Џесика Џојс е американска авторка на современи романтични романи, позната по емотивни и карактерно ориентирани приказни во кои љубовта, пријателството, семејството и личното созревање имаат подеднаква важност. Нејзините книги се препознатливи по силната хемија меѓу ликовите, духовитиот дијалог и т.н. yearning — копнежот и емоционалната напнатост меѓу главните ликови. Таа е авторка на бестселерите Лето со ривалот и Заветот на бившите.