Филтер по цена
Жанр
Автори
  • Хурем − московската наложница

    Хурем − московската наложница

    0

    Почеток на 16. век. Во Истанбул, како подарок во харемот на султанот Сулејман Величествениот го носат прекрасното девојче Александра Анастасија Лисовска. Таа во историјата ќе биде запаметена како најмоќната жена во Османлиската Империја – Хурем-султан. Всушност таа со својата нежност и убавина успеала да го освои срцето на султанот и да стане негова единствена венчана сопруга и да има силно влијание во Империјата.

    Познато е дека била ќерка на православен свештеник, со украинско или руско потекло. Била грабната и за Величествениот, како подарок била испратена од тогашниот кримски хан. Била многу убава, итра и интелигентна, но и безмилосна владетелка. Имала исклучителен талент за музика, танц. Имала харизма. Но, на патот до престолот, има многу љубов, но и крв, интриги, лаги, братоубиства, таткоубиства, чедоубиства и немилосрдност.

    Без разлика на различните гледања за нејзиниот лик во историјата, Хурем е токму таква, но и уште подетално и посуптилно е опишана во романот „Хурем – московската наложница“ од познатата турска авторка Демет Алтинјелеклиоглу. Македонската публика Хурем ја запозна и преку популарната турска телевизиска серија „Величествениот“ што се прикажуваше неодамна.

    Прекрасната Хурем е во постојана борба: со нејзините грабнувачи, суровите евнуси – главатари на харемот, Махидевран – миленичката на султанот која му родила син престолонаследник. Се бори со моќниот Ибрахим-паша… Хурем се бори единствено да ги заштити своите синови и единствената ќерка, но и да им го отвори патот до престолот…

    600,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Одаи од орев

    Одаи од орев

    0

    Дејството ја следи приказната за Регина Делавале (родена Сикириќ) од раѓањето во 1905 година до смртта во болницата во Дубровник во 2002 година.

    Приказната се одмотува наназад, зашто романот почнува со поглавјето што се однесува на нејзината смрт, а завршува со раѓањето. Низ приказната за нејзиното семејство, авторот гради хроника на еден век и опишува како турбулентните историски настани, кои во XX век ги има многу, се прекршуваат преку грбот на малиот човек. Приказната се разлева од Дубровник до Париз, преку Сараево и Мостар, па сè до Трст и Риека. Актерите не ги заобиколуваат ни војните, ни прогоните, ни истребувањата, а Јерговиќ во обратната хронологија со виртуозна сигурност го води читателот низ мноштвото ликови и споредни епизоди.

    Фокусиран на човекот и неговата судбина, поетичен и повеќеслоен, „Одаи од орев“ е роман кој дава интимно гледање на историјата и претставува едно од најдобрите дела на Јерговиќ. Во него малите, обични луѓе, се обидуваат да го живеат својот живот, исполнет со страсти, љубов, страдање и борба, врз фонот на големите случувања, и во такви околности успеваат да ја зачуваат својата човечност. Роман химна на човечките приказни и драми, раскажан преку еден од моќните европски гласови на денешнината.

    650,00 ден
    Додај во кошничка
  • ДЕВОЈКИТЕ ШТО ГОРАТ

    ДЕВОЈКИТЕ ШТО ГОРАТ

    0

    Експлозивен трилер од авторката на „Човекот од креда“ за селцето Чепел Крофт кое крие тегобни тајни. Пред 500 години во него на клада биле изгорени осум протестантски маченици. Пред 30 години без трага исчезнале две тинејџерки. А пред два месеца се самоубил капеланот. Постои ли некаква поврзаност меѓу нив, и дали навистина местото е опседнато?

    Новиот капелан Џек Брукс, самохрана мајка која и самата бега од своето мрачно минато, се надева дека ќе најде мир и одново ќе го започне животот. Но кога од непознат праќач ќе добијат за добредојде стар комплет за егзорцизам, скромната куќа и немањето интернет се најмалите грижи со кои се соочуваат таа и нејзината 14-годишна ќерка.

    Колку повеќе се запознаваат со чудните жители, сомнежот и стравот им се продлабочуваат. Зашто откривањето на вистината во село во кое сите се поврзани со крвавото минато и никој не им верува на дојденците – може да биде смртоносно.

    „Хипнотизирачки и застрашувачки… Најдоброто од Тјудор што ме натера да спијам со запалена светилка.“

    Крис Витакер

    500,00 ден
    Додај во кошничка
  • ЗАЛОЖНИЦИ

    ЗАЛОЖНИЦИ

    0

    Можете да спасите илјадници непознати животи или еден, на човекот кој ви значи најмногу

    Клаустрофобичен трилер чиј заплет се случува во тесниот простор на еден авион. Има уште 12 часа до слетувањето, во кои можат да се случат многу нешта. Особено ако се последни…

    Мина е стујардеса која дава сè од себе да им го направи спокоен летот на патниците. Се обидува да ги заборави домашните проблеми – разнишаниот брак и петгодишната ќерка со синдром на нарушена приврзаност. Но овој пат тоа е невозможно. Зашто по полетувањето добива заканувачка порака од анонимен патник кој е решен да не слетаат во Сиднеј. Некој кој ѝ ја знае слабата точка и знае како да ја услови: „Следниве инструкции ќе го спасат животот на ќерка ти…“

    Кога неколку патници се убиени и ситуацијата излегува од контрола, Мина знае дека мора да преземе нешто. Патниците за кои е одговорна или… ќерката и сопругот кои се под закана, врзани во нивниот дом. Дилемата е морничава, исто како и расплетот. Ова е најнапнатиот лет во историјата на трилерите.

    „Роман што хипнотизира. Ќе биде хит, а веројатно и класика.“

    Ли Чајлд

    „Застрашувачки трилер.“

    Шари Лапена

    500,00 ден
    Прочитај повеќе
  • ПРЕКРАСЕН СВЕТУ, КАДЕ СИ

    ПРЕКРАСЕН СВЕТУ, КАДЕ СИ

    0

    Емоционална драма што се чита во еден здив

    Ретки се длабоките пријателства како она на младата романсиерка Алис и Ејлин, уредничка во книжевно списание во Даблин. Нивните семејни и љубовни врски се полни со подеми и падови, страст и очај, нежност и навреди, целосна близина и недоречености. Нивната преписка покажува длабоко разбирање и на минатите случувања и на современите луѓе – како се чувствуваат, како и за што размислуваат. Тие се растргнати меѓу глобалните и интимните проблеми, градејќи ставови врз основа на сериозни анализи, но честопати и од непроверени информации на Интернет.

    Алис и Феликс, Ејлин и Сајмон – две љубовни двојки кои се привлекуваат и одбиваат, се зближуваат и оддалечуваат. Загрижени за своите животи, за времето што ги гази, за случувањата во семејствата и светот… што преживуваат зад затворените врати на своите соби? Наоѓаат ли начин да веруваат дека овој свет – единствениот што го имаме – е навистина прекрасен? Сали Руни со оваа книга создава уметност додека сè друго се распаѓа.

    „Филозофска и романтична трагикомедија за начините на кои луѓето се сакаат и се повредуваат меѓусебно.“

    Киркус ривју

    „Сали Руни создаде свој личен стил. Сончев и остар.“

    Вог

    500,00 ден
    Додај во кошничка
  • Преживеаните девојки

    Преживеаните девојки

    0

    Три девојки, три масовни убиства и… една тајна.

    Пред десет години студентката Квинси Карпентер оди на одмор со пет пријателки и се враќа сама: таа е единствената преживеана од масакар како од хорор-филм. Преку ноќ станува дел од клуб во кој никој не сака да припаѓа – група од девојки со слично минато, наречени „Преживеаните девојки“. Покрај Квинси, тука се и Лиза и Саманта. И трите се обидуваат да ги остават кошмарните сеќавања зад себе и, наспроти обидите на медиумите да ги соберат на исто место, не сакаат да се сретнат. Сè додека Лиза, првата „преживеана девојка“, не е пронајдена мртва во нејзината бања, со пресечени вени а Саманта не се појави во домот на Квинси.

    До овој момент тие мислеа дека колежот што го преживеаја е најлошто нешто што им се случило во животот.

    Првиот роман на Рајли Сејгер е национален и интернационален бестселер, објавен во повеќе од дваесет земји и добитник на наградата ITV за најдобар роман во категоријата трилери.

    Книга што се чита одеднаш, што не се испушта од рака од првата до последната страница!

    500,00 ден
    Додај во кошничка
  • Натриум хлорид

    Натриум хлорид

    0

    #9 СЕКТОРОТ Q

    Во возбудливиот претпоследен трилер од серијалот, тимот тргнува во лов на криминалец кој со години се провлекува незабележано.

    На својот шеесетти роденден, една жена си го одзема животот. Кога случајот пристигнува на бирото на Карл Морк, нему не му е јасно каква врска има тоа со одделот за нерешени случаи бидејќи причината за смртта се чини сосем очигледна. Сепак, неговиот шеф, Маркус Јакобсен, е убеден дека тоа е поврзано со нерешен случај што го мачи уште од 1988 година.

    На барање на Маркус, Карл и колегите од Секторот Q, Росе, Асад и Гордон, неволно почнуваат да истражуваат. Набрзо откриваат дека претчувството на Маркус се покажува точно: во текот на последните три децении, на секои две години има необични, беспрекорно темпирани смртни случаи со меѓусебна поврзаност што вклучува мистериозни купчиња сол на местото на злосторството. Како што истрагата навлегува подлабоко, се покажува дека овие „несреќни случаи“ се, всушност, дел од пакосна шема на убиства.

    Соочени со својот најтежок случај досега, дополнително отежнат од рестрикциите со ковид-19 и предизвиците што им ги носи приватниот живот, колегите од Секторот Q влегуваат во трка со времето за да го пронајдат виновникот пред да се изврши следното убиство, зашто станува сѐпојасно дека убиецот нема намера да сопре.

    550,00 ден
    Додај во кошничка
  • Волкот

    Волкот

    0

    Во четвртата книга од серијалот преведен на триесет и три јазици, Самуел Бјорк како потврен крими-мајстор нè враќа во минатото и на првиот случај на двајцата познати инспектори.

    Тела на две убиени единаесетгодишни момчиња се пронајдени на поле среде Шведска. Помеѓу нив – бел зајак. Во дневникот на една од жртвите стои загадочна исповед: „Утре излегува месечината. Се плашам од Волкот.“ Случајот останува неразјаснет. Осум години подоцна, уште две деца се убиени на сличен начин во близина на Осло, а помеѓу нив – мртва лисица.

    На Холгер Мунк, шеф во новата единица во одделението за убиства, му треба помош во решавањето на случајот. Добива препорака за младата кадетка Миа Кригер, која на испитите на академијата постигнува невообичаено високи оценки.

    Мунк и Миа заедно копаат по темните, гнасни случаи, што стануваат многу поинтригантни отколку што можат да замислат, а масло на огнот долева веста за исчезнувањето на уште две дечиња…

    „Феноменален и возбудлив роман од најдобрата скандинавска традиција.“ Nordic magazine

    450,00 ден
    Додај во кошничка
  • Кога лажев за последен пат

    Кога лажев за последен пат

    0

    Една мистерија и една вистина закопани под многу лаги се темел на овој брилијантен психотрилер што ќе се поигрува со вашиот ум во текот на целата приказна.

    Од летниот камп „Најтингејл“ исчезнуваат три девојчиња што никогаш не се пронајдени. Приказната предизвикува огромен медиумски публицитет, а кампот е затворен…

    По петнаесет години, четвртото девојче од друштвото, Ема, веќе позната сликарка од њујоршката сцена, се враќа во повторно отворениот камп за да држи часови по сликање. Ема го гледа ова и како можност да ја реши мистеријата за цимерките, но и да се оттргне од сенките на минатото.

    Напнатоста буквално извира од секоја страница, а како што постапно се откриваат важните детали, читателот останува без здив во обидот да дојде до вистината за исчезнувањето на трите девојчиња.

    Спектакуларниот крај остава без зборови и во целост прави пресврт на сѐ што дотогаш сте помислиле.

    500,00 ден
    Додај во кошничка
  • Скриено во снегот

    Скриено во снегот

    0

    #1 УБИСТВАТА ВО ОРЕ

    Непосредно пред почетокот на скијачката сезона во Оре, на еден од ски-лифтовите е пронајдено мртво тело: смрзнато како камен, со усните истенчени од студ. Многу нешта укажуваат дека се работи за убиство.

    Инспекторот Даниел Линдског дома има новороденче и нервозна и исплашена партнерка. Полицајката Хана Аландер долетува во Оре откако е присилена да замине од работното место во градската полиција на Стокхолм, ист ден кога момчето со кое одамна е во врска ѝ раскинува. Двајцата набргу длабоко се внесуваат во истрагата.

    „Скриено во снегот“ е првата книга од драматичната серија романи од авторката Вивека Стен, чие дејство се случува на прекрасните шведски планини. Стен ја слика величествената природа преплетувајќи ја со силни описи на ликовите, со што создава напната мистерија за убиства која едноставно го маѓепсува читателот.

    Се подготвува снежна бура, температурите вртоглаво паѓаат, сè повеќе животи се во опасност. Уште колку жртви ќе има пред да излезе вистината на виделина? 

    550,00 ден
    Додај во кошничка
  • Жените од замокот Лафајет

    Жените од замокот Лафајет

    0

    Повеќето замоци биле заштитувани од мажи. Овој замок е од жени.

    Приказна за прекрасниот замок Лафајет, од средиштето на Франција, раскажана низ различните историски периоди и животите на хероините на замокот.

    Адриjaнa Лафајет, основачка на замокот, која во време на Француската револуција морала да се откаже од благородничката титула и од сопругот, за го задржи наследството што ќе стане инспирација на многу генерации во иднина.

    Беатрис Ченлер, храбрата њујоршка визионерка, која за време на Првата светска војна ќе биде сведок на уништувањето на Франција, преземајќи го најголемиот предизвик во животот: да ја убеди Америка да се бори за она што е правилно.

    Марта Симон, учителка и уметница, сирак, која целиот свој живот го поминува во замокот, гледајќи ја нацистичката тортура во Втората светска војна, одлучува да ги заштити децата што живеат во замокот а кои припаѓаат на еврејската заедница.

    Сложено исткаен и моќно раскажан, „Жените од замокот Лафајет“ е роман за должноста и надежта, за љубовта и храброста, за силата што ја наследуваме од оние што биле пред нас.

    650,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Трката за спас на Романови

    Трката за спас на Романови

    0
    590,00 ден
    Додај во кошничка
  • Книга на изгубените имиња

    Книга на изгубените имиња

    0

    Најпродавана книга според Њујорк тајмс
    инспирирана од вистински настани за животот
    на фалсификаторите на документи во време на
    Втората светска војна.
    Ева Трауб Абрамс, библиотекарка од Флорида, која е речиси пред пензија, едно утро, редејќи книги на полиците, погледот и запира на една фотографија во едно
    списание кое лежи отворено на нејзиното биро. Таа се
    замрзнува, тоа е слика на книга што не ја видела повеќе
    од шеесет и пет години – книга која е позната под името
    „Книгата на изгубени имиња“.
    1942 година, Ева е принудена да избега од Париз
    по апсењето на нејзиниот татко, полски Евреин. Наоѓајќи засолниште во едно мало планинско гратче во
    слободната зона, таа започнува да фалсификува лични
    документи за еврејските деца што бегаат во неутрална
    Швајцарија. Но, бришењето на луѓето има цена, и заедно со мистериозниот, убав фалсификатор по име Реми, Ева одлучува дека мора да најде начин да ги зачува
    вистинските имиња на децата кои се премногу мали за
    да се сетат кои се тие навистина. Записите што ги чуваат во „Книгата на изгубени имиња“ ќе станат уште поважни кога ќелијата на отпорот за која работат ќе биде
    предадена и Реми ќе исчезне…

    500,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Ангели и демони

    Ангели и демони

    1

    Професорот Роберт Ленгдон, прочуениот симболог од Харвард, е повикан од директорот на свет­ски ­познатата, швајцарска истражувачка ус­та­нова ЦЕРН за да анализира криптичен симбол втис­нат на градите на еден убиен физичар. Она што го открива е незамисливо, смртоносна одмазда против Католичката црква од страна на вековната подземна организација – Илуминатите. Во очајна трка да го спаси Ватикан, Ленгдон ги здружува силите со прекрасната и мистериозна научничка Виторија Ветра. Заедно тие тргнуваат во избезумен лов низ запечатени крипти, опасни катакомби, напуштени катедрали и во длабочините на најтаинствениот трезор на земјата… одамна заборавеното дувло на Илуминатите.

    600,00 ден
    Додај во кошничка
  • Азбуката на куклата

    Азбуката на куклата

    0

    Машини за шиење, кукли, огледала, конзервирана храна, продавници во кои се продаваат необични предмети, чудесни апарати – тоа се мотивите кои опсесивно се повторуваат во „Азбуката на куклата“. Инспирирана од расказите на Маргарет Атвуд, Анџела Картер и Ширли Џексон, младата канадска авторка Камила Грудова создава еден необичен книжевен универзум, кој изненадува со својата оригиналност и привлекува со својата застрашувачка убавина. Расказите од „Азбуката на куклата“ се издвојуваат со својата имагинативност и оригиналност, но исто така и со моќта да предизвикаат силна емоционална реакција кај читателот. Во нив авторката ја изместува реалноста сосем доволно за да ги задржи нејзините познати елементи, но истовремено и да ги премести до границата на заумното, па дури и на апсурдното. Светогледот во расказите варира од детски и наивен, до гротескен и мрачен, спојувајќи ги елементите на фантастиката, бајките и хоророт во еден вид современо преосмислување на надреализмот. „Приказните на Камила Грудова се како бајки што сонуваат дека се кошмари. Во нив постои еден сосем нов свет, кој нè повикува да го откриеме за потоа да нè зароби во себе.“ „Гардијан“ „Со овие раскази Камила Грудова се вбројува во една долга, значајна и исклучително привлечна книжевна традиција во која спаѓаат браќата Грим, Франц Кафка, Анџела Картер, Џорџ Орвел, Маргарет Атвуд и други автори чиишто дела ги истражуваат тајните што се кријат во темнината.“ „Харперс магазин“

    350,00 ден
    Додај во кошничка
  • Победникот беше таа

    Победникот беше таа

    0

    Во романот именуван ,,Победникот беше Таа'' ќе се запознаете со младата хероина којашто ја поседува главната улога во целосната приказна. Таа постанува нов член во семејството Петревски, кои топло ја пречекуваат во љубовните прегратки, и се до нејзината предучилишна возраст посветено се грижат и ја негуваат љубовта во секој поминат заеднички миг. Нора облеана од родителска љубов е среќно дете кое понатаму ненадејно ќе се соочи со огромна мрачна темнина, запаѓајќи во море од солзи предизвикани од трансформираното однесување на нејзините родители. Тотален пресврт се случува во нивниот дом, агресијата, негативноста, физичкото и психичкото напаѓање ја завладуваат љубовта, мирот и хармонијата. Нора пронаоѓајќи ја улогата во трагач по светлината на животот, со помош на вградената истрајност и незапирливост ќе ги прифати предизвиците и разочарувачките удари на коишто ќе наиде во раната возраст, соочувајќи се со бура на тажни емоции кои неочекувано ќе создадат емотивен пад. Одалеченоста од мајчинската прегратка ќе и постане недостапна и засекогаш одбиена. Поставувањето забрана за дружење со најдобрата пријателка Ека, која потекнува од семејство коешто не се во добар сооднос, ќе ја судри со дополнителен удар кој потполно ќе ја повреди. Присилно ќе ја изолираат во собата на тагата, недозволувајќи и надворешен пристап се до нејзината 18-та годишна возраст. Патем Нора и нејзината борбена моќ, доследно со најголемата поддршка Ека успеваат во понатамошниот период да го извлечат доброто, и да го оддржуваат позитивното да опстои во нив. Нора неподлегнувајќи им на нивниот груб однос, трпеливо со постоечката искра надеж молејќи се деноноќно на бога допринесуваше силна вера во остварување на молитвите, и пристигнување на денот од лишување на страдалниот период, и како птица во лет се препушти на очекуваната слобода. Како Нора и Ека се справуваа со сета оваа тешкотија? Кој е излезот на оваа кризна состојба? Дали можеби моќта на оптимизмот е причинителот на победата? Како успеа да ја оствари победата? Романот е осмислен според вистинска приказна кој е пресликан во пишана форма, и верувам дека секоја страница ќе ви испушти нова воздишка. Доживеј ја и ти победата!

    400,00 ден
    Додај во кошничка