-
Сивиот човек
0500,00 денКнигата по која е направен најскапиот и најгледаниот филм во историјата на НЕТФЛИКС
Корт Гентри е добар човек. Но, исто така, тој е поранешен врвен американски разузнавач и неверојатен професионален убиец. На оние што го демнат од сенка, тој им е познат како Сивиот човек. Тој е легенда во мистериозниот свет, се префрла од една на друга работа, екогаш во акција, постигнувајќи го невозможното… Потоа наеднаш исчезнува. И тој секогаш погодува во целта. Секогаш. Но, има сили на светот што се поопасни од Гентри. Сили како што се на пример парите. И моќта. Има агенти, мафијаши, професионални убијци, држави кои сакаат да го елиминираат. Од Иран, Сирија, Украина, Франција, Албанија, Нигерија, Англија, од сите страни на светот. Некои не веруваат во неговите способности. За едни е мит, а за други минато. Но, Корт Гентри ќе докаже дека за него, нема разлика помеѓу убивањето за да се заработува за живот и убивањето за да се остане жив.„Овој роман е како добро наострен нож: безмилосен и смртоносен.
Сивиот човек на Марк Грини е Борновиот идендитет за новиот
милениум… Никогаш досега еден убиец не бил толку реален, а сепак
толку смртоносен. Погодува како куршум во гради… Книга што не се
пропушта.“
— Џејмс Ролинс
„Силен, брз и непобедлив – токму таков каков што треба да биде еден
трилер.“
— Ли Чајлд
„Приказната е возбудлива, а убиствата се толку експлозивни, што при
вртењето на страниците, ни дава чувство како да играме некоја врвна
видео игра.“
— Њујорк Тајмс -
Името ми е Вивиен Ли
0250,00 денРоманот, како што наведува авторот, е пишуван според вистината на една тинејџерка, па оттука приказната произлегува од денешното време.
Главните ликови се тинејџерката наречена Вивиен Ли и нејзината другарка по име Вероника. Првата преку својата необична љубов кон „Норвежанецот од Љубојно“, запаѓа во незгодни, но и во духовити ситуации. Сето тоа се слева во еден богат сплет на случки и настани кои се вградуваат во структурата на приказната која е врзана со денешново време.
Вивиен Ли, и покрај тоа што не е надарена за пишување, поради својата заљубеност во таинствениот „Норвежанец од Љубојно“, последна надеж и „терапија“ ѝ е да напише љубовна приказна. Таа цело време, криејќи од родителите, ќе се измачува да пишува не верувајќи дека тоа ќе ѝ успее, а на крајот, без да биде сигурна во она што го пишува, ќе го создаде романот.
-
Две свеќи
0450,00 денВо оваа топла и инспиративна приказна, таткото на забавен начин ѝ ја пренесува на својата ќерка тајната за среќен и исполнет живот преку двете свеќи. Тој сè уште неизлекуван од разводот со мајка ѝ и од губењето на работното место, таа бунтовна тинејџерка што бурно реагира на предизвиците што ѝ ги носат младешките години, заедно поминуваат викенд во планина исполнет со непредвидливи настани и бура од емоции.„Две свеќи“ е прирачник за водење исклучителен живот, книга што го открива најкраткиот пат до среќата преку само еден единствен збор, кој има волшебна моќ да го прочистува срцето, да ги отвора очите и на најефикасен начин да ја лекува душата. -
АВАНТУРИТЕ НА АРСЕН ЛУПЕН, КРАДЕЦОТ ЏЕНТЛМЕН
0250,00 денАрсен Лупен – безмилосен, опасен крадец и екцентричен џентламен со чии лукави подвизи не можат да се справат ни најдосетливите детективи!
Создаден од перото на Морис Леблан на почетокот на 20 век – Арсен Луоен е самоуверен крадец, Шерлок Холмс во светот на криминалот. Сиромашните нема зошто да му се плашат, тие често и уживаат во неговата спонтана дарежливост. Но затоа богаташите и детективот кој се обидува да му влезе во трагата мора да бидат претпазливи.
Плановите на маестралниот крадец прераснуваат во сложени, детално разработени авантури и претставуваат приказни што им претходат на кинематографските остварувања како Единаесеттемина на Оушн, а се инспирација и за серијата Лупен продуцирана од Нетфликс.
Освен што изобилуваат со досетливи шеги, најдобрите приказни од серијалот за Арсен Лупен се скандалозни, мелодраматични и остроумни. Со своите незапирливи подвизи Лупен е незаменлив лик во крими-литературата – единствениот со доволен калибар да смисли и да изведе кражба со такви размери!
-
Со љубов од Париз
0390,00 денКога новиот дечко Џек ја остава на аеродромот, Руби Милер ги брише солзите и си купува карта за Париз. Во Париз посетува еден стар пријател, сакајќи да направи пауза. Но, градот на љубовта има сосема други идеи.
Во еден стан каде што и времето застанало, Руби ќе пронајде пакет со изгубени љубовни писма кои ќе ја заробат во една мистерија која трае повеќе од седумдесет години. Кој е авторот на писмата? Зошто сопственикот на станот ги затворил ролетните и избегал од Париз пред војната и никогаш не се вратил? Каква тајна се крие?
Додека мистеријата се продлабочува, животот на Руби се враќа во нормала, а духовите од минатото и љубовната афера нема да можат да ја загрозат.
Од најпродаваниот автор на МОЈОТ ГОСПОДИН СОВРШЕН, овoj магичен роман е за секоја девојка која некогаш ја сонувала блескавата светлина на Париз и љубовта која трае цел живот…
-
П.С. Сè уште те сакам
0390,00 денПоради љубовта што ги воодушеви читателите и ѝ даде можност на книгата ДО СИТЕ МОМЦИ ШТО ГИ САКАВ да стане бестселер на Њујорк тајмс, Лара Џин продолжи и понатаму да пишува писма.
Лара Џин не очекуваше лудо да се заљуби во Петар. Таа и Петар само се преправаа. Но, наеднаш престанаа. Сега Лара Џин е збунета повеќе од кога било.
Кога едно друго момче кое го познаваше во минато ќе се врати во нејзиниот живот, чувствата на Лара Џин за него повторно ќе оживеат. Може ли една девојка да биде вљубена во две момчиња одеднаш? Љубовта никогаш не е лесна, но можеби тоа е она што ја прави неверојатна.
-
Чекај ме кај езерото
0500,00 денФерн Брукбенкс голем дел животот поминала размислувајќи за Вил Бакстер.
Во своите рани дваесетти години, минала само дваесет и четири часа со овој извонредно привлечен уметник-идеалист, а нивната средба се претворила во целодневно доживување на Торонто. Моментот бил погрешен, но меѓусебната поврзаност очигледна: си ги раскажале секоја тајна и секој сон, и свечено се договориле да се сретнат една година подоцна. На таа средба дошла Ферн, но не и Вил.
Ферн сега има триесет и две години, и животот не ѝ изгледа како што замислувала. Повторно живее во родниот крај и го води езерското одморалиште на мајка ѝ. Таму владее неорганизираност, негов директор е поранешното момче на Ферн, а самата не знае од каде да почне.
Ѝ треба план и насочување. На нејзино изненадување, спасот се појавува во ликот на Вил кој пристига на местото со задоцнување од девет години, носејќи куфер и понуда да ѝ помогне. Но како таа да му верува на овој човек-фантом кој сега носи скапи костуми и кој ни оддалеку не личи на младичот што го запознала пред толку години? Вил крие нешто, а Ферн не е сосема сигурна дека сака да дознае што.
Но десет години пред ова, тој ја спасил неа: може ли сега таа да го стори истото за него?
-
Семејство
0450,00 денЛора е скршена по ненадејната смрт на нејзиниот сопруг. Борејќи се да се справи емоционално и финансиски, Лора е благодарна кога локална заедница, „Оук лиф органикс“, ù нудат дом нејзе и на нејзината 17-годишна ќерка Тили.
Но, додека Лора и Тили се адаптираат на животот со нивното ново „семејство“, почнуваат да се случуваат опасни работи. Кога еден од заедницата умира под сомнителни околности, Лора сака да замине, но Тили, привлечена од харизматичниот лидер, Алекс, одбива да си оди.
Очајно барајќи начин да ја спаси својата ќерка, Лора открива застрашувачка тајна, но Алекс и неговото семејство не се единствените што кријат нешто. Како што Лора копа во нивното минато, така тие копаат во нејзиното и таа ја открива застрашувачката причина поради која ги поканиле неа и Тили и зошто никогаш нема да им дозволат да заминат…
-
Одбраната на Лужин
0450,00 денЗад перипетиите од животната приказна на генијалниот јунак во книгата, надарениот и безумен руски шахист Александар Иванович Лужин, на читателот постепено му се открива постојаната и најважна тема од творештвото на Набоков развојот и повторувањето на тајните петна во човечката судбина. Шаховската одбрана што тој ја разработува полека станува алегорија за одбрана од самиот живот во кој неговата трауматизирана болна свест проѕира нечии злонамерни дејствија, слични на шаховските потези. Во настаните од сопствениот живот Лужин ги гледа последиците од кобните влијанија на својот невидлив противник судбината, и, откако нема да успее да ги одгатне нејзините скриени шеми, го избира единственото можно решение излегување од играта…
„Одбраната на Лужин“ е третиот роман од т.н. руски период на Владимир Набоков со кој овој автор изгради силно литературно име и кој го смести во првите редови на писателите од руската емиграција.
-
Земја
0600,00 денНајбогатиот човек на планетата создава ријалити шоу што будно го следи целото човештво на малите екрани и преку социјалните мрежи.
Медиумскиот магнат испраќа осуммина на Марс за да ја создаде првата колонија надвор од Земјата, но без шанси да се вратат. По неговата смрт, неговите деца, син и ќерка, веќе возрасни луѓе, треба да завршат игра почната во детството што тој ја дизајнирал.
Наградата за успешно завршената игра е исполнување на најголемата желба на секој од нив… Но ништо не е како што изгледа и вистината станува сложена загатка што треба да се открие, за да сфатиме на крајот дека главниот проблем кога ја бараме вистината настанува кога ќе ја најдеме и не знаеме што да правиме со неа.
Роман за моќта на телевизијата и на социјалните мрежи и за негрижата за планетата што ќе го промени твоето гледиште на светот. -
Долината на стравот
0300,00 денШерлок Холмс се соочува со еден од најопасните случаи во својата кариера.
Тој добива загадочно предупредување за Џон Даглас од велепоседничкиот дом во Бирлстон, по што со д-р Вотсон се впуштаат во истрага на убиството на Даглас.
Холмс открива дека злосторството е поврзано со тајно здружение и започнува потера во долината Вермиса во Соединетите Американски Држави.
Истрагата открива измама, скриен идентитет и нова закана која надвиснува отелотворена преку професорот Моријарти.Со својот препознатлив ум и интуиција, Холмс навлегува во темна мрежа на измами и предавства. „Долината на стравот“ е возбудливо четиво што го прикажува детективот во борба не само со злосторството туку и со сенките на организираниот криминал.
Последниот роман на Артур Конан Дојл е инспириран од вистинското тајно здружение „Моли Магвајрс“.
-
1Q84 (КНИГА ПРВА)
0500,00 денВо јапонскиот јазик, буквата Q и бројката 9 се изговараат исто. Кога 1Q84 ќе се изговори на јапонски, се добива 1984, што е директна алузија на романот на Џорџ Орвел кој, на овие страници, повеќепати се спомнува и се цитира.
Читателот, заедно со главните личности, плови помеѓу 1984 година и паралелното време во годината 1Q84. Првиот том од овој капитален роман го покрива периодот од април до јуни и ние, низ поглавјата што наизменично се менуваат, ги следиме приказните на двајцата главни херои – Тенго и Аомаме. Таа е инструкторка за боречки вештини, членка на мистериозна организација што спроведува правда убивајќи насилници… Тенго е професор по математика во едно подготвително училиште, типичен муракамиевски машки лик – пасивен, без иницијатива, талентиран без да се реализира,едноставно кажано – тој е „дел од сложувалката што никаде не се вклопува“. Во поглавјата што се преплетуваат, среќаваме надреални елементи карактеристични за сите дела на Мураками, но и важни теми од модерниот свет – политички злосторства, толкувања на историјата, насилство, религиозен фанатизам, слобода. Мураками успева да изгради дело на границата помеѓу лагата и вистината, помеѓу реалноста и фикцијата.
Мураками е како магионичар кој го објаснува трикот додека го изведува, а сепак успева да нè убеди дека има натприродни моќи… Иако секој може да раскаже приказна што наликува на сон, само редок уметник како него може да ни предизвика чувство дека самите го сонуваме.
Њујорк тајмс
-
Баба
0300,00 денНовиот роман Баба на Луан Старова, прозаист со големо меѓународно реноме и бездруго еден од најзначајните книжевни автори како на македонски така и на албански јазик, го разбира и систематски го истражува феноменот на вечната човекова подвоеност, условно кажано – помеѓу небото и земјата.
За Луан Старова, инспириран од ликот на неговата баба Хазбије ан’м, жената – или ако сакате: Жената! – е единствениот и пресуден фактор кој овозможува поврзување на луѓето, и тоа на сите нивоа, од семејството како интимна заедница до соработка и поврзување на големите светски култури и цивилизации, одгатка и средиште на мистеријата која филозофот на културата Х. Г. Гадамер ја означи со синтагмата „фузија на хоризонтите“.
Со тоа е даден и одговор на прашањето што си го поставува Хазбије: нејзиниот свет, нејзината татковина е светот што таа овозможи да се создаде, светот што без неа никогаш не ќе беше можен, светот во кој се сочувани и нераскинливо поврзани во вистинска фузија на хоризонти нејзините светови!
Ферид Мухиќ
-
Скоро парижанка
0300,00 денДевојка во бајковита љубовна врска со Париз, живее совршено уреден живот во нејзиниот стан на Гар ду Нор, со прекрасна работа и со многу кафе.
Сепак, едно истурено кафе, една загубена работа и една мала поплава подоцна, и се чини дека Париз не е секогаш најдобрата идеја – особено што секоја пригода ја користи да се подбива со хероината. И подметнува комплицирани врски, еден случаен татковски расположен лик и една незамислива симпатија кон човек што дотогаш не го ни забележувала… одличен рецепт за активирање на еден куп мали проблеми.
„Обожавам да читам книги чиишто ликови сакаш да ги запознаеш и во реалноста. Ликови за кои знаеш дека ако вистински постојат – животот никогаш нема да биде
досаден.“
„Оригинално париско четиво!“
„Забавно, смело, искрено и со вкус.“
„Би било одлично сценарио за романтична комедија како на Вуди Ален.“
-
Анаис од Монмартр
0300,00 денСо куфер во едната рака и транспортер за мачки во другата, Анаис Мишел доаѓа во Париз со амбиција да ја пронајде личноста што еднаш ја напушти – себеси.
Но, нештата не се такви какви што ги остави некогаш.
Нова маќеа, заборавен пријател и нескротлив страв од тоа „што ако не постои професија што може да ме направи среќна“, водат до серија неочекувани настани, вино, кафе и комплициран однос со еден… дечко.
Сериозно, колку може да е тешко да се пронајдеш во град како Париз?
Би се изненадиле.
-
Педесет цигари за Елена
0300,00 ден„Педесет цигари за Елена“, најновиот роман на истакнатата хрватска писателка Марина Вујчиќ, во својата основа ја има теоријата на хаосот, „ефектот на пеперугата“ на ниво на малиот човек и неговото секојдневје.
Оливер Радман во спомен на роденденот на својата сестра близначка, која загинала пред дваесет и шест години, решава да испуши педесет цигари. Ја запалува првата цигара и на полноќ тргнува во прошетка низ градот, не насетувајќи дека ќе влијае врз животите на тројца луѓе: очајната мајка што не знаела дека нејзиниот сопруг е криминалец, младиот новинар што не може да спие ако некој се наоѓа покрај него на креветот и депресивната млада жена заробена во несреќен брак.
Паралелните приказни на овие ликови, навидум неповрзани, ќе се одвиваат во текот на дваесет и четирите часа во кои Оливер ја изведува својата необична посвета за починатата сестра.
Мајсторски напишан, со атмосфера на неизвесност и напнатост, „Педесет цигари за Елена“ е роман што ја истражува идејата како понекогаш без да бидеме свесни за тоа го менуваме животот на некои луѓе.