-
ТЕТРАТКА ЗА ПОЧЕТНО ПИШУВАЊЕ – „ПИШУВАЈ СО БИБИ!“
050,00 денТетратка за почетно пишување е со мотото „Пишувај со Биби!“. Во тетратката можат да се пишуваат печатни и ракописни букви.
-
ПИШУВАНКА „СВЕТОТ НА БИБИ“
0190,00 денСпецијално припремена пишуванка наменета да се олесни процесот на учење преку примери од зборчиња кои децата веќе ги знаат од содржините на „Светот на Биби“. Нашата сезнајка им дава можност на дечињата заедно да ги пишуваат зборовите во почетокот, но потоа ги осамостојува тоа да го прават и сами.
-
-
-
-
ДНЕВНИКОТ НА ЕДНО ШМОКЛЕ (ПРАВИЛАТА НА РОДРИК)
0360,00 денНемојте никако да го прашате Грег Хефли како го поминал летниот распуст, зашто дефинитивно не сака да зборува за тоа.
Со почетокот на новата школска година, Грег одвај чека да ги остави изминатите три месеци зад себе… а особено една случка.
За жал, неговиот постар брат Родрик ја знае случката што Грег не сака да се расчуе. Ама тајните знаат да испливаат на површина… особено кога е вмешан и еден дневник.
-
ДНЕВНИКОТ НА ЕДНО ШМОКЛЕ
0360,00 денЕден ден ќе станам славен, ама сега засега сум заглавен во основно школо со еден куп морони.
Не е лесно да си дете. А тоа најдобро го знае Грег Хефли, кој сега е шесто одделение во училиште во кое малите и слаби деца ги делат ходниците со деца кои се повисоки, позлобни и кои веќе се бричат.
Во Дневникот на едно шмолке, авторот и илустратор Џеф Кини нè запознава со еден неверојатен херој. Како што вели Грег во својот дневник: Така што немојте да очекувате многу-многу да се лигавам: „драг дневнику“ ова, „драг дневнику“ она…
А ние имаме среќа да уживаме во многу неочекувани и смешни ситуации, зашто она што Грег Хефли вели дека нема да го направи и она што всушност го прави се две многу различни работи.
-
ЗДРАВО СКОПЈЕ
0690,00 денПрвиот детски интерактивен водич – Здраво Скопје е мала временска машина која ќе ве сврти околу градот и спомените на возрасните. Врзете ги појасите, земете ги шамивчињата – ќе биде забавно, емотивно и носталгично возење низ градот од нашите глави и срца.
-
Сам дома
0250,00 денКласичниот филм што сите го знаете и го сакате сега е илустрирана сликовница во која може да ужива целото семејство – исполнета со смотаните крадци, брилијантните стапици и со малиот Кевин, кој мора да го брани својот дом. Дали може да ги спречи крадците да влезат во неговиот дом? И дали неговото семејство ќе се врати навреме за Божиќ?
-
Приказната за зајaчето Питер
0118,00 ден„Приказната за зајaчето Питер“ напишана и илустрирана од Беатрикс Потер, ги следи доживувањата на малото немирно зајаче Питер, кое се протнува во градината на господинот Мекгрегор, па почнуваат да му се случуваат секакви неволи.
„Приказната за зајaчето Питер“ е една од оние безвременски книги што повеќе од сто години ги плени срцата на децата ширум светот.
-
Син
0380,00 денТочно е тоа што го велат луѓето: кога долго време трагаме по вистината, оној ден кога конечно ќе ја откриеме настапува најтешкиот дел. Што да се направи со неа?
Која е вистината што се крие зад таинствената насмевка на деветгодишниот Гилјермо? Момче со сини очи кое еден ден сака да биде Мери Попинс. Момче кое не ги сака грубите машки игри и се дружи единствено со Насија, девојчето доселено од Пакистан, кое му се доверува дека е веќе свршена за еден свој возрасен роднина. Саканиот син кој секој четврток добива писмо од својата отсутна мајка, со која никогаш не може да се види и да се слушне…
На учителката Соња Гил и неговиот непристапен татко ѝ личат на санта мраз под која трепери нешто таинствено, злокобно. Заедно со училишниот психолог Марија, тиесе обидуваат да ја одгатнат детската душа и психа. Чекор по чекор, трпеливо навлегуваат во чудниот свет на Гил. Преку неговите многузначни цртежи и искрените есеи, тие на крајот ќе ја откријат тажната вистина и ќе сфатат зошто тој толку копнее да биде Мери Попинс.
-
РАДОСНИЦА „ДОБРЕ ДОЈДЕ МИЛО“
0490,00 денПретворете ги страниците од оваа книга драгоцена ризница на спомени! Забележете ги на едно место сите слатки, единствени, неповторливи моменти и искуства што ќе ја обележат првата година од животот со вашето дете.
Со оригинални илустрации, со живи и впечатливи бои – радосницата ќе биде чувар на спомените од ова бесценето и возбудливо поглавје на кое секогаш со задоволство ќе му се навраќате.
-
Фантастичниот господин Лисец
0250,00 ден„Слушаш, господине Лисец?
Не си одиме дома сè додека не те обесиме на јаже!“
-
Матилда
0350,00 ден“Видовме како госпоѓица Транчбул фаќа едно девојче за плетенките ја фрла преку оградата на игралиштето!“
-
Кити и Златниот тигар
0290,00 денКити е нестрплива да го посети музејот и да ја види скапоцената статуа на Златниот тигар со свои очи. Легендата вели дека статуата може да му ги исполни желбите на оној кој ја поседува…
Кити тргнува во авантура, бидејќи сака да му ја покаже статуата на Тиквичко, додека нема никој во музејот. Но, доаѓа до недоразбирање кога статуата ќе биде украдена, а Кити обвинета за криминал. Дали Кити ќе успее да го разјасни недоразбирањето, да го открие виновникот и да ја врати назад скапоцената статуа пред да изгрее сонцето?
-
Кити и спасувањето на месечеватата светлина
0290,00 денСемејството на Кити е посебно – мама е суперхерој и Кити знае дека еден ден и таа ќе ги искористи своите супермоќи и исто така ќе стане херој. Тој ден доаѓа побрзо отколку што таа очекува, кога мачорот Фигаро ќе дојде до прозорецот од нејзината соба да ја замоли за помош. Но, светот ноќе е опасно место – дали Кити е доволно храбра да излезе во мракот и да се впушти во возбудлива ноќна авантура?