-
-11%
Погодокот #3
1Original price was: 450,00 ден.399,00 денCurrent price is: 399,00 ден.Тој знае како да ја погоди целта – на мразот и надвор од него…
Али Хејс е во криза. Наскоро ќе дипломира, а нема поим што ќе прави потоа. За да бидат работите уште полоши, тагува по неодамнешниот прекин на долгогодишната врска. Див, необврзан секс сигурно не е решение за нејзините проблеми, но на згодната хокејска ѕвезда Дин Ди Лорентис е невозможно да му се одолее. Но ќе го направи тоа само еднаш, зашто иако иднината ѝ е несигурна, во неа сигурно нема место за кралот на врските за една ноќ.
…но неговото вообичаено однесување нема да биде доволно за да го освои нејзиното срце.
Дин секогаш го добива тоа што го сака. Девојки, оценки, уште девојки, признанија… Досега ниедна жена не успеала да одолее на неговиот шарм. Сѐ додека не ја запознае Али. За само една ноќ, енергичната русокоса му го превртува светот наопаку – а сега сака да бидат пријатели? Нема шанси! Не е готово додека тој не каже дека е готово. Дин се впушта во непопустлив освојувачки поход, но кога неколку драматични промени ќе му го потресат животот, почнува да се прашува дали можеби не е време да престане да размислува само за погодоците… и да почне да се стреми кон љубовта.
-
-33%
Погрешно место, погрешно време
0Original price was: 520,00 ден.349,00 денCurrent price is: 349,00 ден.Можеш ли да спречиш убиство откако веќе се случило?
Крај на октомври. После полноќ. Го чекаш својот осумнаесетгодишен син. Тој доцни. Додека гледаш од прозорецот, тој се појавува и сфаќаш дека не е сам: тој оди кон еден човек и вооружен е.
Не можеш да поверуваш кога ќе видиш што прави: твојот забавен, среќен син тинејџер, убива некој странец, токму таму на улицата пред вашата куќа. Не знаеш кој. Не знаеш зошто. Знаеш само дека твојот син сега е во притвор, неговата иднина е уништена.
Таа ноќ заспиваш во очај. Сѐ е изгубено.
Додека не се разбудиш. . .
. . . на вчерашен ден.И тогаш повторно се будиш. . .
. . . на завчерашен ден.Секое утро се будиш ден порано, уште еден ден пред убиството. Со уште една шанса да го запреш. Некаде во минатото лежи одговорот – причината за ова злосторство – и немаш друг избор, освен да ја откриеш. . .
Goodreads Choice Award
– Номинирана за најдобра мистерија и трилер за 2022 година -
-33%
Камен, Лист, Ножички
2Original price was: 520,00 ден.349,00 денCurrent price is: 349,00 ден.Мислите дека ја познавате личноста со која сте се венчале? Размислете уште еднаш…
Работите помеѓу господин и госпоѓа Рајт веќе долго време не се како што треба. Кога Адам и Амелија добиваат викенд-патување во Шкотска, тоа може да биде токму она што му треба на нивниот брак. Самопрогласениот работохолик и сценарист Адам Рајт цел живот живее со нарушување на способноста за идентификување човечки лица. Тој не може да ги препознае пријателите или семејството, па дури ни сопствената сопруга.
Секоја годишнина двојката разменува традиционални подароци – хартија, памук, керамика, калај – и секоја година сопругата на Адам му пишува писмо, што никогаш не му дозволува да го прочита. Сè досега. И двајцата знаат дека овој викенд ќе го поправат или раскинат нивниот брак, но тие не го добија ова патување случајно. Еден од нив лаже, а некој не сака тие да живеат среќно до крајот на животот.
Десет години брак. Десет години тајни. И годишнина што никогаш нема да ја заборават.
Камен, Лист, Ножици е најновиот возбудлив трилер од кралицата на убиствените пресврти и најпродавана авторка на Њујорк Тајмс, Алиса Фини.
Goodreads Choice Award
– Номинирана за најдобра мистерија и трилер за 2021 година -
-40%
Совршениот син
0Original price was: 500,00 ден.299,00 денCurrent price is: 299,00 ден.„Се надеваме дека Вашиот син ќе може да ни одговори на неколку прашања во врска со едно девојче кое исчезнало синоќа…“
Ерика Кас има совршено семејство и совршен живот. Сѐ до вечерта кога двајца детективи се појавуваат на нејзината врата.
Една средношколка исчезнува од тивката предградска населба на Ерика. Полицијата се сомнева во најлошото – убиство. А синот на Ерика, тинејџерот Лиам, е последниот кој го видел девојчето живо.
Ерика отсекогаш насетувала нешто мрачно и вознемирувачко во нејзиното навидум совршено постаро дете. Таа сака да верува дека тој е невин, но како што доказите се трупаат, така ѝ станува сѐ потешко да се бори против вистината – можно е Лиам да го направил незамисливото.
И сега таа мора да се запраша себеси: колку далеку е подготвена да оди за да го заштити сопствениот син?
-
-15%
Траги од минатото
1Original price was: 350,00 ден.299,00 денCurrent price is: 299,00 ден.Стари мистерии отвораат нови рани…
Полициски извештај за настан кој се случил во мај 1994 година ја отпочнува приказната богата со ликови и испреплетени стории во чија срж лежи стара мистерија. Во раните утрински часови пронајдено е безживотното тело на полицаецот Зафир. Неговата глава е целосно разнесена од истрел од револвер кој е пронајден до неговото тело. Од извршениот увид на местото на настанот и од извршените оперативни проверки констатирано е дека Зафир се самоубил.
По 28 години во истиот град исчезнуваат две машки лица. Заедничко за исчезнатите е тоа што и двајцата извршиле семејно насилство врз нивните сопруги и тие ги пријавиле настаните во полициската станица.
Потрагата по двајцата исчезнати ја води инспектор кој всушност е син на починатиот полицаец Зафир. Додека трае потрагата по исчезнатите, во полициската станица се појавува и нова млада инспекторка. Нејзиното појавување и започнување со работа во полициската станица во малиот град е сомнително, поради тоа што таа не познава никого во гратчето.
Неизвесна мистерија, која до самиот крај го тера читателот да се прашува како ли ќе заврши, кој е виновникот, кој е мотивот. Фактот дека авторот по професија е инспектор кој ги искористува своите лични искуства и експертиза како инспирација од која ги крои приказните го прави делото уште поинтересно.
-
-15%
Излез
2Original price was: 350,00 ден.299,00 денCurrent price is: 299,00 ден.Сузан Колинс се буди во чудна соба налик на „собите за бегство“, каде што решаваш загатки за да стигнеш до излезот. Набргу сфаќа дека е затворена со глувонемиот Џефри, младиот Дилан кој е слеп од раѓање и Мајк, кому му недостасуваат горните екстремитети, додека самата таа е во инвалидска количка по тешка сообраќајна незгода. Последното нешто на кое сите се сеќаваат е дека биле присутни на забавата на Астрикс, филантропска компанија која вложува огромни средства во откривање и лекување на трауми, како и нови методи за лечење на тешки заболувања.
Не знаат како се нашле во собата, зошто се заклучени таму и како е направена таа чудна комбинација на луѓе со различни инвалидитети, но веднаш сфаќаат дека има траги насекаде околу нив и дека мора да ги здружат силите за да почнат да ги решаваат загатките ако сакаат некогаш да излезат.
Сепак, кога детективот Алекс ќе почне да го истражува случајот, првото нешто на што ќе наиде е документ за приватност кој сите затворени во собата за загатки го имаат своеволно потпишано… што значи дека некој тука крие нешто, дури и дел од заробените во собата. Но сопругот на Сузан е убеден дека таа е таму против своја волја, дека не би заминала никаде без да му каже и најстрашно од сѐ, чувствува дека неговата сопруга е во голема опасност.
-
Најслаткиот филџан кафе
0320,00 денЕма е млада девојка, средношколка во музичко училиште, која го сака пеењето и свирењето виолина. Малку „презрела“ за своите години, или барем таа така се доживува себеси. Ема е паметна, Ема е интересна, Ема е убава; сите сакаат да се дружат со неа и каде и да оди го привлекува вниманието на момчињата. Но нејзиното внимание го привлекува токму оној кој не треба; личност која е забранета за Ема. Новиот, млад и прекрасен професор по солфеж, кој сепак е премногу „стар“ за малолетната Ема. Но забранетото секогаш е најслатко и најпривлечно, па така Ема се опседнува со професорот Огнен и не може да престане да мисли на него. Фантазира за него, го идеализира до бескрај и почнува да излегува каде што тој има свирки само за да биде во негова близина.
Кога нејзината најдобра другарка дознава за ова и ја советува да не се впушта во опасни води со постариот професор, Ема не сака ни да чуе; напротив, таа свесно ја оттурнува Марија од себе. Впрочем, таа ги оттурнува сите и сѐ од себе, не сакајќи ништо да ѝ пречи во мисијата да го освои неговото срце. Младоста ја карактеризираат невиноста и неискуството, коишто се први предуслови за погрешни избори и грешки кои можат многу да чинат. Па така, во еден момент се чини како главната хероина да губи сѐ, но сепак останува една светла точка во нејзиниот живот.
Велат дека пријателството е како свеќа што сјае и ти го грее срцето кога надвор е студено и темно…
-
-15%
Ја мразам мајка ми
0Original price was: 350,00 ден.299,00 денCurrent price is: 299,00 ден.Родителите се единствените луѓе на светот чии раце се секогаш подадени кон нас и секогаш подготвени да нè прифатат. Само што, понекогаш, ние сметаме дека тие раце имаат намера да нè гушат, па се опираме и опираме за да избегаме што подалеку од нив. За жал, далеку од вистинската поддршка и искрените совети кои единствено тие можат да ни ги дадат, може да донесеме катастрофални одлуки и да паднеме на дното во кое ќе ги повлечеме и нив со нас.
Ова е приказна за девојка доведена на раб на нервен слом и втурната во психички проблеми по смртта на нејзиниот татко. Приказна за девојка која почнува да ја гледа мајка си како непријател и станува мета на емотивни манипулатори кои ја цицаат секоја капка енергија од неа, доведувајќи ја до уште поголеми психички проблеми и психијатриска установа. Ова е приказна за девојка која на потешкиот начин ќе научи дека единствените луѓе во чија верност и љубов никогаш не треба да се сомневаме се родителите. Животот е суров учител, но најважните лекции секогаш се најтешки за учење.
Прекрасен и трогателен роман, во кој емоциите се леат од страница на страница и вибрираат низ секој збор.
-
Јавувачот (Robert Hunter #8)
0520,00 денПо напорната недела, Тања Кејтлин со нетрпение очекува да помине безгрижна вечер во својот дом, но кога ќе излезе од тушот, го слуша мобилниот телефон како ѕвони. Нејзината најдобра пријателка Карен Вард ѝ се јавува преку видеоповик. Тања одговара и – кошмарот започнува.
Карен е врзана за столче во нејзината дневна соба, со затворена уста. Ако Тања успее да даде точен одговор на две прашања, нејзината пријателка ќе преживее, но ако одговори погрешно тогаш ќе биде сведок на ужасно и одвратно убиство. Длабокиот, рапав и демонски глас од другата страна на линијата ѝ се заканува на Тања дека ако го прекине повикот или само го сврти погледот настрана, таа ќе биде следната.
Хантер и Гарсија се наоѓаат во вител на злото додека го истражуваат случајот. Трагаат по предатор кој своите жртви ги наоѓа на улица и на социјалните мрежи. Им ги проучува грешките, ги измачува со анонимни пораки и ужива во нивниот страв…Во „Јавувачот“ владее напнатата, бурна атмосфера типична за романите на Крис Картер. Тој одново ни докажува дека освен што е надарен писател е и вешт познавач на човековата психа и криминалната природа. Подгответе се за роман чии страници се вртат со зашеметувачка брзина на филм!
-
-33%
Јас сум смрт (Robert Hunter #7)
0Original price was: 520,00 ден.349,00 денCurrent price is: 349,00 ден.Седум дена по нејзиното киднапирање, го наоѓаат телото на дваесетгодишна жена во празниот дел на меѓународниот аеродром на Лос Анџелес. Телото е поставено со раширени раце и нозе, во форма на петокрака човечка ѕвезда.
Обдукцијата открива дека таа била измачувана и убиена на најбизарен можен начин. Но изненадувањата не завршуваат тука. Убиецот исто така сака да си игра и им има оставено нешто на полицајците.
Детективот Роберт Хантер, кој ја води специјалната единица за ултра насилни злосторства, повторно е назначен да го води случајот. Но речиси уште пред да почне, се појавува и второ тело.
Соочувајќи се со нови предизвици секој Божји ден, детективот Хантер сфаќа дека брка чудовиште. Предатор чие минато крие ужасна тајна и чија желба да повредува и убива луѓе никогаш не може да биде згасната, бидејќи тој е… СМРТ.
-
-46%
Сè што заборавила Алиса
0Original price was: 550,00 ден.299,00 денCurrent price is: 299,00 ден.Алиса Лав има дваесет и девет години, лудо е вљубена во сопругот и наскоро треба да стане мајка.
Замислете само колку ќе се изненади кога ќе се освести по падот во вежбалницата (во вежбалница? Па таа мрази да вежба!) и ќе открие дека има триесет и девет години и три деца на кои не се сеќава. Се разведуваат со љубениот сопруг Ник, кој ја мрази, а од сестра ѝ Елизабет, поради некоја причина, необјасниво се отуѓила.
Сега мора да сфати зошто одвај разговараат со сестра ѝ и како се претворила во една од оние преслаби мајки облечени во прескапа облека. Како можело за десет години нештата да тргнат толку наопаку? Зошто не се препознава самата себе – и што е уште полошо, зошто оваа нова Алиса ни најмалку не ѝ се допаѓа?
Алиса мора да се сети на сè што заборавила, одново да ја изгради сликата од изминатите десет години и да дознае дали работите можат да бидат како порано. А пред сè, мора да дознае дали заборавот е благослов или проклетство и дали е навистина можно човек да почне одново.
-
-27%
Куќната помошничка (The Housemaid #1)
3Original price was: 550,00 ден.399,00 денCurrent price is: 399,00 ден.Мили Каловеј живее во својот автомобил и очајно бара пристојна работа. Затоа, веднаш ја прифаќа понудата за куќна помошничка во богатото семејство Винчестер, занемарувајќи ги ситните проблеми што доаѓаат со позицијата.
Се вселува во таванското сопче на прекрасната куќа, каде што има сопствен кревет и покрив над глава – но зошто вратата се заклучува само однадвор? Зошто Нина Винчестер постојано прави неред и ги меша работите и датумите? Зошто градинарот ја предупредува дека ја демне опасност, но не сака да и каже ништо поконкретно?
За жал, Мили нема скршена пара и нема свој дом, па не може да си дозволи да даде отказ.
Освен тоа, со се поголемата привлечност што ја чувствува кон Ендру, сопругот на Нина, не е сосем сигурна дека сака да го направи тоа.Сепак, наскоро ќе дознае дека ситуацијата во домот на Винчестерови не е воопшто таква каква што изгледа на прв поглед.
-
-46%
Книгољупци
0Original price was: 550,00 ден.299,00 денCurrent price is: 299,00 ден.Едно лето. Двајца соперници. И заплет каков што ниеден од нив не очекува…
Сиот живот на Нора Стивенс се врти околу книгите. Како книжевна агентка, може да се пофали дека занесено чита ракописи и склучува одлични договори за нејзините автори, но тешко дека отелотворува модерна книжевна хероина од мало гратче која ужива во зајдисонцето со човекот од нејзините соништа. Таа живее во Големото Јаболко и не е жената која го освојува згодниот фармер, туку онаа која мажот ја напушта заради една шармантна, скромна девојка.
Како хероина ја доживуваат само нејзините клиенти, на кои им е достапна во секое време, и нејзината сакана сестра Либи. Токму по барање на Либи, Нора ќе помине еден август во гратчето Саншајн Фолс во Северна Каролина. Бремената Либи очајно се надева дека малото место ќе ја преобрази нејзината сестра опседната со кариера. Но наместо романтични излети и состаноци со привлечниот лекар или развиениот бармен, Нора постојано налетува на Чарли Ластра, намуртениот книжевен уредник од Њујорк. Тоа би звучело мошне симпатично да не е фактот дека во минатото веќе се среќавале и средбите, најблаго кажано, никогаш не поминувале најдобро…
И двајцата знаат дека не се совршени херои од книгите, но кога непрестајно се принудени на низа случајни средби – кои ниеден добар уредник не би ги одобрил! – тие ќе откријат нешто што ќе им овозможи да ги расветлат приказните кои внимателно ги испишале за себе. -
-27%
Магичен час
1Original price was: 550,00 ден.399,00 денCurrent price is: 399,00 ден.Еден ден, од длабочините на Националната шума Олимпик излегува шестгодишно девојче и се качува на дрво во гратчето Дождлива Долина. Не зборува, валкана е и прегладнета. Во рацете држи волче, а на зглобовите има траги од врзување. Локалната полиција ја наоѓа и прави сè за да го дознае нејзиниот идентитет, а во меѓувреме смета дека со неа најдобро би било да работи детски психолог.
По скандалот што ѝ ја уништува кариерата, детскиот психолог Џулија Кејтс се враќа во родниот град. Таа решава да го ослободи од незамисливиот страв и осаменоста дивото девојче, кое го нарекува Алиса. Но за да допре до неа, најпрвин мора да го открие нејзиното минато. Принудена е да побара помош од својата отуѓена сестра, полицајка. Никој не знае дали девојчето било оставено во шумата, дали се изгубило или можеби било киднапирано.
Неверојатните факти од животот на Алиса ги тестираат границите на вербата и издржливоста на Џулија додека таа дава сè од себе да создаде дом за Алиса и за себе. Во Магичен час Кристин Хана му вдахнува живот на еден од најсаканите книжевни ликови и раскажува незаборавна приказна за моќта на љубовта, победата на надежта и значењето на домот и семејството.
-
-29%
Љубов меѓу редови (Dreamland Billionaires #1)
0Original price was: 490,00 ден.349,00 денCurrent price is: 349,00 ден.РОУАН
Работа ми е да создавам бајки. Забавни паркови. Продукциски компании. Хотели со пет ѕвезди. Сè може да биде мое еден ден, ако го реновирам забавниот парк Дримленд.
Замислата да ја вработам Зара теоретски беше добра… Но ја бакнав.
Работите излегоа од контрола кога ѝ пишав преправајќи се дека сум друг. Кога сфатив дека згрешив, веќе беше предоцна.
За луѓето како мене нема среќен крај. Зашто ни е судено да го уништиме.ЗАРА
Откако ја искритикував најскапата луда железница на Дримленд, требаше да ме отпуштат. Наместо тоа, Роуан Кејн ми ја понуди работата од соништата.
Но проблемот е во тоа што морам да работам за најтешкиот шеф на светот.
Не смеам да мислам на него, но срцето не ме слуша. Време е да го научам милијардерот дека парите не можат да поправат сè. Особено не нас.Прва од трите возбудливи приказни за тројца браќа, внуци на основачот на забавниот парк Дримленд.
-
Бадникова вечер во Фрајдеј Харбор (Фрајдеј Харбор #1)
2390,00 денНА ЕДНО МАЛО ДЕВОЈЧЕНЦЕ МУ Е ПОТРЕБНО СЕМЕЈСТВО
Една лоша дождлива вечер, шестгодишната Холи го изгубила единствениот родител кој го знаела, нејзината сакана мајка. И од таа вечер, Холи никогаш повеќе нема прозборено ни збор.
НА ЕДЕН ЧОВЕК МУ Е ПОТРЕБНА СОПРУГА
Нешто што дефинитивно не му е потребно во животот на Марк е шестгодишно дете. Но набрзо сфаќа дека е подготвен да направи сѐ што може за повторно да го разубави нејзиниот живот. Сестра му му дава совет: Таа нема никој друг, освен тебе. Почни со тоа што ќе ја сакаш. Останатото ќе си дојде само по себе.
ПОНЕКОГАШ Е ПОТРЕБНА МАЛКУ МАГИЈА…
Меги не се осмелува повторно да верува во љубов по загубата на сопругот. Но таа верува во магијата на имагинацијата. Кога ја запознава Холи, препознава девојченце кое очајно има потреба од малку магија.
…ЗА ДА СЕ ОСТВАРАТ СОНИШТАТА
Три осамени личности. Три животи на крстопат. Тројца кои ќе откријат дека Божиќ е она време од годината кога сѐ е можно.
