-
Нескршливото срце на Олива Денаро
0450,00 денВо 1960-тите години, во сончевата Сицилија, 15-годишната Олива Денаро сонува за слобода – безгрижно да трча по полињата, да учи нови зборови, да живее живот необременет од традицијата. Но во општество кое вредноста на жената јамери со нејзината послушност, желбите на Олива се сметаат за опасни.
Кога вниманието на несаканиот додворувач се претвора во понуда за брак, Олива е соочена со ужасен избор: да се покори на очекувањата или да се заземе за своето право самата да си ја избере судбината. Нејзиниот пркос ќе ги предизвика вековните обичаи и ќе поттикне значајна промена. Инспирирана од вистинската приказна на Франка Виола, првата Италијанка што одбила „репарациски“ брак откако била силувана, „Олива Денаро” е трогателна приказна за храброста потребна да се отфрлат општествените пранги. Лирската проза на авторката ја оживува борбата на младата жена за самостојност во светот решен да ја замолчи.
Зборувајќи за силата на жената и за моќта на отпорот, „Олива Денаро” е роман што нè потсетува на цената на слободата и на нејзината бесценетост.
-
Камчето
0420,00 денТрогателно сведоштво за надежта и пријателството во еден од најмрачните периоди во човековата историја.
Приказна за талентираниот виолинист Еитанас и неговата најдобра другарка Ривка, кои растат во свет во кој децата се смеат, кучињата лаат, а жените си муабетат на скалите.
Животот би бил прекрасен, дури и идиличен, да не е ужасната вистина – никому не му е дозволено да излезе од градот, а оние кои ќе минат низ портите, никогаш повеќе не се враќаат.
Оваа наградувана сликовница ни открива моќна приказна што се одвива во еден од најмрачните периоди за човештвото – холокаустот.
Лиричното раскажување на авторот и прекрасните илустрации одлично ги доловуваат деталите од секојдневието во гетото: град опкружен со sидишта, патролиран од војници, во кој надежта сè уште се насетува на покривите.
Тивок потсетник дека дури и во најтешките моменти надвладуваат надежта, пријателството и човечноста.
-
Киндерленд
0420,00 денМоќен роман за детството, напуштањето и издржливоста. Кога родителите заминуваат на печалба во странство, 12-годишната Кристина е принудена да се грижи за своите две помали братчиња. Оставена во малото молдавско село во кое живеат речиси само деца и старци, Кристина нема друг избор освен да го носи товарот на животот на возрасна жена – да готви, да чисти и да ги чува братчињата – и истовремено да се соочи со осамата, тагата и копнежот што ја обземаат поради прерано изгубеното детство.
Низ нејзините очи, романот го истражува длабокото влијание на економската миграција врз семејствата, особено врз децата обременети со родителски обврски несоодветни за нивната кревка возраст. Во селото обележано од отсуството, напуштените деца, кои сепак се полни со надеж, се сеќаваат на нивните родители низ ритуали и обичаи, низ нивната бујна имагинација. Додека се борат со чувството на напуштеност, наоѓаат утеха во избледените спомени од семејниот живот. Авторката мајсторски ја балансира суровата реалност на преживувањето со нежните моменти од детството, сликајќи трогателен портрет на изгубеното детство на предвреме пораснатите деца.
-
Балот на лудите жени
0400,00 денИсториска драма за жените затворени во болница за душевни болести во Париз во 19 век.
Во прочуената психијатриска болница „Салпетриер“, доктор Шарко го фасцинира општеството со своите јавни демонстрации на хипноза врз наводно луди жени отфрлени од семејствата. Но вистината е покомплицирана – тие не се навистина луди. Некои се несакани или непослушни сопруги, други мајки што не можат да ја преболат загубата на чедото, трети се ќерки што одбиваат да се покорат или девојки родени од вонбрачни врски. За париската елита, најзначајниот годишен настан е Балот на лудите жени, кога можат да ги набљудуваат пациентките облечени во свечени костими како танцуваат на звуците на валцерот. А за самите пациентки, балот претставува редок момент на надеж.
Женевјев е главна медицинска сестра во „Салпетриер”. По смртта на сестра ѝ Бландин, таа ја отфрла верата и се посветува на науката, слепо верувајќи му на познатиот доктор Шарко. Но нејзините убедувања се разнишуваат кога ја запознава 19-годишната Ежени – ќерка на угледно семејство, насилно затворена во болницата. Ежени има тајна: таа гледа духови. Инспирирана од забранетата Книга за духовите за која зборува цел Париз, таа е решена да избега од болницата, да се ослободи од ограничувањата на својот пол и да најде луѓе што ќе ѝ поверуваат. Но затоа ѝ е потребна помошта на Женевјев…
-
Твој Толак
0370,00 денСтариот Толак е човек со многу противречности. Горделив е и избувлив, но и праведен и нежен. Тој води битка со новиот, непрепознатлив свет во кој одамна не наоѓа смисла и сѐ уште бескрајно ја сака својата прекрасна сопруга Ингеборг, која исчезнала пред неколку години. А сега, тој умира.
Неговите две деца ретко го посетуваат, останат му е само Одо, или Одо Будалата како што го нарекуваат соседите, кого Толак како мал го прибрал да живее со неговото семејство. Тој ќе настојува ќерката и синот да го посетат за последен пат — зашто е дојден моментот кога молчаливиот човек треба да проговори и конечно да им ја открие тајната која со години му ја јаде душата.
Во овој краток роман, во кој се испреплетуваат елементи на љубовна приказна, на семејна драма и на неизвесен трилер, истакнатиот норвешки автор Торе Ренберг слика трогателен, комплексен и вознемирувачки портрет на маж од „стариот свет“, кој е релевантен и денес. Роман за потрагата по смисла и за суштинските нешта во животот.
Тригери: семејно насилство, ментално здравје.
