Летен онлајн попуст #ЧитамПливамУживам
На 27/06/2018 | 0 Коментари

Како и секогаш во ова време од годината, тука сме да ви помогнеме да имате прекрасно лето исполнето со незаборавни книги. Тоа што сега ќе имате малку повеќе слободно време на располагање не значи дека треба да читате што било, па ние веќе ги имаме одбрано најдобрите приказни за вас и следниов период ќе може да ги нарачувате од нашиот сајт по топ летни цени. Со оглед на тоа дека попустот кај некои наслови е поголем дури и од саемскиот во мај годинава, бесплатна испорака ќе има само за најголемите нарачки (над 2000 денари), но за секоја нарачка над 1200 денари следи подарок! Во соработка со DM, заедно со книгите, на вашите одмори ќе уживате во супер миризливи летни лосиони со мирис на ананас, лимон, лубеница, папаја, ванила, капини и многу други.
dm

И се разбира дека нема да ве пуштиме на одмор без нова книга, па деновиве чекаме да излезе од печат новата книга од Сара Џио – Тајната колиба на плажата – само имајте на ум дека сите што ќе ја имаат вклучено оваа книга во својата нарачка ќе бидат закажани за достава на 2-ри јули.

Додека уживате со книгите летово каде и да сте, не заборавајте да фотографирате и да ни испраќате фотки со хаштагот #ЧитамПливамУживам и #СакамКниги на кој било од социјалните медиуми, а на крајот, најдобрата фотка ќе биде наградена со ПЕТ книги по ваш избор.

И да, доколку ви треба некоја препорака од нас за помош при изборот, еве што издвојуваме:

  1. Тајната колиба на плажата од Сара Џио
  2. Совршената замена од Сара Пеканен и Грир Хендрикс
  3. Го имам твојот број од Софи Кинсела
  4. Еленор Олифант е океј од Гејл Ханимен
  5. Синдер и Ела од Кели Орам

Читај Пливај Уживај

Напиши коментар