Млада писателка се заплеткува во забранета љубовна врска со Гитано, полна со тајни, измама и со мрачни страсти.
Лето, 1976 година. Луз де Руеда се враќа во својата сакана Шпанија и прифаќа работа како биограф на еден познат уметник. На нејзиниот прв ден во Кадиз, запознава еден волшебен млад Циган по име Леандро, кој во истиот момент го заробува нејзиното срце, иако врските од овој вид се табу. Прогонувана од оваа забранета љубов, го запознава својот нов шеф, софистираниот Андрес де Калдерон. Воздржан, а сепак интригантен, сосема поинаков од Леандро, но на лик – негов двојник. И двајцата мажи во Луз разгоруваат непознати и возбудливи желби, но Луз тукушто треба да ја открие мистеријата и опасноста што ја носат.
Луз треба да го открие вистинскиот пат за неа, додека блескавиот Кадиз, со мистичната месечина и со певливите тиркизни брегови ѝ се враќа во крвта. Зошто толку ја привлекуваат дивите и магични Цигани? Што се крие зад старите застрашувачки предвидувања за астролошкиот знак Близнаци? Низ овој лавиринт на тајни и на лаги, дали Луз ќе ја најде својата среќа… или својот крај?
„Љубов под маски“ е приказна за забранета љубов, вистина и доверба. Дали изгледот секогаш лаже?
-
-22%
Вистински бои
0Original price was: 590,00 ден.459,00 денCurrent price is: 459,00 ден.Сестрите Греј отсекогаш биле блиски, но по смртта на мајка им стануваат и најдобри другарки. За жал, на нивниот строг татко поважна му е репутацијата одошто сопствените деца и, години подоцна, тој сè уште бара од нив да ја одржуваат неговата позиција во општеството.
Винона, најстарата, има најголема потреба од татковото одобрување. Таа никогаш не се чувствувала пријатно и вистински дома на ранчот што е во сопственост на семејството три поколенија. Знае дека не ги поседува квалитетите што татко ѝ ги цени, но, како најдобар адвокат во градот, решена е еден ден да му ја докаже својата вредност.
Аурора, средната сестра, е миротворецот во семејството. Таа ги смирува сите кавги и се обидува да ги усреќи сите, истовремено криејќи ја својата болка.
Виви Ен е неоспорната ѕвезда во семејството. Занесна убавица, сонувачка со срце од злато, таа е обожавана од сите. Сѐ ѝ оди од рака, сè додека во градот не се појави еден туѓинец.
За миг, сè се менува. Сестрите Греј застануваат една против друга на начини на кои ниедна од нив не си замислувала. Лојалноста им е ставена на тест, се разоткриваат стари тајни, а шокантното убиство ќе ги потресе и семејството и целиот град.
Емотивна приказна каква што само Кристин Хана умее да напише, „Вистински бои“ е незаборавен роман за сестринските врски, искупувањето, прошката, а најмногу за тоа што значи да се биде семејство.
-
-35%
Тајната на Тоскана
0Original price was: 570,00 ден.369,00 денCurrent price is: 369,00 ден.Ана е скршена по смртта на мајка ѝ, која ѝ остава во аманет кутија со дневници, испишани на италијански и пожолтени од времето, и ветување дека во нивните страници ќе ја открие вистината. Заминува во Италија, во селцето Рофеле, каде што го запознава Франческо, кој ѝ помага со преводот на дневниците. Ана полека почнува да закрепнува истражувајќи го минатото на мајка си. Среќните денови исполнети со смеа, семејни вечери и мелење жито во Ил мулино биле нагло прекинати од пристигнувањето на нацистите. Составувајќи ги измешаните парчиња од сложувалката, Ана дознава за мајчината улога во отпорот, за британскиот војник кој го криеле и за причината за нејзиното заминување од татковината.
Но една тајна останува неоткриена. Средбата со старецот што живее сам и подалеку од сите, кој се сепнува при споменување на името на мајка ѝ, ја наведува да помисли дека можеби тој ги има одговорите. Но некои тајни од војната не треба да бидат раскажани…
Трогателна приказна инспирирана од вистински настани за трагичните последици од војната кои ги чувствуваат и следните генерации и за љубовта која умее да нè извлече и од најмрачните периоди.
-
-47%
Венчани до изгрејсонце (Хатавеј #4)
0Original price was: 470,00 ден.249,00 денCurrent price is: 249,00 ден.Toj e сè што таа сака да избегне.
Кетрин Маркс веќе две години работи како придружничка на сестрите Хатавеј. Ужива во работата, која сепак има една голема мана: постариот брат, Лео Хатавеј, е неподнослив. Тешко ѝ е да поверува дека зад нивните жестоки препирки би можело да се крие привлечност. Но, кога една од нивните расправии завршува со ненадеен бакнеж, Кет е шокирана од својата реакција – а уште повеќе, од неговиот предлог да се впуштат во опасна врска.Таа воопшто не е таква каква што изгледа.
Достоинственото однесување на Кетрин крие тајна што би jа уништила. За Лео, таа е како забрането овошје – неодолива и мистериозна, фатална комбинација за човек кој решил никогаш повеќе да не сака и кој се наоѓа во безизлезна ситуација. За една година тој мора да се ожени и да добие дете, инаку семејството ќе ги изгуби наследството и домот. Опасноста што Кет се обидува да ja избегне се заканува засекогаш да ги раздели. Освен ако непопустливите љубовници не научат начин да ги победат сенките на минатото и да ѝ се препуштат на страста. -
-27%
Понуда од џентлмен (Бриџертон #3)
0Original price was: 450,00 ден.329,00 денCurrent price is: 329,00 ден.Ќе ја прифати ли неговата понуда пред часовникот да отчука полноќ?
Софи Бекет е незаконска ќерка на грофот Пенвуд и негова штитеничка. Но животот ѝ станува неподнослив кога татко ѝ ќе се ожени, а по неговата смрт новата господарка ќе ја претвори во своја слугинка. Деновите на девојката се исполнети со мачна работа, но една неверојатна ноќ засекогаш ќе ѝ ја смени судбината.
Софи никогаш не си замислувала дека ќе успее да се прикраде на прочуениот бал под маски – ниту дека таму ќе го сретне својот „принц“! Но додека танцува во цврстата прегратка на шармантниот Бенедикт Бриџертон, се чувствува како принцеза. За жал, знае дека штом часовникот ќе отчука полноќ, магијата ќе заврши.
Која беше таинствената жена?
И по две години од таа волшебна ноќ, Бенедикт не може да ја заборави прекрасната дама која му ги затвори очите за сите други девојки – освен можеби за заводливата убавица облечена како слугинка која од некаде му е зачудувачки позната. Иако се заколна дека ќе ја пронајде таинствената жена од балот и ќе се ожени со неа, со секој изминат ден прекрасната слугинка завладува со неговото срце. Но ако ѝ го подари своето, дали ќе ја жртвува единствената шанса да доживее љубов како од бајките?
-
-45%
Намами ме во самрак (Хатавеј #3)
0Original price was: 450,00 ден.249,00 денCurrent price is: 249,00 ден.Тој е сè што таа се заколна да избегнува.
И покрај тоа што неизмерно го обожава своето необично семејство, Попи Хатавеј копнее по нормален живот. Но судбината има друга замисла и со помош на малата палава ласица ја запознава со Хари Ратлеџ, загадочниот сопственик на хотел и моќен, богат изумител. Паѓајќи во неговата стапица, угледот ѝ е загрозен и сите се изненадени кога го прифаќа неговиот предлог за брак. Наскоро открива дека нејзиниот сопруг е подготвен да ѝ ја подари сета своја страст, но не и довербата…
А таа е сè што му е потребно.
Хари би направил сè за да ја освои Попи – освен да ѝ го отвори срцето. Свикнал самиот да го носи сиот свет на плеќите без да оствари поголема блискост со другите… но остроумната и заводлива Попи сака да му биде вистинска сопруга во секој поглед. Сепак, додека страста се распламтува меѓу нив со секој изминат ден, во сенките се крие непријателот. Ако Хари навистина сака да ја задржи Попи, мора да го спушти гардот и целосно да ѝ се препушти на љубовта, еднаш и засекогаш.
-
-34%
Заведи ме в мугри (Хатавеј #2)
0Original price was: 450,00 ден.299,00 денCurrent price is: 299,00 ден.Тој дава сѐ од себе да се обиде да ја заборави.
Кев Мерипен копнее за убавата, фино воспитана Винфред Хатавеј уште откако нејзиното семејство го спасило од смрт кога бил само дете. Но овој привлечен Ром е човек со мистериозно потекло – и се плаши дека неговото мрачно минато би можело да ја уништи нежната, прекрасна Вин. Па затоа Кев не дозволува да потклекне пред искушението… и наскоро ја губи Вин поради иронична игра на судбината.
Таа не го познава човекот во кој се претворил.
И тогаш, Вин се враќа во Англија… но открива дека Кев се трансформирал во ладен човек кој ја одбива љубовта по секоја цена. Во меѓувреме, се појавува привлечен додворувач кој кружи околу Вин. Кев мора да одлучи дали ќе преземе нешто бидејќи моментот е сега или никогаш. Во секој случај, прво мора да се соочи со опасната тајна за неговата судбина… или да ризикува да ја изгуби единствената жена за којашто отсекогаш живеел…
-
-45%
Еднаш и засекогаш
0Original price was: 490,00 ден.269,00 денCurrent price is: 269,00 ден.Една од најмаестралните и најтрогателните љубовни приказни на Џудит Мекнот ја оживува на хартија неверојатната страст на една нескротлива американска убавица и еден комплициран англиски лорд.
Кога одеднаш останува сирак и сама на белиот свет, Викторија тргнува на патување преку океанот, нетрпелива да стигне до своето наследство во Вејкфилд, раскошниот англиски имот на далечниот роднина, озлогласениот лорд Џејсон Филдинг. Страшно збунета од неговата ароганција, но истовремено привлечена од неговата грациозност на пантер, таа ги чувствува болните спомени што тлеат во неговите мрачни очи. Кога тој најпосле ќе ја земе во прегратка, будејќи слатка ненаситност кај неа, тие се венчаат и ги обзема неопислива, бескрајна радост – најмногу затоа што конечно се слободни од злата канџа на минатото. Но тогаш Викторија открива предавство во сржта на нивната љубов… љубов за која сонувала дека ќе триумфира не само еднаш, туку засекогаш.
-
-32%
Моја до полноќ (Хатавеј #1)
0Original price was: 440,00 ден.299,00 денCurrent price is: 299,00 ден.По смртта на родителите, Амелија Хатавеј храбро ги презема уздите на животот, заедно со грижата за нејзините три помали сестри и нејзиниот своеглав брат. Нивниот живот е скромен и пристоен, барем до неочекуваното наследство кое го издигнува нејзиното семејство до ранговите на аристократијата. Но новите околности со себе носат и куп нови проблеми, меѓу кои и повторната средба на Амелија со Кам Рохан – мистериозниот, безобразно богат и опасно згоден маж со ромско потекло.
Кам поседува богатство за какво повеќето мажи можат само да сонуваат и уморен од баналните ограничувања на општеството, копнее да им се наврати на своите „нецивилизирани“ цигански корени. Кога убавата Амелија му бара помош, тој има намера да понуди само пријателство – но намерите не се совпаѓаат со желбата што ги заслепува и двајцата. Иако двајцата се трудат да ја игнорираат меѓусебната привлечност, тоа се чини невозможно. А сакала таа да признае или не, Амелија мора да се помири со фактот дека без неговата помош би била целосно изгубена. Исто како и без неговата страсна прегратка…
-
-34%
Виконтот кој ме сакаше (Бриџертон #2)
0Original price was: 450,00 ден.299,00 денCurrent price is: 299,00 ден.1814 ветува дека ќе биде уште една сезона богата со важни настани и свршувачки, но не и за Антони Бриџертон, најпосакуваниот ерген во Лондон, кој не покажува никакви знаци дека планира да се жени. А и зошто би се женел? Кога станува збор за живеење сладок развратнички живот, никој не го прави тоа подобро од Антони…
ДРУШТВЕНИОТ ВЕСНИК НА ЛЕДИ ВИСЛДАУННо овој пат, познатата озборувачка/колумнистка, Леди Вислдаун, не е во право. Антони Бриџертон не само што има одлучено да се ожени, туку веќе има одбрано и сопруга! Единствената пречка му е постарата сестра на неговата избрана идна жена, Кејт Шефилд – најголемата „запршка“ која некогаш шетала по улиците на Лондон. Безобразната девојка го излудува Антони со својата решителност да ја спречи свршувачката, но кога ги затвора очите ноќе, Кејт е жената која го прогонува во соништата, кои од ден во ден стануваат сѐ поеротски…
За разлика од сите други, Кејт е убедена дека поранешните развратници НЕ стануваат најдобри сопрузи – а Антони Бриџертон е најразвратниот од сите. Кејт е решена да ја заштити својата сестра, но се плаши дека нејзиното сопствено срце е ранливо. А кога усните на Антони одеднаш ги допираат нејзините, почнува да стравува дека можеби ни самата нема да биде способна да му одолее на развратникот…
-
-34%
Војводата и јас (Бриџертон #1)
3Original price was: 450,00 ден.299,00 денCurrent price is: 299,00 ден.Децата на аристократите во Лондон учат како треба да му се обраќаат на војвода и како да се поклонуваат пред принц уште од најрана возраст. Аристократското општество е полно со пишани, но и голем број непишани правила, кои едноставно се подразбираат. Еден вистински војвода треба да е авторитативен и резервиран. А младите дами кои се на возраст за брак треба да се културни и пријателски настроени… но никако премногу пријателски настроени.Дафне Бриџертон отсекогаш имала проблем токму со ова. Бидејќи потекнува од огромно семејство во кое владее хармонија и блискост, таа се има спријателено со сите најпожелни ергени во Лондон. Сите ја сакаат Дафне поради нејзината добрина и хумор. Но никој не ја посакува вистински. Таа е премногу искрена за да ги игра романтичните игри кои ги играат другите млади дами за да освојат добар маж.За војводата од Хејстингс дефинитивно не може да се каже дека е пријателски настроен. Кога се враќа во Англија од долгите патувања низ светот, тој планира да се дистанцира од бракот и општеството – баш како што неговиот ладен татко го дистанцирал него од себе во текот на целото негово болно детство. Но добива уште подобра идеја кога наидува на сестрата на неговиот најдобар пријател. Ако Дафне се согласи да се преправаат дека тој ѝ се додворува, Сајмон ќе се спаси од напорните мајки кои парадираат пред него со своите ќерки, а Дафне значително ќе ја подобри својата репутација и бројката на додворувачи.Планот е одличен, барем на почетокот. Но сите знаат дека љубовта ги игнорира сите правила… -
-49%
Еден незаборавен Божиќ (Wallflowers #5)
1Original price was: 390,00 ден.199,00 денCurrent price is: 199,00 ден.За време на божиќните празници во Лондон, Рејф Боуман пристигнува од Америка поради договорената средба со Натали Бландфорд, ќерката на леди и лорд Бландфорд, која е прекрасна и совршена, односно, соодветна сопруга за него.
Неговиот занесно добар изглед и импресивната фигура се повеќе од доволни за да ја импресионираат дамата која го чека – да не беше неговиот шокантен, американски начин на живот, нивниот брак ќе беше загарантиран.
Но пред да може да почне додоворувањето, Рејф сфаќа дека мора да ги научи правилата на англиското општество. Жените во Англија се многу различни од жените во Америка и тој просто не може да ги сфати без помошта на четирите поранешни „стари моми“: Лилијан, Иви, Анабел и Дејзи. Но кога тие четири ќе замешаат прсти во стројништво, само еден Бог знае што може да се случи.
За маж кој е навикнат да добива сѐ што ќе посака, пронаоѓањето на вистинската невеста се покажува покомплицирано од очекуваното. Сепак, на Божиќ се случуваат најнеочекуваните нешта, па и цинизмот може да се претвори во инспиративна, страсна романса.
,,Еден незаборавен Божиќ“ ве носи на патување во викторијански Лондон, патување водено исклучиво од страстите и срцето.
-
-36%
Скандал на пролет (Wallflowers #4)
1Original price was: 420,00 ден.269,00 денCurrent price is: 269,00 ден.Откако Дејзи Боуман не успева да си најде маж три сезони во Лондон, татко ѝ ѝ се заканува дека ако таа самата не си пронајде маж ВЕДНАШ, тогаш тој лично ќе ѝ пронајде, без разлика дали ѝ се допаѓа изборот или не. А неговиот избор дефинитивно не ѝ се допаѓа затоа што станува збор за најладниот, најнепривлечниот и најздодевниот маж на светот – Метју Свифт.
Дејзи е ужасена. Боуманови никогаш не признаваат пораз и таа одлучува да направи сè што треба за да се омажи со некој… кој било друг, освен Свифт. Но завршува шокирана кога одеднаш го сретнува Метју и сфаќа дека тој веќе не е непривлечниот маж од пред неколку години, не е слабото одбивно момче на кое се сеќава… Напротив, неговиот шарм почнува да ја разоружува и Дејзи полека почнува да сфаќа дека постои шанса човекот кој отсекогаш го мразела да е оној вистинскиот, човекот од нејзините најлуди соништа.
Но баш кога таа конечно почнува да попушта, наидува на отпор и тајни и скандали од страна на Метју. Нешто што може да ја уништи дури и најсилната љубов на светот, љубов каква што нема дури ни во најлудите фантазии на нејзината романтичарска душа.
-
Една страшна зима (Wallflowers #3)
2420,00 денОчајна да побегне од нејзините злобни и расипани роднини, Еванџелин Џенер бара помош од најзлогласниот ерген во Лондон. И договорениот брак помеѓу нив е единствено решение, иако никој не би ја споил срамежливата девојка која пелтечи кога зборува со згодниот виконт кој е легендарно популарен помеѓу жените. Но набрзо станува јасно дека Иви е жена со скриена сила во себе… и иако делува покорно и кротко, Себастијан од некоја причина ја посакува повеќе од која било друга жена што ја запознал.
Решена да го освои ладното срце на својот сопруг, Иви се осмелува да склучи зделка со ѓаволот: Ако Себастијан успее да остане целибат три месеци, таа ќе му дозволи да ја одведе в кревет.
Кога на Иви ѝ се заканува одмаздољубив непријател од минатото, Себастијан се заколнува дека ќе направи сè што треба за да ја заштити својата сопруга… па макар и по цена на сопствениот живот.
-
-41%
Се случи една есен (Wallflowers #2)
1Original price was: 420,00 ден.249,00 денCurrent price is: 249,00 ден.Четири млади дами се здружуваат со една цел: мора да ја искористат својата лукавост и интелигенција за да си најдат сопрузи.
На баловите во Лондон, прекрасната и храбра Лилијан Боуман полека сфаќа дека нејзината независност и темпераментност стекнати во Америка не се баш најатрактивни особини за мажите во Англија. А најкритички настроен кон неа е неподносливиот и невозможен сноб Маркус, лорд Вестклиф – најпожелниот ерген аристократ во Лондон.
Но Лилијан испробува еден нов чудесен парфем кој има магичен ефект врз мажите, па Маркус шокантно – и опасно – одненадеж ја бакнува скришно во градината. Лилијан ја обзема неопислива страст за човек кој не ѝ се ни допаѓа. Во тој момент, времето запира и не постои никој освен тие двајца… жива среќа само што никој не ги начекува на дело!
Маркус е човек кој има максимална контрола над своите емоции, стабилен како карпа. Но со темпераментната Лилијан, секој допир е исклучителна тортура, секој бакнеж неодоливо заведување. Но како би можел да помисли да земе толку несоодветна жена… за невеста?
-
Љубов под маски
0399,00 ден -
Скандал и чест
0399,00 денПатот на самооткривање води една млада жена во светот на забранета страст, дива убавина и на одмазда. Пролет, 1950 година, Александра де Фала, писателка од англо-шпанско потекло, го напушта својот привилегиран, но задушлив живот во Лондон и заминува за Шпанија за да се сретне со своето одамна загубено семејство. Но, место чувството на припадност, по кое копнее, во семејството Де Фала вријат емоции во канџите на обичаите и на традицијата на Андалузија, кои се непознати за Александра. Покрај чудните ликови и општиот интензитет на земјата, Александра запознава еден човек, кој во неа ќе разбуди емоции што воопшто не знаела дека ги има. Но, на нивниот пат се појавуваат многу пречки: опасни ривали, непредвидливи настани и големи скандали. Каква ќе биде судбината на Александра во оваа разиграна земја на драма и на страст, каде што врелата крв се пролева низ арените при борбите со бикови, мистичните Цигани шират магија и желба за одмазда, а прекрасни танчарки ги кријат своите тајни зад разнобојните лепези? “Скандал и чест” е приказна за љубов, откривање на корените и за спротивставени идеали при потрагата по среќа. Но може ли љубовта да преживее во свет во кој скандалот и опасноста се секогаш присутни?
