-
Аутопсија на љубовта
0250,00 денАутопсија на љубовта е длабоко интимна поезија, еден вид на внатрешна исповед на авторот. Тој се соголува себеси, интензивно, чувствува љубов, копнеж, страв, безнадежност, апсурд… Токму тој бодлеровски призвук, емозионално жестоките слики со силно изразени контрасти се најсилната страна на поезијата на Моџо.
Помеѓу стиховите во кои се испреплетуваат тагата, болката и разочарувањето, како противтежа авторот ја спротиставува љубовта како нешто што ќе го спаси светот.
На границата помеѓу животот и смртта, сонот и јавето, постоењето и непостоењето, ангелите и демоните, е таа, неговата љубена, по која тој посега, а патиштата никако да им се вкрстат. Како расипан часовник чиишто стрелки се застанати далеку една од друга, проколнати да не се сретнат никогаш.
-
Двајца во едно срце
0430,00 денЛидија и Фреди. Фреди и Лидија. Беа заедно повеќе од десет години и мислеа дека нивната љубов е вечна. Ама погрешија. Повеќето животни пресврти се случуваат неочекувано, понекогаш незабележано се лизнуваат покрај нас, па ги забележуваме дури подоцна, ако воопшто ги забележиме.
Во болната игра на судбината, Лидија останува сама. Сака само да се заклучи во своите четири ѕида и плаче додека не остане без солзи. Единствено олеснување ѝ носат соништата: додека спие, како да влегува во некое паралелно сценарио во кое ништо не се сменило. И така, токму кога ќе почне повторно да ги прави првите, срамежливи чекори во реалниот свет, Лидија чувствува дека повикот на минатото ја влече наназад, таму каде што и натаму е можен нејзиниот стар живот со Фреди.
Ама невозможно е истовремено да се живеат два животи. Ако сака да се врати во светот во кој Фреди и натаму е жив и е господар на нејзиното срце, мора да направи избор. Затоа што некој во нејзиниот нов живот – нејзиниот вистински живот – сака таа да остане…
-
Седумте мажи на Евелин Хуго
0450,00 денВозрасната и повлечена холивудска филмска икона Евелин Хуго конечно е подготвена да ја каже вистината за нејзиниот гламурозен и скандалозен живот. Но, кога за тоа ќе ја ангажира анонимната репортерка Моник Грант, никој не е поизненаден од самата Моник. Зошто неа? И зошто сега?
Моник не е баш на врвот на светот. Сопругот ја напуштил, професионалниот живот ù е во ќор-сокак.
И покрај тоа што не знае зошто Евелин ја избрала да ја напише нејзината биографија, Моник е решена да ја искористи можноста и да почне своја кариера.
Моник е поканета во луксузниот апартман на Евелин, каде што фасцинирано слуша додека актерката ù ја раскажува нејзината приказна. Од пробивот во Лос Анџелес во педесеттите до нејзината одлука да го напушти шоу-бизнисот во осумдесеттите години и, секако, седумте сопрузи попатно, Евелин раскажува приказна за безмилосни амбиции, неочекувано пријателство и голема забранета љубов. Моник почнува да чувствува вистинска поврзаност со легендарната ѕвезда, но како приказната на Евелин се приближува кон крајот, станува јасно дека нејзиниот живот се испреплетува со оној на Моник на трагичен и неповратен начин.
-
Се што сакам за Божиќ
0430,00 денЗа Божиќ се случуваат чуда, ама не и за Ник. Тој ја изгуби работата како добро платен лондонски корпоративен адвокат, картичката му е речиси испразнета, а неговата девојка веднаш го напушти. Му останува само да се самосожалува во апартманот што го дели со својот најдобар пријател и колега кој подобро се снаоѓа во животот.
Ник бара работа – каква и да е! Без волја прифаќа привремено да работи како Дедо Мраз во локалниот трговски центар. И така ќе го сретне четиригодишниот Алфи. Се што Алфи сака за Божиќ е Сара, неговата мајка, да биде повторно среќна. Трогнат од несебичната желба на детето, Ник ќе се сети на една многу добра идеја. Тој ќе ѝ организира состанок на Сара, што можеби ќе донесе голем пресврт во неговиот живот…
-
Крај за паметење
0430,00 денОфелија Бишоп е вљубена тинејџерка. Таа и младиот Кајл Кимптон заминуваат во Холивуд, заедно да ги остварат нивните соништа. Кога ќе сфати дека на Кајл кариерата му е поважна од нивната врска, Офелија се откажува од својата амбиција и се враќа дома да го води фамилијарниот пансион.
Кајл се враќа во родниот град со цел на мир, надвор од напнатиот живот во Холивуд, да го напише неговото најдобро филмско сценарио, таму каде што ја сретна неговата најголема инспирација – својата прва љубов. Меѓутоа, срцето на Офелија е еднаш веќе скршено и таа е свесна дека тој секој миг може да се врати во Холивуд. Дали Кајл ќе се осмели да ја смени својата љубовна приказна и да направи крај за паметење?
“Ако сакате секси книга, исполнета со забава, што ќе ви го стопли срцето, нема да згрешите со Џенифер Пробст.” – Џил Шелвис
“Љубовна приказна што ќе ја засакате. Од срце ја препорачувам.” – Ема Чејс
-
Деца
0300,00 денВо рамките на обемното прозно творештво на Андриќ има голем број текстови кои се занимаваат со децата и со детството, и тоа, што е својствено за него, низ најразлични призми и од најразлични перспективи. А во втората половина на 1930-тите години светлината на денот ја здогледува и една негова збирка раскази насловена, едноставно, „Деца“.
Андриќ го слика детството како сложен период од човечкиот живот, исполнет со многу страдања, болки, па дури и зло присутно кај – како што писателот ги нарекува децата – малите луѓе.
„Малите луѓе, кои ние ги викаме ’деца‘, имаат свои големи болки и долги страдања, кои потоа како мудри и пораснати луѓе ги забораваат. Поточно, ги губат од вид. А кога би можеле да се вратиме назад во детството, како во клупата во основното училиште од кое сме веќе одамна излезени, ние повторно би ги здогледале. Таму долу, под тој агол, тие болки и тие страдања живеат и понатаму и постојат како и секоја друга стварнос
-
Силвервју
0360,00 ден„Силвервју“ е роман од британскиот автор Џон ле Каре кој постигна светска слава со романот „Наследство на шпионите“. Џулијан Лондсли се откажува од неговата високоплатена работа во Лондон и отвора книжарница во мало англиско приморско гратче. Една вечер, само неколку месеци по почетокот на неговата нова кариера, Џулијан е посетен од непознат човек. Едвард, полски имигрант кој живее во Силвервју, голема куќа на крајот од градот, изгледа дека знае многу за семејството на Џулијан и е премногу заинтересиран за внатрешните работи на неговиот нов бизнис. Кога на вратата на шефот на шпионите ќе се појави писмо со предупредување за опасно истекување информации, истрагата го води во ова тивко место покрај морето… „Силвервју“ е фасцинантна приказна за средбата меѓу невиноста и искуството и јавната должност и личниот морал. Во ова последно ремек-дело на најголемиот хроничар на нашето време, Џон ле Каре прашува што ѝ должиме на државата што веќе не ја препознаваме.
-
Млечни заби
0300,00 денДури и животот во пустелија може да зазелени, ако ни цути нашата внатрешна градина.
Што останува кога заминуваме, кој се сеќава на нашиот изминат пат?, се прашува Скалде во куќата полна со тишина и тајни. Таа го знае светот само од раскажувањето на мајка ѝ Едит. Ретко ја преминува границата на домот, ретко се среќава со далечните соседи. Светот е застрашувачко место. Никогаш нема видено сино небо, нивното село е покриено со магла. Некогаш имало снег и дожд, зелена трева и дрвја полни со овошје, но сега земјата е сува е неплодна.
Ненадејно, во оваа пустелија пристигнува девојчето Мајзис. Од каде? Никој не знае. Токму таа е причината поради која Скалде одбива да ја слуша мајка си и заканите од соседите. Љубопитството и пркосот ѝ стануваат позначајни од безбедноста.
Извонреден и освестувачки, дебитантскиот роман на Хелене Буковски зборува за тоа што значи да се живее со разорните влијанија на климатските промени и да се биде мајка отпадник од општеството. Дистописка приказна во која секој посведочен момент и изговорен збор се стежнати од важноста на тивкиот, внатрешен свет на ликовите што живеат на крајот од светот.
„Модерна бајка – топла, но не сентиментална. За познати, а сепак мистериозни работи. Неколку дена живеев во старата куќа покрај шумата со Скалде, Едит и Мајзис и на крај сосила бев извлечкан од вратата. Ретко кои ликови толку ми прираснале за срце.“
Филип Винклер
Оваа книга е дел од едицијата „Нашите приказни“ која е кофинансирана од Прорамата на Европската унија „Креативна Европа“.
-
Длабоко во ноќта
0550,00 денНајлошото што некогаш се случило во населбата Хемлок Сиркл се случило во задниот двор на Итан Марш.
Една јулска ноќ, дестегодишниот Итан и неговиот најдобар другар Били заспиваат во шаторот на уредниот тревник од семејната куќа на Маршови во една тивка, живописна населба во Њу Џерси. Следното утро Итан се буди сам. Во текот на ноќта некој со нож го расекол шаторското крило и го грабнал Били – кој потоа никогаш не е пронајден.
Триесет години подоцна, Итан неволно се враќа во својот дом од детството. Измачуван од кошмари, почнува да забележува чудни нешта што се случуваат во соседството длабоко во ноќта. Како некој да талка низ уличката, а во задниот двор почнуваат да се јавуваат знаци на присуството на Били. Му прави ли некој несовесни шеги? Или, пак, тој навистина се вратил во Хемлок Сиркл?
Таинствените појави го наведуваат Итан да почне да истражува што всушност се случило, потрага која повторно го спојува со дамнешните другари и соседи и потрага која го води во шумата околу населбата.
Колку повеќе Итан се доближува до вистината, толку повеќе сфаќа дека ниедно место, ниту во тивката шума, ниту на мирната улица, не е сосема безбедно – и дека минатото има свои начини на кои секогаш ќе ја прогонува сегашноста. -
Се поради една љубов
0430,00 денНа сите им е познато дека браќата Бајрон се „луди, лоши и опасни“. Сега и нивната сестра, леди Малори Бајрон, ќе стане предмет на озборувања во високите кругови. Соочена со трагичната загуба, утеха пронаоѓа во семејниот пријател, грофот Грешам, кој што е познат и многу омилен кај лондонските дами. Утехата набрзо ќе се претвори во страст, скандал и на крајот во венчавка. Во брачниот кревет Малори ќе пронајде уживање за какво што не сонувала ни во најлудите соништа. Но, можат ли ноќите преполни со пријателство, страст и секс да се претворат во вистинска љубов?
Шармантниот заводник Адам, веќе со години тајно ја сака Малори. Еднаш веќе ја загуби поради друг маж, ама сега добива втора шанса да ја добие нејзината љубов – и планира тоа да го постигне по секоја цена. Дали срцето на Малори ќе му го подари она што толку го посакува?
Современата авторка на историски љубовни романи, бестселери, Трејси Ен Ворен, на нашите читатели им е добро позната по популарните историските љубовни романси – „Сè поради еден бакнеж“, „Сè поради еден допир“ и „Сè поради еден војвода“.
„Исклучителната нарација на Трејси Ен Ворен и забавниот пресврт во животот на еден член на фамилијата Бајронови ќе обезбеди оваа единствена и освежувачка сторија да стане хит меѓу љубителите на историски романси.“ – Bookbinge blog
„Страсна романса за чиј што среќен завршеток ќе навивате со целото срце.“ – Goodreads
„Вештината на авторката да создаде многу секси, трогателни романси ќе ги привлече читателите – и ќе им обезбеди уживање да читаат цела ноќ.“ – Romantic Times BOOK
-
Процес – Кафка
0400,00 денЗастрашувачка приказна за Јозеф К., банкарски службеник што ненадејно е уапсен и мора да се брани од обвинение за кое не може да добие никакви информации.
К. полни триесет години на денот кога во неговиот стан пристигнуваат лицата што треба да го уапсат. Во период што следува тој сè повеќе се заплеткува во невидливата мрежа на еден необјаснив процес. Движејќи се низ лавиринтската мрежа на стапиците на системот, продолжува да се однесува на начин што го прави да изгледа сè повиновен.
Јозеф К. станува симбол за вознемиреноста и чувството на отуѓеност на модерното време и за борбата на обичниот човек против неразумниот авторитет.
Напишан во период од јули 1914 до јануари 1915 година, овој роман се совпаѓа со најважните случувања во животот на Кафка, но и со европската историја и почетокот на Првата светска војна. Објавен е во 1925 година.
„Процес“ е едно од најважните книжевни дела на XX век, со кое почнува нова ера во светската историја на литературата.
-
Четири години во планините на Курдистан
0450,00 ден„Четири години во планините на Курдистан (1915-1919) – Мемоарите на преживувањето на едно ерменско дете“ е ретко и инспиративно лично сведоштво за едно потресно поглавје од историјата. Извонреден приказ за влегувањето во светот на возрасните и приказна за опстанокот на еден ерменски тинејџер принуден да живее во племенска култура меѓу курдските селани и турските бегови.
Ерменецот Арам Хајгаз имал само 15 години кога ги загубил татко си, браќата, многу роднини и соседи. Сите биле убиени или починале од глад кога отоманските војници го ставиле нивното село под едномесечна опсада.
При депортацијата на Ерменците, Арам и мајка му биле принудени да пешачат низ сириската пустина без храна, вода и засолниште како дел од системското уништување на христијанското ерменско население во 1915 година.
Мајка му го поддржала да премине во ислам за да преживее. На четвртиот ден од маршот еден Турчин се согласил да го земе овој млад преобратеник во своето домаќинство. Тој се издигнал од „неверник“ до доверлив секретар, единствениот што знаел да чита и пишува во племето што го прифатило.
Арам поминал четири долги години живеејќи како роб, слуга и овчар меѓу курдските племиња, полека стекнувајќи ја довербата на своите киднапери. Во текот на овие години тој израснал од момче во маж и неговата приказна им нуди на читателите извонреден приказ за влегувањето во светот на возрасните и вредно историско сведоштво.
Хајгаз успеал да побегне од заложништвото во САД во 1921 година.
-
Ефектот на Марко
0550,00 ден#5 СЕКТОРОТ Q
Функционер на висока позиција во финансиски нестабилна банка врши проневера со средства наменети за развој на африкански села. Во меѓувреме, петнаесетгодишниот Марко сака да стане дански државјанин и оди на училиште како секој обичен тинејџер. Но неговото минато не е како на секој обичен тинејџер. Тој целото свое детство го минал во ромска банда со која автократски владее неговиот вујко Зола и во која сите деца се принудени да питаат и да крадат.
Кога Марко ќе дознае дека вујко му планира да го осакати за му носи поголем приход, конечно се обидува да побегне. Но тогаш открива закопано тело што го води до фрапантни тајни за кланот. Плашејќи се дека ова откритие може да стигне до полицијата, Зола и неговите луѓе почнуваат да го бркаат Марко.
Неговите патишта сега се вкрстуваат со оние на детективот Карл Морк. Кога Карл ќе сфати што сè знае Марко, ќе одлучи да ја реши мистеријата и да го спаси момчето. Мистеријата се протега од Данска до Африка и води до високата политика и бизнис, каде што не постојат правила на игра, а човечкиот живот се множи со нула.
-
28 лета
0500,00 денКога Линк, синот на Малори Блесинг, ќе добие барање од мајка си да се јави на еден телефонски број испишан на парче хартија во нејзината фиока, не знае што да очекува. Но сигурно не очекува дека ќе се јави Џејк Мекклауд. Доцна пролет е во 2020 година и сопругата на Џејк е кандидатка за претстедателските избори.
Мора да е грешка, помислува Линк. Од каде би се познавале Малори и Џејк?
Кратката летна викенд-романса од пред дваесет и осум години се претворила во афера што трае исто толку време. Малори и Џејк се сретнуваат еднаш годишно, на само еден викенд, и тоа на исто место и во исто време. Не можејќи да бидат заедно поради сплет на околности, меѓу кои и долгогодишната врска на Џејк што подоцна преминува во брак, двајцата решаваат дека ова е единствениот начин на кој би можеле да функционираат. Во меѓувреме, и двајцата си имаат свој засебен живот од кој гледаат бегство само во тој магичен летен викенд. Но дали нивните вистински животи можат да постојат независно и незасегнати од оваа романса?
По дваесет и осум години поминати во слатка агонија и исчекување, ова лето ќе се смени сѐ.
Од бестселер-авторката на ТРАЧ
-
Манипулант
0550,00 ден#6 СЕКТОРОТ Q
Телефонот го буди Карл Морк од утринската дремка во подрумот од полицискиот штаб. Повикот е од колега од Борнхолм, најисточниот дански остров. „На прва топка“ Карл го одбива случајот што му е понуден, но неколку часа подоцна слуша фрапантни вести и чувствува дека нема друг избор освен да го предводи одделението за нерешени случаи на островот и да ја открие вистината за смртта на преубавата средношколка Алберта. Таа пред седумнаесет години исчезнала од училиштето, а потоа била пронајдена како виси на дрво крај патот. Истрагата ќе ги донесе до чуден култ и до неговиот харизматичен водач, човек што е необично привлечен за жените. Во лавиринтот од мистерии и лажни траги, Карл – со своето топло срце, неодоливиот хумор, лудото возење и со детективската интуиција – заедно со своите помошници Асад, Роуз и нововработениот Гордон, тргнува во потрага по убиецот, вешт манипулатор што одбива кој било и што било да му застанат на патот…
Бестселер-авторот, чии книги се продадени во милионски тиражи низ светот, добитник на многубројни престижни награди, Јуси Адлер-Олсен, е клучната фигура на скандинавскиот трилер.
-
Детето што сакаше елени
0450,00 ден#3 Миа Кригер и Холгер Мунк
Зима е, 1996 година. Еден пензионер вози низ планините со својот автомобил. Одеднаш забележува нешто пред себе и нагло закочува. Фаровите фрлаат светлина врз снегот на патот каде што стои преплашено дете со помодрени усни и со еленски рогови на главата.
Четиринаесет години подоцна, во планинското езеро недалеку оттука, пронајдена е мртва девојка. Во балетски костим, а близу до неа стои и фотоапарат на статив. За една недела ќе се случат уште две убиства. Убиецот остава насоки за полицијата што ги водат во игра во која не може да победат.