-
Да се смислува и да се талка : збирка размисли од Џеф Безос
0450,00 денСо оваа фасцинантна збирка на записи од Џеф Безос – оригиналните годишни обраќања до акционерите, заедно со бројни говори и интервјуа коишто го откриваат неговиот живот, работа и развојот на неговите идеи – ќе ја разберете заднината на неговиот феноменален успех во деловниот свет.
Опфаќајќи многу теми од областа на бизнисот и политиката, од иновациите и опседнатоста со корисниците, па сè до климатските промени и освојувањето на вселената, оваа книга нуди редок увид во начинот на размислување на Безос, но и поглед во блиската иднина во чие обликување тој непосредно учествува. Книгата е напишана во директен, јасен стил и содржи неизоставни лекции за безнис-вредностите, стратегијата и извршувањето на деловните замисли.
Покрај тоа, авторот на читателот му нуди и необично јасни и разбирливи излагања на многу поими од областа на бизнисот, финансиите, јавните политики, објаснети на оригинален и лесно сфатлив начин од страна на еден од најбогатите луѓе во историјата на човештвото.
Оваа книга е неизоставно четиво за секој што сака да разбере како визионерството на само еден човек има моќ да ги унапреди животите на милиони други, и тоа на конкретен, опиплив начин. Раководители, претприемачи кои штотуку почнуваат, но и милионите потрошувачи на производите и услугите што ги нудат претпријатијата на Џеф Безос – со оваа книга сите имаат можност да ги разберат принципите на успехот на еден од најважните иноватори на денешнината.
-
Ти си мојот живот
0350,00 ден…Ја позеде со растреперени раце и треперлив глас, извика. – Кај си, сонце на мама. Кај си, среќо моја. Само да знаеш колку долго те чекав. ТИ СИ МОЈОТ ЖИВОТ! Да си ми жива и здрава сто години. Твојата љубов мене да ме грее, а мојата тебе. Никогаш ништо да не нè раздели. – Подавајќи ѝ ја на Васка спушти еден нежен бакнеж на нејзиното чело. – Ова е најсреќен ден во мојот
живот. Ти благодарам, Сергеј, што не ме остави сама… – Солзите пак потекоа низ нејзиното лице. Радост и тага во моментот беа испомешани. -
Согласност
0430,00 денПовеќе од триесет години од настаните што ги опишува во својата книга, Ванеса Спрингора го претставува процесот на немилосрдна психолошка манипулација и застрашувачка двосмисленост на согласноста со која се соочува жртвата полна со љубов. А покрај својата индивидуална приказна, таа ги доведува во прашање и настаните од цела една епоха – како и самозадоволството на една средина заслепена со сопствената слава и талент.
Во средината на осумдесеттите години на 20. век, воспитувана од страна на разведената мајка, В. со читањето ја пополнува празнината што ја оставил отсутниот татко. На возраст од само тринаесет години, на една вечера, го запознава Г., писателот чија мрачна слава не ја познава. На прв поглед била привлечена од харизмата на тој педесетгодишен маж – од неговите вљубени погледи и вниманието што ѝ го посветува. Потоа добива писмо во кое тој ја нагласува својата несовладлива потреба повторно да ја види. Сеприсутен и страстен, Г. успева да ја убеди дека ја сака и дека нема да ѝ направи ништо лошо.
Кога полни само четиринаесет години, В. му се нуди и со душата и со телото. Заканите на Одделот за малолетници уште повеќе ја засилуваат оваа опасно романтична идила. Меѓутоа, кога В. ќе забележи дека Г. отсекогаш негувал љубовни врски со адолесцентки, како и дека практикува сексуален туризам во земјите во кои малолетниците се загрозени, таа поминува низ страшно разочарување. Бидејќи зад привлечната појава на еден писател се крие предатор, В. се обидува да се оттргне од него, подготвувајќи се да ја раскаже нивната приказна.
Така настана оваа автобиографија што се темели на вистински настани…
-
Тажниот гостин
0300,00 денНа крајот, сè се сведува на (не)прифаќање на ранливоста на постоењето.
Среде зима во туѓ град, еден млад човек почнува да ја раскажува својата приказна испреплетувајќи ја со туѓи биографии, за да не го изгуби чувството на припадност. Трагајќи по нејзината смисла, бара одговор за суштината на животот и смртта. Дали тој одговор лежи во архитектката Дорота, која со својата интелектуална енергија и егзистенцијалистичките монолози покренува уште повеќе прашања? Или пак во несреќниот Даријуш, хирург кој ја губи работата поради проблеми со алкохолот?
Оваа книга е портрет на Градот – местото каде што се судираат индивидуалните судбини и универзалните правила, историските херои и настани и луѓето од сегашноста, кои заедно ја формираат сликата за Нештото и Ништото. Раскажувајќи општочовечки приказни, но користејќи ги сопствените искуства, Наврат создава филозофска приказна со импресивен и прецизен тон за едно недофатливо битие кое преку метафизичкото толкување ја бара смислата на постоењето.
-
Покорувајќи го војводата
0500,00 денТаа ја ризикува својата иднина за него, а тој го губи своето место во историјата заради неа.
Англија, 1879 година. Анабел Арчер, брилијантната но сиромашна ќерка на селскиот викар, се изборува за место во првата група студентки на Оксфорд. За да возврати за добиената стипендија, мора да го поддржува движењето за глас на жените. Нејзина должност: да ги придобие мажите да се залагаат за женските права. Нејзина цел: Себастијан Деверо, студениот и тврдокорен војвода од Монтгомери кој ја води британската политика под контрола на кралицата. Нејзин предизвик: да не попушти пред моќната привлечност на војводата, која е невоможно да се игнорира.
Но ниту тој не може да остане рамнодушен, колку и да се убедува дека му е потребна сопруга со ист социјален статус и со наследство. Умешниот стратег потклекнува пред зелонооката Анабел…
Растргната меѓу љубовта и волјата за слобода, Анабел ќе открие што е потребно за да се покори еден војвода.
„Данмор го доловува духот на ерата со блескава живост, разбивајќи ги стереотипите за викторијанска Англија, запознавајќи нè со група извонредни жени кои одбиваат да живеат како случајни минувачи во своите животи.“
Ентертејмент викли
„Шармантно, заводливо и апсолутно возбудливо – токму како што треба да изгледа една историска романса!“
Паблишерс викли
-
Последната роза во Шангај
0600,00 денНоминирана за најдобра историска фикција на „Гудридс“ за 2022 година.
Во Шангај, окупиран од Јапонија, судбината и музиката, зближуваат младич и девојка од различни култури…
Во 1940 година, Аји е млада наследничка и сопственичка на поранешен популарен и гламурозен ноќен клуб во Шангај.
Ернест е еврејски бегалец што нема пари, протеран е од Германија и бара засолниште во град кој тешко прифаќа странци. Сите негови надежи се изгубени, сè до моментот кога ќе ја сретне Аји.
Аји го најмува Ернест да свири клавир во нејзиниот клуб, а нејзиниот пркос кон обичаите, предизвикува сензација. Неговата инстантна слава, клубот на Аји повторно го прави, најжешкото место во Шангај. Потоа сфаќаат дека не споделуваат само страст за џезот ‒ ама нивните разлики изгледаат непремостливи. Притоа Аји е свршена за друг маж. Како што војната ескалира, Аји и Ернест се разделени, а нивната дилема за избор меѓу љубовта и опстанокот станува очајна. Соочени со големи предизвици, следуваат случки што нивните животи ќе ги променат засекогаш.
Од гламурозните џез-клубови, до сиромашните улици на градот под опсада, „Последната роза во Шангај“ е безвременска, неверојатна приказна за љубовта и простувањето.
„Потресна љубовна приказна на Вејна Даи Рандел. Создава живописна слика за еден помалку познат дел од историјата на Втората светска војна. Книга што не смее да се пропушти!“ ‒ Кејт Квин
„Моќна приказна за врската помеѓу една богата наследничка од Шангај и еден Евреин бегалец… читателите никогаш нема да ја заборават.“ ‒ Пам Џеноф
-
Ќе помине и моќта
0450,00 денНекои нешта се носат во тишина, како семе во земја.
Луѓето се плашат од она што не можат да го разберат, што им е туѓо и несфатливо, и затоа сакаат сѐ да сместат во некаква рамка. А рамките се затвори направени од страв – од непознатото во светот и од темното во себе.
Во една таква темна тишина се раѓа Моќта – немерлива и неспознатлива, невидлива а жива, како здив што навлегува низ ткивото на сè што постои. Учејќи се да живее во новата реалност, раскинуван од личната загуба и од тајната што мора да ја крие, младичот со необичната моќ се движи по тенката линија меѓу сенката и светлината, меѓу престапот и желбата да помогне. Ги чита луѓето како отворени книги, но секое читање му ја брише по малку сопствената приказна.
Збунет од непознатата сила што се вгнездува во него, не можејќи да одгатне зошто токму него го избрала, Адријан се враќа во пределите на детството, во прегратките на баба му и дедо му, со кои светот порано изгледал толку едноставен. Но нив веќе ги нема, старата куќа се распаѓа и тој треба сам да ги најде одговорите.
Роман за едно брзо и нагло созревање среде светот што се распаѓа. Во потрага по причината за чудната дарба, младичот ја спознава вистината дека и Моќта, како и сè друго – поминува.
-
Лилјакот
0500,00 денЧовечката душа е темна, непрегледна шума, а сите одлуки се носат во самотија.
Прва средба со нескротливиот Хари Хуле, прв роман на Несбе овенчан со најпрестижните скандинавски награди за криминалистички жанр.
За да помогне во истрагата на ѕверското убиство на една млада Норвежанка, Хари Хуле заминува службено во Сиднеј. Локалниот полициски шеф го советува да не се меша премногу, но Хари набрзо се спријателува со одговорниот детектив и со една девојка од сведоците. Со својот изострен инстинкт, тој согледува врски и траги што им се измолкнуваат на другите, а неговите сомнителни методи го претвораат во главен двигател на истрагата. Наскоро откриваат дека се работи за низа убиства на психопат што ја плете својата мрежа низ Австралија. Додека му се приближуваат, расте стравот дека никој не е безбеден, а најмалку истражителите на злосторствата.
Проникнувајќи во локалните митови и легенди, Хари Хуле успева да наѕре кој се крие зад лилјакот, абориџинскиот симбол на смртта…
„Чудесна средба со младиот, разговорлив Хари… Несбе е одличен автор кој со одмерено темпо го води дејството кон врвот, пред да ве струполи во сосем неочекуван расплет.“
Скотиш експрес
-
Исчезнатиот маркиз
0280,00 денСега и филм на „Нетфликс“ со Мили Боби Браун, Хенри Кавеил и Хелен Бонам Картер!
Запознајте ја Енола Холмс, тинејџерка-детектив и помлада сестра на Шерлок Холмс! Кога Енола ќе открие дека мајка ù е исчезната, таа бргу тргнува во Лондон да ја бара. Но, дали е спремна за сè што ја очекува во големиот град? Таа бргу се замешува во киднапирањето на еден млад маркиз, истовремено е во бегство од опасни криминалци и сопствените браќа – кои сакаат од неа да направат дама – а покрај тоа, се обидува да ги протолкува трагите што ќе ù го објаснат чудното исчезнување на мајка ù. Дали Енола ќе се справи со сите овие предизвици?
„Исчезнатиот маркиз“ е првата книга од серијалот „Мистериозните случаи на Енола Холмс“ од веќе признаената авторка Ненси Спрингер – совршена приказна за вљубениците во Шерлок Холмс, детективската фикција и мистеријата
-
Се викам црвена
0590,00 денСултанот издал наредба да се создаде книга што ќе ја прослави неговата империја. Собрани се најспособните и најталентираните минијатуристи кои ќе ја украсат книгата на дотогаш невиден начин. Но, проектот мора да остане во тајност, бидејќи илуминациите треба да бидат изработени во европски стил, а исламот е многу строг кон фигуративната уметност. Паниката избива во прв план откако еден од минијатуристите е пронајден мртов: сликарската контроверза многу лесно може да се претвори во религиски и во политички скандал со незамисливи последици.
Истовремено суптилна мистерија, заводлива љубовна приказна и медитација на природата на сликарството, романот Се викам црвена магично нè носи во XVI век, директно во јадрото на религиските и политички интриги на Отоманската империја. Самиот поделен помеѓу двете традиции, Орхан Памук уште еднаш ја демонстрира својата калеидоскопска визија, во која вешто се сопоставени Истокот и Западот, единката и општеството, религијата и уметноста.
-
Излегувањето од сенка (Тајното женско училиште)
0350,00 денXIX век во Струга, Митра Миладинова и Султана Миладинова, поттикнати од понудената поддршка на рускиот славист Виктор Иванович Григорович, почнуваат дело, кое, како што се развива, станува сè подлабоко и посериозно.
Неколку жени перачки кои се сретнуваат на реката, првпат почнуваат да зборуваат за тоа каков би бил светот кога би им се дало глас на жените. Покрај реката почнуваат да учат да читаат и да пишуваат, стануваат учителки кои го шират почнатото таинствено дело низ сечиј дом и душа. Стануваат своевидни интелектуалки кои наоѓаат начин преку анонимно објавувани статии во весниците да допрат до светот. Против неправдата која неколку векови ги обвивала сите, почнуваат да зборуваат и да се борат со дело кое му пркоси на времето и на заборавот.
Живеењето и дејствувањето во сенка излегува на светлина кога се дознава за Тајното женско училиште – Ученољубие.
-
Море на спокојството
0360,00 денМеланхолична приказна за уништувањето на познатиот свет, патувањето низ времето и осаменоста.
Во 1912 г. 18-годишниот Едвин Сент Џон Ендру поради една непримерна изјава е протеран од своето богато семејство. Шетајќи низ шумата на малото место во кое престојува, одеднаш слуша чудни звуци на виолина. Во 1994 г. 12-годишната Винсент Смит снима мистериозно видео во шумата во близина на својот дом. Во 2020 г., по смртта на Винсент, нејзиниот брат композитор го прикажува ова видео на својот концерт. Во 2203 г. Олива Луелин ги остава сопругот и ќерката во домот на втората Месечева колонија, место со бели камења, шилести кули и артифициелна убавина, и оди на Земјата на турнеја со својот роман за пандемијата. Во него има еден чуден пасус: човек свири на виолина во густа шума кога се случува нешто необјасниво. За да открие како овие луѓе се поврзани и зошто ги слушаат истите звуци на виолина, детективот Гаспери Робертс мора да тргне на патување низ времето. Таму согледува можност да направи нешто извонредно, што ќе ја наруши временската рамка на универзумот. Но што ако нивната реалност е само симулација?
„Обединувајќи научна фантастика и одлична нарација, авторката на овој замислен свет истражува како технологијата може да ни ја контролира судбината ако заборавиме да сочувствуваме.“
Пипл
-
-
Кој сум јас? – Животни од шумата
0170,00 денИнтересни загатки и изненадувања на секоја страница. Одличен начин за дечињата да ги научат животните и нивните главни карактеристики.
-
Сејди
0500,00 денАко си таму некаде, те молам, јави ми се…
Животот на Сејди не е лесен. Таа мора да се грижи за својата помлада сестра Мети и да ѝ обезбеди нормален живот. Во еден момент целиот нејзин свет ќе исчезне кога полицијата ќе го пронајде безживотното тело на Мети. По неправилната и неуспешна полициска истрага, таа ќе донесе одлука сама да го фати немилосрдниот убиец и ќе се впушти во потрага, следејќи некои ситни и на прв поглед незабележливи траги.
Бидејќи не би можел да поднесам, уште една девојка да исчезне…
Кога радио новинарот Вест Макреј ќе ја слушне животната приказна за двете сестри на локалната бензинска пумпа, станува опседнат со случајот на исчезнатите девојки. Започнува сопствена емисија низ која го следи нејзиното патување, обидувајќи се да открие што точно се случило, со надеж дека ќе ја пронајде пред да биде предоцна.
-
Зборови
0400,00 денШто сè би направиле за да можете да комуницирате со починатите кои многу ви недостасуваат?
Стефан се соочува со загубата на својата сопруга на сопствен начин, така што ја игнорира. За него, таа сè уште е присутна, во секој агол, во секој спомен, нејзината арома тлее насекаде…Животот му се одвива во рутина, сè додека неврохирургот Филип не му предложи посебна операција со која би можел да го разбуди шестото сетило.
Тогаш сè што му останува се зборови, нивното значење и мирисот на душите.„Ликовите кои се групирани околу (главниот лик) Стефан помагаат во неговото градење и трансформација, но и тие се трансформираат, мал универзум во кој овој познат свет се преклопува со еден суптилен невидлив, а присутен свет . Не би сакала да го наречам паранормален, зашто тој е многу повеќе од тоа, книжевен свет и со тоа белег на времето, белег прикажан на автентичен начин.“
Мерсиха Исмајлоска