Филтер по цена
Жанр
  • Принцезата на книгите

    Принцезата на книгите

    0

    ПРИНЦЕЗАТА НА КНИГИТЕ“ е едноставна приказна, налик на бајка, полна со воспитни пораки и поуки за принцезата со нејзината желба за читање и принцот со неговата желба за пишување. Современите, модерни илустрации на младата Ева Шабанова и даваат сјај на сижето на оваа книга, која децата ќе ја засакаат во истиот миг штом ќе почнат да ја читаат или пак децата на кои вие ќе им читате. Приказна, безвременска и универзална, која ја стимулира фантазијата кај децата, ги поттикнува навиките за читање, го развива критичкото мислење и креативноста. Приказна што ги надминува стереотипите, што ги почитува интересите и афинитетите на младите за градење на сопствените соништа и сопствениот живот, наспроти обврските во семејството и желбата на нивните родители. Приказната за принцезата Мими и принцот Том е книга за сите генерации – деца и родители. Уживајте заедно!

    180,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Лепчето што расте

    Лепчето што расте

    0

    Од сон сите дечиња
    мирис сладок ги буди –
    баба златни печива
    на масата им нуди.
    Ѓевречиња, кифлички,
    меки кроасани,
    пеат низ кујната
    од сите страни!

    350,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Боенката на Зази

    Боенката на Зази

    0

    Обој ги зазулчињата и дај им моќ

    150,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Агата Одли. Сребрената змија

    Агата Одли. Сребрената змија

    0

    Агата Одли

    Нема за мене случај чуден…

    Агата Одли е повторно во авантура со решавање на уште еден случај!

    Кога еден асистент во Националната галерија исчезнува, Агата започнува истрага и притоа открива многу поголем заговор одошто може да се замисли.

    Придружете се во истрагата додека Агата се движи низ Лондон и оди директно во центарот на мистеријата…

    ТРЕТА КНИГА ВО ОВАА НОВА ВОЗБУДЛИВА СУПЕРДЕТЕКТИВСКА ЕДИЦИЈА!

    350,00 ден
    Додај во кошничка
  • Агата Одли. Убиство во музеј

    Агата Одли. Убиство во музеј

    0

    Агата Одли

    Нема за мене случај чуден…

    Агата Одлоу тукушто наиде на нејзиниот следен голем случај… убиство во Британскиот музеј.

    Но, како што Агата почнува со копање под површината, така кај неа се јавува сомнеж дека се подготвува поширок заговор во подрачјето под Лондон – заговор во кој се вклучени една напуштена метро-станица, голем огномет и пет илјади тони златни прачки.

    За среќа, Агата ги следи трагите…

    ВТОРА КНИГА ВО ОВАА НОВА ВОЗБУДЛИВА СУПЕРДЕТЕКТИВСКА ЕДИЦИЈА!

    350,00 ден
    Додај во кошничка
  • Три мачки, едно чудовиште

    Три мачки, едно чудовиште

    0

    Три мачки, едно чудовиште е забавна книга што овозможува уникатна авантура и којашто поттикнува љубов кон животните на многу едноставен и спонтан начин.

    400,00 ден
    Прочитај повеќе
  • КВИЗ ПАРОВИ

    КВИЗ ПАРОВИ

    0

    Квизот содржи 48 илустрирани прашања, „магичен прозорец“ за отчитување на точниот одговор и ливчиња за бележење на резултатите.

    Прашањата прикажани на сликите се наменети за деца на возраст од 3 до 5 години. Насловот на квизот ПАРОВИ секогаш сугерира на иста задача – пронајди го парот зададен на големата слика помеѓу трите мали сликички подолу, според некој критериум што не е однапред зададен, но е најочигледен (на пример: мажјак – женка, занимање – алат, мајка – младенче, животно – храна, еднаква бројност …). Решенијата се единствени за дадените слики.

    Со поставување на „магичниот прозорец“ над црвеното поле, може да се провери точниот одговор на занимлив и нестандарден начин. Под точниот одговор се крие знакот „смајли“. Овој квиз може да се користи повеќе пати и со повеќе играчи.

    Квизот може да го игра поединец или група, при што секому може да му се бележат резултатите и на крајот да се прогласи победник со најмногу точни одговори.

    420,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Учиме броеви книга +сложувалка

    Учиме броеви книга +сложувалка

    0

    Сликовница сликовница работенка, големина на пар. сложувалка 6,5х6,5 см.

    260,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Вредни инсекти 3Д

    Вредни инсекти 3Д

    0

    Сликовница со тврди листови 5 -3д форми инсекти.

    210,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Исидора Мун оди на преспивање

    Исидора Мун оди на преспивање

    0

    Исидора Мун е посебна бидејќи е поинаква.

    Мајка ù е самовила, татко ù е вампир, а таа е по малку од двете.

    Кога Исидора е поканета да преспие кај другарка ù Зои, на среќата ù нема крај, затоа што никогаш досега не била на преспивање!

    А затоа што имаат торта за печење, полноќна гозба и бескрајна волшебна смеа за споделување, ќе мора да останат будни цела ноќ за да успеат да направат сè!

    290,00 ден
    Додај во кошничка
  • РОБОТЧЕТО Р1

    РОБОТЧЕТО Р1

    0

    Што е тоа? Дали навистина Боби направи роботче!? Јипирипи! Со помош на Зина, Зази и Биби, роботчето Р1 оживува и почнува да прави неверојатни работи. Тоа не само што ја претвори гаражата на Боби во суперопремена лабораторија, туку отвара и – портал! Портал што ќе ги однесе Биби, Боби. Зази и Зина… Каде? Ќе прочитате во оваа книга…

    200,00 ден
    Додај во кошничка
  • Повеќе од пријателки… Сестри

    Повеќе од пријателки… Сестри

    0

    Пет девојки сосема случајно ќе се сретнат на пристаништето во Глувчево. Нивната крајна дестинација е колеџот Глушфорд каде овие девојки ќе станат повеќе од пријателки…сестри. Ова е вистинската приказна за Колет, Памела, Ники, Виолет и Паулина и создавањето на сестринството „Теа“.

    250,00 ден
    Прочитај повеќе
  • КАРТОНСКА СЛИКОВНИЦА: ЗЕЛЕНЧУК

    КАРТОНСКА СЛИКОВНИЦА: ЗЕЛЕНЧУК

    0

    Весела, картонска сликовница наменета за најмалите дечиња преку која ќе ги научат првите поими.

    290,00 ден
    Прочитај повеќе
  • КАРТОНСКА СЛИКОВНИЦА: ОВОШЈЕ

    КАРТОНСКА СЛИКОВНИЦА: ОВОШЈЕ

    0
    Весела, картонска сликовница наменета за најмалите дечиња преку која ќе ги научат првите поими.
    290,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Ајде да боиме еднорози

    Ајде да боиме еднорози

    0

    Боенка со лепенки

    160,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Агата Одли: Тајниот клуч

    Агата Одли: Тајниот клуч

    0

    Агата Одлоу е детективка откако знае за себе – само го чека првиот голем случај за решавање. А нема ништо поголемо од тоа да се спаси градот Лондон од некои чудни случувања.

    Со живеалиште среде Хајд Парк, соба полна со омилените детективски романи и таен клуч што ù овозможува пристап до еден цел скришен дел на Лондон, Агата е совршено подготвена да ја реши оваа мистерија. Но, кому да верува, кога никој не е онаков како што изгледа…

    ПРВА КНИГА ВО ОВАА НОВА ВОЗБУДЛИВА СУПЕРДЕТЕКТИВСКА ЕДИЦИЈА!

    350,00 ден
    Додај во кошничка