7. За млади (Young Adult) (52)

Showing 33–48 of 52 results

Подреди:
  • img-book

    Последен училиштен ден, ден пред зимскиот распуст. Родителите планираат романтичен викенд. Берглјот се радува што ќе може да излезе со симпатијата, а потоа да преспие кај најдобрата другарка надолго да си разговара со неа, додека братчето Браги смислува како ќе го помине времето кај своето другарче… Но ненадејно мајка им добива голем правен случај што не може да го одбие и пропаѓаат сите убави планови. Лути и смуртени, Берглјот и Браги заминуваат со татко им на одмор во планинската куќичка, а мајка им останува дома…
    Никој од нив не може ни да претпостави дека тоа ќе им биде најнеобичниот – и најкрвавиот зимски одмор во животот. Денови исполнети со страв, студ и бегање пред опасноста што се надвиснува над нив, заробени од една вонземна канибалистичка цивилизација што се заканува целосно да ги уништи…

    Брутално реалистична хорор приказна… Страшно возбудлива и одлично напишана книга која просто се голта…Хелга Биргисдотир, Хуграс


    ЗИМСКИ РАСПУСТ од: 350 ден
  • img-book

    – Кој си ти?
    – Јас?! Мене ме прашувате
    – Да, тебе.
    – Какво прашање! Па јас сум момчето Молња!
    – Што бараш меѓу кориците на оваа книга?
    – Овде сум за да ви раскажувам.
    – Што ќе ни раскажуваш?
    – За себе, за… Е, многу сте љубопитни!
    – Кажи ни, кажи ни!
    – Прочитајте ја книгава и сè ќе дознаете.
    – Да не е здодевна?
    – Мислам дека не е. Но почнете и сами уверете се.

    Има одвај десет години, духовит е, шармантен, чувствителен, прониклив, љубопитен, со бујна фантазија и со авантуристички дух. Таков е и неговиот роман – засмева, растажува, замислува. Забавнаи возбудлива е дружбата со него. Јунаците, местата и настаните се автентични, нема случајни сличности. Раскажувајќи ја својата вистинска приказна, момчето Молња извикува:

    – Еј, мајки и татковци, баби и дедовци, внимание ,молам! И ние вас ве растеме додека пораснуваме. Сте забележале? Да? Не? Можеби? Проверете. Ако внимателно нè погледнете, и себе појасно ќе се видите. Така полесно ќе се разбираме.

    Момчето Молња, роман за деца и за родители, од авторката на Каменот од Твојот ден (Рациново признание за 2005), Индиго Бомбај (Роман на годината на „Утрински весник“ за 2008), Дрско црвен кармин…


    МОМЧЕТО МОЛЊА од: 300 ден
  • img-book

    Им се восхитувам на децата што имаат разбирање за возрасните, а ги почитувам возрасните што ги разбираат децата и умеат да ги (про)читаат книгите за деца. Оваа што ја држите в раце им е наменета и на едните и на другите. – Авторката

    Кој е мистериозниот Игбал? Зошто животот на Бреза, откако ќе го сретне, станува двоен? Едниот вообичаен, како на врсниците на прагот од деца кон младинци. Другиот, што го минува насамо со Игбал, магично волшебен како возбудлива, чудесна авантура. Која е причината што Бреза него го чува во длабока тајност? Еден ден добива писмо од далечниот Кашмир. Загатката продолжува.

    Игбал, мојата тајна од авторката на романот за деца Момчето Молња и на шест книги за возрасни, меѓу кои наградените романи Каменот од Твојот ден – хималајска приказна, Индиго Бомбај и Манастир Фуентерабија.


  • img-book

    Стаклените деца е првиот роман за деца на Кристина Улсон, една од најистакнатите авторки на криминалистички романи во Шведска, која својата вештина за создавање на мистерии и трилер-атмосфера успешно ја адаптира и за помладата публика.

    Возбудливата и интригантна приказна се одвива околу низа мистични работи што се случуваат во новиот дом на Били и нејзината мајка. Се чини како куќата да не сака тие да живеат таму. Заедно со своите пријатели Симона и Аладин, Били почнува да ја истражува темната историја на куќата. Сè додека една ноќ не ја разбуди тропање на нејзиниот прозорец…
    Колку повеќе истражува, толку станува посигурна дека мора да ја напуштат куќата, и тоа колку што е можно побрзо, пред да се случи нешто страшно. Пред да биде предоцна…

    „Стаклените деца“ е добитник на шведската Награда за роман за деца во 2013 година, како и на наградата на Шведското радио за најдобра книга за читатели од 9 до 12-годишна возраст.


    СТАКЛЕНИТЕ ДЕЦА од: 350 ден
  • img-book

    Анселмо не само што го менува животот на Грета, туку може да создава и чуда. Всушност, може сè додека не си признае дека е вљубен во тоа необично девојче на велосипед. Кога љубовта ќе ги огрее двете млади срца, тој веќе не може во облакот да ги види знаците на судбината. Што ќе избере – љубовта или небото?


    Воздух од: 180 ден
  • img-book

    Чудовиштето доаѓа во времето на необичните суштества, неколку минути по полноќ. Но Конор воопшто не се плаши од она што се појавува пред неговата куќа. Тој го очекува чудовиштето од своите кошмари преполни со темнина и ветар, она кое го измачува речиси секоја ноќ. Чудовиштето што доаѓа кај него е древно, диво, чудесно, тоа знае да раскажува приказни и од Конор го бара најопасното – ја бара вистината… Истовремено мрачен и длабоко човечки роман за загубата, семејството, тагата и созревањето, роман за реалните и имагинарните чудовишта со кои се соочуваме сите ние – и децата и возрасните. Токму поради тоа, во овој роман наменет за младите читатели еднакво ќе уживаат и сите кои некогаш биле млади.

    „Моќна модерна бајка за надежта и тагата, која ќе ги трогне читателите со својата емотивност и едноставност.“ Publishers Weekly

    „Чудовиштето доаѓа е ремек-дело во современата литература. Роман кој ќе ги научи младите читатели дека умешноста на книжевноста се состои во тоа да се преплетуваат солзите и насмевките.“ The Guardian


  • img-book

    Оваа книга е наменета за девојчињата и девојките од 9 до 19 години. Во неа станува збор за промените кои се случуваат во пубертетот и за одржувањето на хигиената и негата на лицето и телото. Девојчињата и девојките ќе дознаат од оваа книга како да се шминкаат и дотеруваат, како да вежбаат и правилно да се хранат, што ќе им помогне да живеат здраво и да се чувствуваат добро.


  • img-book

    Романтичен и симпатичен роман на еден од најпродаваните автори на „Њујорк тајмс“.

    Лара Џин ги чува сите нејзини љубовни писма во една шапка-цилиндар, која ѝ ја дала мајка ѝ. Тоа не се љубовни писма што некој друг ги напишал за неа; туку се оние што таа ги има напишано.
    Едно за секое момче што некогаш го сакала ‒ пет за сите.
    Кога пишува, таа го отвора свое то срце и душа и ги кажува сите работи што никогаш нема да им ги каже во реалниот живот бидејќи нејзините писма се само за нејзините очи. Сè додека не дојде денот кога нејзините тајни писма ќе бидат испратени, и, одеднаш, љубовниот живот на Лара Џин се менува од имагинарен до реален и излегува надвор од контрола.


  • img-book

    Момчето Гашпер, вљубеник во Интернет и во хорор-филмовите, само уште малку не ќе смее да ги гледа филмовите за 12+. Тој живее со мајка си Мајда, која го напуштила сонот да стане сликарка,  и таткото Јоже, кој сè почесто отсуствува од дома, што предизвикува бурни кавги… Него почнува да го копка чудното (не)расположение на мајка му, па почнува да пребарува на Интернет и доаѓа до сознанието дека ќе стане популарен во училиште ако дознаат дека мајка му се дрогира… Но дали не се работи за нешто друго?

    Гашпер си има и други проблеми. Соученичката Тина го избегнува во училиште и сака да разговараат само по Скајп. Го прогонуваат и го исмеваат тројцата школски насилници. А најдобриот другар Марко е готов да го предаде за да се спаси од нив… Текот на овие секојдневни настани е прекинат од жестоката караница на родителите, ненадејното исчезнување на мајка му и посетатата кај чудниот Макс… Одеднаш, животот на Гашпер почнува да добива друга димензија!


    КАКО ВО ФИЛМ од: 340 ден
  • img-book

    Надежната дизајнерка Лола Нолан не верува во мода… таа верува во костим. Колку поизразита облека – посјајна, позабавна, полуда – тоа подобро. И животот, во тој свет на Лола, особено со нејзиниот дечко, сексипилниот рокер, е скоро совршен. Така и е, се додека во нејзиното соседство не се вратат ужасните близнаци Бел, Калиопи и Крикет и не го откопаат болното и навредливо минато за кое Лола мислеше дека е одамна закопано…


  • img-book

    Додека скита со мислите на часот по хемија, Лили ќе начкраба неколку стихови од нејзината омилена песна на клупата. Следниот ден открива дека некој ги продолжил стиховите на клупата и допишал порака за неа. Интригантно!

    Наскоро, Лили и нејзиниот анонимен пишувач почнуваат да разменуваат писменца – споделуваат тајни, си препорачуваат бендови и се отвораат еден со друг. Лили сфаќа дека почнува да се вљубува во пишувачот на писменцата. Само, кој е тој? Додека Лили се обидува да ја разоткрие мистеријата и истовремено се справува и со училиштето, пријателите, симпатиите и нејзиното откачено семејство, таа открива дека срцето понекогаш не избира во кого ќе се вљуби…

    Кејси Вест внесува една неодолива духовитост, топлина и енергија во оваа забавна и весела приказна за љубов што се појавува тогаш и таму кога најмалку ја очекувате.


  • img-book

    Луна знае многу за венчавките – но малку за љубовта.

    Откако минала многу лета работејќи за мајка ѝ, која се занимава со организирање венчавки, Луна видела секаков тип венчавки: од неформални, на плажа, до елегантни, во огромни историски куќи. Се соочила со разни кризни ситуации: невести кои избегале, деверици кои сакале да бидат во центарот на вниманието, младоженци кои сакале сè да биде по нивно. И го видела исходот од секоја совршена венчавка.

    Можеби затоа Луна е толку цинична кога се работи за среќни краеви, особено поради тоа што нејзината идилична прва љубовна приказна завршува трагично. Па, кога згодниот, весел женкар Амброз ќе се појави во нејзиниот живот, Луна нема да го сфати сериозно. Тој е сигурен дека може да се промени. Луна се обложува дека не може. Но, Амброз мрази да не го добива она што го сака, а Луна е девојката која ја чекал целиот живот.

    Интересен, нежен и пенлив како шампањ, романот на Сара Десен е слатко задоволство.


    Еднаш засекогаш од: 450 ден
  • img-book

    На последниот училиштен ден, Френки Џонс може да очекува долго, топло, здодевно лето во коешто ќе може да другарува само со нејзината гитара. Но ненадејно…
    Френки добива шанса да замине за Лондон. Сака да оди, но ова патување значи и повторна средба со Џек – момчето кое ѝ го скрши срцето. Дали им претстои обновување на романсата? Или конечно Френки ќе докаже дека може да го преболи?
    Татко ѝ на Френки ја поканува да го помине распустот со него на плажа. Но набрзо таа дознава дека на патувањето треба да се придружат и новата девојка на татко ѝ и нејзината ќерка Ели. Френки се разочарува. Дали ќе успее воопшто да помине време со татко ѝ или ќе мора постојано да е со Ели, нејзината нова (не)пријателка.
    Во оваа приказна од типот„одбери ја својата патека“, ВИЕ сте одговорни за одлуките на Френки и од вас зависи како ќе заврши оваа приказна. Следете го срцето до крајот или вратете се и одберете поинаков пат.


  • img-book

    Добрата страна?! Добра е и има нов мобилен, па конечно може да зборува со сите преку HeartBits.

    17:05

    Лошата страна?! Не се сеќава на трите дена што и претходат на несреќата. Што ли се случило за време на тие денови? Кој ли е тој Феникс кој не престанува да и пишува пораки? И зошто секогаш кога Елија ќе помисли на она што можела да го заборави… чувствува дека и недостига воздух.

    17:06


    Отчукувања од: 300 ден
  • img-book

    Ќе успее ли Ана да пронајде љубов во градот на светлината? Ана е среќна во Атланта. Има лојална, најдобра другарка и е вљубена во колегата со кој работи во киното. Тој само што почна да ја забележува. Така што, не е многу одушевена кога татко ѝ решава да ја прати во интернат во Париз за таму да ја помине последната учебна година. Но, иако Ана воопшто не зборува француски, таа запознава неколку суперлуѓе, вклучувајќи го и згодниот Етјен Сент Клер, кој набрзо станува нејзин најдобар пријател. За жал, има девојка – а, можеби и Ана има момче. Дали годината преполна со романтични недоразбирања ќе заврши со францускиот бакнеж на кој Ана се надева?


  • img-book

    Ти и јас од: 500 ден