-
-31%
SUMMER ПАКЕТ за лето со искри
0Original price was: 1.890,00 ден.1.299,00 денCurrent price is: 1.299,00 ден.Промотивен SUMMER пакет со нашиот новитет „Индискретно“ и БЕСПЛАТНА ИСПОРАКА.
Три современи љубовни приказни исполнети со силна хемија, духовити препирања, неочекувани средби и љубов што доаѓа кога плановите ќе тргнат во сосема друга насока.
Во пакетот се:
• „Индискретно“ — Вај Киленд
• „Љубовен експеримент во Њујорк“ — Елена Армас
• „Книгољупци“ — Емили ХенриПакет за читатели што сакаат возрасни романси, самоуверени ликови, привлечност што тешко се игнорира и приказни со многу искри, емоции и незаборавни моменти.
* Редовната цена на овој пакет изнесува 1710 денари + 180 денари достава. Во рамки на оваа понуда остварувате 31% попуст.
-
-37%
SUMMER ПАКЕТ за лето со надеж
0Original price was: 1.890,00 ден.1.199,00 денCurrent price is: 1.199,00 ден.Промотивен SUMMER пакет со нашиот новитет „Оваа книга ме натера да помислам на тебе“ и БЕСПЛАТНА ИСПОРАКА.
Три емотивни љубовни приказни за вторите шанси, новите почетоци, љубовта што останува и храброста повторно да му се отвориме на животот.
Во пакетот се:
• „Оваа книга ме натера да помислам на тебе“ — Либи Пејџ
• „Кога повторно ќе се сретнеме“ — Ребека Јарос
• „Тутор“ — Сара АдамсПакет за читатели што сакаат нежни, топли и емотивни приказни што носат утеха, надеж и потсетник дека радоста може повторно да нè пронајде.
* Редовната цена на овој пакет изнесува 1710 денари + 180 денари достава. Во рамки на оваа понуда остварувате 37% попуст.
-
-10%
Индискретно
0Original price was: 550,00 ден.495,00 денCurrent price is: 495,00 ден.Тој е нејзиниот шеф. Таа е неговото најголемо искушение.
Првиот пат кога го запознав Доусон Рид, завршивме во ист кревет.
Проблемот беше во тоа што ниеден од нас не знаеше дека и другиот е таму.
Кога се разбудив среде ноќ и затекнав непознат маж покрај себе, инстинктот ми проработе и го нападнав натрапникот.
Само што тој воопшто не беше натрапник.
И Доусон ја имал изнајмено истата куќичка. Очигледно, грешка во системот овозможила двојна резервација.
Набргу дознавме дека сме во градот поради истата свадба — и дека Доусон е токму оној девер за кој ме предупредија. Беше висок, темен и неверојатно згоден, баш како што ми го опиша најдобрата пријателка. Но таа беше во право и кога рече дека ќе се мразиме.
Кога се раздени, Доусон и јас се обидовме да го расчистиме хаосот во кој се најдовме. Но тоа се покажа многу потешко отколку што очекувавме. Поради празничниот викенд, немаше ниту една слободна соба во радиус од повеќе од осумдесет километри.
Претпоставувам дека има и полоши нешта од тоа да делиш куќичка цел викенд со згоден маж што не го поднесуваш.
На пример, подоцна да откриеш дека токму тој е твојот нов шеф.
Индискретно од Вај Киленд е духовита и експлицитна романса што започнува лесно и разиграно, но зад самоувереноста и силната хемија се кријат вина, загуба и нешта што не се кажуваат лесно — дури ни на личноста во која почнуваш да се вљубуваш.
-
-10%
Оваа книга ме натера да помислам на тебе
0Original price was: 570,00 ден.513,00 денCurrent price is: 513,00 ден.Тили Најтингејл е вчудовидена кога од локалната книжарница ѝ се јавуваат да ѝ кажат дека кај нив ја чека роденденски подарок од нејзиниот сопруг. Делумно зашто не се сеќава кога последен пат читала книга од задоволство, а главно зашто Џо е починат веќе пет месеци.
Кога оди да го подигне подарокот, Алфи, сопственикот на книжарницата, со топол и љубезен поглед, ѝ ја објаснува замислата на Џо. На секој први од месецот, Тили ќе добива по една книга со рачно напишано писмо од Џо. Така тој ќе се обиде да ѝ помогне да ја сврти страницата на нејзината прва година без него.
Отпрвин, Тили не може да си замисли да се задлабочи во фиктивниот свет, но нежните зборови на Џо ја поттикнуваат да се обиде. И имал право. Наскоро Тили не може да ги испушти книгите од раце и ново поглавје од нејзиниот живот почнува да се испишува. Посетите на книжарницата и длабоките и искрени разговори со Алфи ѝ ја нудат потребната утеха, но и ја охрабруваат да се впушти во авантури поттикнати од книгите на Џо, кои ќе ја однесат на разни места низ светот и ќе ѝ донесат многу нови искуства и пријателства.
Годината исполнета со книги и чуда ќе ѝ овозможи на Тили одново да му се радува на животот и на новите можности, а можеби дури и на љубовта.
-
-36%
SUMMER ПАКЕТ НЕФИКЦИЈА со бесплатна испорака
0Original price was: 1.560,00 ден.999,00 денCurrent price is: 999,00 ден.Летен пакет за нов почеток
Три книги за нов однос кон себе, парите, целите и животот што сакате да го создадете.
Во пакетот се:
• „Манифестирај“ — Рокси Нафуси
• „Лесни пари“ — Луис Хаус
• „Тајните на милионерскиот ум“ — Т. Харв ЕкерПакет за лето со повеќе јасност, храброст, финансиска свесност и идеи што можат да станат почеток на вистинска промена.
* Редовната цена на овој пакет изнесува 1380 денари + 180 денари достава. Во рамки на оваа понуда остварувате 36% попуст.
-
-30%
SUMMER ПАКЕТ ТРИЛЕРИ со бесплатна испорака
0Original price was: 1.860,00 ден.1.299,00 денCurrent price is: 1.299,00 ден.Летен пакет за адреналински ноќи
Три мрачни и напнати приказни со убиства, опсесии, опасни откритија и пресврти што не оставаат простор за мирно читање.
Во пакетот се:
• „Запишано со крв“ — Крис Картер
• „Те сака мама“ — Илијана Зендер
• „Дечкото“ — Фрида МекфаденПакет за читатели што сакаат напнатост, потемна атмосфера и ноќи со „само уште едно поглавје“.
* Редовната цена на овој пакет изнесува 1680 денари + 180 денари достава. Во рамки на оваа понуда остварувате 30% попуст.
-
-33%
SUMMER ПАКЕТ ДРАМИ со бесплатна испорака
0Original price was: 1.870,00 ден.1.249,00 денCurrent price is: 1.249,00 ден.Летен пакет за лето со душа
Три емотивни приказни за семејни врски, стари тајни, љубов, загуби и избори што го менуваат животот.
Во пакетот се:
• „Сестрите“ — Кристин Хана
• „Кревки нешта“ — Сузан Мајснер
• „Проколната земја“ — Клер Лесли ХолПакет за читатели што сакаат книги со силни ликови, длабоки чувства и приказни што остануваат со нив долго по последната страница.
* Редовната цена на овој пакет изнесува 1690 денари + 180 денари достава. Во рамки на оваа понуда остварувате 33% попуст.
-
-36%
SUMMER ПАКЕТ ПСИХОТРИЛЕРИ со бесплатна испорака
0Original price was: 1.870,00 ден.1.199,00 денCurrent price is: 1.199,00 ден.Летен пакет за возбудливо лето
Три трилери исполнети со опасни тајни, сомнежи, психолошки игри и прашања на кои ништо не дава едноставен одговор.
Во пакетот се:
• „Судирот“ — Фрида Мекфаден
• „Сопругата на мојот сопруг“ — Алиса Фини
• „Тој и таа“ — Алиса ФиниПакет за летни денови и ноќи кога сакате книга што брзо ве вовлекува и постојано ве тера да се сомневате во сè.
* Редовната цена на овој пакет изнесува 1690 денари + 180 денари достава. Во рамки на оваа понуда остварувате 36% попуст.
-
-17%
Тео од Голден
0Original price was: 600,00 ден.499,00 денCurrent price is: 499,00 ден.Едно пролетно утро, туѓинец пристигнува во малиот јужњачки град, Голден. Никој не знае од каде доаѓа, ниту пак зошто се доселил токму во нивното гратче. Неговото име е Тео.
Овој тивок, љубопитен и бескрајно мил старец го посетува локалното кафуле во кое се изложени деведесет и два портрети на жителите од Голден изработени од локалниот уметник. Тој ги купува и еден по еден им ги подарува на нивните вистински сопственици.
Со секое дарување се расплетува чудесна приказна, се раѓа пријателство, од корен се менува живот.
Жителите се спријателуваат со таинствениот старец, кој не е незапознаен со тагата и загубата, но останува прашањето – кој е Тео и зошто е тука?
„Тео од Голден“ е приказна за моќта на великодушноста и за невидливите нишки љубезност што нè поврзуваат едни со други. Приказна што нè потсетува дека и најмалиот чин на добрина може да промени живот… дури и цел град.
-
-25%
Вистината помеѓу нас
0Original price was: 400,00 ден.299,00 денCurrent price is: 299,00 ден.Постои љубов што те спасува. Постои и љубов што те уништува. А онаа најопасната ги прави и едното и другото истовремено.
Тара Орлова преживува. Тоа е она што го прави целиот свој живот – работи бескрајни смени, ја носи тежината на својата мајка алкохоличар, тоне во долгови, сонува за нормален и мирен живот кој се чини дека постојано ѝ е далеку од досег.
Каин Кос има сѐ. Пари, име, моќ. И темнина во него што не се скротува со ниту една привилегија на животот.
Кога судбината ги спојува во сенките на Москва, она што почнува како необична конекција се претвора во нешто што ниеден од нив не може да го контролира – ниту пак да го преживее без да се промени. Затоа што Каин бие тајна битка да ја сруши корумпираната империја на неговото семејство. И колку повеќе Тара се доближува до неговиот свет, толку повеќе сфаќа дека кога лагите се валута, а довербата оружје – љубовта може да биде најопасниот ризик.
Две скршени души мора да решат дали вистината помеѓу нив вреди за цената што треба да се плати.
-
-27%
Оставена пред олтарот
0Original price was: 550,00 ден.399,00 денCurrent price is: 399,00 ден.Животот на Слоун Карик се врти околу љубовните приказни и среќните краеви. Таа е новинар што пишува за венчавки за списанието во кое работи и од мала верува во нивната магија – сè додека свршеникот не ја остави пред олтарот.
Сега секоја црква, секој завет, секоја прослава ја потсетува на животот што го изгуби. Заколнувајќи се дека никогаш повеќе нема да љуби, Слоун се посветува целосно на работата, но една работна обврска ја спојува со последниот маж што ѝ е потребен во моментот: шармантниот, арогантен и неподносливо неодолив Вајлдер Хејс.
Украдените погледи и забавното препирање набрзо се претвораат во нешто подлабоко. Доколку си дозволи да љуби, ризикува сè, а Слоун не е сигурна дали е доволно силна да преживее уште едно разочарување.
Сепак Вајлдер можеби вреди за ризикот. Бидејќи понекогаш, љубовта не влегува во твојот живот кога си подготвен… туку кога најмногу ти е потребна.
-
-27%
Кревки нешта
0Original price was: 550,00 ден.399,00 денCurrent price is: 399,00 ден.Април, 1906 година. Разорувачки земјотрес го тресе Сан Франциско токму пред изгрејсонце исплукувајќи го пеколот на површината на земјата. Многу животи згаснуваат, но некои се раѓаат од пепелта засекогаш променети.
Софи Вејлен, млада ирска имигрантка, е очајна да се спаси од мачниот живот во Њујорк, па одговара на огласот за невеста во весникот и се согласува да се омажи со маж што не го познава. Вдовецот Мартин Хокинг е занесно згоден и има неверојатни очи, но е воздржан и многу често патува по работа. Петгодишната ќеркичка на Мартин, Кет, веднаш ѝ го освојува срцето на Софи, но чудното однесување на новиот сопруг ѝ разгорува сомнеж дека нешто не е како што треба во нејзиниот нов живот.
Животите им се менуваат една ранопролетна вечер кога непозната личност им се појавува на врата. Судбините им се испреплетуваат вечерта пред ужасниот земјотрес впуштајќи ги на опасно патување на кое ќе ги откријат својата сила и сознанието дека љубовта умее да го победи стравот.
„Кревки нешта“ е емотивна приказна за силата на мајчината љубов, женската солидарност и пријателствата.
-
-13%
Луција
0Original price was: 380,00 ден.329,00 денCurrent price is: 329,00 ден.Луција има сè во животот – стабилен брак, успешна кариера и обично секојдневие. Но некаде помеѓу очекувањата и обврските, го има изгубено единственото нешто што не може да го замени – себеси.
Кога возбудливата порака од дамнешната младешка љубов ѝ ја напукнува површината на нејзиниот контролиран свет, Луција е вовлечена во тивка, но моќна внатрешна бура. Бура што ја тера да се запраша дали го живее животот што го посакувала.
Додека сомнежите ја јадат, а страста ја растреперува и буди, Луција наоѓа неочекувано, а сепак толку едноставно прибежиште во… мирисот на лавандата. Тој ја потсетува на чувството што не смее повторно да го занемари.
„Луција“ е интимен портрет на една жена; приказна за копнежот, храброста да се направи различен избор и новите животни почетоци. -
-15%
Вети ми
0Original price was: 350,00 ден.299,00 денCurrent price is: 299,00 ден.„Вети ми“ е сликовница за нештата кои не смеат да бидат заборавени, без оглед на тоа колку време ќе мине: топлината на прегратката во која мајката го држи своето новороденче, гласната смеа од која се затресува целото детско телце, начинот на кој малото детско раче секогаш ја наоѓа мајчината дланка – со комплетна доверба чија убавина погодува в срце. Но и за тоа колку брзо, речиси неправедно, минува сето тоа.
Оваа сликовница не се обидува да ја спречи таа неизбежност – таа знае дека времето е непобедливо. Наместо тоа, нежно моли: „Само вети ми дека ќе се сеќаваш… и дека ќе се враќаш кај мене секогаш.”
И токму во таа нежност, токму во тоа тивко молење, лежи моќта на оваа книга.
Приказна која децата ќе ја обожаваат, а мајките ќе ја читаат со кнедла во грлото.
-
-21%
Запишано со крв (Robert Hunter #11)
0Original price was: 570,00 ден.448,00 денCurrent price is: 448,00 ден.Ако тој ти го запише името, тогаш тоа е смртна казна…
Лос Анџелес, 5 декември – само неколку недели пред Божиќ. Анџела Вуд, експертот за џебни кражби, штотуку завршува со „работата“ за денес – 687 долари – не е лошо за нешто помалку од петнаесет минути работа.
Додека прославува за профитабилниот ден со коктел, вниманието ѝ го привлекува еден од гостите во локалот, кој е многу дрзок кон друг постар човек. Анџела решава да му одржи лекција, па му ја краде кожната чанта, која делува мошне скапо.
Но внатре нема пари… нема лаптоп… ништо вредно. Барем не за Анџела. Само црн нотес со кожни корици, изненадувачки тежок. Љубопитноста ја совладува, па во мирот на својот дом, Анџела почнува набрзина да го прелистува.
И тогаш започнува најголемиот кошмар во нејзиниот живот.
Ова не е обичен нотес.
Ова е нешто што се чита само на свој ризик и одговорност. -
-24%
Вистински бои
0Original price was: 590,00 ден.448,00 денCurrent price is: 448,00 ден.Сестрите Греј отсекогаш биле блиски, но по смртта на мајка им стануваат и најдобри другарки. За жал, на нивниот строг татко поважна му е репутацијата одошто сопствените деца и, години подоцна, тој сè уште бара од нив да ја одржуваат неговата позиција во општеството.
Винона, најстарата, има најголема потреба од татковото одобрување. Таа никогаш не се чувствувала пријатно и вистински дома на ранчот што е во сопственост на семејството три поколенија. Знае дека не ги поседува квалитетите што татко ѝ ги цени, но, како најдобар адвокат во градот, решена е еден ден да му ја докаже својата вредност.
Аурора, средната сестра, е миротворецот во семејството. Таа ги смирува сите кавги и се обидува да ги усреќи сите, истовремено криејќи ја својата болка.
Виви Ен е неоспорната ѕвезда во семејството. Занесна убавица, сонувачка со срце од злато, таа е обожавана од сите. Сѐ ѝ оди од рака, сè додека во градот не се појави еден туѓинец.
За миг, сè се менува. Сестрите Греј застануваат една против друга на начини на кои ниедна од нив не си замислувала. Лојалноста им е ставена на тест, се разоткриваат стари тајни, а шокантното убиство ќе ги потресе и семејството и целиот град.
Емотивна приказна каква што само Кристин Хана умее да напише, „Вистински бои“ е незаборавен роман за сестринските врски, искупувањето, прошката, а најмногу за тоа што значи да се биде семејство.