-
-45%
Добра ноќ, Џун
0Original price was: 490,00 ден.269,00 денCurrent price is: 269,00 ден.„Добра ноќ, месечино“ е обожуван детски класик, но неговото вистинско потекло е загубено во историјата. Во „Добра ноќ, Џун“, Сара Џио споделува една своја имагинарна верзија за приказната зад инспирацијата за детскиот класик.
Џун Андерсен е успешна на професионално поле, но многу несреќна во приватниот живот. Неочекувано ја повикуваат за наследството на нејзината почината тетка Руби и треба да донесе одлука за судбината на детската книжарница Сината птица, која Руби ја основала во четириесеттите. Помеѓу документацијата во книжарницата, Џун наоѓа писма кои си ги пишувале Руби и покојната Маргарет Вајс Браун… и зачекорува во страниците на американската литература.
-
-64%
Сите опустошени места
1Original price was: 550,00 ден.199,00 денCurrent price is: 199,00 ден.1946 година. Три години по катаклизмичниот настан кој им ги разнишува животите од корен, мајка и ќерка бегаат во Париз со куфери полни срам и страв, не знаејќи колку е всушност тешко да му се побегне на минатото.
Речиси осумдесет години подоцна, Гретел живее живот кој е далеку од нејзиното трауматично детство; мирен и удобен, и покрај нејзиното мрачно и вознемирувачко минато. Таа не зборува за бегството од нацистичка Германија, не зборува за тешките повоени години во Франција, но најважно, не зборува за татко ѝ, командант на еден од најозлогласените логори на Рајхот.
Кога во нејзината зграда во Лондон се вселува нов пар, појавувањето на нивниот деветгодишен син Хенри ѝ враќа спомени кои повеќе би сакала да останат закопани. Но посилно е од неа, па Гретел се спријателува со момчето. Една вечер, таа е сведок на вознемирувачка, насилна расправија помеѓу прекрасната мајка на Хенри и неговиот арогантен татко. Соочена со изборот помеѓу сопствената безбедност и неговата, Гретел се враќа на слични крстопати како многу одамна. За да му помогне на момчето, треба да ги открие тајните кои ги чува целиот свој живот. Но овој пат може да донесе поинаква одлука од претходно – без оглед на цената која ќе треба да ја плати за храброста…
-
-27%
Домашен фронт
0Original price was: 550,00 ден.399,00 денCurrent price is: 399,00 ден.Во овој моќен роман, Кристин Хана ја истражува душата на проблематичниот брак преку провокативен и актуелен приказ на еден вљубен и завојуван брачен пар.
Сите бракови имаат точка на пукање. Сите семејства имаат рани. Сите војни имаат своја цена…
Како многу сопружници, и Мајкл и Џолин Заркејдс се соочуваат со притисоците на секојдневниот живот – деца, кариери, сметки, домашни обврски – додека дванаесетгодишниот брак им се распаѓа. Но кога војничката Џолин ќе биде распоредена во Ирак, во вителот на опасноста, адвокатот Мајкл останува дома, несвикнат да биде единствениот родител на двете ќерки. Мајката Џолин со тешко срце го напушта семејството, но војничката Џолин отсекогаш го сфаќала вистинското значење на должноста. Во писмата што ги праќа до семејството слика розова верзија на нејзиниот живот во првите борбени редови, штитејќи ги најблиските од вистината. Но војната ќе ја промени на начини што никој од нив не можел да ги предвиди. Кога ќе се случи трагедија, Мајкл мора да се соочи со својот најмрачен страв и да води битка со своите уверувања – за најважната работа на неговото семејство.
„Домашен фронт“ е приказна за љубовта, загубата, херојството, честа и надежта, која ни нуди длабок и искрен поглед на модерниот брак. Драматично истражување на последиците што ги остава војната врз обичното американско семејство.
-
-29%
Траги од минатото
1Original price was: 350,00 ден.249,00 денCurrent price is: 249,00 ден.Стари мистерии отвораат нови рани…
Полициски извештај за настан кој се случил во мај 1994 година ја отпочнува приказната богата со ликови и испреплетени стории во чија срж лежи стара мистерија. Во раните утрински часови пронајдено е безживотното тело на полицаецот Зафир. Неговата глава е целосно разнесена од истрел од револвер кој е пронајден до неговото тело. Од извршениот увид на местото на настанот и од извршените оперативни проверки констатирано е дека Зафир се самоубил.
По 28 години во истиот град исчезнуваат две машки лица. Заедничко за исчезнатите е тоа што и двајцата извршиле семејно насилство врз нивните сопруги и тие ги пријавиле настаните во полициската станица.
Потрагата по двајцата исчезнати ја води инспектор кој всушност е син на починатиот полицаец Зафир. Додека трае потрагата по исчезнатите, во полициската станица се појавува и нова млада инспекторка. Нејзиното појавување и започнување со работа во полициската станица во малиот град е сомнително, поради тоа што таа не познава никого во гратчето.
Неизвесна мистерија, која до самиот крај го тера читателот да се прашува како ли ќе заврши, кој е виновникот, кој е мотивот. Фактот дека авторот по професија е инспектор кој ги искористува своите лични искуства и експертиза како инспирација од која ги крои приказните го прави делото уште поинтересно.
-
-38%
Најслаткиот филџан кафе
0Original price was: 320,00 ден.199,00 денCurrent price is: 199,00 ден.Ема е млада девојка, средношколка во музичко училиште, која го сака пеењето и свирењето виолина. Малку „презрела“ за своите години, или барем таа така се доживува себеси. Ема е паметна, Ема е интересна, Ема е убава; сите сакаат да се дружат со неа и каде и да оди го привлекува вниманието на момчињата. Но нејзиното внимание го привлекува токму оној кој не треба; личност која е забранета за Ема. Новиот, млад и прекрасен професор по солфеж, кој сепак е премногу „стар“ за малолетната Ема. Но забранетото секогаш е најслатко и најпривлечно, па така Ема се опседнува со професорот Огнен и не може да престане да мисли на него. Фантазира за него, го идеализира до бескрај и почнува да излегува каде што тој има свирки само за да биде во негова близина.
Кога нејзината најдобра другарка дознава за ова и ја советува да не се впушта во опасни води со постариот професор, Ема не сака ни да чуе; напротив, таа свесно ја оттурнува Марија од себе. Впрочем, таа ги оттурнува сите и сѐ од себе, не сакајќи ништо да ѝ пречи во мисијата да го освои неговото срце. Младоста ја карактеризираат невиноста и неискуството, коишто се први предуслови за погрешни избори и грешки кои можат многу да чинат. Па така, во еден момент се чини како главната хероина да губи сѐ, но сепак останува една светла точка во нејзиниот живот.
Велат дека пријателството е како свеќа што сјае и ти го грее срцето кога надвор е студено и темно…
-
-43%
Ја мразам мајка ми
0Original price was: 350,00 ден.199,00 денCurrent price is: 199,00 ден.Родителите се единствените луѓе на светот чии раце се секогаш подадени кон нас и секогаш подготвени да нè прифатат. Само што, понекогаш, ние сметаме дека тие раце имаат намера да нè гушат, па се опираме и опираме за да избегаме што подалеку од нив. За жал, далеку од вистинската поддршка и искрените совети кои единствено тие можат да ни ги дадат, може да донесеме катастрофални одлуки и да паднеме на дното во кое ќе ги повлечеме и нив со нас.
Ова е приказна за девојка доведена на раб на нервен слом и втурната во психички проблеми по смртта на нејзиниот татко. Приказна за девојка која почнува да ја гледа мајка си како непријател и станува мета на емотивни манипулатори кои ја цицаат секоја капка енергија од неа, доведувајќи ја до уште поголеми психички проблеми и психијатриска установа. Ова е приказна за девојка која на потешкиот начин ќе научи дека единствените луѓе во чија верност и љубов никогаш не треба да се сомневаме се родителите. Животот е суров учител, но најважните лекции секогаш се најтешки за учење.
Прекрасен и трогателен роман, во кој емоциите се леат од страница на страница и вибрираат низ секој збор.
-
-55%
Сè што заборавила Алиса
0Original price was: 550,00 ден.249,00 денCurrent price is: 249,00 ден.Алиса Лав има дваесет и девет години, лудо е вљубена во сопругот и наскоро треба да стане мајка.
Замислете само колку ќе се изненади кога ќе се освести по падот во вежбалницата (во вежбалница? Па таа мрази да вежба!) и ќе открие дека има триесет и девет години и три деца на кои не се сеќава. Се разведуваат со љубениот сопруг Ник, кој ја мрази, а од сестра ѝ Елизабет, поради некоја причина, необјасниво се отуѓила.
Сега мора да сфати зошто одвај разговараат со сестра ѝ и како се претворила во една од оние преслаби мајки облечени во прескапа облека. Како можело за десет години нештата да тргнат толку наопаку? Зошто не се препознава самата себе – и што е уште полошо, зошто оваа нова Алиса ни најмалку не ѝ се допаѓа?
Алиса мора да се сети на сè што заборавила, одново да ја изгради сликата од изминатите десет години и да дознае дали работите можат да бидат како порано. А пред сè, мора да дознае дали заборавот е благослов или проклетство и дали е навистина можно човек да почне одново.
-
-27%
Магичен час
1Original price was: 550,00 ден.399,00 денCurrent price is: 399,00 ден.Еден ден, од длабочините на Националната шума Олимпик излегува шестгодишно девојче и се качува на дрво во гратчето Дождлива Долина. Не зборува, валкана е и прегладнета. Во рацете држи волче, а на зглобовите има траги од врзување. Локалната полиција ја наоѓа и прави сè за да го дознае нејзиниот идентитет, а во меѓувреме смета дека со неа најдобро би било да работи детски психолог.
По скандалот што ѝ ја уништува кариерата, детскиот психолог Џулија Кејтс се враќа во родниот град. Таа решава да го ослободи од незамисливиот страв и осаменоста дивото девојче, кое го нарекува Алиса. Но за да допре до неа, најпрвин мора да го открие нејзиното минато. Принудена е да побара помош од својата отуѓена сестра, полицајка. Никој не знае дали девојчето било оставено во шумата, дали се изгубило или можеби било киднапирано.
Неверојатните факти од животот на Алиса ги тестираат границите на вербата и издржливоста на Џулија додека таа дава сè од себе да создаде дом за Алиса и за себе. Во Магичен час Кристин Хана му вдахнува живот на еден од најсаканите книжевни ликови и раскажува незаборавна приказна за моќта на љубовта, победата на надежта и значењето на домот и семејството.
-
Сагата за Рајна
0350,00 ден„Сагата за Рајна“ е роман базиран на вистински настани и вистинската животна приказна на Рајна Алексова, првата школувана аптекарка не само во Македонија, туку и на целиот Балкан.
Родена во 1883 година во Битола, по тешкото детство и смртта на нејзините родители, радост пронаоѓа единствено во учењето и цврсто решава дека ќе го исполни ветувањето дадено на нејзината покојна мајка, дека ќе стане некој и нешто. Со неизмерната љубов кон образованието, Рајна урива бариери и стереотипи во Османлиското Царство. По завршувањето на Француската гимназија во Солун, нејзиниот постар брат Ристо Шпицарот (на турски аптекар), кој ја имал првата аптека во Битола и бил трговец и приучен аптекар, во 1902 година ја однел во Лозана, Швајцарија, и ја запишал на Факултетот за фармација, на нејзина голема радост, со желба да дипломира и потоа заеднички да ја водат аптеката. Рајна во Битола се вратила како европска дама, со диплома на фармацевт. Нејзината и радоста на брат ѝ Ристо траеле кратко, бидејќи, откако веста за школувана каурка стигнала до тогашниот управител на Битола, започнуваат мачните денови, месеци, па и години за најучената жена во градот на конзулите. Турските власти не ѝ дозволувале да ја врши аптекарската професија. Но Рајна не се откажувала. И така продолжува нејзината животна приказна, вистинска сага…
Но „Сагата на Рајна“ не е само роман за професионални достигнувања, туку и приказна за семејни радости и болки, скршени срца и залечени надежи; делумно љубовна, делумно трогателна, делумно позитивна и покрај сето црнило. Во секој случај, наша и исклучителна. -
-45%
Предоцна
1Original price was: 490,00 ден.269,00 денCurrent price is: 269,00 ден.Слоун би отишла до пеколот и назад за оние коишто ги сака. И го прави тоа, секој Божји ден. Заглавена во врска со опасниот и морално корумпиран Ејса, таа е подготвена на сè, само за да преживее додека не најде излез. И нема намера да дозволи ништо да ѝ застане на патот.
Ништо, освен Картер.
Слоун е најдоброто нешто што некогаш му се случило на Ејса. И ако се прашува тој, тој е најдоброто нешто што некогаш ѝ се случило нејзе. И покрај тоа што таа не го одобрува неговиот криминален животен стил, тој го прави она што е неопходно за да биде чекор пред сите во бизнисот. И чекор пред Слоун. И нема намера да дозволи ништо да му застане на патот.
Ништо, освен Картер.
-
-43%
Совршен допир
1Original price was: 350,00 ден.199,00 денCurrent price is: 199,00 ден.Марија е силна и независна архитектка, успешна и истакната во својата област, па не е никакво изненадување кога добива понуда за работа во престижна компанија. Нејзиниот хумор зачинет со многу сарказам, способноста да се шегува дури и на своја сметка и вечно позитивната енергија која зрачи од неа, ја прават како магнет за сите во нејзина околина, но особено за мажите, кои не остануваат имуни ниту на нејзината огнена коса, полните сензуални усни, крупните искрени очи и женствените облини. Но тие нејзини очи кријат голема тајна и имаат исплакано премногу солзи во животот, а зад нејзината убава насмевка лежи незамислива болка.
Кога почнува со работа во новата компанија, таа веднаш му го привлекува вниманието на најимпресивниот маж кој некогаш го сретнала. Темнокосиот Александар плени со своите сини очи и лесната, секси насмевка; очигледно е дека многу жени паѓаат на неговиот шарм, но Марија има штит од изградени ѕидини околу себе, кој ѝ помага да одолее на искушението. Не само што не сака да се плетка со колеги, туку и знае дека тој не е слободен маж, па јасно поставува граница. Но, разумот е едно, а неверојатната конекција и неодолива привлечност помеѓу нив нешто сосема друго… Кога ситуацијата почнува да излегува од контрола во еден нејзин момент на слабост, Марија ја искористува деловната можност и заминува во Италија, за да побегне што подалеку од него, и од болката која тлее во неа цели 18 години и овој пат ѝ се заканува целосно да ја скрши.
-
-51%
Тој и таа
2Original price was: 550,00 ден.269,00 денCurrent price is: 269,00 ден.Ако секоја приказна има две страни, значи едниот секогаш лаже.Џек: Има неколку збора кои можат да ја опишат мојата сопруга. Прекрасна. Амбициозна. Неспособна да прости.Ана: Мене ми е доволен само еден збор за да го опишам мојот сопруг. Лажливец.Ана конечно го има она што долго го посакува. Со многу напорна работа за да стане главната водителка на вести во BBC, со многу направени жртви во поглед на пријателите, семејството, па дури и сопругот – кој сега веќе ѝ е бивши сопруг. Па кога некој станува закана за работата од нејзините соништа, таа е подготвена речиси на сѐ за да не ја изгуби. Кога ја испраќаат да оди да известува за убиство во Блекдаун – малото мирно гратче каде што пораснала – таа не сака. Но се покажува дека жртвата е нејзина пријателка од детството па нема избор. Наскоро таа не е само новинар кој известува за приказната, туку е во сржта на истата.Детективот Џек Харпер е сомничав за инволвираноста на Ана во случајот. Но и тој крие нешто и не кажува дека ја познавал жртвата, сѐ додека не почне да сфаќа дека и самиот станува осомничен во сопствената истрага. Еден од нив двајцата знае повеќе отколку што признава. Некој не ја кажува вистината… Тој и таа е брз, комплексен и мрачен трилер кој ќе ве тера да погодувате кој е виновникот до самиот крај.
-
-40%
Татјана и Александар II: Мостот Кон Светиот Крст
0Original price was: 500,00 ден.299,00 денCurrent price is: 299,00 ден.Татјана е осумнаесетгодишна трудна вдовица кога бега од војната во Ленинград со надеж за нов живот во Америка. Но духовите од нејзиното минато не се откажуваат лесно и неуморно ја прогонуваат. Таа станува целосно опседната од помислата и вербата дека нејзиниот сопруг, офицерот Александар Белов, сѐ уште е жив таму некаде во војната и дека таа му е очајно потребна.
Во меѓувреме, на океани и континенти од неа, во Советскиот Сојуз, Александар едвај спасува жива глава од погубување и принуден е да води баталјон војници кои се сметаат за „потрошен материјал“ од страна на врвот на Советскиот Сојуз. Сепак, Александар е цврсто решен да ги поведе своите луѓе низ руините во Европа во еден последен очаен обид да побегнат од смртоносната машинерија на Сталин и некако повторно да си го најде патот до Татјана. -
-39%
Со љубов од Лондон
0Original price was: 490,00 ден.299,00 денCurrent price is: 299,00 ден.Кога библиотекарката Валентина Бејкер била тинејџерка, нејзината мајка неочекувано побегнала во родниот Лондон, оставајќи ги Вал и татко ѝ сами. Вал сега има триесеттина години и пропаднат брак зад себе, па се чувствува како да не си го сака животот – и знае дека нејзиното срце сѐ уште е скршено благодарение на тоа што била напуштена од сопствената мајка.
Во еден горко-сладок сплет на судбината, Вал добива абер дека нејзината мајка починала и ѝ го оставила својот стан, како и имотниот лист за една книжарница. Иако веста е поразителна, Вал одеднаш цврсто решава да открие која и каква била нејзината мајка навистина. Го прелетува океанот, го напушта Сиетл и започнува нов живот во преубавиот Лондон.
Полека, но сигурно, Вал почнува да ја составува сложувалката за животот на Елоиз во Англија, но и да се вљубува во станчето уредено во пастелни бои, пријатното соседство и шармантниот излог на книжарницата. Кога дознава дека постои ризик книжарницата да пропадне, Вал мора да почне да соработува со нејзините ексцентрични вработени за да ја спаси ситуацијата. Во текот на тој процес, дознава многу повеќе за Елоиз отколку што мислела дека е можно. Додека Вал се обидува да ја спаси книжарницата, Елоиз полека ја раскажува својата приказна, а мајката и ќерката откриваат страшни и болни вистини. -
Сите ја сакаат Марта
1320,00 денМарта е девојка каква што најчесто постои само во книгите и на филмовите. Девојка која им помага со тешките кеси на бремени жени. Девојка која им помага на стари бабички да преминат улица. Девојка која е секогаш ведра, љубезна и насмеана, прекрасно воспитана и културна со сите. Девојка која ја знаат сите во градот и за која сите имаат само убав збор, никогаш лоша мисла ниту поглед попреку. Но набрзо по нејзината матура, се случува нешто ужасно. Марта е убиена. Градот е во шок. Никој не може да поверува. Но како е можно? Кој би можел да го стори тоа? Та нели сите ја сакаат Марта. Зошто тогаш некој би ја убил девојката ангел?
Млад детектив од главниот град е испратен на југот на земјата да се обиде да го реши со години старото убиство и конечно да им даде малку мир на родителите на Марта, нејзините брат и сестра, но и сите жители на малиот град кои со цело срце ја сакале младата мила девојка. Но кога тој попатно почнува да развива симпатии кон сестрата на починатата девојка, работите дополнително се комплицираат… -
-44%
Коронтин
1Original price was: 300,00 ден.168,00 денCurrent price is: 168,00 ден.Четири најдобри пријателки, сите со прилично различни животи, одеднаш се соочени со кошмарот наречен КОВИД-19. Денес сѐ е нормално, животот тече по својот секојдневен, ако не и малку монотон тек, а веќе утредента сѐ почнува да се менува: се појавува вирусот, растат бројките на заболени, луѓето се исплашени и затворени во своите домови. Одеднаш сите почнуваме да ја сфаќаме непроценливата вредност на едноставните секојдневни нешта што до вчера сме ги земале здраво за готово.
Марија е мажена и има две деца. Нивната куќа се претвора во хаотичен „затвор“ во текот на карантините. Хана е сингл докторка, која ги гледа последиците од вирусот во првите борбени редови во болниците, но дома е страшно осамена и не може да престане да го анализира својот живот во четирите празни ѕидови кога е принудена деновите да ги минува сама. Сара е мажена, без деца; таа и сопругот се дел од оние кои работат од дома поради вонредната состојба, па привремено се селат во викендичка на планина и одеднаш почнуваат да го гледаат животот со нови очи. Катарина е разведена, со дете, води свој бизнис и благодарение на новонастанатата состојба е принудена да се прилагодува, да бара алтернативни начини за работа – сето тоа како дополнителен стрес и притисок од веќе постоечкиот кој го наметнува вирусот. Секоја од жените претставува дел од таписеријата во која се претвори животот на луѓето во Ковид-19 добата.