: 399,00 ден.Кога ќе го промените начинот на размислување за парите, ќе го збогатите сиот свој живот.
Прекуглава ви е да живеете „од плата до плата“? Се чувствувате заробени од трошоците што секој месец ви се натрупуваат? Се прашувате како некои луѓе живеат финансиски спокојно и слободно, додека други остануваат заглавени?
Cè започнува од начинот на размислување. Cè додека не ги промените вашите мисли, чувства и однесувања околу парите, ќе продолжите да чекорите по истиот пат и ќе ги добивате истите резултати.
Црпејќи од разговорите со врвни финансиски експерти во емисијата „Школа за извонредност“, од најновите истражувања за психологијата на парите и од неговото лично искуство на патот до успехот, Луис Хаус ви нуди практични совети и нова перспектива што ќе ви помогнат да стекнете вистинска финансиска сигурност и изобилие.
Луис ќе ви открие како да го откриете вашиот „финансиски стил“, да го поврзете начинот на размислување за парите со вашата значајна животна мисија и да изградите 7 клучни финансиски навики за мир и слобода. Со овие алатки, ќе можете да создадете онолку богатство колку што сакате – без разлика на вашите околности.
Ова не е само уште една книга за финансии или инвестирање. Ова е книгата што ви е потребна за да станете свесни за вашата вредност за да можете да заработувате повеќе и да го создадете изобилието што го посакувате.
-
-27%
Игра на душата (Мирен Тригс #2)
0Original price was: 550,00 ден.399,00 денCurrent price is: 399,00 ден.Во 2011 година, грозоморно злосторство го тресе Њујорк – 15-годишно девојче е пронајдено распнато во една приградска црква откако било прогласено за исчезнато.
Мирен Тригс, истражувачката новинарка од „Менхетн прес“, одлучува да го истражува случајот откако добива мистериозен плик со фотографија од друго исчезнато девојче со едноставна порака: „Џина Пеблс, 2002 година“. Заедно со Џим Шмоер, нејзиниот поранешен професор по новинарство, ја следат трагата за девојчето од фотографијата додека истовремено го истражуваат и скорешното распнување. Истрагата ги води до една религиозна институција чии членови извршуваат ритуали далеку повознемирувачки отколку што си замислувале.
Двајцата партнери се соочени со три прашања:
Што ѝ се случило на Џина?
Кој ја пратил фотографијата?
И колку далеку води оваа мрачна игра на душата?Некои тајни се закопани со причина, а нивното растајнување би можело да ги чини живот.
-
-30%
Тајната на Тоскана
0Original price was: 570,00 ден.399,00 денCurrent price is: 399,00 ден.Ана е скршена по смртта на мајка ѝ, која ѝ остава во аманет кутија со дневници, испишани на италијански и пожолтени од времето, и ветување дека во нивните страници ќе ја открие вистината. Заминува во Италија, во селцето Рофеле, каде што го запознава Франческо, кој ѝ помага со преводот на дневниците. Ана полека почнува да закрепнува истражувајќи го минатото на мајка си. Среќните денови исполнети со смеа, семејни вечери и мелење жито во Ил мулино биле нагло прекинати од пристигнувањето на нацистите. Составувајќи ги измешаните парчиња од сложувалката, Ана дознава за мајчината улога во отпорот, за британскиот војник кој го криеле и за причината за нејзиното заминување од татковината.
Но една тајна останува неоткриена. Средбата со старецот што живее сам и подалеку од сите, кој се сепнува при споменување на името на мајка ѝ, ја наведува да помисли дека можеби тој ги има одговорите. Но некои тајни од војната не треба да бидат раскажани…
Трогателна приказна инспирирана од вистински настани за трагичните последици од војната кои ги чувствуваат и следните генерации и за љубовта која умее да нè извлече и од најмрачните периоди.
-
-30%
Сопругата на мојот сопруг
0Original price was: 570,00 ден.399,00 денCurrent price is: 399,00 ден.Иден Фокс оди на трчање пред нејзината прва ликовна изложба што со душа ја чека. Но кога се враќа во домот во кој неодамна се досели, шармантната стара куќа во Хоуп Фолс што мештаните ја нарекуваат Двогледот, ништо не е како што треба да биде. Клучот не влегува во бравата, непозната жена што морничаво многу наликува на неа ѝ ја отвора вратата, а сопругот настојува дека таа туѓинка е неговата сопруга.
Една куќа, еден сопруг, две жени. Некој лаже.
Шест месеци претходно, Бирди, самотничка од Лондон, добива ужасна дијагноза и писмо од кое дознава дека е наследничка на Двоглед. Неочекуваниот подарок од одамна изгубената баба ја враќа во убавото крајбрежно селце Хоуп Фолс. Но кога Бирди ќе дознае за лондонската клиника што тврди дека умее да го предвиди точниот датум на смрт на секој човек, вклучително и нејзиниот, се чувствува приморана да поправи некои дамнешни грешки.
-
-27%
Куќната помошничка гледа сè (The Housemaid #3)
0Original price was: 550,00 ден.399,00 денCurrent price is: 399,00 ден.Порано чистев туѓи домови – а сега не можам да поверувам дека оваа куќа е навистина моја! Се наоѓа во тивко и безбедно соседство, има шармантна кујна и голем двор каде што децата можат да си играат. Со сопругот со години штедевме за да им го дадеме на нашите чеда животот што го заслужуваат.
Иако нашата нова сосетка г-ѓа Ловел не ми влева доверба, решаваме да ја прифатиме поканата за вечера во нивниот дом. Вратата ни ја отвора нивната куќна помошничка. Носи бела престилка, а косата ѝ е стегната во строга пунџа. Точно знам како е да се биде на нејзино место. Но од нејзиниот студен поглед ме полазуваат морници…
Куќната помошничка на Ловелови не е единствената чудна работа на тивката уличка. Убедена сум дека гледам силуета како нè набљудува, мојот сопруг излегува од дома доцна навечер, а кога ја запознавам жената што живее во куќата отспротива, нејзините зборови ме стаписуваат: пази се од соседите.
Дали направив ужасна грешка што се преселив со семејството овде? Мислев дека ги оставив моите мрачни тајни во минатото. Можно ли е ова тивко соседство да се покаже како најопасното место?
-
-30%
Кога повторно ќе се сретнеме
0Original price was: 570,00 ден.399,00 денCurrent price is: 399,00 ден.Кога Изи Астор се качува во авион на лет за дома, не очекува којзнае што. Вообичаеното патничко искуство како секој турист: гужва, бучава, стрес. Но тогаш го забележува човекот кој седи до неа и тој дефинитивно не е вообичаен патник. Со кусата темна коса, сините очи и зарипнатиот глас, Нејт има неодолив природен шарм на кој Изи не може да одолее. Искрата помеѓу нив е инстантна. Изи никогаш претходно не верувала во судбина, но сега почнува да верува.
Само деведесет секунди по полетувањето, авионот паѓа во реката Мисури.
Нивните животи се менуваат. Тие се менуваат. Нејт се насочува кон воена кариера, а Изи си го наоѓа патот во политика. И покрај неколку случајни средби низ годините, тајмингот за нив двајца секогаш е некако погрешен. Тогаш следи нова опасна средба во Авганистан, каде Нејт има задача да го штити животот на Изи. Тој ќе направи сѐ за нејзината безбедност. И сѐ за да го освои нејзиното срце.
-
-20%
Италијанската вила
0Original price was: 500,00 ден.399,00 денCurrent price is: 399,00 ден.Додека се тетерави низ шумата кон чадот и она што е останато од нејзиното изгорено село, таа ги гледа ранетите, сите тие познати лица прекриени со пепел и крв, и се присетува дека не е само жена; таа е доктор и сега е потребна тука…
1938 година: Млад италијански пар се збогува во сенките на планината Монтевино за време на војната. Си ветуваат дека ќе останат заедно, без оглед на сѐ, и кројат план тајно да се венчаат пред да побегнат во шумата за да се приклучат на Отпорот.
Сегашност: Кали сѐ уште не може да си дојде на себе од откритието дека е посвоена кога заминува од Тексас и се упатува во Монтевино во потрага по одговори, стегајќи ги во рака клучевите од штотуку наследената прекрасна вила на брдо. Во плакарот на биолошката мајка, наоѓа дневник кој ѝ припаѓал на жена по име Елиса Стела, една од првите студентки на медицина во Италија. Така Кали ја открива приказната за страсната млада докторка која ризикувала сѐ за да се омажи за својот сакан, која била предадена од страна на сопствените луѓе и принудена да се крие за време на нападот на Монтевино.
Инспирирана од вистинити настани и напишана во стилот на Сара Џио, Италијанската вила е страсна, срцепарателна и апсолутно занесна приказна за две исклучителни жени кои наоѓаат храброст да бараат светлина на најмрачните места.
-
-23%
Аномалија
0Original price was: 520,00 ден.399,00 денCurrent price is: 399,00 ден.Кога летот 006 на Ер франс од Париз до Њујорк го зафаќа епска олуја, животите на патниците засекогаш се менуваат. Авионот безбедно слетува на аеродромот „Џ. Ф. Кенеди“ во март, но на сечие изненадување, во јуни на радарските екрани се појавува истиот авион, со истите патници, кој слетува на воениот аеродром во базата Мегваер.
Што ќе прават патниците, но и владите? Како да ја објаснат оваа појава, кои протоколи да ги земат предвид, што да прават со двојниците? Тие се само некои од прашањата што си ги поставуваат политичарите.
Но што да прават самите патници? Кој е вистинскиот ЈАС, кој има право на живот или како да продолжи да живее заедно со својот идентичен двојник? Што ако некој починал меѓу март и јуни? Никој не може да го објасни овој невиден настан кој покренува бројни морални, теолошки, научни и егзистенцијални прашања.
Бестселерот „Аномалија“, добитник на најпрестижната француска награда „Гонкур“ за 2020 година, критичарите го нарекуваат „зачудувачки книжевен експеримент“ и „единствена комбинација од трилер, научна фантастика и психолошки роман”, а во светот исполнет со страв писателот ни го поставува прашањето: кои сме ние?
-
-27%
Жена на дното
0Original price was: 550,00 ден.399,00 денCurrent price is: 399,00 ден.Нејзините зборови едно време палеа огнови во срцата на читателите. Но по фијаското со филмската адаптација на една од нејзините книги, гневните онлајн напади на разочараните читатели ја принудуваат Петра Роуз да се повлече, а тоа резултира со пробиени крајни рокови и неплатена хипотека. Обележана како измамничка и гладна за слава и пари, Петра си ја учи лекцијата што се случува кога интернетот ќе се сврти против тебе. И оттогаш не може да пишува повеќе.
Сега, со речиси целата заштеда потрошена и само груб нацрт план за нејзината следна мистерија, се повлекува во изолирана колиба покрај езеро, надевајќи се дека ќе пронајде инспирација таму. Тоа е нејзиниот последен обид да си ја спаси кариерата, но и себеси.
И тогаш се појавува тој. Детективот Натаниел доаѓа со вознемирувачки вести, а самото негово присуство потпалува креативност. Зборовите брзо почнуваат да се враќаат, а фиктивниот детектив страшно наликува на оној реалниот, кој станува нејзина муза. Нивното „истражување“ ги преоѓа границите на фантазијата и реалноста. Секој поглед, секој допир ја вовлекува во светот во кој мислела дека никогаш повеќе нема да се изгуби. Никогаш не се чувствувала пожива. Но олку моќна инспирација си доаѓа со цена… Кога тој почнува да си ја сфаќа својата улога во нејзината кариера малку пресериозно, Петра е принудена да се соочи со новосоздадениот хаос.
-
-27%
Танци со коски
0Original price was: 550,00 ден.399,00 денCurrent price is: 399,00 ден.„Секогаш имате избор. Запрашајте се дали вреди за тоа што ќе го добиете.“
Навидум едноставна приказна за еден несреќен патологанатом. Северин не го ценат на работа и малку го плаќаа; во личниот живот му се случува нешто неразбирливо, а самодовербата му е на нула. Кога ќе се најде практично на дното, ја прифаќа можноста да заработи.
Предлогот не е сосема легален и тешко може да се очекува нешто добро од пазарот на трансплантација на органи, но примамливата помисла конечно да си го обезбеди животот е посилна од сомнежот. На крајот на краиштата, треба да земе само мала „ситница“ од веќе починати луѓе на кои тоа повеќе не им е ни потребно. Засега од починати. Засега ситница.
Чекор по чекор, одлука по одлука, Северин постепено се менува – од пренебрегнат човек што спасот го бара во алкохолот, за првпат почнува да чувствува самодоверба. А со неа расте и неговата неспринципиелност.
Откако еднаш ќе изврши злосторство, второто и третото доаѓаат многу полесно… Тоа што до вчера го сметал за недопустливо, станува негова нова норма.
Дали е способен да запре? И колку далеку може да оди човек што еднаш ја преминал границата?
-
-19%
Манифестирај!
0Original price was: 490,00 ден.399,00 денCurrent price is: 399,00 ден.Сигурна сум дека некој некогаш ви кажал дека не можете да имате сè. Јас сум тука да ви кажам дека можете.
„Манифестирај“ е суштински водич за сите што сакаат да се чувствуваат моќно и исполнето во својот живот. Низ седум едноставни чекори, Рокси Нафуси, Кралицата на манифестирањето, ќе ви помогне да ја совладате вистинската уметност на манифестирањето и да го создадете животот од соништата.
Без разлика дали сакате да ја најдете совршената работа, својата сродна душа или едноставно сакате да живеете самоуверено и спокојно, „Манифестирај“ ќе ви покаже и ќе ве научи како да си ги исполните целите во само 7 чекори:
1. Имајте јасна визија
2.Елиминирајте ги стравот и сомнежот
3.Усогласете го своето однесување
4.Совладајте ги тестовите на Универзумот
5.Вежбајте безрезервна благодарност
6.Претворете ја зависта во инспирација
7.Верувајте во УниверзумотМанифестирањето е средба на науката и мудроста, филозофија на животот и практика за личен развој што ќе ви помогне да ги остварите вашите цели, да ја негувате љубовта кон себе и да уживате во вашиот живот до максимум.
Откријте ја сами магијата и претворете ги вашите соништа во реалност.
-
-23%
Божиќната колиба
0Original price was: 520,00 ден.399,00 денCurrent price is: 399,00 ден.„Таков е животот, нели? Се трудиш да го извлечеш најдоброто од добрите делови, а со лошите се справуваш колку што можеш подобро.”
Имоџен е маркетиншки гениј, но иако нејзиниот имиџ на одличен професионалец е вистински, среќните приказни од детството што ги раскажува се исто толку измислени колку и нејзиниот наводен ентузијазам за Божиќ. Работењето деноноќно и без одмор отсекогаш било нејзиното решение за преживување на празничната сезона, сè додека исцрпеноста не ја натера да направи катастрофална грешка.
Имоџен е принудена да земе еден месец одмор од работа, но за среќа, нема да мора да остане во бедното станче во Лондон и да размислува за својот тажен живот. Дороти, нејзината омилена клиентка, ја поканува да престојува во нејзината Божиќна колиба во Котсволдс. Куќичката е совршено прибежиште и Имоџен брзо се навикнува на идиличниот селски живот, особено кога деновите ги минува со енергичниот ретривер и шармантниот ветеринар.
Но кога тајните од минатото ќе ѝ го нарушат мирот, дали Имоџен ќе остане сама за Божиќ или сепак ќе успее да им прости на оние што ѝ згрешиле?
-
-32%
Крадецот на бакнежи
0Original price was: 590,00 ден.399,00 денCurrent price is: 399,00 ден.„Можеби сум чудовиште. Најпосле, се појавувам ноќе за да си играм. Но истото го правиш и ти, малечка. И ти си дел од темнината.”
Ќерката на шефот на чикашкото подземје, деветнаесет-годишната Франческа Роси животот го минува во позлатен кафез потчинувајќи се на семејната традиција и обичаите. Иднината ѝ е јасно исцртана: не ја чека факултет, туку договорен брак со симпатијата од детството, Анџело Бандини, наследникот на едно од најмоќните мафијашки семејства. Во текот на ноќта на нејзиното претставување пред општеството, Франческа е подготвена да му го понуди својот прв бакнеж на Анџело, но под превезот на мракот, суровиот сенатор Вулф Китон ја измамува и ѝ го краде, заедно со нејзината слобода.
Принудена да се омажи за Вулф, сиот нејзин свет се распаѓа. Сенаторот го отелотворува сето она што младата жена го презира кај мажите: тој е арогантен, безмилосен женкар, кој кова планови против нејзиното семејство. Сепак наскоро ќе открие дека под оклопот на цинизам и суровост што Волф Китон го носи околу себе, се крие многу, многу повеќе.
Единствената желба на Франческа е да се врати во прегратките на Анџело, а единствената цел на Вулф е одмазда. Но можеби и двајцата ја потценуваат моќта на своите чувства еден за друг.
