-
Балот на лудите жени
0400,00 денИсториска драма за жените затворени во болница за душевни болести во Париз во 19 век.
Во прочуената психијатриска болница „Салпетриер“, доктор Шарко го фасцинира општеството со своите јавни демонстрации на хипноза врз наводно луди жени отфрлени од семејствата. Но вистината е покомплицирана – тие не се навистина луди. Некои се несакани или непослушни сопруги, други мајки што не можат да ја преболат загубата на чедото, трети се ќерки што одбиваат да се покорат или девојки родени од вонбрачни врски. За париската елита, најзначајниот годишен настан е Балот на лудите жени, кога можат да ги набљудуваат пациентките облечени во свечени костими како танцуваат на звуците на валцерот. А за самите пациентки, балот претставува редок момент на надеж.
Женевјев е главна медицинска сестра во „Салпетриер”. По смртта на сестра ѝ Бландин, таа ја отфрла верата и се посветува на науката, слепо верувајќи му на познатиот доктор Шарко. Но нејзините убедувања се разнишуваат кога ја запознава 19-годишната Ежени – ќерка на угледно семејство, насилно затворена во болницата. Ежени има тајна: таа гледа духови. Инспирирана од забранетата Книга за духовите за која зборува цел Париз, таа е решена да избега од болницата, да се ослободи од ограничувањата на својот пол и да најде луѓе што ќе ѝ поверуваат. Но затоа ѝ е потребна помошта на Женевјев…
-
Светлината на Антикитера
0370,00 денАнгелики Апостолакис е туристички водич кој живее и работи на островот Лезбос во Грција. Таа е порасната во патријархално и конзервативно семејство каде зборот на таткото е закон. Токму поради тоа, нема избор, освен да работи во семејната туристичка агенција, иако не ѝ се допаѓа ниту работата, ниту работната атмосфера. Но, на една семејна вечера, нејзината братучетка, Зои, која живее на островот Наксос, успева да издејствува Ангелики да замине со неа, под изговор дека ѝ треба помош во работата.
На прошетка до локалните знаменитости, Ангелики случајно открива стара кутија полна со чудни предмети. Па двете братучетки, заинтригирани од откритието, се обидуваат да дознаат што е тоа што го пронашле и колкава вредност има. Потрагата ги води низ авантури на повеќе грчки острови. Како што се сретнуваат со различни луѓе и дознаваат сѐ повеќе информации за грчката митологија и легендите, така стануваат сѐ посвесни дека имаат пронајдено нешто исклучително. Толку исклучително што може да ги одведе и до исклучителна опасност. Затоа што, некој почнува да ги следи. Некој постојано им е зад петици. Кој знае за нивното откритие? И зошто е тоа толку важно за некого?
„Светлината на Антикитера“ е мистерија која ќе ве поведе на раскошно патување по грчките острови. Приказна која шета помеѓу минатото и сегашноста, задржувајќи го вниманието со тензија, неизвесност и интересни факти од грчката митологија сѐ до последната страница.
-
Италијанскиот ракопис
0320,00 денСтара семејна тајна носи голема опасност, дури и по неколку декади…
Пред стотици години, трговецот Вилфрид Војнич открил ракопис кој до ден денес се смета за најтаинствениот и најмистериозниот ракопис на светот. Напишан е на чудно и непознато писмо во комбинација со необични илустрации и дијаграми. Многу светски научници и стручњаци за шифри се обиделе да го дешифрираат, но досега ниту еден нивни труд не вродил со плод.
Хана Дејвис пишува статии за весник во Њујорк. Иако нејзиниот живот не бил лесен, ниту просечен, сепак таа се изборила да заврши факултет и да си најде работа во еден од најголемите градови во Америка. Текот на нејзиниот живот наеднаш се менува кога добива повик од полицијата во Кејп Меј. Единствениот човек со кого е во крвно сродство и единствен нејзин близок роднина – нејзиниот дедо – е убиен во неговиот стан. Таа стои пред една од најважните одлуки кои мора да ги донесе – дали да продолжи со животот во Њујорк или да се врати во нејзиното родно место и да ја продолжи работата на дедо ѝ во семејната антикварница.
Така одлучува да се врати во Кејп Меј. Кога се сретнува со адвокатот за тестаментот, сфаќа дека дедо ѝ ѝ оставил скриена порака. Ни самата не знае што значи пораката, ниту како ќе ја дешифрира. Сепак, со малку помош од старите пријатели и малку среќни околности, успева во тоа. Но една порака ја носи кон друга па кон трета. Откривајќи ги сите три, таа се става во огромна опасност. Пораките ја водат до тајно откритие, поради кое и дедо ѝ го загубил животот.
-
Тајната на монахот
0390,00 денЕдна девојка доживува трагедија…
Матурската вечер завршува кобно за една млада девојка, која не знае ни како, ни зошто, ниту од кого е силувана. Последното нешто на кое се сеќава е дека професорот ја враќа дома, но нема никакво сеќавање од настаните кои следуваат откако излегува од неговото возило. Иако се обидува да се носи и да живее со таа траума, сфаќа дека не е доволно силна и посегнува по својот живот.Еден професор е осомничен и добива тешка казна…
Професорот има голема грижа на совест и носи тежок грев, па ја прифаќа казната. Но за што поточно е виновен?Еден монах решава да оди против себе и да открие голема тајна…
Речиси секој од ликовите крие нешто, заплеткувајќи ја приказната, а само еден од нив собира храброст да ја открие својата тајна и да фрли барем малку светлина на трагичните настани. -
Оддел Д
0520,00 денСтудентката на медицински факултет Ејми Бренер треба да ја помине ноќта во заклучен психијатриски оддел.
Ејми е преплашена од ноќните смени во Одделот Д, одделот каде што се чуваат пациентите со ментални нарушувања. Постојат многу специфични причини што таа никогаш не сака да ја работи ноќната смена во тој оддел. Причини коишто никој не смее да ги дознае.
Како што часовите минуваат, така Ејми станува сѐ поубедена дека нешто ужасно се случува во тие строго обезбедени и изолирани ѕидови. Кога пациенти и вработени почнуваат да исчезнуваат без трага, станува повеќе од јасно дека сите во одделот се во смртна опасност.
Најголемиот кошмар на Ејми е да ја помине ноќта во Одделот Д. А сега можеби и никогаш нема да може да побегне од таму.
-
Никогаш не лажи
0520,00 денЕден нов брачен пар е во потрага по куќата од нивните соништа. Но кога го посетуваат големиот и изолиран имот кој некогаш ѝ припаѓал на докторката Адриен Хејл, позната психијатарка која исчезнала без трага пред четири години, опасна снежна бура ги заробува на имотот… и не остава простор за заминување оттаму додека не заврши.
Барајќи некоја книга за да се занимава додека веењето не стивне, Триша случајно пронаоѓа една тајна соба. Соба каде има аудио записи од секој можен пациент кој доктор Хејл некогаш го интервјуирала. Додека ги слуша касетите, Триша открива ужасна низа настани кои всушност воделе до мистериозното исчезнување на доктор Хејл.
Триша ги слуша касетите една по друга, до доцна ноќе. И со секоја следна касета, уште по едно делче од шокантната сложувалка си доаѓа на свое место, а пајажината од лаги на психијатарката полека се отплеткува. И тогаш Триша стига до последната касета. А таму лежи целата грозоморна вистина.
-
Длабоко под површината
0420,00 денТаа е скршена однатре…
Меган Хантер има дадено сѐ од себе за повторно да застане на нозе и да го остави кошмарот од своите тинејџерски години зад себе. Последното нешто што ѝ треба или што го сака во животот е некојси маж. Но кога ја напаѓа некој од минатото, страшен туѓинец со лузни интервенира, спасувајќи ги неа и нејзината мала ќеркичка. Но изгледот може да лаже затоа што и покрај тоа што човекот делува грубо и страшно, таа се чувствува безбедно со него. И за првпат во животот, сфаќа што е тоа копнеж.
Тој е скршен однадвор…
Натаниел Вест има платено висока цена за служење како маринец во Авганистан. Се враќа на неговиот семеен ранч во планините на Колорадо за да заздрави – и да биде сам. Унаказен каков што е, не може ни да мисли на романтики и секс. Не кај Меган има нешто што го враќа во живот, му ја зоврива крвта и прави повторно да се чувствува како маж. Кога гледа дека ја демнат опасности и се разоткрива вистината за нејзиното минато, тој се заколнува дека ќе ја штити, но и дека ќе го исцели нејзиниот ранет дух. Но соочувањето со минатото никогаш не е лесно – особено кога тоа вклучува оружје. Меган ќе мора да научи да му верува за да преживее, но и да се предаде на страст која продира многу… длабоко под површината.
-
Дневникот на собарката
1490,00 денНоминирана за најдобар трилер на GOODREADS CHOICE AWARDS 2023
Кит Дарлинг е собарка со несекојдневна зависност. Не умее да одолее да не продушка во куќите на нејзините богати клиенти во кои чисти. Нејзиното „хоби“ е безопасно, сè до моментот кога ќе види нешто што не смее во домот на најновите клиенти: толку мрачна тајна која може да му го уништи животот на парот кој го очекува своето прво дете. Тоа ја прави Кит опасна за парот, но едновремено, тоа го прави парот, кои би убиле за да ја заштитат тајната – опасен за Кит.
Кога детективката Мелори Вал Алст пристигнува на местото на злосторството во луксузната куќа покрај морето, соочена е со докази за толку крвав насилен напад што е речиси невозможно жртвата да останала жива. Но тело – нема. Ги нема и сопствениците. А ја нема и собарката. Единствениот сведок е повозрасната сосетка, која ја разбудил вресок доцна во ноќта. Сосетката е и последната личност која ја видела Кит Дарлинг жива.
Кога детективката се зафаќа со растајнување на случајот, сфаќа дека ништо не е онака како што изгледа.
И никој не умее да му побегне на минатото.
-
Ловец на очи (Колекционер на очи #2)
0590,00 денТој е најдобриот очен хирург во светот. Легенда во операционата сала. И им ги вади очните капаци на жените пред да почне да се изживува над нив…
Доктор Зукер е психопат кој води двоен живот. Преку ден ги врши најкомплицираните операции на човечкото око. Но ноќе се фокусира на неговите „специјални пациенти“: жените на кои им ги отвора очите во најбуквалната смисла на зборот. Им ги отстранува очните капаци, ги силува – и им дозволува да побегнат. Досега, сите негови жртви имаат извршено самоубиство. Бидејќи немаат ниту сведоци, ни физички докази, полицијата бара помош од Алина Грегориев. Слепата физиотерапевтка, која се смета за јасновитка од случајот со „Колекционерот на очи“, треба да се обиде да даде некоја насока за следниот „пациент“ на Зукер. Алина неволно се согласува – и со тоа пропаѓа во вртлог на лудило и насилство. Нејзиниот пријател, Александер Зорбах, е единствената личност која би можела да ја ослободи, но тој е западнат во комплетна апатија уште откако „Колекционерот на очи“ го киднапира неговиот син. Ни едниот, ни другиот од нив сѐ уште нема сфатено дека постои фатална конекција помеѓу „Колекционерот на очи“ и „Ловецот на очи“, Зукер…
-
Погрешно место, погрешно време
0520,00 денМожеш ли да спречиш убиство откако веќе се случило?
Крај на октомври. После полноќ. Го чекаш својот осумнаесетгодишен син. Тој доцни. Додека гледаш од прозорецот, тој се појавува и сфаќаш дека не е сам: тој оди кон еден човек и вооружен е.
Не можеш да поверуваш кога ќе видиш што прави: твојот забавен, среќен син тинејџер, убива некој странец, токму таму на улицата пред вашата куќа. Не знаеш кој. Не знаеш зошто. Знаеш само дека твојот син сега е во притвор, неговата иднина е уништена.
Таа ноќ заспиваш во очај. Сѐ е изгубено.
Додека не се разбудиш. . .
. . . на вчерашен ден.И тогаш повторно се будиш. . .
. . . на завчерашен ден.Секое утро се будиш ден порано, уште еден ден пред убиството. Со уште една шанса да го запреш. Некаде во минатото лежи одговорот – причината за ова злосторство – и немаш друг избор, освен да ја откриеш. . .
Goodreads Choice Award
– Номинирана за најдобра мистерија и трилер за 2022 година -
Сè што заборавила Алиса
0550,00 денАлиса Лав има дваесет и девет години, лудо е вљубена во сопругот и наскоро треба да стане мајка.
Замислете само колку ќе се изненади кога ќе се освести по падот во вежбалницата (во вежбалница? Па таа мрази да вежба!) и ќе открие дека има триесет и девет години и три деца на кои не се сеќава. Се разведуваат со љубениот сопруг Ник, кој ја мрази, а од сестра ѝ Елизабет, поради некоја причина, необјасниво се отуѓила.
Сега мора да сфати зошто одвај разговараат со сестра ѝ и како се претворила во една од оние преслаби мајки облечени во прескапа облека. Како можело за десет години нештата да тргнат толку наопаку? Зошто не се препознава самата себе – и што е уште полошо, зошто оваа нова Алиса ни најмалку не ѝ се допаѓа?
Алиса мора да се сети на сè што заборавила, одново да ја изгради сликата од изминатите десет години и да дознае дали работите можат да бидат како порано. А пред сè, мора да дознае дали заборавот е благослов или проклетство и дали е навистина можно човек да почне одново.
-
Куќната помошничка (The Housemaid #1)
3550,00 денМили Каловеј живее во својот автомобил и очајно бара пристојна работа. Затоа, веднаш ја прифаќа понудата за куќна помошничка во богатото семејство Винчестер, занемарувајќи ги ситните проблеми што доаѓаат со позицијата.
Се вселува во таванското сопче на прекрасната куќа, каде што има сопствен кревет и покрив над глава – но зошто вратата се заклучува само однадвор? Зошто Нина Винчестер постојано прави неред и ги меша работите и датумите? Зошто градинарот ја предупредува дека ја демне опасност, но не сака да и каже ништо поконкретно?
За жал, Мили нема скршена пара и нема свој дом, па не може да си дозволи да даде отказ.
Освен тоа, со се поголемата привлечност што ја чувствува кон Ендру, сопругот на Нина, не е сосем сигурна дека сака да го направи тоа.Сепак, наскоро ќе дознае дека ситуацијата во домот на Винчестерови не е воопшто таква каква што изгледа на прв поглед.
-
Надвор од контрола (амок)
1590,00 денСебастијан Фицек, германскиот крал на трилерот, загосподарува со етерот со својот нов потресен и застрашувачки трилер.
„Добро утро, Берлин. Точно е 7:35 часот наутро, а вие го слушате вашиот најголем кошмар.“
Ира Самин, реномиран криминален психолог, планира денес да умре. Не може повеќе да ја поднесе болката по смртта на нејзината ќерка. И има испланирано сè до најситниот детаљ. Ќе умре како што таа сака, со пијалак в рака, за да му наздрави на заборавот.
Но судбината има други планови. Еден психопат упаѓа во најпознатата радиостаница и ги држи вработените како заложници. Планира на секој час да избира нечиј број од именикот и да телефонира. Доколку личноста одговори на повикот изговарајќи го точниот слоган, киднаперот ќе пушта по еден заложник – во спротивно, ќе го убие. Тогаш полицијата ја замолува Ира да преговара со него.
Мажот има само едно барање: ќе престане со својата изопачена игра кога ќе му ја донесат свршеницата. Но таа е мртва со месеци…
-
Злотвор (Robert Hunter #6)
3490,00 денАКО ТОЈ МИСЛИ НА ВАС… МРТВИ СТЕ.
Една чудна несреќа во рурален Вајоминг води до апсење на човек за потенцијално двојно убиство, но понатамошната истрага упатува на многу пострашно откритие – сериски убиец кој киднапирал, измачувал и масакрирал жртви низ цела Америка најмалку дваесет и пет години. Осомничениот тврди дека тој е само пион во огромен лавиринт од лаги и измами – но дали може да му се верува?
Случајот веднаш го предаваат на ФБИ, но овој пат тие се принудени да побараат надворешна помош. Го бараат Роберт Хантер, кој е поранешен психолог за криминално однесување и главен детектив во одделот за Ултра насилни злосторства, да направи низа интервјуа со уапсениот човек. Овие интервјуа почнуваат да откриваат ужасни тајни кои никој не би можел да ги предвиди или очекува, вклучувајќи го и вистинскиот идентитет на убиецот, кој е толку внимателен што никој, па дури ни ФБИ, немал поим дека постои… сѐ досега.
-
Ловецот (Robert Hunter – Ретропродолжение)
1300,00 денЗапознајте го Роберт Хантер, најмладиот детектив за убиства кој некогаш работел во полицијата во Лос Анџелес – и тоа уште на неговиот прв ден на работното место. Како на неискусен почетник, му даваат едноставен случај со самоубиство. Но кога тој пристига на местото, веднаш почнува да се сомнева дека нешто не е како што треба.
И покрај фактот дека влезната врата е заклучена и затворена однатре со резе, а не постои апсолутно никаков друг излез од станот, Хантер има претчувство дека жртвата не извршила самоубиство. Со оглед на тоа дека сите докази се против него, неговиот нов шеф не сака да чуе за експерименти, па Хантер има тешка задача за докажување ако сака да го реши случајот и да го задржи своето место во тимот.
-
Умри за мене
2450,00 денКетрин Кол била убедена дека нејзиниот свршеник е совршениот маж сѐ додека не дознала дека всушност е совршениот убиец. Тој ги оставал жртвите прободени низ срцето, со една црвена роза во рацете како негов заштитен знак и го нарекле убиецот Валентин.
Пред три години, тој исчезнал. А сега е вратен. И ја гони онаа која му побегнала.
Во Њу Орлеанс, Кетрин за првпат по долго време се осмелува да се надева дека конечно е безбедна, но тој сепак некако ја наоѓа. Па овој пат нема намера тивко да седи и да чека; ќе даде сѐ од себе да го запре монструмот кој порано го сакала, па дури и ќе му верува на еден полицаец кој ѝ ветува дека ќе се погрижи таа да е безбедна. Детективот Дејн Блек никогаш не дозволува емоциите да му се мешаат во работата, дури ни кога убиецот Валентин се појавува во Њу Орлеанс да го демне својот плен. Но кога се согласува да ја штити поранешната свршеница на убиецот, не може да ја игнорира страста помеѓу нив. По една незаборавна ноќ која ги поврзува во душа и тело, Дејн сфаќа дека нема да се смири сѐ додека Кетрин не е безбедна во неговите раце, а убиецот Валентин мртов.
