-
Зима со мирис на капини
11400,00 денСиетл, 1933
Самохраната мајка Вера Реј го бакнува своето тригодишно синче, Даниел, и оставајќи го дома сам затоа што нема никаков друг избор, со тешко срце заминува на работа во локален хотел каде што работи како собарка. Кога излегува од работа следното утро, гледа дека градот го покрил голем снег, иако е месец мај. Кога стигнува дома открива дека нејзиниот син исчезнал во текот на ноќта. Надвор, го наоѓа неговото сакано мече фрлено на подмрзнатата улица, а снегот веќе ги има скриено неговите стапки, како и на личноста што го зела.
Сиетл, 2010
Новинарката Клер Олдриџ добива задача да пишува за снежната бура, чуден феномен во мај кој се случил и пред осумдесет години и така дознава за нерешениот случај со киднапирање дете, па си се заколнува дека ќе ја открие вистината. Во процесот дознава дека таа и Вера може да се поврзани на неочекуван начин…
Авторката ја посветува книгата на секоја мајка што има изгубено дете, па самото тоа зборува за емоциите кои се вткаени во приказната.
-
Точка на кулминација
7390,00 денНатали Беноа оди на службено патување како новинарка, но патувањето се претвора во пекол во моментот кога мексикански картел ги убива речиси сите нејзини колеги во автобусот и ја зема неа како заложник.
Пеколот на командирот Зак Мек Брајд почнува многу порано од оној на Натали односно во моментот кога неговата тајна мисија тргнува во погрешен правец и една жена го предава во рацете на крволочните убијци. Во истото дувло среде пустината, истите луѓе со денови го измачуваат Мек Брајд.
За Натали – тој е само глас кој ќе прозбори од мракот од ќелијата до неа… и нејзина последна надеж за да остане жива. Една жена со силна волја за живот. Еден маж одлучен да ја врати дома жива макар и по цена на сопствениот живот. Едно бегство низ морничавата пустина. Една љубов која почнува да гори таму каде што има останато само пепел…
-
Онаа ноќ во Њујорк
4390,00 денЛинколн Матис не ја крие својата репутација на главен плејбој во Менхетен. Впрочем, ја култивира. Но зад секоја кокетна насмевка, секој провокативен коментар, има тајна што Линколн ја крие дури и од своите најдобри пријатели – трагедија од минатото што тивко го држи неговото срце како заробеник. Линколн знае што сака: некоја како Дејзи Синклер, паметната и остра, а сепак страшно мила деверица што не може да престане да ја гледа на свадбата на неговите најдобри пријатели. Но тој воедно знае дека таа е сè што тој никогаш не може да има.
По еден страшно лош развод, на Дејзи не ѝ треба никој да ја предупредува да не се доближува до шармантниот кум на свадбата на сестра ѝ. Доволен е само еден поглед и таа знае дека згодниот Линколн Матис е баш од оној тип на мажи што треба да ги избегнува. Но кога Дејзи случајно ја дознава тајната на Линколн , сфаќа дека во шармантниот плејбој има многу повеќе од она што се гледа со голо око. И одеднаш животите на Дејзи и Линколн беспомошно се испреплетуваат на едно патување што или ќе ги исцели нивните ранети души… или ќе ги уништи засекогаш.
-
На улица Шкотска
2390,00 денШенон Меклауд бега од своето минато и нема доверба во никого. Таа отсекогаш била позната по бирањето погрешни мажи, по влегувањето од една токсична врска во друга, но последниот бивши ја освестил на најлошиот можен начин. Па со тотално уништен живот, си се заколнува дека ќе се држи на растојание од мажите, а особено од оние лошите момци.
Кол Вокер е баш од оние типови што Шенон сака да ги избегнува – прекрасен, згоден, тетовиран, шармантен и арогантен. Но неговата груба надворешност крие добар човек кој е подготвен да ја најде Вистинската. Тој е решен да ја извлече Шенон од нејзината самотија и да го освои нејзиното срце. Кога тој конечно полека почнува да ја стекнува нејзината доверба, минатото се враќа да ја прогонува и нејзините стравови ја уништуваат довербата што Кол ја има изградено меѓу нив. Тоа минато и тие стравови се закануваат да ги разделат засекогаш.
-
Кралство од соништата
10400,00 денТОЈ Е МОЌЕН, АРОГАНТЕН И СТРАШЕН. ТОЈ Е НЕЈЗИНИОТ НАЈГОЛЕМ НЕПРИЈАТЕЛ…
Ројс Вестморленд, познат како Црниот Волк, е најмоќниот англиски воин и најомразениот непријател на Шкотска. Легенда на бојните полиња, легенда помеѓу жените во кралските палати, легенда од која трепери цела Шкотска.ТАА Е ГОРДА, БЕЗОБРАЗНА И НЕПОКОРНА. ТАА НЕ СЕ ПРЕДАВА…
Џенифер Мерик е храбра, тврдоглава Шкотланѓанка која живее за своето семејство, својот клан и својата земја. Кога одеднаш ја грабнуваат и завршува како заробеничка на озлогласениот Волк, нема намера да плаче и моли како беспомошна жена. А особено нема намера да го моли НЕГО, ужасниот мрачен маж кој сее смрт во нејзината земја откако знае за себе. Не, таа има намера да се бори – затоа што тоа е во крвта на кланот Мерик.ДВАЈЦАТА СЕ ЗАПЛЕТКУВААТ ВО ОПАСНАТА МРЕЖА НА ЛОЈАЛНОСТА И СТРАСТА…
Двајцата лојални до срж и опасно темпераментни, полека ја губат волјата за војување кога во нив почнува да се буди нешто друго. -
Ќе има друг ден
6390,00 денВо оваа бескрајно симпатична приказна, една девојка тргнува да ја комплетира својата тајна листа со цели од детството и дознава дека животните соништа ќе ја доведат до животен пат кој никогаш не го очекувала.
1. Да одам во Париз.
2. Да изведувам во живо, на огромна сцена.
3. Да родам бебе, можеби и две.
4. Вистински да се вљубам.Брет Болинџер има заборавено на тајната листа со желби што ја има напишано како наивна тинејџерка. Впрочем, сега возрасна личност, таа смета дека има сè што еден човек може да посака – убава работа во огромната семејна компанија, голем и скапо уреден стан и неодоливо момче.
Но кога нејзината сакана мајка умира, светот на Брет се накривува на својата оска. Наместо едноставно да ја назначи за директор на семејната компанија како што се очекува, Елизабет остава тестамент кој ги вџашува сите: таа бара нејзината ќерка прво да ја комплетира целата листа со цели и желби од детството што ја направила пред петнаесетина години.
-
Крововите на Техеран
2390,00 денВо едно од соседствата во главниот град на Иран, Паша го поминува летото во 1973-та на покривот од неговата куќа со неговиот најдобар пријател Ахмед. Тие во еден момент се шегуваат, а веќе во следниот поставуваат длабоки прашања за животот и ја планираат иднината. Но, освен животните прашања за кои разговараат, Паша го мачи и една друга болна тајна – тој е заљубен во прекрасната сосетка Зари, која уште од раѓање му е ветена на друг.
И покрај тоа што го мачи грижата на совест, кревкото пријателство на Паша со Зари тоа долго, топло лето се претвора во длабока врска полна со емоции. Но повеќемесечната магија на прекрасни украдени моменти се руши за само една ноќ со една ненамерна грешка на Паша. Поради суровите последици од тој еден настан, тој и неговите пријатели одеднаш ќе станат свесни за диктатурата во која живеат, а Зари ќе донесе незамислива одлука од која Паша можеби никогаш нема да може да си дојде на себе.
Незаборавна приказна за храброста, љубовта и пријателството…
-
Една од момците
2390,00 денОпасниот спортски уредник Кол Шарп работи за списанието Оксфорд со години, па кога дознава дека се отвора одлична, редовна работна позиција, претпоставува дека ќе биде прв и единствен избор. Тогаш неговиот шеф му фрла една бомба: Кол има конкуренција. И тоа женска конкурентка, во форма на една симпатична машкуданка која се дружи со момците. Кол обично сака типични заводнички, русокоси со облини, но сега му се буди посебен интерес за слабичката, малку дрска ривалка, па макар и само за да ја држи на око. Но наскоро сфаќа дека веќе не може да го одлепи погледот од неа.
Пенелопе Поуп многу добро знае дека сите ја сметаат само за една од момците. Таа си ја има научено лекцијата дека посакувањето обично води до разочарување, па се има помирено со тоа дека очигледно ќе мора засекогаш да си „седи на клупа“ кога станува збор за љубовта. Па зошто тогаш Кол ја тера да посака да се врати во играта?
-
Кога сакаш некого
3420,00 денГодините поминати во неуспешни обиди да се зачне и роди дете имаат скршено многу повеќе од срцето на Енџи ДеСариа. Таа и нејзиниот сопруг веќе не можат да се борат со болката ни со заеднички сили, па по болниот развод, Енџи се преселува во родното гратче и го презема управувањето на нивниот семеен ресторан. Во Вест Енд, каде што животот надоаѓа и спласнува како и плимата во океанот, среќата на Енџи почнува драстично да се менува кога запознава една млада девојка со проблеми и се спријателува со неа.
Енџи ја вработува Лорен Рибидо затоа што гледа нешто посебно во седумнаесетгодишното девојче. Тие брзо се поврзуваат и кога мајката на Лорен одеднаш ја напушта, Енџи му нуди кров над глава на девојчето.
Но ништо не може да ја подготви Енџи за реперкусиите од овој акт на љубезност. Заедно, двете жени – едната што копнее за дете и другата што копнее за мајчинска љубов – животот ги тестира како никогаш претходно.
-
Ти не знаеш да сакаш
5390,00 денДоговорен брак во дваесет и први век? Тоа е апсурд.
Тоа е ставот на Дејзи Девру кога нејзиниот татко ѝ соопштува дека мора да се омажи со човекот кој тој го одредил за неа или ќе ја остави препуштена сама на себе – засекогаш. Таа, искрено, нема некој голем избор. Може да се омажи за тмурниот, здрвен Русин или да заврши во затвор поради големите долгови на својата мртва мајка кои не може самата да ги отплати.
Александер Марков, од друга страна, му е голем должник на нејзиниот татко, па се согласува да му направи една услуга за возврат, но воопшто нема намера да глуми вљубен младоженец и да ја забавува девојката која по негово мислење не е ништо друго, освен разгалена празноглавка. Да видиме дали оваа мала богата, разгалена девојка ќе успее да се снајде и да издржи во неговиот свет повеќе од неколку дена.
-
Или ти, или никој
1390,00 денШто ако една жена што си нема поим од спорт наследи професионален рагби тим? Чикаго дефинитивно не е подготвен за Фиби Сомервил, празноглавата секс бомба што го презема саканиот тим на градот.
А Фиби дефинитивно не е подготвена за главниот тренер на Старс, Ден Калебов, агресивниот бивши рагбист кој има само една работа на ум – победа на секое поле. Калебов е еден од оние мажи кои најмногу ја плашат. А новата секси шефица е една од оние жени кои Ден најмногу ги презира – приглупа убавица што не разликува магаре и музика.
Па зошто тогаш таа толку го привлекува? И зошто нејзе, светска жена, ѝ се врзува јазикот од неговиот момчешки шарм? Зошто на двајцата им се раѓа желба за карање секогаш кога се во близина?
Ова е приказна за двајца тврдоглави луѓе кои веруваат во играње за победа до последен грам енергија.
-
Тајна задача: љубов
1390,00 денДВАЈЦА ТАЈНИ АГЕНТИ…
…ќе беа совршени партнери да не се мразеа толку многу.ТАА Е ЖЕЛНА ДА СЕ ДОКАЖЕ КАКО ФБИ АГЕНТ-ЖЕНА…
ФБИ агентите Џесика Харлоу и Џон Шепард имаат минато. Бившата адвокатка и арогантниот бивши војник се имаат запознаено и замразено уште за време на обуката во ФБИ академијата пред шест години. Шест години подоцна, ниеден од нив не очекува повторно да налета на другиот, а уште помалку да ги спојат како партнери на важна тајна задача.ТОЈ Е АРОГАНТЕН И МИСЛИ ДЕКА Е НАЈДОБАР…
И ова спојување со партнер што го мразат за двајцата доаѓа во најлош можен момент. Џесика е тазе разведена од холивудски режисер и едвај чека да се докаже во новиот кабинет на ФБИ во Чикаго. А Џон го дели само еден случај од неговата работа од соништата, елитниот Тим за спасување заложници на ФБИ. Но за да ја завршат оваа тајна задача, мора да најдат начин да работат како тим, задача што станува уште потешка кога ги сместуваат во романтичен хотел на плажа како дел од истрагата.НИВНАТА ТАЈНА ЗАДАЧА СТАНУВА КОМПЛИЦИРАНА…
-
Улица Индија
1390,00 денНа последната средба на Хана Николс со Марко Д’Алесандро пред долги пет години, тој ѝ го крши срцето. Лошото момче со скриена мила страна во себе е единствениот тип што Хана некогаш го сакала – и единствениот маж со кој некогаш била. По една страсна ноќ кога тој не успева да ѝ одолее, Марко одеднаш заминува од Шкотска, оставајќи ја Хана без збор. Скршена од последиците од нивната заедничка ноќ, Хана никогаш не успева потполно да го заборави, да му прости за тоа што ѝ го направил и да продолжи понатаму со својот живот.
Марко знае дека тоа што ја оставил Хана му била најголемата грешка во животот и со години се кае за тоа, па кога судбината конечно повторно ги спојува, одбива да се откаже од неа без борба. Решен да ја освои, се обидува да ја потсети на сите причини поради кои треба да бидат заедно. Но баш кога помислуваат дека можеби сепак можат да имаат иднина заедно, Хана открива нешто што ја ослободува тајната болка што ја крие од него – тајна што може да ги раздели пред да добијат шанса да почнат одново.
-
Проблемот со бившите
3390,00 денЕма Синклер е експертот за раскинувања и скршени срца на списанието Stilleto, а таа е најдобра во тоа што го работи затоа што пишува од лично искуство. Пред пет години, Ема била лудо вљубена идна невеста. Сега е ледената кралица на Менхетен. Ема го оставила Југот зад себе, но дури ни нејзините најдобри пријателки не знаат дека си го оставила и срцето таму. Сега, нејзиниот шеф во Stilleto ѝ дава задача да се соочи со сите нејзини бивши; меѓу кои и ѓаволесто секси типот што ја оставил пред олтарот.
Алекс Кесиди упорно си ги гледа сите соништа како му се рушат пред очи. Кога конечно наоѓа нова професија што ја сака, чиста коинциденција е што одбира работа во истата област и во истиот град како неговата поранешна свршеница… така? И Алекс не може да не се прашува што ќе беше… Но за разлика од наивната девојка што ја помни тој, оваа Ема е кул, софистицирана и нездраво самоуверена – и таа не сака да има апсолутно ништо со него. Проблемот е во тоа што Алекс никогаш не ја посакувал повеќе.
-
Ова завршува со нас
22450,00 денПонекогаш, оние што најмногу ги сакаме се тие што најмногу нѐ повредуваат.
Лили Блум немала лесно детство, но тоа не ја спречило напорно да работи за да го има животот што си го замислила. Kога почнуваат да летаат искри меѓу неа и еден опасно згоден неврохирург по име Рајл Кинкејд, сè во нејзиниот живот одеднаш изгледа премногу добро.
Рајл е амбициозен, тврдоглав, па дури и малку арогантен. Но тој е и чувствителен, генијален и Лили му е слаба точка. Да не правиме муабет како изгледа во докторска униформа. Благодарение на сè ова, Лили не може да го извади од глава. Но неговата аверзија кон врски е вознемирувачка. Дури и кога Лили станува исклучок од ова негово правило, не може да не ја копка што го направило таков. Кога дилемите за нивната врска почнуваат да ја збудалуваат, како капак на сè се појавува Атлас Кориган – нејзината прва љубов и врска со минатото што го има оставено зад себе. Нејзината сродна душа и спасител. Нејзината закана за сè што има изградено со Рајл.
-
Тој рече, таа рече
5390,00 денКако една од главните колумнистки на Stilleto, Грејс Брајтон се има прославено предупредувајќи ги жените за расипани, неверни лажговци. Таа само никогаш не се посомневала дека и нејзиниот свршеник би можел да биде еден од нив.
Џејк Мелоун сака да му се врати на својот стар авантуристички, спонтан живот и точно знае како да го изведе тоа. Во Oxford се отвора нова секција за патувања и Џејк – без жена, деца и подготвен да живее каде било – е совршен за работата… само што неговата репутација на плејбој не му влева многу доверба на неговиот шеф. За да ја добие работата, мора да се согласи на заедничкиот проект со Stilleto. Но по само еден состанок со неодоливата, дрска и сензационална Грејс Брајтон, Џејк почнува да ја сфаќа оваа задача многу посериозно.
