Книги што те носат на друго место: во друг град, држава, друга реалност или друг прекрасен свет.
-
-30%
Тајната на Тоскана
0Original price was: 570,00 ден.399,00 денCurrent price is: 399,00 ден.Ана е скршена по смртта на мајка ѝ, која ѝ остава во аманет кутија со дневници, испишани на италијански и пожолтени од времето, и ветување дека во нивните страници ќе ја открие вистината. Заминува во Италија, во селцето Рофеле, каде што го запознава Франческо, кој ѝ помага со преводот на дневниците. Ана полека почнува да закрепнува истражувајќи го минатото на мајка си. Среќните денови исполнети со смеа, семејни вечери и мелење жито во Ил мулино биле нагло прекинати од пристигнувањето на нацистите. Составувајќи ги измешаните парчиња од сложувалката, Ана дознава за мајчината улога во отпорот, за британскиот војник кој го криеле и за причината за нејзиното заминување од татковината.
Но една тајна останува неоткриена. Средбата со старецот што живее сам и подалеку од сите, кој се сепнува при споменување на името на мајка ѝ, ја наведува да помисли дека можеби тој ги има одговорите. Но некои тајни од војната не треба да бидат раскажани…
Трогателна приказна инспирирана од вистински настани за трагичните последици од војната кои ги чувствуваат и следните генерации и за љубовта која умее да нè извлече и од најмрачните периоди.
-
-18%
Железен пламен (The Empyrean #2)
0Original price was: 1.090,00 ден.899,00 денCurrent price is: 899,00 ден.Сите, вклучително и самата Вајолет Соренгејл, очекуваа таа да загине во текот на првата година во воениот колеџ „Басгијат“. Но Вршидбата беше одвај првиот невозможно тежок тест, чија цел беше да ги истреби страшливците, недостојните, родените без к’смет.
Дури сега, во втората година, почнува вистинската обука и Вајолет се прашува како ќе успее да преживее. Обуката не само што е истоштувачка и сурова, туку е смислена за да ја растегне способноста на јавачот да издржи болка над сите граници. А и личната мисија на новиот заменик-заповедник е да ѝ покаже на Вајолет колку е беспомошна – освен ако не го предаде мажот што го љуби.
Иако телото на Вајолет е послабо и покревко од другите, таа поседува исклучителен ум и челична волја. А водството ја заборава најважната лекција на која ја научи „Басгијат“: јавачите на змејови создаваат свои правила.
Но одлучноста да преживее нема да биде доволна оваа година, бидејќи Вајолет ја знае тајната што кралството со векови ја крие во срцето на „Басгијат“ – и можеби ништо, дури ниту змејскиот оган, нема да успее да ги спаси.
-
-20%
Италијанската вила
0Original price was: 500,00 ден.399,00 денCurrent price is: 399,00 ден.Додека се тетерави низ шумата кон чадот и она што е останато од нејзиното изгорено село, таа ги гледа ранетите, сите тие познати лица прекриени со пепел и крв, и се присетува дека не е само жена; таа е доктор и сега е потребна тука…
1938 година: Млад италијански пар се збогува во сенките на планината Монтевино за време на војната. Си ветуваат дека ќе останат заедно, без оглед на сѐ, и кројат план тајно да се венчаат пред да побегнат во шумата за да се приклучат на Отпорот.
Сегашност: Кали сѐ уште не може да си дојде на себе од откритието дека е посвоена кога заминува од Тексас и се упатува во Монтевино во потрага по одговори, стегајќи ги во рака клучевите од штотуку наследената прекрасна вила на брдо. Во плакарот на биолошката мајка, наоѓа дневник кој ѝ припаѓал на жена по име Елиса Стела, една од првите студентки на медицина во Италија. Така Кали ја открива приказната за страсната млада докторка која ризикувала сѐ за да се омажи за својот сакан, која била предадена од страна на сопствените луѓе и принудена да се крие за време на нападот на Монтевино.
Инспирирана од вистинити настани и напишана во стилот на Сара Џио, Италијанската вила е страсна, срцепарателна и апсолутно занесна приказна за две исклучителни жени кои наоѓаат храброст да бараат светлина на најмрачните места.
-
-18%
Четврто крило (The Empyrean #1)
0Original price was: 890,00 ден.729,00 денCurrent price is: 729,00 ден.Добре дојдовте во суровиот и елитен свет на воениот колеџ за јавачи на змејови
Дваесетгодишната Вајолет Соренгејл од мала се подготвува да влезе во Квадрантот на писарите, каде што ќе живее мирен живот, опкружена со книгите и историјата. Но нејзината строга мајка, генерал на воениот колеџ „Басгијат“, има други планови. На нејзина заповед, Вајолет им се придружува на стотиците кандидати кои сакаат да ја поминат опасната обука и да станат дел од кралската елита: јавачи на змејови.
Меѓутоа кога си ниска и кревка, смртта те демне зад секој агол… зашто змејовите не се поврзуваат со слаби човечки суштества – ги спалуваат. Освен тоа, многумина се подготвени да ја убијат, бидејќи кадетите желни за слава се побројни од змејовите кои се подготвени да се поврзат. А други пак, како Зејден Риорсон, бескрупулозниот и опасно привлечен крилен заповедник, би ја убиле само зашто го носи омразеното презиме Соренгејл.
Вајолет ќе мора да ја искористи сета своја итрина ако сака да го дочека изгрејсонцето. Со секој изминат ден, и војната станува cè пожестока, магичните штитови на кралството попуштаат и бројот на жртвите расте… А најлошото е што Вајолет почнува да се сомнева дека раководството крие ужасна тајна.
Пријатели, непријатели, љубовници. Сите во „Басгијат“ имаат сопствени мотиви и планови. Затоа што, штом ќе влезеш во Квадрантот на јавачите, постојат само два начина да излезеш: да дипломираш или да умреш.
Силата на храброста е поважна од физичката сила.
-
-24%
Љубовен експеримент во Њујорк (Love Deception #2)
0Original price was: 590,00 ден.448,00 денCurrent price is: 448,00 ден.Роузи Грахам има проблем. Всушност, неколку. Неодамна ја напушти одлично платената работа за да може да се сосредоточи на тајната кариера како автор на љубовни романи, но му нема кажано на семејството, а сега е западната во креативна криза. Згора на тоа, таванот од станот за малку ќе ѝ се срушеше врз глава. За среќа, го има резервниот клуч од станот на Лина, нејзината најдобра пријателка, па се вселува во него додека таа е на пат. Само што Роузи не знае дека Лина веќе му има дадено клуч и на нејзиниот братучед, Лукас, истиот оној братучед што таа го демне на Инстаграм. На нејзино изненадување, Лукас ѝ предложува да живеат заедно додека го реновираат нејзиниот стан.
Лукас е решен да ја игра улогата на шпански витез, само што наместо сјаен оклоп, тој носи пешкир околу половината, има разоружувачка насмевка и неодолив нагласок. А, да, и умее да готви. А кога ќе дознае за креативните маки на Роузи ѝ предложува скандалозен експеримент за да ѝ се врати писателската инспирација. Роузи нема што да изгуби. Нејзината глупава занесеност по него ја има наполно под контрола, но на престојот на Лукас во Њујорк му се ближи крајот, а Роузи воопшто не е убедена дека шест недели се доволни за да се справи со крајниот рок и – со себеси.
-
-50%
Лето во Тоскана
0Original price was: 500,00 ден.249,00 денCurrent price is: 249,00 ден.Полина Фонтана е жизнерадосна старица која со години е отуѓена од своето американско семејство. Но сега ги поканува своите правнуки Емилија и Лучана да ја придружуваат на патувањето во нејзината родна Италија. Им ветува дека на нејзиниот осумдесетти роденден ќе ја сретне љубовта на својот живот на скалите од катедралата Равело и ќе стави крај на проклетството што ги следи сите второродени ќерки во семејството Фонтана.
Проклетството веројатно е само обична случајност, древен мит. Сепак, неоспорно е дека со векови, ниту една второродена ќерка во семејството Фонтана не пронашла љубов.
Што би се случило ако се растури клетвата? Дали Емилија и Лучана ќеуспеат да ја најдат својата вистинска љубов? Покрај кривулестите венецијански канали, на тосканските полиња и во волшебните селца на брегот на Амалфи, расцветуваат романси, се остваруваат судбини и се откриваат долго чувани семејни тајни – тајни кои се повознемирувачки од проклетството старо со векови..
-
-33%
Љубов во Рим (When in Rome #1)
0Original price was: 490,00 ден.329,00 денCurrent price is: 329,00 ден.Амелија Роуз, позната како Реј Роуз помеѓу своите обожаватели, е прегорена од годините минати во одржување на нејзиниот имиџ како „поп принцеза“. Па инспирирана од омилениот филм со Одри Хепберн, Празник во Рим, влегува во својот автомобил сред ноќ и заминува на мал одмор во Рим… во Рим во Кентаки.
Кога Ноа ја наоѓа Амелија во својот двор откако ѝ се расипува колата, тој јасно ѝ дава до знаење дека нема ни време, ни трпение за проблемите на славните. И онака е премногу зафатен со водење на бизнисот оставен од баба му и константното потсетување на љубопитните соседи да си ја бркаат својата работа. Но и покрај тоа што знае дека не е паметно, ѝ дозволува да отседне во неговата гостинска соба – но само додека да ѝ ја поправат колата. Потоа нека прави што знае.
Но тогаш Ноа почнува да гледа поинаква страна од Реј Роуз – таа е Амелија: добродушна и откачена, сепак осамена од годините поминати под лупата на јавноста. Посилно е од него, не може да не се зближи со неа. Таа наскоро ќе мора да се врати на својот гламурозен живот и турнејата, но во меѓувреме, Ноа ќе ѝ ги покаже сите прекрасни страни на својот мал град, сите искуства кои ги пропуштала, а таа ќе му помогне повеќе да го отвори срцето. Амелија не може да не го засака малото гратче и намќорестиот туристички водич, но дури и Одри мораше да го напушти Рим на крајот.
-
-24%
Шпанска љубовна измама (Love Deception #1)
0Original price was: 590,00 ден.448,00 денCurrent price is: 448,00 ден.Каталина Мартин има голем проблем. Благодарение на една мала издрдорена лага, сега целото нејзино семејство мисли дека е лудо вљубена во своето момче. Шармантен Американец… кој всушност не постои!
Па затоа брзо мора да најде човек што е подготвен да го премине Атлантикот и да го глуми нејзиниот совршен партнер. Некој што не е Арон Блекфорд – нејзиниот висок, синоок и надмен колега чија животна цел е да ја вади од такт. Таа е убедена дека тој е последната личност на светот којашто би прифатила да ѝ помогне, но сепак, самиот ѝ се нуди да ја извади од непријатната ситуација. Свадбата наближува, а нејзиниот поранешен свршеник и неговата нова девојка се на списокот со гости, па Каталина станува сè поочајна. Има само две опции – да ја признае лагата или да го прифати предлогот на неподносливиот колега.
Три дена, една лажна врска и маж кој можеби и не е толку лош надвор од канцеларијата…
-
Љубов во Тел Авив
0370,00 денЛуна е млада и независна девојка, успешен професионален фотограф која си ја обожува својата работа. Позитивна, љубезна, полна со живот и прекрасен пријател.
Мислејќи дека го живее животот од соништата и наскоро ќе биде запросена од нејзиното долгогодишно момче, Луна се соочува со големо предавство кое ѝ го крши срцето и ѝ ја уништува довербата во мажите и надежта во љубовта.
Сакајќи да се оттргне од реалноста, сосема случајно, со своите пријателки планираат спонтано патување. Луна не е свесна дека сѐ ќе се промени кога нејзиниот поглед ќе се сретне со погледот на црноокиот згоден странец.Бен не верува во врски, тој е заколнат ерген. Тајната и болката кои се кријат зад црните очи на убавиот странец го прават воздржан и ладен, маж кој многу добро ги контролира своите чувства и зборот љубов одамна не е дел од неговиот речник, сѐ додека не се појави Луна во неговиот живот.
Дали Луна ќе успее да ги размрда неговите чувства, да ги пробие високите ѕидови кои тој ги изградил околу себе и да му се пикне под кожа?
Дали е таа спремна да остави сѐ зад себе, повторно да ризикува нејзиното срце да биде скршено и да започне нов живот на сосема ново место?
-
-34%
Луѓето кои ги среќаваме на одмор
0Original price was: 450,00 ден.299,00 денCurrent price is: 299,00 ден.Најдобрата романса во светот за 𝟐𝟎𝟐𝟏 година според распределбата на гласовите на половина милион гласачи.
Попи и Алекс. Алекс и Попи. Тие двајца немаат ништо заедничко. Таа отсекогаш била диво дете; тој носи каки панталони и карирани кошули. Таа е ненаситна за лутање и шетање по светот; тој повеќе би сакал да седи дома со добра книга. Сепак, некако, уште од едно судбоносно заедничко патување до дома од факултет пред многу години, тие се нај-најдобри пријатели. Најголемиот дел од годината го поминуваат одвоени – таа живее во Њујорк, а тој во нивниот мал роден град – но секое лето во изминатата декада одат на прекрасен одмор заедно.
Односно, до пред две години, додека не уништиле сѐ. И оттогаш не разговараат.
Попи има сѐ што би можела да посака, но заглавена е во монотона рутина. И кога нејзината пријателка ја прашува кога последен пат била вистински среќна, таа без ронка сомнеж знае дека тоа било на последното, „фатално“ патување со Алекс. Па така одлучува да го убеди својот најдобар пријател да отидат на уште еден одмор заедно – да ги стават сите карти на маса и да ги поправат работите. И за чудо, тој прифаќа. Сега таа има една недела да поправи сѐ. Само кога би можела да ја игнорира големата вистина која отсекогаш се криела во нивната навидум совршена врска.
-
-34%
Летото смени сѐ (Браќата О’Нил #2)
2Original price was: 450,00 ден.299,00 денCurrent price is: 299,00 ден.Темпераментната Французинка Елиз има опасно лош ден. Не само што ѝ пропаѓаат плановите за отворањето на нејзиното сакано бистро, туку, згора на тоа, и Шон О’Нил е вратен во градот. Тие двајца минатото лето поминале една незаборавна ноќ заедно… и спомените сега навистина ѝ отежнуваат на Елиз да се држи до нејзиното строго правило: „не повеќе од една вечер со маж“! Нејзината глава знае дека Шон ќе замине кога-тогаш, па не ѝ преостанува ништо друго, освен да пробува да го игнорира своето срце пред да експлодира од копнеж по него.
Од друга страна, враќањето во Вермонт – па макар и само привремено – е најстрашниот кошмар на хирургот Шон О’Нил. За него, враќањето во ресортот Снежниот Кристал значи принудно соочување со сите причини поради кои го напуштил, но особено со вината што ја чувствува за одбивањето на руралниот животен стил на неговото семејство пред многу години. Но дознавањето дека Елиз сега живее во Вермонт и дека од неа сѐ уште му зоврива крвта е добредојдена дистракција. Тој е во искушение да ја убеди на реприза од минатото лето, но истовремено, не може да заборави колку беа добри заедно и знае дека тоа ќе му го отежни заминувањето…
-
-29%
Љубовно романче
0Original price was: 420,00 ден.299,00 денCurrent price is: 299,00 ден.Една писателка на романси која повеќе не верува во љубов и еден писател на сериозни книжевни дела кој има писателска блокада се впуштаат во летен предизвик кој може да ги промени сите нивни досегашни верувања.Август Еверет е познат автор на интелектуална книжевна фикција. Јануари Ендрус е авторка на романси бестселери – или, според него, на „љубовни романчиња“. Додека таа везе среќни краеви, тој ги „убива“ сите главни ликови во своите книги.Тие се тотално спротивни. Всушност, единственото заедничко им е тоа што во следните три месеци живеат во соседни куќи на плажа, двајцата банкрот и со писателски блокади.Една досадна вечер, едно води кон друго и си поставуваат предизвик со цел да излезат од креативната рутина: Август ќе го помине летото пишувајќи нешто со среќен крај, а Јануари ќе заплови во водите на сериозната, интроспективна фикција. Таа ќе го носи на романтични места за да истражува за романтичната новела, а тој неа на интервјуа со преживеани од опасен култ (многу јасно). Двајцата ќе си ги завршат книгите и никој нема да се вљуби во никого. Сериозно… -
-29%
Тајната колиба на плажата
6Original price was: 420,00 ден.299,00 денCurrent price is: 299,00 ден.Историска драма за Втора Светска Војна, сага за недозволена љубов, убиство и одамна загубена слика…
Летото во 1942 година, дваесет и едногодишната Ен Келовеј, неодамна свршена, одлучува да ја напушти својата земја за да служи во Армијата на медицинските сестри на Пацифичкиот остров Бора-Бора. Ова за неа претставува нешто сосема ново и возбудливо, сосема спротивно од она на кое е научена и навикната со нејзиниот мирен и предвидлив свршеник, па нејзиното внимание веднаш го привлекува мистериозниот војник по име Вестри. Нивното пријателство на прекрасно опишаниот остров наскоро почнува да цути како што хибискусот цути покрај океанот. Но покрај океанот има и нешто друго… Мала напуштена колиба на одамна починат сликар, непозната за останатите војници, па Ен и Вестри се состануваат под малиот речиси распаднат кров каде делат еден свој приватен свет. Но нивниот мал идеален свет во колибата се распаѓа кога стануваат сведоци на грозоморно убиство во близина на колибата. Брзо по убиството, Вестри одеднаш го преместуваат на друга воена локација и целата убавина исчезнува во ветриштата на војната.
Ен Келовеј, сега старица, ја раскажува оваа приказна обидувајќи се да открие нешто повеќе во врска со љубовта која трае повеќе од седумдесет години…

