Филтер по цена
Жанр
Автори
  • Никогаш не се знае

    Никогаш не се знае

    5

    На триесет и три години, Сара Галагер конечно е среќна. Нејзиниот бизнис за реставрација на мебел цвета и верена е со прекрасен човек. Но има едно големо прашање што сe уште ја прогонува – кои се нејзините биолошки родители? Сара конечно е подготвена да дознае, бидејќи одамна знае дека е посвоена и копнее да дознае нешто повеќе за вистинските родители.

    Но некои прашања е подобро да останат неодговорени.

    Кога конечно ја наоѓа, нејзината биолошка мајка ја одбива – повторно. А има и голема причина за тоа. Сара дознава дека нејзиниот татко е сериски убиец кој убива жени секое лето скоро четириесет години наназад. Таа се обидува да се помири со своите ужасни корени, но почнува да се плаши дека има наследено нешто повеќе од физички изглед од него.

    И набрзо сфаќа дека има нешто полошо од тоа да дознаеш дека татко ти е сериски убиец, а тоа е тој да дознае за тебе.

    Никогаш не се знае е трилер што не се остава; приказна на жена која се обидува да дознае од каде потекнува. Но тоа е, се разбира, ако воопшто успее да преживее…

    – Од авторката на бестселерот Исчезната без трага –

    button-new

    420,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Продадена

    Продадена

    3

    Лакшими е тринаесетгодишно девојче кое заедно со своето семејство живее во мала колиба на планините во Непал.

    Иако се очајно сиромашни, животот на Лакшими е убав, среќен и исполнет со едноставни задоволства како прошетки низ планината, играње со нејзината најдобра пријателка и набљудување на момчето за кое е ветена да се омажи кога ќе порасне.

    Но кога безмилосниот хималајски монсун ќе ја уништи и онаа малку посеана земја која ја имаат и ќе ги остави без ништо, очувот на Лакшими вели дека таа мора да замине во градот и да помогне во издржување на семејството. Тој ја запознава со гламурозна жена од градот која ветува дека ќе ѝ најде работа како слугинка. Среќна што ќе може да му помогне на своето семејство, Лакшими го напушта Непал и пристигнува во „Куќата на среќата“ полна со надеж. Но таа многу брзо ќе ја дознае вистината: дека нејзиниот очув ја продал како бело робје директно во водите на проституцијата.

    Животот на Лакшими станува кошмар од кој не може да побегне. Таа попрво би умрела отколку да се продава на тој начин, но сфаќа дека не постои шанса да се спаси од тоа место додека не си го врати „долгот“, односно сумата која била платена за неа.

    Водена од зборовите на мајка си: „Самото издржување е триумф“, таа се обидува да продолжи со хоророт во кој се претвора нејзиниот живот и да издржи, да триумфира… па можеби еден ден, дури и да најде начин за да побегне оттаму…

    button-new

    350,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Рајот може да почека

    Рајот може да почека

    2

    Што би правел без тебе, Луси Браун?“ рече и ме бакна нежно. Го држев неговото лице и го бакнав и јас. Имав чувство дека животот не може да биде посовршен. И бев во право, немаше да биде. До крајот на следниот ден, ќе бидам мртва…

    Луси Браун е на прагот на исполнувањето на својот сон. Треба да се омажи со човекот на нејзиниот живот: прекрасниот, згодниот, забавниот Ден… Тие се совршен пар кој не може да дочека остатокот од животот да го помине заедно. Но, судбината на Луси е поинаква. Таа не ја дочекува свадбата бидејќи ден пред неа умира додека се обидува да го најде идеалниот подарок за Ден.

    Но чекајте, Луси има избор пред ескалаторот на Рајот. Да, таа може да одбере… Дали сака да оди во рајот и вечно да остане таму… или… сака да се врати на земјата како дух за да биде покрај својата сродна душа? Иако изборот е тежок, па што може проклетиот дух да прави на земјата, не може да живее како човек, Луси сепак одлучува дека не смее да замине пред да се увери дека Ден е добро и пред да му каже дека го сака… Одлуката е донесена, РАЈОТ МОЖЕ ДА ПОЧЕКА!

    button-new

    360,00 ден
    Прочитај повеќе