-
ПАЛАТАТА СО МАГНОЛИИ
0520,00 денЊујорк 1919 година. Откако ја губи мајка си, животот на 21 годишната Лилијан Картер целосно се распаѓа. Во изминатите шест години, под името Анџелика, Лилијан беше една од најбараните модели на уметниците во Њујорк, чии статуи ги красат најпознатите зданија, од хотелот Плаза до Бруклинскиот мост. Но, на повидок е скандал кој Лилијан сака да го избегне наоѓајќи засолниште во резиденцијата на семејството Фрик, како лична асистенка на темпераментната Хелен. Животот на Лилијан премногу се испреплетува со животот на семејството, па така таа ќе биде вовлечена во една несакана афера, кражба на еден од најпознатите дијаманти и убиството на индустријалецот и покровител на уметноста Хенри Клеј Фрик.
Њујорк 1966 година. Англичанката Вероника Вебер ја користи својата единствена шанса да направи кариера како супер модел во Њујорк и со тоа да ги заработи парите што ѝ се потребни за да го издржува семејството. Таа доживува фиаско на нејзиното прво снимање за „Вог“ и останува заклучена во Музејот на уметноста на Петтата авенија, поранешната резиденција на семејството Фрик. Сакајќи да ја убие досадата, Вероника тргнува по замислена потрага, но наидува на скриени пораки кои што можат да ѝ ги решат финансиските проблеми, но исто така можност конечно да се открие вистината зад мистериите и децениското убиство во семејството Фрик.
„Палатата со магнолии“ е роман за тајните, предавствата и убиството
во едно од најпознатите семејства од Златното доба на Њујорк, семејството Фрик. -
Шерлок Холмс: Поморската спогодба
0199,00 денВотсон, би можел ли да го доведеш твојот пријател Шерлок Холмс да се види со мене? Моето работно место во МИНИСТЕРСТВОТО ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ се чинеше безбедно додека не се случи оваа ужасна катастрофа. Се плашам дека мојата кариера е УНИШТЕНА!
Војната станува вистинска закана откако ќе биде украден таен документ од Министерството за надворешни работи. Но, зошто крадецот чекал десет недели за да го продаде? Холмс и Вотсон се втурнати во светот на меѓународната дипломатија само за да откријат дека опасноста може да дојде од неочекувана страна.
-
Љубовта не гори во пожар
0430,00 денКеси Ханвел работи како пожарникарка во Тексас и ја обожава својата работа, тимот и станицата. Таа не е за „украс“. Влетува во пожари, спасува луѓе со реанимација, извлекува деца од автобус што паднал во клисура. За тоа, се разбира, ќе биде одликувана. Спроти доделувањето на одликувањето ја стигнуваат две сенки од минатото. Две зла. Кеси мора да го остави својот живот на страна и да се соочи со сопствената вонредна состојба. Се одлучува за „помалото зло“ и се согласува да оди во Бостон, кај мајката што ја напуштила кога ѝ била најпотребна.
Старата пожарникарска станица во гратчето Лилијан, многу се разликува од пожарникарската станица во Тексас. Не само што нема доволно средства и опрема, туку и жена пожарникар е непосакуван, модерен додаток. Особено ако е жена херој, стручна и способна како Кеси. Нејзиното присуство го прифаќа единствено симпатичниот млад пожарникар почетник. Ама таа не смее да мисли на него. Најважно правило за пожарникарките е „никогаш не забавувај се со друг пожарникар“.
Кеси се колеба. Дали да ја ризикува единствената работа што ја сака и до која дошла со тешка мака?! Се чини дека нејзиниот живот го зафати силен пламен и таа мора да одлучи што ќе спасува: семејството, кариерата, љубовта…
„Кетрин Сентер ги истражува границите на надежта и љубовта. Сторијата за една семејна трагедија се претвора во длабоко искрен водич за исполнет живот.“
– Паблишерс викли
„Сеопфатно и духовито истражување на љубовта и простувањето, од самиoт почеток разбирливо и забавно, трогателно искрено и иронично.“
– Киркус ривјус
„Емотивна приказна за самооткривањето и простувањето.“
– Фреш фикшн
-
Планината си ти
0350,00 денЗа да го искачиме врвот не треба да ја совладаме планината, туку себеси.
Просветлувачка книга полна со моќни сознанија што нè поттикнува да ги искачиме сопствените планини ослободувајќи се од самосаботажата. Зошто и како се самосаботираме и како да престанеме да го правиме тоа за да си го подобриме животот?
Ние инстинктивно промената ја сфаќаме како можна закана. Затоа не е ни чудно што самите си градиме сопствени кафези и доброволно остануваме во нив, иако вратата не е заклучена. Но светлината ја наоѓаме дури тогаш кога сме подготвени да ја прифатиме темнината. Со извлекување клучен увид од нашите штетни навики, со градење емоционална интелигенција и подобро разбирање на нашите мозоци и тела, можеме да се ослободиме од минатите искуства и да дејствуваме со нашиот нависок потенцијал.
Планината си ти е повик за будење што влева надеж за надминување на сите пречки што ни стојат на патот кон себеостварувањето. Заборавете ги правилата за она на што ве учеле и свесно изберете нови уверувања за да создадете живот што длабоко го посакувате и го заслужувате.
„Врвен водич за сите кои се доволно храбри да се соочат со себе и да си ја повратат моќта.“
Џена Блек, меѓународен животен тренер
-
Шерлок Холмс: Знакот на четворката
0269,00 денБиди до третиот столб одлево пред театарот Лицеум ВЕЧЕРВА во деветнаесет часот. Ти си жена на која ѝ имаат згрешено и ќе ја добиеш ПРАВДАТА. Немој да повикуваш полиција. Ако повикаш, сè ќе биде залудно.
Кога го замолија Холмс да ја погледне мистериозната порака што ѝ пристигна на Мери Морстен, ниту тој, ниту, пак, Вотсон очекуваа дека ќе бидат вовлечени во предавничка пајажина стара неколку децении. Набрзо ќе почнат и опасни експедиции под сјајот на месечевата светлина за да го разоткријат значењето на знакот на четворката и да го решат одамна закопаниот криминал.
-
Шерлок Холмс: Синиот гранат
0199,00 денВчера од кутијата со накит на грофицата Моркар бил УКРАДЕН скапоцен дијамант, познат како Син Гранат. Грофицата нуди награда од ИЛЈАДА фунти за оној што ќе ѝ помогне да го врати скапоцениот камен…
Додека полицијата се обидува да го најде украдениот дијамант, Холмс се труди да го најде сопственикот на една божиќна вечера. Но, откако детективот случајно ќе наиде на дијамантот, Холмс и Вотсон влегуваат во трка со времето за да спасат невин живот.
-
Шерлок Холмс: Студија во скарлетна боја
0249,00 денТело за кое се смета дека е лицето И. Џ. ДРЕБЕР е откриено сношти во празна куќа во Лондон. Нема очигледна причина за СМРТТА. Неговата адреса е Кливленд, Охајо. Секоја информација е добредојдена.
По мистериозното убиство, полицијата е збунета, па најпознатиот детектив аматер на светот е замолен да помогне во истрагата. Заедно со д-р Вотсон, Шерлок Холмс тргнува во потрага за откривање на една одмазда, која оди подлабоко од сите можни претпоставки.
-
Шерлок Холмс: Вампирот од Сасекс
0199,00 денГосподине – нашиот клиент, господинот Роберт Фергусон, ни се обрати во врска со ВАМПИРИ. Со оглед на тоа што сме инженерска фирма, за жал темата не е некоја на којашто можеме да дадеме стручно мислење. Можеби вие ќе можете да бидете од поголема ПОМОШ.
Холмс и Вотсон се соочуваат со најчудниот случај дотогаш. Еден вознемирен сопруг доаѓа кај нив да побара помош, очајно сакајќи да го разбере чудното однесување на неговата жена. Таа е фатена на дело како ја цица крвта на сопственото бебе! А сепак, вампирите се измислени, тие не постојат… нели?
-
Уништување
0650,00 денВо заднина имаше нешто помрачно, нешто нездраво, па дури и зло…
Пристига 2027 година. Француската држава станува жртва на серија мистериозни и вознемирувачки кибернапади. Дури и најдобрите компјутерски научници остануваат без одговори пред невидливата закана. Земјата е во состојба на економски пад и морално распаѓање.
Пол Резон работи во Министерството за економија и е близок до владата, како син на човек кој целиот свој работен век го поминал во безбедносните служби. Кога таткото умира од мозочен удар, неговите деца имаат можност да си ги обноват односите и да ја вратат претходната блискост. Но што се подразбира под обновување на личните односи или на државата?
Мишел Уелбек уште еднаш открива нови страни во своето творештво, додавајќи сочувство и нежност во емоциите на бес, одвратност и иронија, со стил кој ги разбрануваа читателите и критичарите претходните години и му донесе меѓународна слава.
„Најзначајниот романсиер во цела Европа во последните три децении.“
Сандеј тајмс
„Уелбек е неспоредлив. Нема автор што му парира.“
Дејли телеграф
-
Гатанки за сѐ и сешто и за уште нешто
0200,00 ден„Гатанки за сѐ и сешто и за уште нешто“ е игрива, тематска збирка која ги оживува и осовременува гатанките како специфичен жанр, омилен и популарен за децата од ниските одделенија. Со досетлив, лирски избор на заглавните зборови – решенија на гатанките, и со опуштен, врзан стих со рима, Магде Ангова создала интересен поетски свет за видливите и невидливите нешта што децата треба само да ги препознаат или допрва да ги научат. Забавата и знаењето во оваа збирка се фатени рака за рака.
-
Шерлок Холмс: Велепоседниците од Рајгејт
0199,00 денВилијам Кирван, кочијашот на семејството Канингем, вчеравечер бил УБИЕН додека го штител имотот на господарот.
Ова е втора ПРОВАЛА во областа за помалку од една недела.
Со надеж дека ќе му помогне на Холмс побрзо да закрепне по еден особено напорен случај, Вотсон договара посета на пријателот на село. Но, по кражбата што ја остава збунета локалната полиција, Холмс е вовлечен во мрежа од лаги, уцени и убиство. Самиот мора да ги најде натрапниците – ако успее да го преживее случајот…
-
Опијатите на лепословието
0400,00 денВенко Андоновски (1964) е еден од нашите најчитани писатели. Добитник е на сите значајни домашни награди за проза и драма, како и на неколку меѓународни признанија. Професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, критичар и теоретичар, овој пат под критичка лупа ги става своите дела.
Оваа книга е моја лична теорија за романот, расказот и драмата, книга во која не само што пишувам за своите дела туку и откривам некои свои „мали тајни“ на пишувањето. Во неа тврдам дека љубовното мелодрамско е брашното, трилерот е квасецот, апсурдот е месото, а гледните точки и „блендата“ на раскажувањето се зачините во тој „рецепт“ за „мојот специјалитет“ – романот. Говорам и за невидливите огледала поставени на тајни места, во кои се огледува текстот, пропаѓајќи вртоглаво во самиот себе. Говорам и за „температурата“ на текстот и како јас ја одржувам, како ја качувам или ја спуштам, а ја изнесувам и тезата дека температурата на текстот влијае врз температурата на душата кај читателот. Оваа книга е мој личен „прозен готвач“ и се надевам дека ќе им помогне и на други писатели кои се бараат себеси – да се пронајдат, зашто секој си смислува свој личен рецепт и има свој личен стил до кој самиот доаѓа. А ќе им помогне и на читателите – ќе им покаже како да читаат лепословија.
Венко Андоновски
-
Шерлок Холмс: Сојузот на црвенокосите
0199,00 денСОЈУЗОТ НА ЦРВЕНОКОСИТЕ има потреба од нов член кој би помагал со извесни мали обврски. Платата за оваа позиција ќе биде ЧЕТИРИ фунти неделно. Сите црвенокоси мажи со добро здравје и со навршени дваесет и една година ќе бидат земени предвид.
Откако добро платената работна позиција на Џабез Вилсон во Сојузот неочекувано се затвора, тој го замолува Холмс да дознае зошто. Она што почнува како секојдневна истрага се претвора во вечерна заседа во која Холмс се обидува да спречи неверојатна кражба.
-
Година со Ентони Де Мело
0490,00 денЗапалете ја светилката на свесноста, па темнината ќе исчезне!
Секојдневни средби со Тони де Мело, од недела во недела, во текот на целата година. Таква е оваа книга. Поделена на педесет и две поглавја, во кои секој неделен дел е клучен пасус од ремек-делата на Де Мело.
Сме научиле среќата да ја бараме надвор од себеси, па кога со своите напори не можеме да оствариме духовно исполнет живот, се обвинуваме и самоосудуваме. Ништо на светот не може да ни даде среќа. Зошто? Зашто веќе ја имаме. Исто како што ги имаме и спокојот и љубовта. Тие се кодирани во нашата ДНК. Не се стекнати или заработени. Живеат во нас за да бидат изразени низ нас. Единствениот потребен напор не е напор. Тоа е согледување и отфрлање на лажните верувања што нè спречуваат.
Ако некогаш се посомневате во моќта на оваа книга, во Де Мело и во себе, навратете се на неговото ветување: „Не сум запознал ниту еден човек што не ја забележал разликата по неколкунеделна посветеност на постигнувањето свесност“.
„Компас за животот, мапа за среќата.“
Тарнер сторис
-
Хамнет
0420,00 денДвајца исклучителни луѓе. Љубов која ги спојува. Загуба што им се заканува да ги уништи.
Еден летен ден во 1596 година во Стратфорд, единаесетгодишното девојче Џудит одненадеж ќе го кутне силна грозница. Хамнет, нејзиниот брат близнак, е во панична потрага по помош. Но, нема никој дома.
Мајката Агнес се наоѓа на имот оддалечен речиси два километри каде одгледува лековити билки и пчели. Таткото работи во Лондон. Ниту еден од нив не насетува дека едното дете ќе им умре.
Романот Хамнет е силна приказна за бракот и семејството кои се опустошени од тага и загуба, но и нежен, незаборавен портрет на момче чиј живот е заборавен, а чие име ја носи една од најпознатите драми на сите времиња.
Импресивното дело на Меги О’Ферел е меѓу најфалените романи напишани на англиски јазик последниве години, светски бестселер и добитник на престижни награди, меѓу кои „Воменс прајз“ и „Бритиш бук авордс“.
„Приказната за Хамнет Шекспир го чекала својот раскажувач повеќе од четиристотини години. Меги ѝ ја даде должната почит. Извонредно, потресно, импресивно.“ – Камила Шамси
„Хамнет е круна на книжевната кариера на Меги О’Ферел. Книга која се сака и се чува.“ – „Обзервер“
„Вистински скапоцен камен“ – „Космополитен“
-
Умешност на лутината: мал водич за голема лична моќ
0350,00 денПовик за сопствена револуција
„Умешност на лутината“ нè води на мало патување во лутината… Ова чувство е корен на многу наши дисфункционалности, незадоволства, несигурности, ама и учител и извор на нашата лична моќ.
Малку по малку, разбирливо и преку примери, книгата ни открива слој по слој од лутината. Што правиме со својата лутина? Зошто го правиме? Свесно ли избираме како ќе ја покажеме или ќе ја скриеме? Како тоа влијае на нашиот живот? На нашата самодоверба? На нашите лични односи? И, конечно, што можеме да преземеме околу тоа? На крајот, сфаќаме дека патувањето со „Умешност на лутината“ било патување во самите нас.
Доц. Мирјана Јовановска Стојановска, психолог/психотерапевт
Книга-амалгам за лутината – водич за трансформација
Водичот „Умешност на лутината“ е како амалгам од повеќе книги, па му го дава на читателот, без да губи многу време, она најпотребното што би го извлекол за себе од сите тие книги заедно… ретко дело наменето за пошироката читателска публика, а сепак според својата содржина не спаѓа во класичната комерцијална литература меѓу книгите за самопомош.
М-р Дора Попова Узуновски, психолог/психотерапевт