-
Не е таа
0570,00 денКорти Греј со душа го чека одморот со семејството во живописното одморалиште покрај езерото и можноста повторно да ја врати блискоста со своите најмили. Но едно утро, страшен вресок од соседната викендичка го нарушува идиличниот мир и го претвора семејниот одмор во вистински кошмар. Нејзиниот брат и неговата сопруга се пронајдени мртви, нивната ќерка Рис е исчезната без трага, а синот Бајат спие на горниот кат, неподвижен.
Што навистина се случило таа ноќ? Каде исчезнала Рис? И дали е можно девојчето да не е жртва, туку убиец?
Кога полицијата ја започнува истрагата во навидум спокојното одморалиште, вознемирувачки тајни испливуваат на површина, разоткривајќи цела мрежа од лаги, премолчени вистини и семејни предавства. Корти одеднаш почнува да се сомнева во сè што мислела дека знае за своите најблиски. А колку повеќе напредува истрагата, толку потешко ѝ е да разликува кој ја кажува вистината, а кој очајно се обидува да ја скрие.
Секој има своја приказна. Секој крие по нешто. И секој може да биде виновен.
Додека внимателно изградената фасада на совршеното семејство полека се рони, Корти сфаќа дека некои тајни се многу поопасни отколку што можела да замисли. Зашто зад идиличната слика на езерото се крие нешто злокобно, а вистината за она што се случило е поужасна од сè што некој би можел да претпостави.
-
Разводот
0570,00 денНаоми Рот мисли дека има сè: среќен брак, прекрасен дом и семејство што го обожава. Но тогаш, речиси преку ноќ, Џереми ѝ соопштува дека сака развод.
Ја иселува од нивниот дом, го презема управувањето со парите и многу брзо станува јасно дека во неговиот живот веќе има друга жена – младата, убава и навидум совршена Вероника.
Додека адвокатите се подготвуваат за битка, а нејзиниот живот се распаѓа пред нејзини очи, Наоми одбива едноставно да се тргне настрана. Убедена е дека Џереми не е човекот што неодамна би уништил сè што изградиле заедно. А колку повеќе дознава за Вероника, толку посилно чувствува дека нешто не е во ред.
Она што почнува како сомнеж, брзо прераснува во опсесија. Наоми е решена да ја открие вистината и да го спаси своето семејство – без разлика колку далеку ќе мора да оди.
Но во бракот, како и во разводот, никогаш не ја знаете целата приказна.
-
-10%
Драга Деби
0Original price was: 570,00 ден.513,00 денCurrent price is: 513,00 ден.Деби Мулен во својата колумна „Драга Деби“ со години ги советува сопругите од Нова Англија кои од неа бараат сочувство и решение за нивните секојдневни проблеми. Преку својата работа таа има контакт со безброј жени чии мажи ги игнорираат, запоставуваат, па дури и малтретираат и секогаш се обидува да им помогне.
Но во последно време, животот ѝ излегува од контрола. Ја губи работата во весникот, нешто невообичаено се случува со нејзините керки тинејџерки, а сопругот постојано ѝ крие тајни. На Деби ѝ доаѓа преку глава. Повеќе не сака да биде разумна и практична – време е да си го послуша сопствениот совет.
Време е да им се одмазди на сите луѓе во нејзиниот живот што го заслужуваат тоа.
Неверојатен трилер што ни открива што се случува кога жена најпосле ќе ја земе правдата во свои раце.
-
-10%
Ониксна бура (The Empyrean #3)
0Original price was: 990,00 ден.891,00 денCurrent price is: 891,00 ден.По речиси осумнаесет месеци поминати во воениот колеџ „Басгијат“, Вајолет Соренгејл знае дека времето за предавања истече. Повеќе нема време ниту за колебање. Битката навистина е започната, непријателот ги опкружил од сите страни и невозможно е да знаат кому можат да му веруваат.
Вајолет мора да замине од Континентот во потрага по сојузници во непознатите земји. Патувањето ќе ѝ ги стави на испит умот, среќата и силата, но таа ќе направи сè за да ги спаси оние што ги сака – своите змејови, семејството, домот и него.
Дури и ако тоа значи да чува тајна што би можела сите да ги уништи.
Потребна им е војска.Потребна им е моќ. Потребна им е магија. И потребно им е она што само Вајолет може да го пронајде – вистината.
Надоаѓа бура… но нејзината жестокост нема сите да ја преживеат.
-
-10%
Нека остане во семејството
0Original price was: 570,00 ден.513,00 денCurrent price is: 513,00 ден.Миа и Фин ја реновираат старата, запуштена куќа што треба да стане нивниот дом од соништата. А кога Миа неочекувано останува бремена, се чини дека животот конечно почнува да се одвива онака како што отсекогаш посакувале.
Но непосредно пред да се вселат, Миа открива морничава порака врежана во една лајсна:
ЌЕ ТИ СПАСАМ ОД ТАВАНОТ.
Трагата ги води до ужасно откритие што со децении било скриено меѓу ѕидовите на куќата.
По раѓањето на нивното бебе, Миа не може да го заборави она што го видела. Опседната со потребата да дознае што навистина се случувало во нивниот дом, почнува да копа по неговото мрачно минато. Но колку повеќе тајни открива, толку повеќе се оддалечува од Фин – и толку поблиску доаѓа до вистина што некој очајнички сака да остане закопана.
Миа е подготвена на сè за да го заштити своето семејство. Но што ако најголемата опасност не останала во минатото – туку сè уште живее меѓу нив?
-
-10%
Љубов на радио
0Original price was: 600,00 ден.540,00 денCurrent price is: 540,00 ден.Безнадежна романтичарка и разочаран радиоводител во топла љубовна приказна инспирирана од Sleepless in Seattle.
Ејдан Валентајн има една мала тајна: тој повеќе не верува во љубов. А кога си водител на љубовна радиоемисија, тоа е прилично голем проблем. Но кога едно девојче се јавува во живо барајќи совет како да ѝ најде момче на својата мајка, разговорот станува вирален, а Ејдан и неговата емисија се наоѓаат во центарот на вниманието прекуноќ.
Луси Стоун смета дека ѝ оди сосема добро и без љубов. Има добра работа, прекрасно семејство и паметна, досетлива ќерка. Но кога нејзиниот непостоечки љубовен живот одеднаш станува тема на разговор низ цел Балтимор, Луси почнува да се прашува дали навистина е толку среќна колку што мисли. Можеби во нејзиниот живот сепак има место за малку романса.
Сите сакаат Луси да го добие својот среќен крај – дури и згодниот, намуртен маж зад микрофонот кој ги влече конците. Но додека радиото се обидува да ѝ го пронајде совршениот маж, таа почнува да чувствува нешто сосема неочекувано кон човекот зад микрофонот.
Сега останува само едно прашање: дали Луси ќе го избере среќниот крај што радиото го создава за неа… или мажот со слушалките покрај неа?
-
-10%
Четвртиот мајмун
0Original price was: 600,00 ден.540,00 денCurrent price is: 540,00 ден.Повеќе од пет години, убиецот Четвртиот мајмун ги тероризира граѓаните на Чикаго. Убиени се седум девојки, а полицијата никако не може да го открие идентитетот на убиецот и да го изведе пред лицето на правдата. Но едно е сигурно: жртвите не се избирани случајно – сите плаќаат со својата смрт за гревовите на своите родители.
Еден ден се случува пресврт – во сообраќајна несреќа загинува маж до чие безживотно тело истражителите наоѓаат кутија со порака од убиецот Четвртиот мајмун. Бил на пат да ја достави пратката што докажува дека убиецот зел нова жртва, којашто можеби сè уште е жива…
Сем Портер, главниот детектив задолжен за случајот, го пронаоѓа личниот дневник на серискиот убиец во џебот на загинатиот и му навлегува во изопачениот ум на психопатот со надеж дека ќе успее да му влезе во трагата и да ја најде девојката жива.
Времето истекува, а убиецот Четвртиот мајмун си игра со полицијата и жртвите дури и по смртта.

-
-10%
Џенесис (Robert Hunter #12)
0Original price was: 600,00 ден.540,00 денCurrent price is: 540,00 ден.УБИСТВО КАКВО ШТО ДОСЕГА НЕ ВИДЕЛ.
УБИЕЦ ПОИЗОПАЧЕН ОД СИТЕ СО КОИ СЕ СООЧИЛ.
СЛУЧАЈ ШТО ЌЕ ГО СТАВИ НА НАЈТЕШКИОТ ИСПИТ.
ДАЛИ ХАНТЕР КОНЕЧНО НАИДУВА НА ДОСТОЕН ПРОТИВНИК?„Верувате ли дека постои Ѓаволот, детективе?“ го прашува полицаецот од другата страна на линијата. „Зашто ако не верувате… сигурен сум дека ќе поверувате штом ќе пристигнете овде.“
Роберт Хантер го повикуваат на најбруталното место на злосторството што го видел во својата кариера. Но обдукцијата открива нешто уште пострашно: во телото на жртвата убиецот оставил стихови.
Набргу потоа пронаоѓаат уште едно тело. Начинот на убиството и потписот на убиецот се различни, но нивото на насилство укажува дека зад двете злосторства стои истиот човек. А кога во телото на втората жртва го пронаоѓаат продолжението на стиховите, најмрачните сомнежи на Хантер се потврдуваат.
Откритието не само што ги поврзува двете убиства. Тоа открива дека се дело на сериски убиец.
Без ниту една форензичка трага што би го одвела до сторителот, Хантер мора да го пронајде најдисциплинираниот и најметодичниот убиец со кој се соочил досега – човек кој се храни со стравот на своите жртви и за кого смртта е лекција што мора да се научи.
-
Оваа книга ме натера да помислам на тебе
0570,00 денТили Најтингејл е вчудовидена кога од локалната книжарница ѝ се јавуваат да ѝ кажат дека кај нив ја чека роденденски подарок од нејзиниот сопруг. Делумно зашто не се сеќава кога последен пат читала книга од задоволство, а главно зашто Џо е починат веќе пет месеци.
Кога оди да го подигне подарокот, Алфи, сопственикот на книжарницата, со топол и љубезен поглед, ѝ ја објаснува замислата на Џо. На секој први од месецот, Тили ќе добива по една книга со рачно напишано писмо од Џо. Така тој ќе се обиде да ѝ помогне да ја сврти страницата на нејзината прва година без него.
Отпрвин, Тили не може да си замисли да се задлабочи во фиктивниот свет, но нежните зборови на Џо ја поттикнуваат да се обиде. И имал право. Наскоро Тили не може да ги испушти книгите од раце и ново поглавје од нејзиниот живот почнува да се испишува. Посетите на книжарницата и длабоките и искрени разговори со Алфи ѝ ја нудат потребната утеха, но и ја охрабруваат да се впушти во авантури поттикнати од книгите на Џо, кои ќе ја однесат на разни места низ светот и ќе ѝ донесат многу нови искуства и пријателства.
Годината исполнета со книги и чуда ќе ѝ овозможи на Тили одново да му се радува на животот и на новите можности, а можеби дури и на љубовта.
-
-10%
Сестрите
0Original price was: 590,00 ден.531,00 денCurrent price is: 531,00 ден.Меган Донтес сиот живот се справува со скршено срце. Пред дваесет и седум години беше принудена да направи ужасен избор што ја чинеше сѐ, дури и љубовта на сестра си, Клер. Денес, Меган е вревен адвокат за разводи и не верува во блискост – сѐ додека не го запознае мажот кој може да ѝ го промени убедувањето.
Клер Кавено е вљубена – за првпат во својот живот. Како што се приближува денот на нејзината венчавка, таа се подготвува да се соочи со својата строга, критички настроена сестра. По повеќе од две децении сестрите за првпат ќе минуваат време заедно подготвувајќи ја венчавката. Во текот на едно топло лето, овие две жени кои веруваат дека немаат ништо заедничко ќе се обидат да станат тоа што никогаш не биле: семејство.
„Сестрите“ е нежна, трогателна приказна што раскажува за убавите моменти и болката што ги споделуваат сестрите, за грешките направени во името на љубовта и за исцелителната моќ на новите почетоци. Кристин Хана ќе ве остави без зборови и со оваа неверојатна книга.
-
-10%
Тео од Голден
0Original price was: 600,00 ден.540,00 денCurrent price is: 540,00 ден.Едно пролетно утро, туѓинец пристигнува во малиот јужњачки град, Голден. Никој не знае од каде доаѓа, ниту пак зошто се доселил токму во нивното гратче. Неговото име е Тео.
Овој тивок, љубопитен и бескрајно мил старец го посетува локалното кафуле во кое се изложени деведесет и два портрети на жителите од Голден изработени од локалниот уметник. Тој ги купува и еден по еден им ги подарува на нивните вистински сопственици.
Со секое дарување се расплетува чудесна приказна, се раѓа пријателство, од корен се менува живот.
Жителите се спријателуваат со таинствениот старец, кој не е незапознаен со тагата и загубата, но останува прашањето – кој е Тео и зошто е тука?
„Тео од Голден“ е приказна за моќта на великодушноста и за невидливите нишки љубезност што нè поврзуваат едни со други. Приказна што нè потсетува дека и најмалиот чин на добрина може да промени живот… дури и цел град.
-
-10%
Оставена пред олтарот
0Original price was: 550,00 ден.495,00 денCurrent price is: 495,00 ден.Животот на Слоун Карик се врти околу љубовните приказни и среќните краеви. Таа е новинар што пишува за венчавки за списанието во кое работи и од мала верува во нивната магија – сè додека свршеникот не ја остави пред олтарот.
Сега секоја црква, секој завет, секоја прослава ја потсетува на животот што го изгуби. Заколнувајќи се дека никогаш повеќе нема да љуби, Слоун се посветува целосно на работата, но една работна обврска ја спојува со последниот маж што ѝ е потребен во моментот: шармантниот, арогантен и неподносливо неодолив Вајлдер Хејс.
Украдените погледи и забавното препирање набрзо се претвораат во нешто подлабоко. Доколку си дозволи да љуби, ризикува сè, а Слоун не е сигурна дали е доволно силна да преживее уште едно разочарување.
Сепак Вајлдер можеби вреди за ризикот. Бидејќи понекогаш, љубовта не влегува во твојот живот кога си подготвен… туку кога најмногу ти е потребна.
-
-46%
Кревки нешта
0Original price was: 550,00 ден.299,00 денCurrent price is: 299,00 ден.Април, 1906 година. Разорувачки земјотрес го тресе Сан Франциско токму пред изгрејсонце исплукувајќи го пеколот на површината на земјата. Многу животи згаснуваат, но некои се раѓаат од пепелта засекогаш променети.
Софи Вејлен, млада ирска имигрантка, е очајна да се спаси од мачниот живот во Њујорк, па одговара на огласот за невеста во весникот и се согласува да се омажи со маж што не го познава. Вдовецот Мартин Хокинг е занесно згоден и има неверојатни очи, но е воздржан и многу често патува по работа. Петгодишната ќеркичка на Мартин, Кет, веднаш ѝ го освојува срцето на Софи, но чудното однесување на новиот сопруг ѝ разгорува сомнеж дека нешто не е како што треба во нејзиниот нов живот.
Животите им се менуваат една ранопролетна вечер кога непозната личност им се појавува на врата. Судбините им се испреплетуваат вечерта пред ужасниот земјотрес впуштајќи ги на опасно патување на кое ќе ги откријат својата сила и сознанието дека љубовта умее да го победи стравот.
„Кревки нешта“ е емотивна приказна за силата на мајчината љубов, женската солидарност и пријателствата.
-
-10%
Вистински бои
0Original price was: 590,00 ден.531,00 денCurrent price is: 531,00 ден.Сестрите Греј отсекогаш биле блиски, но по смртта на мајка им стануваат и најдобри другарки. За жал, на нивниот строг татко поважна му е репутацијата одошто сопствените деца и, години подоцна, тој сè уште бара од нив да ја одржуваат неговата позиција во општеството.
Винона, најстарата, има најголема потреба од татковото одобрување. Таа никогаш не се чувствувала пријатно и вистински дома на ранчот што е во сопственост на семејството три поколенија. Знае дека не ги поседува квалитетите што татко ѝ ги цени, но, како најдобар адвокат во градот, решена е еден ден да му ја докаже својата вредност.
Аурора, средната сестра, е миротворецот во семејството. Таа ги смирува сите кавги и се обидува да ги усреќи сите, истовремено криејќи ја својата болка.
Виви Ен е неоспорната ѕвезда во семејството. Занесна убавица, сонувачка со срце од злато, таа е обожавана од сите. Сѐ ѝ оди од рака, сè додека во градот не се појави еден туѓинец.
За миг, сè се менува. Сестрите Греј застануваат една против друга на начини на кои ниедна од нив не си замислувала. Лојалноста им е ставена на тест, се разоткриваат стари тајни, а шокантното убиство ќе ги потресе и семејството и целиот град.
Емотивна приказна каква што само Кристин Хана умее да напише, „Вистински бои“ е незаборавен роман за сестринските врски, искупувањето, прошката, а најмногу за тоа што значи да се биде семејство.
-
Лесни пари
0490,00 денКога ќе го промените начинот на размислување за парите, ќе го збогатите сиот свој живот.
Прекуглава ви е да живеете „од плата до плата“? Се чувствувате заробени од трошоците што секој месец ви се натрупуваат? Се прашувате како некои луѓе живеат финансиски спокојно и слободно, додека други остануваат заглавени?
Cè започнува од начинот на размислување. Cè додека не ги промените вашите мисли, чувства и однесувања околу парите, ќе продолжите да чекорите по истиот пат и ќе ги добивате истите резултати.
Црпејќи од разговорите со врвни финансиски експерти во емисијата „Школа за извонредност“, од најновите истражувања за психологијата на парите и од неговото лично искуство на патот до успехот, Луис Хаус ви нуди практични совети и нова перспектива што ќе ви помогнат да стекнете вистинска финансиска сигурност и изобилие.
Луис ќе ви открие како да го откриете вашиот „финансиски стил“, да го поврзете начинот на размислување за парите со вашата значајна животна мисија и да изградите 7 клучни финансиски навики за мир и слобода. Со овие алатки, ќе можете да создадете онолку богатство колку што сакате – без разлика на вашите околности.
Ова не е само уште една книга за финансии или инвестирање. Ова е книгата што ви е потребна за да станете свесни за вашата вредност за да можете да заработувате повеќе и да го создадете изобилието што го посакувате.
-
-10%
Железен пламен (The Empyrean #2)
0Original price was: 1.090,00 ден.981,00 денCurrent price is: 981,00 ден.Сите, вклучително и самата Вајолет Соренгејл, очекуваа таа да загине во текот на првата година во воениот колеџ „Басгијат“. Но Вршидбата беше одвај првиот невозможно тежок тест, чија цел беше да ги истреби страшливците, недостојните, родените без к’смет.
Дури сега, во втората година, почнува вистинската обука и Вајолет се прашува како ќе успее да преживее. Обуката не само што е истоштувачка и сурова, туку е смислена за да ја растегне способноста на јавачот да издржи болка над сите граници. А и личната мисија на новиот заменик-заповедник е да ѝ покаже на Вајолет колку е беспомошна – освен ако не го предаде мажот што го љуби.
Иако телото на Вајолет е послабо и покревко од другите, таа поседува исклучителен ум и челична волја. А водството ја заборава најважната лекција на која ја научи „Басгијат“: јавачите на змејови создаваат свои правила.
Но одлучноста да преживее нема да биде доволна оваа година, бидејќи Вајолет ја знае тајната што кралството со векови ја крие во срцето на „Басгијат“ – и можеби ништо, дури ниту змејскиот оган, нема да успее да ги спаси.