-
-46%
Куќната помошничка гледа сè (The Housemaid #3)
0Original price was: 550,00 ден.299,00 денCurrent price is: 299,00 ден.Порано чистев туѓи домови – а сега не можам да поверувам дека оваа куќа е навистина моја! Се наоѓа во тивко и безбедно соседство, има шармантна кујна и голем двор каде што децата можат да си играат. Со сопругот со години штедевме за да им го дадеме на нашите чеда животот што го заслужуваат.
Иако нашата нова сосетка г-ѓа Ловел не ми влева доверба, решаваме да ја прифатиме поканата за вечера во нивниот дом. Вратата ни ја отвора нивната куќна помошничка. Носи бела престилка, а косата ѝ е стегната во строга пунџа. Точно знам како е да се биде на нејзино место. Но од нејзиниот студен поглед ме полазуваат морници…
Куќната помошничка на Ловелови не е единствената чудна работа на тивката уличка. Убедена сум дека гледам силуета како нè набљудува, мојот сопруг излегува од дома доцна навечер, а кога ја запознавам жената што живее во куќата отспротива, нејзините зборови ме стаписуваат: пази се од соседите.
Дали направив ужасна грешка што се преселив со семејството овде? Мислев дека ги оставив моите мрачни тајни во минатото. Можно ли е ова тивко соседство да се покаже како најопасното место?
-
-10%
5 типа богатство
0Original price was: 600,00 ден.540,00 денCurrent price is: 540,00 ден.Отфрлете го стандардниот пат, дефинирајте ги вашите приоритети и постигнете трајна среќа со овој преобразувачки водич за живот од соништата – живот што се темели врз петте типа богатство.
Сите го посакуваме истото, а тоа нема толку многу врска со парите колку што си мислиме. Од млади претприемачи до пензионери, од нови мајки до родители чии деца го напуштиле семејното гнездо, од богати адвокати до професори, совршената иднина изгледа зачудувачки слично за сите.
Сите сонуваме за повеќе време, длабоки врски со драгите луѓе, добро здравје и цел што ќе нè води низ животот. Сепак, растени сме со убедувањето дека парите се единственото богатство. Во реалноста, нашиот богат живот може да ги вклучува парите, но на крајот ќе биде дефиниран од сѐ останато.
По три години истражување, детални експерименти и илјадници разговори со луѓе од целиот свет, Сахил Блум создаде револуционерен водич како да го изградите животот кој ќе се темели врз петте типа богатство: временско, социјално, ментално, физичко и финансиско.
Оваа инспиративна книга ќе ви помогне да дејствувате согласно вашите приоритети за да влијаете позитивно врз своето секојдневие, да носите подобри одлуки и да живеете живот за каков што отсекогаш сте сонувале.
-
-10%
Кога повторно ќе се сретнеме
0Original price was: 570,00 ден.513,00 денCurrent price is: 513,00 ден.Кога Изи Астор се качува во авион на лет за дома, не очекува којзнае што. Вообичаеното патничко искуство како секој турист: гужва, бучава, стрес. Но тогаш го забележува човекот кој седи до неа и тој дефинитивно не е вообичаен патник. Со кусата темна коса, сините очи и зарипнатиот глас, Нејт има неодолив природен шарм на кој Изи не може да одолее. Искрата помеѓу нив е инстантна. Изи никогаш претходно не верувала во судбина, но сега почнува да верува.
Само деведесет секунди по полетувањето, авионот паѓа во реката Мисури.
Нивните животи се менуваат. Тие се менуваат. Нејт се насочува кон воена кариера, а Изи си го наоѓа патот во политика. И покрај неколку случајни средби низ годините, тајмингот за нив двајца секогаш е некако погрешен. Тогаш следи нова опасна средба во Авганистан, каде Нејт има задача да го штити животот на Изи. Тој ќе направи сѐ за нејзината безбедност. И сѐ за да го освои нејзиното срце.
-
Жена на дното
0550,00 денНејзините зборови едно време палеа огнови во срцата на читателите. Но по фијаското со филмската адаптација на една од нејзините книги, гневните онлајн напади на разочараните читатели ја принудуваат Петра Роуз да се повлече, а тоа резултира со пробиени крајни рокови и неплатена хипотека. Обележана како измамничка и гладна за слава и пари, Петра си ја учи лекцијата што се случува кога интернетот ќе се сврти против тебе. И оттогаш не може да пишува повеќе.
Сега, со речиси целата заштеда потрошена и само груб нацрт план за нејзината следна мистерија, се повлекува во изолирана колиба покрај езеро, надевајќи се дека ќе пронајде инспирација таму. Тоа е нејзиниот последен обид да си ја спаси кариерата, но и себеси.
И тогаш се појавува тој. Детективот Натаниел доаѓа со вознемирувачки вести, а самото негово присуство потпалува креативност. Зборовите брзо почнуваат да се враќаат, а фиктивниот детектив страшно наликува на оној реалниот, кој станува нејзина муза. Нивното „истражување“ ги преоѓа границите на фантазијата и реалноста. Секој поглед, секој допир ја вовлекува во светот во кој мислела дека никогаш повеќе нема да се изгуби. Никогаш не се чувствувала пожива. Но олку моќна инспирација си доаѓа со цена… Кога тој почнува да си ја сфаќа својата улога во нејзината кариера малку пресериозно, Петра е принудена да се соочи со новосоздадениот хаос.
-
-10%
Невестата
0Original price was: 550,00 ден.495,00 денCurrent price is: 495,00 ден.Сусана Макаја, девојка со ромско потекло, но одгледувана како Шпанка, исчезнува по нејзината моминска забава, а нејзиното тело го наоѓаат по два дена. Нејзиното убиство би било само уште едно обично убиство да не е фактот дека жртвата била малтретирана, врз неа бил извршен ужасен ритуал и дека сестра ѝ ја доживеала истата судбина пред седум години. Убиецот на Лара отслужува казна затвор, така што постојат само две можности: или некој го имитира модус операнди на убиецот или невин човек лежи во затвор.
Инспекторката Елена Бланко, која го води случајот, останува во служба на полицијата затоа што не може да го заборави нерешениот случај што ја прогонува целиот нејзин живот.
Во истрагата, Елена мора да навлезе во животите на двете девојки со ромско потекло, кои ја отфрлиле традицијата за полесно да се вклопат во општеството, и да открие кој сакал да им се одмазди на толку суров начин.
-
-10%
Манифестирај!
0Original price was: 490,00 ден.441,00 денCurrent price is: 441,00 ден.Сигурна сум дека некој некогаш ви кажал дека не можете да имате сè. Јас сум тука да ви кажам дека можете.
„Манифестирај“ е суштински водич за сите што сакаат да се чувствуваат моќно и исполнето во својот живот. Низ седум едноставни чекори, Рокси Нафуси, Кралицата на манифестирањето, ќе ви помогне да ја совладате вистинската уметност на манифестирањето и да го создадете животот од соништата.
Без разлика дали сакате да ја најдете совршената работа, својата сродна душа или едноставно сакате да живеете самоуверено и спокојно, „Манифестирај“ ќе ви покаже и ќе ве научи како да си ги исполните целите во само 7 чекори:
1. Имајте јасна визија
2.Елиминирајте ги стравот и сомнежот
3.Усогласете го своето однесување
4.Совладајте ги тестовите на Универзумот
5.Вежбајте безрезервна благодарност
6.Претворете ја зависта во инспирација
7.Верувајте во УниверзумотМанифестирањето е средба на науката и мудроста, филозофија на животот и практика за личен развој што ќе ви помогне да ги остварите вашите цели, да ја негувате љубовта кон себе и да уживате во вашиот живот до максимум.
Откријте ја сами магијата и претворете ги вашите соништа во реалност.
-
-10%
Те сака, мама
0Original price was: 590,00 ден.531,00 денCurrent price is: 531,00 ден.„Секој е способен за ужасни работи. Само зависи колку му е лош денот.“
Мекензи Каспер е исклучителна ученичка, но сите секогаш ја поврзуваат со нејзината мајка – светски позната писателка на бестселери чии мрачни и изопачени трилери имаат огромен број обожаватели низ целиот свет. Кога мајка ѝ ненадејно загинува, обожавателите тагуваат, а истражителите се прашуваат дали нејзината смрт навистина била несреќа. На денот на погребот, Мекензи добива мистериозен плик во кој наоѓа страници од дневникот на мајка ѝ, кои почнуваат со зборовите:
Сакаш да дознаеш една тајна?
Те сака, мама.Содржината ја шокира… но наскоро ѝ пристигнува второ писмо. И трето. Мекензи започнува сопствена истрага и разоткрива тајни со кои нејзиното семејство живеело со години. Набрзо почнува да сфаќа дека патот на мајка ѝ до славата бил исполнет со злокобни лаги кои можеби ја стигнале. Понекогаш за славата вреди да се убие. Или уште полошо. Мекензи ќе открие дека постојат и полоши работи од убиство…
-
Ејми ја нема
9590,00 денБракот може да биде вистински убиец…
Ник и Ејми се подготвуваат да ја прослават својата петта годишнина од брак, но прекрасната и паметна сопруга на Ник одеднаш ја снемува од нивната куќа, а она што е оставено зад неа укажува на насилство…
Ник е сомнителен и дефинитивно огорчен, но дали навистина е убиец? И добро, ако тој навистина е невин како што тврди, тогаш каде е неговата прекрасна жена? И што има скриено во сребрената украсна кутија во плакарот во нивната спална соба?Ејми ја нема е еден од најдобрите – и најзастрашувачките – портрети на психопатија кои постојат. Манипулативна, безмилосна, мрачна. Еден маж, една жена, еден брак и една љубов какви што досега не сте виделе…
Ѓаволски интелигентен и мрачен психолошки трилер кој ќе ве натера повторно да почнете да ја читате книгата уште еднаш, веднаш по завршувањето на последната страница.

