-
Божиќна песна
0200,00 денСметководителот и скржавец Ебенизер Скруџ не ги почитува обичаите на Божиќ, кои налагаат несебичност, љубезност, добрина и споделување со другите. Но, за време на една студена божиќна ноќ, што одлучува да ја помине осамен, далеку од друштвото и љубовта на семејството и пријателите, тој е посетен од духот на својот покоен партнер Џејкоб Марли. По него следуваат духовите на божиќното минато, сегашност и иднина, со чијашто помош Скруџ се соочува со сопствените гревови и се преобразува во доблестен човек… Новелата „Божиќна песна“ уште од своето прво издавање во 1843 година е постојано во печат веќе 185 години, преведена е на многу јазиџи и приспособена на најразлични филмски, театарски и музички адаптации.
-
Најубави митови од антиката
0200,00 денКако и зошто Прометеј им го подарил огнот на луѓето? Зошто само Девкалион и Пира го преживеале големиот потоп? Какви биле авантурите на Аргонаутите, а какви подвизите на Херакле? Со чија помош Персеј ја поразил Горгоната Медуза, а кој му помогнал на Тезеј да излезе од Лавиринтот? Како Тантал ги разбеснил боговите? Што открил Дедал, а каде погрешил Икар? Како Ахајците конечно ги поразиле Тројанците и зошто Одисеј десет години не можел да се врати на Итака? Во книгата „Најубави митови од антиката“ ќе ги прочитате централните приказни што го обликувале духовното постоење на старите народи од Медитеранот.
-
Сказни
0200,00 денЦрвенкапа, Заспаната убавица, Принцот жаба, Златокоса, Храбриот кројач, Јованче и Марика, Снежана, Пепелашка, Волкот и седумте јариња, и Рамплстилскин – најубавите изворни сказни од браќата Јакоб и Вилхелм Грим, кои нѐ водат во чудесни светови.
-
Господарот на мувите
0290,00 денВо зародишот на следната светска војна, авион се урива на непознат остров, при што група ученици остануваат одделени од другиот дел од светот. Отпрвин, без надзор од возрасните, нивната слобода е причина за славење; така, далеку од цивилизацијата, момчињата можат да прават буквално што сакаат.
Тие се обидуваат да создадат сопствено општество, но не успеваат во тоа. И додека редот се урива, додека почнуваат да одекнуваат чудни завивања во ноќта, додека почнува да владее теророт, надежта за авантура почнува да изгледа исто толку далеку од реалноста колку и надежта за спасување.
Сметан за парабола, алегорија, мит, приказна за моралот, пародија, политички трактат, па дури и за своевидна визија за апокалипсата, Господарот на мувите е можеби нашиот најнезаборавен роман за „крајот на невиноста, за темнината на човечкото срце…
-
Малиот принц
0200,00 ден„Малиот принц“ е книга за мали и за големи… Напишана во форма на бајка, таа ја раскаува приказната за малото момче кое доаѓа од една мошне далечна и мошне малечка планета и неговата потрага по пријателство и љубов. Ова е книга за светот и човекот, за возрасните и децата, за животот и вистинските вредности: пријателството, љубовта, посветеноста и пожртвуваноста, за раѓањето и смртта, за ѕвездите и бесконечните пространства.
-
Бајки од Македонија – лектира
0250,00 денСекоја генерација ги прераскажува бајките по свое, па тие постојано се менуваат и се обновуваат. Бајките од нашето поднебје не се само варијанти на познатите светски бајки, иако честопати имаат слични мотиви. Тие се локално обликувани, со можностите на нашиот македонски јазик, низ нашите обичаи, пејзажи и верувања.
-
Исти очи
0200,00 денРоманот „Исти очи“ (седум изданија), е лектирна книга во деветто одделение и спаѓа меѓу најпопуларните приказни од Горјан Петревски, која со задоволство ја читаат и тинејџерите и возрасните.
-
Природо, љубов моја!
0250,00 денКнига целосно посветена на природата и на грижата за неа, со која авторот Александар Кујунџиски е комплетно поврзан. Овој голем вљубеник во пишуваниот збор – како негова професија, и во природата – како негова опсесија, донесе и внесе во македонската литература за деца раскошно издание.
Четиво со кое треба „да се дружи“ секое дете при своето градење како личност.
Лектирно издание за IV одделение.
-
МОМЧЕТО МОЛЊА
0300,00 ден– Кој си ти?
– Јас?! Мене ме прашувате
– Да, тебе.
– Какво прашање! Па јас сум момчето Молња!
– Што бараш меѓу кориците на оваа книга?
– Овде сум за да ви раскажувам.
– Што ќе ни раскажуваш?
– За себе, за… Е, многу сте љубопитни!
– Кажи ни, кажи ни!
– Прочитајте ја книгава и сè ќе дознаете.
– Да не е здодевна?
– Мислам дека не е. Но почнете и сами уверете се.Има одвај десет години, духовит е, шармантен, чувствителен, прониклив, љубопитен, со бујна фантазија и со авантуристички дух. Таков е и неговиот роман – засмева, растажува, замислува. Забавнаи возбудлива е дружбата со него. Јунаците, местата и настаните се автентични, нема случајни сличности. Раскажувајќи ја својата вистинска приказна, момчето Молња извикува:
– Еј, мајки и татковци, баби и дедовци, внимание ,молам! И ние вас ве растеме додека пораснуваме. Сте забележале? Да? Не? Можеби? Проверете. Ако внимателно нè погледнете, и себе појасно ќе се видите. Така полесно ќе се разбираме.
Момчето Молња, роман за деца и за родители, од авторката на Каменот од Твојот ден (Рациново признание за 2005), Индиго Бомбај (Роман на годината на „Утрински весник“ за 2008), Дрско црвен кармин…
-
Децата од улицата Пал
0350,00 ден„Децата од улицата Пал“ е роман за ривалството на две детски дружини од Будимпешта и нивните борби за освојување на просторот за играње.
Во улицата Пал во Будимпешта живеела група момчиња чијшто најголем непријател била дружината на црвените кошули од ботаничката градина. Повод за конфликт на двете групи деца е запленувањето на џамлиите на Немечек од улицата Пал од страна на браќата Пастор од противничката група.
Децата го минувале своето немирно детство во воени игри, имитирајќи ги возрасните и јунаците од прочитаните авантуристички романи. Но, на крајот, безгрижното детство ќе биде трагично прекинато…
-
Возот в снег
0250,00 денВо Јабуковац во Велико Село живеат тројцата другари: Љубан, Драга и Перо. Учениците од селското училиште со нивниот наставник со воз одат на излет во градот.
Таму, во печатницата се заблагодаруваат за бесплатниот пат до Загреб со песна, а на крајот одат во зоолошката градина. Меѓутоа, наставникот се разболува во градот и
останува во болница, па децата мораат сами да се вратат. На враќање, поради силното невреме, возот се заглавува во снежните наноси. Железничарите и децата
се исправени пред сериозен предизвик: ќе успеат ли безбедно да се вратат дома?
-
Шармери од осмо
0250,00 денВо својот зелен нотес, будниот училиштен педагог Златан Самоилов запиша:„Мали вербални препукувања…“
Токму така почнува приказната за закачките помеѓу учениците од осмо-А и нивните врсници од осмо-Б одделение во училиштето „Септември“. Иако видно вознемирени и желни за одмазда, двете одделенија успеваат да најдат заеднички јазик и да ги премостат закачките и караниците, формирајќи заеднички тим за турнирот во мал фудбал. Нивниот тим „Шармери“ ги освојува срцата не само на девојчињата туку и на директорот на училиштето Бојан Милјановски, кој го одржува својот збор и ја закачува врамената фотографија на „Шармерите“ на ѕидот во својата канцеларија,
наспроти работната маса.
Шармот на младите „Шармери“ зрачи не само на фудбалскиот терен туку и надвор од него, вљубените срца почнуваат да бијат посилно…
-
Мојот пријател А
0200,00 денПриказната започнува во една таванска соба во куќата на Баба Баба во Охрид. Таа е двапати баба бидејќи прво ù е баба на мајка му на Јане, а потоа е баба на Јане.Таа е мајка на бабата на Јане, а на Јане му е прабаба. И токму во таа таванска соба, што некогаш била кат во кој НЕ се чувале старите работи, Јане го запознава својот пријател А. Токму таа зима кога Јане има девет години се качува во таванската соба по најубавото ново нешто – слаткото на Баба, но кога посегнува по теглите на рафтот се случува катастрофа. Пропаѓа во распараното седиште на столот на кој е поткачен и неколку тегли паѓаат на земја. Две тегли ги спасува стариот килим на тетка му, но од едно купче срчи нешто силно почнува да чади… Токму тој чад е пријателот А, што би бил скапоцен пријател за секое дете.
-
Автобиографија
0200,00 денГригор Ставрев Прличев е истакнат македонски писател од времето на романтизмот (или преродбата) и значаен претставник на македонската книжевност од 19 век. Во неговиот богат опус спаѓаат поемите „Сердарот“ и „Скендербег“, песната „В хилјада седемстотин шездесет и второ лето“, есејот „Критик и преведувач“, делото „Автобиографија“ и неколку обиди за преведување на Хомеровата „Илијада“.
Делото „Автобиографија“ е објавено во 1894 година додека Прличев работи како учител во Солун. Во неа тој ги исцртува главните контури на сопствениот живот: фигурата на неговата измачена мајка, интелектуалното влијание на Димитар Миладинов, постојаните борби со грчките власти, престојот во затвор, како и многубројните патувања и учителствувања низ Македонија, Грција, Бугарија и Албанија.
Прличевата „Автобиографија“ е првото дело од овој книжевен вид во македонската книжевна традиција.
-
Бескрајна приказна
0350,00 денБастијан Балтазар Букс е срамежлив, чуден и воопшто не е некој херој. Неговото единствено бегство е читањето книги. Кога Бастијан ќе наиде на книгата наречена „Бескрајна приказна“, тој ќе биде вовлечен во магичниот свет на Фантазија – толку многу што ќе открие дека станал еден од ликовите во приказната! А кога ќе сфати дека овој мистериозен, волшебен свет е во страшна опасност, тој открива и дека е избран да го спаси.
-
Чудна случка со кучето во ноќта
0350,00 денКристофер Џон Франсис Бун има 15 години, ги знае сите држави во светот и нивните главни градови. Ги знае напамет и сите прости броеви до 7057. Ги сака животните, но не може да ги разбере емоциите кај луѓето. Не поднесува кога некој ќе го допре. И мрази жолта боја.
Една ноќ, во дворот на сосетката, го наоѓа нејзиното куче мртво. Решава да ја истражи сомнителната смрт, како вистински детектив, но во таа потрага открива и многу други вистини – за себе, за родителите, за светот околу него, за животот воопшто…
Овој современ класик на Марк Хадон е светски бестселер и добитник на многубројни награди.