Виола Ардоне е италијанска писателка и професорка по латински и италијански јазик од Неапол. Нејзините романи се преведени на бројни јазици и постигнуваат голем меѓународен успех. Препознатлива е по емотивен и општествено ангажиран стил, со приказни што ги истражуваат семејните односи, историјата и човечката издржливост.