-
Тоа што го бараш, ќе го најдеш во библиотекатa
0380,00 денЧитателите сами си создаваат лични врски со зборовите, без разлика што сакал да каже авторот, и притоа добиваат нешто скапоцено.
Што барате? Тоа прашање секојдневно го поставува таинствената библиотекарка во Токио, Сајури Комачи. Како и повеќето библиотекари, таа ја има прочитано секоја книга што спокојно чека на полиците да промени нечиј живот. Но Комачи има и друга необична дарба – да ги чита душите на нејзините посетители и според тоа да им ја препорача вистинската книга.
Разговорите што ги водат читателите со библиотекарката, и книгата што таа ќе им ја даде, носи сериозни последици врз нивниот живот. Ние мислиме дека ги избираме книгите, но всушност, тие нè наоѓаат нас.
Секој што ќе влезе во библиотеката се труди да оствари некој сон, исто како секој од нас. Сега оваа книга те наоѓа тебе. Ти ги подава рацете и е вистинската што ти треба во овој миг. Таа знае дека она што го бараш ќе го најдеш на нејзините страници. Со благозвучен шарм и мудрост, оваа книга е доказ за магичната моќ на библиотеките, пријателството и живеењето во заедница. Таа е совршена за секој што заглавил во ќор-сокак во животот и му треба малку ѕвездеста прашина за инспирација.
„Восхитувачки, нежен спој на приказни кои носат надеж и радост за сите кои се наоѓаат во некој пресвртен момент во животот.“
Киркус ривју -
Мутации
0300,00 денДомашната мува Леон Зумса се буди едно утро и се наоѓа себеси преобразена во „монструозен ‘рбетник“, односно човечко суштество. Лавот од сатирата на Курт Тухолски „Лавот избега!“ мутира во поларна мечка која го истражува хипстерскиот Берлин. Моделот на статуата на Венера од приказната на Проспер Мериме „La Venus d’Ille“ работи како млад роб во „фирма“ која покажува неверојатни паралели со денешниот работен свет. „Анегдотата од последната пруска војна“ (Клајст) е поместена во иднината, каде што последните четири луѓе се борат едни против други. „Повикувањето на големата мечка“ на Ингеборг Бахман е вкрстено со митот за Чулу на Лавкрафт и резултатот е песна што потсетува чудно на Готфрид Бен.
„Мутации“ се 7 приказни и 1 песна, секоја базирана на класичен текст, од Црвенкапа до Вирџинија Вулф!
-
Ветрогонот Бабукиќ и неговото време
0500,00 денГлавниот лик на филмот „Терминал“ бил заробен на аеродром девет месеци, а херојот од новиот роман на Миљенко Јерговиќ патува со авион низ целиот свет цели триесет години.
Се вика Бабукиќ, а во светот тргнува со почетокот на нашата последна балканска војна. Бега од Загреб, од работата во ЈНА и од трудната љубовница, преку Љубљана, некаде далеку, што подалеку. Веќе на првиот лет за Франкфурт, стекнува чудна дарба да го научи секој јазик веднаш штом ќе го слушне и сите – од цариници и стјуардеси до обични патници – неизмерно да му веруваат.
Авантурите на Бабукиќ се споредливи само со оние на Дон Кихот. Обиколувајќи го светот безброј пати, а никогаш не излегувајќи од аеродром или од авион, тој внимателно ги слуша неверојатните приказни на луѓе од сите раси и религии – од дагестанската вештерка, преку шведскиот антрополог Олсон, до Динко Микуличиќ, синот на најпознатиот убиец на УДБА, со кого на белградскиот аеродром ќе го дочека крајот на светот.
„Ветрогонот Бабукиќ и неговото време“ е современ пикарски роман, кој ги отсликува нашите стравови, немири, опседнатоста со секс, озборување и алкохол. Јерговиќ напишал дело во кое неговиот лик, истовремено грижлив и суетен, плашлив и храбар, е вистински херој на нашето време.
-
Остров на тишината
0400,00 денПредизвик за љубителите на авантуристични приказни – неизвесност зачинета со летна романса.
Четворица туристи од Франција и од Англија учествуваат во предизвик што го прочитале преку социјалните медиуми. Не ги слушаат предупредувањата на старицата од пансионот чиј покоен сопруг бил еден од стражарите на „забранетиот град“ во времето кога се случило нешто за кое се молчи. „Градот не смее да се вознемирува“, ги советува таа. Некој од туристите смета дека се работи само за суеверие, друг прифаќа да оди надгласан од групата, трет живее за авантура, иако не се познаваат добро меѓу себе.
Островот Сазан во близина на Валона е популарна туристичка дестинација, опкружен со тиркизни води и уникатна плажа и познат по сочуваниот напуштен град, целосно забранет за пристап до 2015 година, а сега достапен единствено за организирани краткотрајни посети.
Напуштениот град можеби и не е напуштен… која е тајната на „Островот на тишината“?
-
Жените што трчаат со волците
0850,00 денВо секоја жена има диво и природно суштество, моќна сила исполнета со добри инстинкти, страсна креативност и безвремено знаење. Името ѝ е Дивата Жена, но таа е загрозен вид. Иако се раѓаме со дарбите на дивата природа, обидот на општеството да нè „цивилизира“ во крути улоги го грабнал ова богатство и ги замолчел длабоките, животворни пораки на нашите сопствени души. Без Дивата Жена, стануваме премногу припитомени, страшливи, некреативни, заробени.
„Жените што трчаат со волците: митови и приказни за архетипот на Дивата Жена“ (1992) се смета за еден од класиците на феминизмот. Тоа е дело што функционира како хибрид на феминистичка антропологија, етнологија и психоанализа. Во него авторката користи богати интеркултурни митови, бајки и приказни, со цел да им помогне на жените повторно да се поврзат со својата инстинктивна природа. Преку приказните и коментарите на авторката се истражува, се анализира и се објаснува митот за Дивата Жена и се создава нов лексикон за опишување на женската психа. Авторката верува дека здравјето, среќата и целоста на жената зависат од нејзиното враќање кон изворите на нејзината потисната природа, и ова го објаснува врз основа на интерпретација на значењето на некои традиционални приказни од северноамериканскиот, јужноамериканскиот и од европскиот фолклор.
Во книгата има шеснаесет поглавја, секое посветено на некој особен аспект на женското искуство – врските, креативноста, лутината, спиритуалноста, припаѓањето итн. Во поговорот, авторката зборува и за терапевтската функција на приказните, надоврзувајќи се така и на традиционалните начини на прекугенерациско пренесување на женската историја и искуство. -
Сите сите песни паф
0400,00 денНајголем дел од моите рани дела во стих се во манир на книжевна игра, со хумор и автоиронија. Во тие алатки најдов засолниште, начин да се приближам до поезијата без да ѝ пријдам директно да ѝ се доближам со насмевка, со приказна, со закачка, со игра на зборови и со интертекстуални релации. Сметав дека така, можеби, ќе го надминам стравот: ако ѝ се насмееш на сериозноста, ако поиграш со тотемите, некои сенки ќе бидат оттргнати.
Жарко Кујунџиски„Уникатен наслов за средба со поетското писмо на овој исклучителен писател и како заокружена целина ги разоткрива неговите поетски хоризонти, кои во постојани промени сведочат за неговиот лирски светоглед. Неговата поезија е гласот на тој светоглед, начин за поврзување на елементи на искуство од различни времиња и традиции кои откриваат комплексно дело во поетскиот јазик, поради што звучната димензија на неговите песни добиваат живот, сила и автентичност. Преку луцидна јазична разиграност и самосвесна поетска основа, Жарко Кујунџиски ги открива слоевите на воспоставените мислења и преживеаните конвенции, поради што неговата книга поезија не е само духовита и возбудлива туку и интелектуално провокативна.“
Славе Ѓорѓо Димовски„Поезијата на Жарко Кујунџиски е жива и жарка, автентична и автоиронична, реална слика на егзистенцијата, критички настроена кон секојдневието, напати со хармсовски урнебесни каламбури, остра и остроумна – токму како што кажуваат почетните букви од неговото име. Тој твори искрено и интуитивно, како што и единствено може да се пишува поезија. И во историските и библиските и во темите од секојдневието, и кога пишува за дома, за родниот град и за светот, и кога зборува за малиот човек и малите народи и за светското наследство со кое е на на ’ти‘, видливо е дека е ’киднапиран од Музите‘, дека е поклоник на ’тихата реч‘ што се излева од ’превојот на мислата‘.“
Виолета Танчева-Златева„Како на луда железница, читателот се пробива меѓу младешките фасцинации, различните влијанија, стилови, поетики и теми околу кои Кујунџиски го гради јадрото на својот уникатен поетски универзум. Некогаш е минималист, некогаш наративен и екстензивен во изразот, но секогаш неговите зборови имаат прободувачка моќ или осветлуваат некои темни ќошиња на човековиот дух, во кои не секој се осмелува да погледне. Читајќи ја ’Сите сите песни паф‘, лесно можеме да го замислиме поетот како трча бос во цик-цак стил низ градските улици и плоштади, вешто избегнувајќи ги куршумите на повторливоста и предвидливоста.“
Иван Шопов„Инспирацијата на песните од оваа збирка на Жарко Кујунџиски извира од неограничениот простор на слободата која вообичаено (свесно или несвесно) се препознава во форма на игра, играта со звуци, зборови, стихови и слики – од митски до историски и религиски. Поезијата на Жарко Кујунџиски е субверзивна по однос на владејачките конвенции на поезијата врамена во идеалот на сеопштата симболичност (метафоричност), длабоката сериозност, интимност и универзалност. Пред читателот е книга која заслужува внимание и побудува љубопитство и задоволство во читањето.“
Катица Ќулавкова -
Одаи од орев
0650,00 денДејството ја следи приказната за Регина Делавале (родена Сикириќ) од раѓањето во 1905 година до смртта во болницата во Дубровник во 2002 година.
Приказната се одмотува наназад, зашто романот почнува со поглавјето што се однесува на нејзината смрт, а завршува со раѓањето. Низ приказната за нејзиното семејство, авторот гради хроника на еден век и опишува како турбулентните историски настани, кои во XX век ги има многу, се прекршуваат преку грбот на малиот човек. Приказната се разлева од Дубровник до Париз, преку Сараево и Мостар, па сè до Трст и Риека. Актерите не ги заобиколуваат ни војните, ни прогоните, ни истребувањата, а Јерговиќ во обратната хронологија со виртуозна сигурност го води читателот низ мноштвото ликови и споредни епизоди.
Фокусиран на човекот и неговата судбина, поетичен и повеќеслоен, „Одаи од орев“ е роман кој дава интимно гледање на историјата и претставува едно од најдобрите дела на Јерговиќ. Во него малите, обични луѓе, се обидуваат да го живеат својот живот, исполнет со страсти, љубов, страдање и борба, врз фонот на големите случувања, и во такви околности успеваат да ја зачуваат својата човечност. Роман химна на човечките приказни и драми, раскажан преку еден од моќните европски гласови на денешнината.
-
Азбуката на куклата
0350,00 денМашини за шиење, кукли, огледала, конзервирана храна, продавници во кои се продаваат необични предмети, чудесни апарати – тоа се мотивите кои опсесивно се повторуваат во „Азбуката на куклата“. Инспирирана од расказите на Маргарет Атвуд, Анџела Картер и Ширли Џексон, младата канадска авторка Камила Грудова создава еден необичен книжевен универзум, кој изненадува со својата оригиналност и привлекува со својата застрашувачка убавина. Расказите од „Азбуката на куклата“ се издвојуваат со својата имагинативност и оригиналност, но исто така и со моќта да предизвикаат силна емоционална реакција кај читателот. Во нив авторката ја изместува реалноста сосем доволно за да ги задржи нејзините познати елементи, но истовремено и да ги премести до границата на заумното, па дури и на апсурдното. Светогледот во расказите варира од детски и наивен, до гротескен и мрачен, спојувајќи ги елементите на фантастиката, бајките и хоророт во еден вид современо преосмислување на надреализмот. „Приказните на Камила Грудова се како бајки што сонуваат дека се кошмари. Во нив постои еден сосем нов свет, кој нè повикува да го откриеме за потоа да нè зароби во себе.“ „Гардијан“ „Со овие раскази Камила Грудова се вбројува во една долга, значајна и исклучително привлечна книжевна традиција во која спаѓаат браќата Грим, Франц Кафка, Анџела Картер, Џорџ Орвел, Маргарет Атвуд и други автори чиишто дела ги истражуваат тајните што се кријат во темнината.“ „Харперс магазин“
-
Педесет цигари за Елена
0300,00 ден„Педесет цигари за Елена“, најновиот роман на истакнатата хрватска писателка Марина Вујчиќ, во својата основа ја има теоријата на хаосот, „ефектот на пеперугата“ на ниво на малиот човек и неговото секојдневје.
Оливер Радман во спомен на роденденот на својата сестра близначка, која загинала пред дваесет и шест години, решава да испуши педесет цигари. Ја запалува првата цигара и на полноќ тргнува во прошетка низ градот, не насетувајќи дека ќе влијае врз животите на тројца луѓе: очајната мајка што не знаела дека нејзиниот сопруг е криминалец, младиот новинар што не може да спие ако некој се наоѓа покрај него на креветот и депресивната млада жена заробена во несреќен брак.
Паралелните приказни на овие ликови, навидум неповрзани, ќе се одвиваат во текот на дваесет и четирите часа во кои Оливер ја изведува својата необична посвета за починатата сестра.
Мајсторски напишан, со атмосфера на неизвесност и напнатост, „Педесет цигари за Елена“ е роман што ја истражува идејата како понекогаш без да бидеме свесни за тоа го менуваме животот на некои луѓе.
-
Големата црвена книга
0350,00 денЏелалудин Руми, големиот пророк и трагач по внатрешниот мир и совршенството, е најпознат по стиховите кои ги искажуваат занесот и таинствата на сите видови љубов – еротска, божествена, пријателска – а во Големата црвена книга се собрани најдобрите меѓу нив. Маестрално лирски и длабоко експресивни, во неа се поместени стихови за божественото откровение, духовното будење, пријателството и љубовта. Стихови кои стигнуваат до нови длабочини и ни откриваат нови димензии. Зашто добрата поезија е над сите сопирачки и не може да биде ограничена од времето.
Овие страници се полни со гроздови зрела духовна, преубава поезија, кои нудат допир со божественоста, откривајќи ја патеката на љубовта посеана со страст, копнеж и постигнување единство со возљубеното. Стихови кои го отвораат срцето и душата за сеопшта љубов однатре и однадвор, која нè поврзува со сите луѓе и со сè што постои.
Оваа раскошна и тешко достижна поезија, актуелна и цели осум века по своето создавање, се смета за едно од најголемите богатства на персиската и светската литература. Ремек-дело што ги слави мистичната љубов, пријателството и животот.
-
Пепелник во еден хотел во Скопје
0300,00 денВо „Пепелник во еден хотел во Скопје“ Жижек посегнува по утврдените мислења на современата наука, ги сопоставува со најактуелните настани и примери денес, а како резултат на тоа се кристализира едно специфично, остроумно и контроверзно множество ставови. Книгава е збирка во која тој подведува пет свои есеи под парадоксот што го доживеал при еден престој во Скопје, а како таква таа истовремено претставува и неизбежна обиколка околу прашањата за љубовта, сексот, психоанализата, идеологијата, филмот, книжевноста, како и политичкото минато, сегашност и иднина. Како сублимат на неговата мисла, „Пепелник во еден хотел во Скопје“ е неопходно четиво за критичкиот ум, крајпатен знак што води кон „пробивање“ на појавата и стигнување до срцевината на стварното.
-
Ваби-Саби
0320,00 денДоаѓаме од ништо и кон ништо се упатуваме. Во средината сме нешто. И тоа нешто го нарекуваме живот.
Самуел е во осумгодишна врска со Габриела, но сè уште живее сам во својот стан, занимавајќи се со часовите по германски и повремено помагајќи му на Титус, соседот кој работи како уредник на книги за мотивација.
Едно јунско утро добива разгледница од Јапонија на која е прикажано маче со подигната шепа и со една таинствена порака: Ваби-саби. По неколку дена добива и втора разгледница со фотографија од еден храм.
Еден неочекуван настан го поттикнува на далечен пат кон оваа азиска земја. Таму тој ќе ја научи убавината на несовршеноста, таму ќе му се отвори неочекуваниот прозорец на љубовта…
-
Надвор од редот
0500,00 денВо 12 животни правила клиничкиот психолог и прославен професор на Харвард и на Универзитетот во Торонто, д-р Џордан Б. Питерсон им помогна на милиони читатели да воведат ред во хаосот на своите животи. Во ова смело продолжение Питерсон дава уште дванаесет витални принципи за да се спротивставиме на исцрпувачкиот данок што неминовно гиоси нашата желба за уредување на светот според нашите мерила.
Во време кога човечката волја се наметнува над секоја сфера во животот, од нашите социјални структури до нашите емотивни состојби, Питерсон нуди стратегии со чија помош можеме да најдеме значење и цел, дури и кога ќе се чувствуваме немоќни. Иако хаосот ни се заканува со нестабилност и страв, неконтролираниот ред може да нè скамени и да нè натера на покорност. Надвор од редот повикува на балансирање на овие два фундаментални принципа на самата реалност и нè води по птавиот и тесен пат што го дели.
„Највлијателниот интелектуалец во денешниот западен свет“
Њујорк Тајмс