Филтер по цена
Жанр
Автори
  • Само за Божиќ

    Само за Божиќ

    0

    Лора има совршен план за Божиќ: мир, тишина, вино и празен стан што треба да го чува. Без семејни собири, празнични драми и романтични компликации. Но планот пропаѓа уште во првите пет минути, кога го затекнува сопственикот, Калум, како изгледа од тушот. Целосно гол.

    Пред да закрепне од сплетката, се појавуваат неговите родители, убедени дека таа е мистериозната девојка на нивниот син. По едно недоразбирање, неколку невешти лаги и катастрофално лоши одлуки, Лора завршува на пат кон снежните Шкотски Висорамнини, каде што треба да го помине Божиќ со неговото семејство. Преправајќи се дека е лудо вљубена во човек што практично не го познава.

    Што би можело да тргне наопаку? За почеток, Калум е непристојно привлечен и ужасно забавен. А кога ќе се вмешаат неговата поранешна девојка и најдобриот пријател на Лора, забавата станува уште поголема. Меѓу романтичното патување со ноќен воз, шармантните шкотски пабови и украдените погледи, нивната измислена љубовна приказна почнува да изгледа опасно вистинска.

    Зашто едно е да глумиш дека си вљубен. А сосема друго кога срцето ќе одлучи да престане да глуми.

    550,00 ден
    Додај во кошничка
  • Не е таа

    Не е таа

    0

    Корти Греј со душа го чека одморот со семејството во живописното одморалиште покрај езерото и можноста повторно да ја врати блискоста со своите најмили. Но едно утро, страшен вресок од соседната викендичка го нарушува идиличниот мир и го претвора семејниот одмор во вистински кошмар. Нејзиниот брат и неговата сопруга се пронајдени мртви, нивната ќерка Рис е исчезната без трага, а синот Бајат спие на горниот кат, неподвижен.

    Што навистина се случило таа ноќ? Каде исчезнала Рис? И дали е можно девојчето да не е жртва, туку убиец?

    Кога полицијата ја започнува истрагата во навидум спокојното одморалиште, вознемирувачки тајни испливуваат на површина, разоткривајќи цела мрежа од лаги, премолчени вистини и семејни предавства. Корти одеднаш почнува да се сомнева во сè што мислела дека знае за своите најблиски. А колку повеќе напредува истрагата, толку потешко ѝ е да разликува кој ја кажува вистината, а кој очајно се обидува да ја скрие.

    Секој има своја приказна. Секој крие по нешто. И секој може да биде виновен.

    Додека внимателно изградената фасада на совршеното семејство полека се рони, Корти сфаќа дека некои тајни се многу поопасни отколку што можела да замисли. Зашто зад идиличната слика на езерото се крие нешто злокобно, а вистината за она што се случило е поужасна од сè што некој би можел да претпостави.

    570,00 ден
    Додај во кошничка
  • Разводот

    Разводот

    0

    Наоми Рот мисли дека има сè: среќен брак, прекрасен дом и семејство што го обожава. Но тогаш, речиси преку ноќ, Џереми ѝ соопштува дека сака развод.

    Ја иселува од нивниот дом, го презема управувањето со парите и многу брзо станува јасно дека во неговиот живот веќе има друга жена – младата, убава и навидум совршена Вероника.

    Додека адвокатите се подготвуваат за битка, а нејзиниот живот се распаѓа пред нејзини очи, Наоми одбива едноставно да се тргне настрана. Убедена е дека Џереми не е човекот што неодамна би уништил сè што изградиле заедно. А колку повеќе дознава за Вероника, толку посилно чувствува дека нешто не е во ред.

    Она што почнува како сомнеж, брзо прераснува во опсесија. Наоми е решена да ја открие вистината и да го спаси своето семејство – без разлика колку далеку ќе мора да оди.

    Но во бракот, како и во разводот, никогаш не ја знаете целата приказна.

    570,00 ден
    Додај во кошничка
  • Постела од рози

    Постела од рози

    0

    Ема Грант отсекогаш сонувала за нежна романса, голема љубов и страст од која запира здивот. Како талентирана цвеќарка, секојдневно е опкружена со прекрасни цветни аранжмани, љубовни парови и романтични приказни со среќен крај. Но иако не ѝ недостигаат додворувачи, мажот од нејзините соништа сѐ уште не се појавил. Или можеби цело време бил пред нејзините очи, а таа едноставно не знаела каде да погледне?

    Џек и Ема се долгогодишни, блиски пријатели кои мислат дека знаат сѐ еден за друг. Но во последно време Џек сѐ потешко успева да ја сокрие привлечноста што одамна ја чувствува кон неа. А кога една искра ќе прерасне во оган и Ема ќе му возврати на страста, нивното безгрижно пријателство одеднаш се претвора во нешто многу повозбудливо… и многу поризично.

    Бакнеж по бакнеж, насмевка по насмевка, двајцата откриваат дека најубавите љубовни приказни понекогаш започнуваат сосема неочекувано. Но дали силната привлечност и долгогодишната блискост се доволни за љубов што ќе трае? Или стравовите, сомнежите и препреките што им стојат на патот ќе го уништат она што можеби отсекогаш било нивна судбина?

    570,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Потстанар

    Потстанар

    0

    Блејк Портер има одлична работа и прекрасна свршеница, но ненадејно го отпуштаат од работното место како потпретседател во маркетиншка компанија. Одеднаш нема доволно пари да ја плаќа хипотеката за новата куќа во која живеат со свршеницата и очајно се обидува да сврзе крај со крај.

    Тогаш се појавува Витни. Таа е шармантна, приземна и бара соба под кирија. Таа е токму она што му е потребно на Блејк. Или сепак не?

    Зашто нешто навистина не е во ред. Соседите почнуваат поплаку да се однесуваат со Блејк, смрдеа на гнилеж за која не помагаат никакви средства за чистење му се шири низ домот и чудни звуци го будат среде ноќ. Наеднаш Блејк почнува да се плаши дека некој ги знае дури и неговите најмрачни тајни…

    Опасноста му живее во домот, но кога Блејк ќе стане свесен за тоа, веќе ќе биде предоцна. Стапицата е веќе поставена.

    Маестралната Фрида ни носи уште една фантастична приказна за одмаздата, разоткривање на минатото и привилегиите во кои одредени поединци незаслужено уживаат…

    570,00 ден
    Додај во кошничка
  • Драга Деби

    Драга Деби

    0

    Деби Мулен во својата колумна „Драга Деби“ со години ги советува сопругите од Нова Англија кои од неа бараат сочувство и решение за нивните секојдневни проблеми. Преку својата работа таа има контакт со безброј жени чии мажи ги игнорираат, запоставуваат, па дури и малтретираат и секогаш се обидува да им помогне.

    Но во последно време, животот ѝ излегува од контрола. Ја губи работата во весникот, нешто невообичаено се случува со нејзините керки тинејџерки, а сопругот постојано ѝ крие тајни. На Деби ѝ доаѓа преку глава. Повеќе не сака да биде разумна и практична – време е да си го послуша сопствениот совет.

    Време е да им се одмазди на сите луѓе во нејзиниот живот што го заслужуваат тоа.

    Неверојатен трилер што ни открива што се случува кога жена најпосле ќе ја земе правдата во свои раце.

    570,00 ден
    Додај во кошничка
  • Ониксна бура (The Empyrean #3)

    Ониксна бура (The Empyrean #3)

    0

    По речиси осумнаесет месеци поминати во воениот колеџ „Басгијат“, Вајолет Соренгејл знае дека времето за предавања истече. Повеќе нема време ниту за колебање. Битката навистина е започната, непријателот ги опкружил од сите страни и невозможно е да знаат кому можат да му веруваат.

    Вајолет мора да замине од Континентот во потрага по сојузници во непознатите земји. Патувањето ќе ѝ ги стави на испит умот, среќата и силата, но таа ќе направи сè за да ги спаси оние што ги сака – своите змејови, семејството, домот и него.

    Дури и ако тоа значи да чува тајна што би можела сите да ги уништи.
    Потребна им е војска.

    Потребна им е моќ. Потребна им е магија. И потребно им е она што само Вајолет може да го пронајде – вистината.

    Надоаѓа бура… но нејзината жестокост нема сите да ја преживеат.

    990,00 ден
    Додај во кошничка
  • Нека остане во семејството

    Нека остане во семејството

    0

    Миа и Фин ја реновираат старата, запуштена куќа што треба да стане нивниот дом од соништата. А кога Миа неочекувано останува бремена, се чини дека животот конечно почнува да се одвива онака како што отсекогаш посакувале.

    Но непосредно пред да се вселат, Миа открива морничава порака врежана во една лајсна:

    ЌЕ ТИ СПАСАМ ОД ТАВАНОТ.

    Трагата ги води до ужасно откритие што со децении било скриено меѓу ѕидовите на куќата.

    По раѓањето на нивното бебе, Миа не може да го заборави она што го видела. Опседната со потребата да дознае што навистина се случувало во нивниот дом, почнува да копа по неговото мрачно минато. Но колку повеќе тајни открива, толку повеќе се оддалечува од Фин – и толку поблиску доаѓа до вистина што некој очајнички сака да остане закопана.

    Миа е подготвена на сè за да го заштити своето семејство. Но што ако најголемата опасност не останала во минатото – туку сè уште живее меѓу нив?

    570,00 ден
    Додај во кошничка
  • Сите ние живееме овде

    Сите ние живееме овде

    0

    Лила Кенеди има повеќе грижи отколку што може да поднесе. Пропаднат брак, две своеглави ќерки, куќа што се распаѓа и постар очув кој, се чини, тивко и незабележливо, едноставно се вселил кај неа. Кариерата ѝ е во слободен пад, љубовниот живот ѝ е… комплициран, а секој нов ден носи уште една катастрофа што некако мора да ја реши.

    И токму кога се обидува да сфати како да продолжи понатаму – и дали во нејзиниот хаотичен живот воопшто има место за нова љубов – на вратата се појавува човекот што најмалку очекува да го види. Нејзиниот вистински татко. Човекот што пред триесет и пет години практично исчезнал од нејзиниот живот, сега одеднаш сака повторно да биде дел од него. Но како да му простиш на некого што те напуштил?

    Под еден покрив наскоро ќе се судрат стари разочарувања и нови тајни, поранешни љубови и нови чувства, родители и деца, лутина и вина. А среде сиот тој прекрасен хаос, Лила ќе мора повторно да открие која е таа кога не се обидува постојано да ги спасува сите други. Зашто понекогаш луѓето за кои сме биле сигурни дека никогаш нема да им простиме се токму оние што можат да нè научат нешто за љубовта. За вторите шанси. И за тоа дека семејството ретко изгледа онака како што сме го замислувале – но можеби токму затоа вреди да се бориме за него.

    650,00 ден
    Додај во кошничка
  • Виолинистката

    Виолинистката

    0

    Венеција – 1704 година. Во овој волшебен град на блескав раскош, очајот и бедотијата никогаш не се далеку. Во градското сиропиталиште, напуштените новородени девојчиња секојдневно се оставаат во малиот отвор во ѕидот.

    Осумгодишната Ана Марија е само едно од триста девојчиња што растат меѓу ѕидините на Пиета – но таа веќе знае дека е различна. Мотивирана и исклучително надарена, таа си има поставено за цел да стане најдобрата виолинистка и композиторка во Венеција и во нејзиниот извонреден свет на бои и звуци, се чини дека ништо не може да ја запре. Па кога маестрото, Антонио Вивалди, ќе ја избере за своја омилена ученичка, Ана Марија знае дека мора да стори сè што е во нејзина моќ за да му удоволи на овој генијален, но тежок човек. Но кога ѕвездата на Ана Марија ќе заблеска и ќе се закани да ја засени ѕвездата на нејзиниот ментор, сонот што толку сосредоточено го следи одеднаш е загрозен.

    „Виолинистката“ е приказна што ќе ве прошета од позлатените палати до калливите канали на Венеција и ќе ви раскаже за незапирливата амбиција на една жена, за нејзиното достигнување на врвот, за болката и победите и за оние кои избираме да ги запаметиме или заборавиме на патот до успехот.

    500,00 ден
    Додај во кошничка
  • Лето со ривалот

    Лето со ривалот

    0

    Ноел Шепард има дваесет и осум години, нема работа, повторно живее со родителите и сè уште тагува по својата сакана баба. Тогаш, меѓу нејзините работи, пронаоѓа стари фотографии и љубовно писмо од непознат маж.

    Во обид да ја открие неговата приказна, Ноел објавува видео што станува вирално. Одговорот доаѓа од неговиот внук – Тио Спенсер, нејзиниот стар ривал од средно училиште.

    Кога дознава дека неговиот дедо Пол и баба ѝ некогаш планирале да побегнат и да се венчаат, но никогаш не го оствариле свадбеното патување, Ноел решава да тргне по рутата што тие ја оставиле зад себе. Пол сака да дојде со неа. Но има еден услов: и Тио оди со нив.

    Следуваат две недели на пат, стари тајни, прекрасни пејзажи, премногу време со човекот што ја нервира најмногу на свет – и само еден кревет кога работите стануваат навистина комплицирани.

    Но понекогаш, додека ја бараш љубовната приказна што останала недовршена, можеш сосема неочекувано да ја започнеш сопствената.

    590,00 ден
    Додај во кошничка
  • Љубов на радио

    Љубов на радио

    0

    Безнадежна романтичарка и разочаран радиоводител во топла љубовна приказна инспирирана од Sleepless in Seattle.

    Ејдан Валентајн има една мала тајна: тој повеќе не верува во љубов. А кога си водител на љубовна радиоемисија, тоа е прилично голем проблем. Но кога едно девојче се јавува во живо барајќи совет како да ѝ најде момче на својата мајка, разговорот станува вирален, а Ејдан и неговата емисија се наоѓаат во центарот на вниманието прекуноќ.

    Луси Стоун смета дека ѝ оди сосема добро и без љубов. Има добра работа, прекрасно семејство и паметна, досетлива ќерка. Но кога нејзиниот непостоечки љубовен живот одеднаш станува тема на разговор низ цел Балтимор, Луси почнува да се прашува дали навистина е толку среќна колку што мисли. Можеби во нејзиниот живот сепак има место за малку романса.

    Сите сакаат Луси да го добие својот среќен крај – дури и згодниот, намуртен маж зад микрофонот кој ги влече конците. Но додека радиото се обидува да ѝ го пронајде совршениот маж, таа почнува да чувствува нешто сосема неочекувано кон човекот зад микрофонот.

    Сега останува само едно прашање: дали Луси ќе го избере среќниот крај што радиото го создава за неа… или мажот со слушалките покрај неа?

    600,00 ден
    Додај во кошничка
  • Четвртиот мајмун

    Четвртиот мајмун

    0

    Повеќе од пет години, убиецот Четвртиот мајмун ги тероризира граѓаните на Чикаго. Убиени се седум девојки, а полицијата никако не може да го открие идентитетот на убиецот и да го изведе пред лицето на правдата. Но едно е сигурно: жртвите не се избирани случајно – сите плаќаат со својата смрт за гревовите на своите родители.

    Еден ден се случува пресврт – во сообраќајна несреќа загинува маж до чие безживотно тело истражителите наоѓаат кутија со порака од убиецот Четвртиот мајмун. Бил на пат да ја достави пратката што докажува дека убиецот зел нова жртва, којашто можеби сè уште е жива…

    Сем Портер, главниот детектив задолжен за случајот, го пронаоѓа личниот дневник на серискиот убиец во џебот на загинатиот и му навлегува во изопачениот ум на психопатот со надеж дека ќе успее да му влезе во трагата и да ја најде девојката жива.

    Времето истекува, а убиецот Четвртиот мајмун си игра со полицијата и жртвите дури и по смртта.

    600,00 ден
    Додај во кошничка
  • Џенесис (Robert Hunter #12)

    Џенесис (Robert Hunter #12)

    0

    УБИСТВО КАКВО ШТО ДОСЕГА НЕ ВИДЕЛ.
    УБИЕЦ ПОИЗОПАЧЕН ОД СИТЕ СО КОИ СЕ СООЧИЛ.
    СЛУЧАЈ ШТО ЌЕ ГО СТАВИ НА НАЈТЕШКИОТ ИСПИТ.
    ДАЛИ ХАНТЕР КОНЕЧНО НАИДУВА НА ДОСТОЕН ПРОТИВНИК?

    „Верувате ли дека постои Ѓаволот, детективе?“ го прашува полицаецот од другата страна на линијата. „Зашто ако не верувате… сигурен сум дека ќе поверувате штом ќе пристигнете овде.“

    Роберт Хантер го повикуваат на најбруталното место на злосторството што го видел во својата кариера. Но обдукцијата открива нешто уште пострашно: во телото на жртвата убиецот оставил стихови.

    Набргу потоа пронаоѓаат уште едно тело. Начинот на убиството и потписот на убиецот се различни, но нивото на насилство укажува дека зад двете злосторства стои истиот човек. А кога во телото на втората жртва го пронаоѓаат продолжението на стиховите, најмрачните сомнежи на Хантер се потврдуваат.

    Откритието не само што ги поврзува двете убиства. Тоа открива дека се дело на сериски убиец.

    Без ниту една форензичка трага што би го одвела до сторителот, Хантер мора да го пронајде најдисциплинираниот и најметодичниот убиец со кој се соочил досега – човек кој се храни со стравот на своите жртви и за кого смртта е лекција што мора да се научи.

    600,00 ден
    Додај во кошничка
  • Заветот на бившите

    Заветот на бившите

    0

    Поранешни љубовници се принудени да здружат сили за да ја спасат свадбата на својот најдобар пријател од низа неочекувани катастрофи.

    Џорџија живее според списоци. А најважен е оној со правилата за нејзиниот бивши, Илај Мора. Тие се едноставни: држи дистанца, не отворај стари рани и никогаш не заборавај зошто вашата љубов заврши. Токму тие правила им помогнале да го зачуваат мирот во нивното пријателство по нивното болно раскинување.

    Но сега, кога се наближува свадбата на нивниот најдобар пријател Адам, а тие треба да бидат кум и кума, Џорџија им потврда од своите правила повеќе од кога било. Не смее да дозволи чувствата што сè уште ги крие длабоко во себе да ја нарушат рамнотежата во нивното блиско друштво. Затоа ќе се држи до планот. Ќе остане смирена. Ќе држи дистанца. И по секоја цена ќе го избегнува Илај.

    Но, тој пристигнува во Њујорк како сосема поинаков човек – решен да не игра според старите правила повеќе. А кога луксузниот свадбен комплекс гори до темел и целиот план се распаѓа пред нив, Адам нема друг избор освен да им ја довери најважната задача токму ним. Заедно.

    И додека во живописната долина Напа се обидуваат да организираат совршена свадба, секој нов ден ги турка сè подалеку од минатото… и сè поблиску еден до друг. Па можеби, ако конечно се осмели да ги прекрши сопствените правила, ќе открие дека приказната што ја пишуваат не е продолжение на старата љубов што ја скршила… туку сосема нов почеток. И втора шанса за љубов за која вреди да се ризикува.

    590,00 ден
    Додај во кошничка
  • Прекрасно грдо

    Прекрасно грдо

    0

    Возбудлив и мрачен трилер за бракови и… одмазда.

    Најубавиот ден во животот на писателот Грејди Грин се претвора во најлошиот. Кога ѝ се јавува на сопругата Аби за да сподели возбудливи вести со неа, слуша како тоа ја запира колата на патот накај дома и излегува на студот. А потоа ништо. Кога најпосле ја наоѓа колата покрај работ на карпата со вклучени фарови и отворена возачка врата, забележува дека телефонот уште ѝ е внатре, но… неа никаде ја нема.

    По една година, Грејди уште е обзeмен од тага и болка и е очаен да дознае што ѝ се случило на Аби. Не може да спие, не може да пишува и животот му се распаѓа. Во обид да си го врати животот во колосек, ја прифаќа понудата на неговата агентка да отпатува на неколку месеци на шкотското островче Амберли за да пишува. Но таму го гледа невозможното – жена што личи исто како неговата сопруга.

    Жените мислат дека нивните мажи ќе се изроманат, но тие не се менуваат. Мажите мислат дека нивните жени нема да се изроманат, но тие се менуваат.

    570,00 ден
    Додај во кошничка