Филтер по цена
Жанр
Автори
  • Америка-Кафка

    Америка-Кафка

    0

    Првиот и веројатно најведар роман на Кафка ја раскажува приказната за седумнаесетгодишниот Карл Росман, кој по една засрамувачка сексуална авантура со слугинката е „спакуван за Америка“ од страна на родителите. Очекувајќи да се искупи себеси во оваа „магична земја на можности“, младиот Карл е занесен од изобличени настани и вртоглави авантури.

    Кафка никогаш ја немал посетено Америка и уште од првите страници на книгата очигледно е дека не му било целта да даде некаква реална претстава за неа. Слики од имагинарни пејзажи, злокобни опасности, безизлезни ситуации, постојани неправди и гротескни тензии меѓу ликовите го карактеризираат овој генијален роман.

    „Америка“ е зачудувачки модерна и визионерска пародија за континентот што буди најразлични асоцијации и чувства, но и многу повеќе од тоа.

    400,00 ден
    Додај во кошничка
  • Список за читање

    Список за читање

    0

    Незаборавен и трогателен дебитантски роман за тоа како случајна средба со список за читање во една библиотека помага да се создаде неверојатно пријателство помеѓу двајца различни луѓе во едно лондонско предградие.

    490,00 ден
    Додај во кошничка
  • Мои финансии

    Мои финансии

    0

    Сте слушнале ли за инстаграм-профилот Мои финансии? На колкумина од вас лекциите што сте ги нашле на овој профил веќе ви помогнаа да се стекнете со потребното знаење за подобро управување со парите? Сите знаеме дека финансиите во голема мера господарат со нашиот живот. Доколку добро ги раководиме, ќе имаме и многу поголема контрола врз него.

    Овој финансиски планер ќе ви помогне да ја остварите таа цел. Во него ќе најдете:
    • 12 финансиски лекции
    • финансиски цели и стратегии
    • планирање на вашите намирници и оброци
    • брзо и едноставно создавање на месечен буџет
    • табели за следење на дневните и други трошоци
    • планови за заштеда и побрза исплата на долгови

    780,00 ден
    Додај во кошничка
  • Црниот мачор – раскази за мистеријата

    Црниот мачор – раскази за мистеријата

    0

    Луѓето кои мечтаат будни знаат многу нешта што им се измолкнуваат на оние кои сонуваат само ноќе.

    Едгар Алан По е еден од првите американски раскажувачи кој се смета за творец на детективската и криминалистичката проза, а му се припишува и заслугата за појавата на научната фантастика. Меѓутоа најпознат е по неговите мрачни приказни што ги истражуваат мистериозните длабочини на човековата психа. Смртта, лудилото, натприродното, со сложени заплети и живописни слики на страв и ужас, заслужено му го носат епитетот „принц на темнината“.

    Во оваа книга се вклучени некои од најпознатите раскази на По, почнувајќи од „Маската на црвената смрт“, „Елеонора“, „Падот на куќата Ашерови“…, сè до „Убиствата на улицата Морг“. Таа е безвременска класика задолжителна за сечија библиотека.

    Без предрасуди, без сомнеж во своите светови, По успеал да ги издигне своите раскази на ниво на ремек-дела. Вистински бисери во светската книжевност.

    300,00 ден
    Додај во кошничка
  • Дворец во Ромања

    Дворец во Ромања

    0

    Дворец во Ромања“ е првиот роман на Игор Штикс.

    Тројца млади вљубеници во литературата и архитектурата доаѓаат во посета на дворецот Марди, каде што поетот Енцо Стречи живеел во периодот на ренесансата.
    Додека девојките го разгледуваат дворецот, момчето се фасцинира од приказните на калуѓерот за животот на Стречи. Тој својата љубов ја сретнал токму таму, по што ѝ посветил многу љубовни песни, но во дворецот ги проживеал и најтешките денови од својот живот.
    Инспириран од потеклото на момчето, калуѓерот раскажува и за себе. Дошол во Италија од Раб, по прогонот од тамошните власти заради Резолуцијата за Информбирото. Неговиот егзил е резултат на политичката ситуација и на несогласувањето со тогашната комунистичка власт, како и на забранетата љубов.

    Штикс поврзува две љубовни приказни со историски и политички ситуации. Првата се случила во време на конфликт меѓу Ломбардија и Хабсбурзите, а другата се случила во поствоена СФРЈ.

    250,00 ден
    Додај во кошничка
  • Ноќи на чума

    Ноќи на чума

    0

    „Ноќи на чума“ е долгоочекуваниот роман на Орхан Памук, пишуван пет години (2016-2021). Во него се вешто проткаени историјата и фикцијата, при што на читателот од една страна му се оневозможува да ја најде границата што е вистина, што – не; но од друга страна му носи чудесна возбуда за недобројните лица на многуте можни вистини, во минатото, во сегашноста и во иднината. Во пролетта 1901 година избива епидемија на чума на островот Мингерија, 29. провинција на Османлиското Царство и султанот Абдулхамид ги прака првин главниот здравствен инспектор Бонковски-паша, а потоа и младиот и успешен доктор Нури, за да ја запрат чумата. Вака почнува романот и продолжува со многу писма, љубови, интриги, страдања,.. со многу политика натопена во иронија и пародија. Раскошен, повеќеслоен роман со минуциозно претставување на историјата на еден незнаен остров…

    890,00 ден
    Додај во кошничка
  • Замок-Кафка

    Замок-Кафка

    0

    „Замок“ е класика без која не може да се замисли книжевноста на XX век!

    Приказната е навидум едноставна – К. на секаков начин се обидува до дојде до одговорните во замокот што управува со селото во кое е дојден да работи како геометар. Но никако не може да стигне дотаму – наместо тоа, наидува на луѓето од селото и ги доживува опскурноста и налудничавоста на нивниот туѓ свет. Сета содржина на ова книжевно ремек-дело може накратко да биде означена како залудни обиди на К. да го најде патот до замокот. Но едноставноста е само привидна. Уметничкиот космос на Кафка, кој се надоврзува на делата на Хофман, Гогољ, Достоевски, Е. А. По, е полн со параболи, сомнибулни ситуации и симболичка многузначност. Тој го маѓепсува читателот и го води во познати, но непрепознатливи предели, скриени во длабочините на нашето скриено „јас“. Со секое ново читање се исцртува нов пат низ лавиринтите на овој космос.

    „Замок“ е роман за отуѓувањето, бирократијата и за бесцелните обиди на човекот да се бори против системот и уште едно од брилијантите дела на Кафка.

    Оваа книга е прв интегрален превод на македонски јазик што ги содржи оригиналните поговори на Макс Брод и сите отфрлени фрагменти.

    500,00 ден
    Додај во кошничка
  • Војна и љубов

    Војна и љубов

    0

    1917 година, Првата светска војна е во својот зенит кога Хејзел и Џејмс првпат се среќаваат на една забава во Лондон. Таа е срамежлива и талентирана пијанистка; тој е новопечен војник со соништа да стане архитект. Кога ќе се вљубат, тоа е на прв поглед и длабоко, но набргу Џејмс е испратен на полињата на смртта.

    Обри Едвардс е исто така упатен накај рововите. Талентираниот музичар кој свирел во Карнеги Хол е член на 15. њујоршка пешадија, афроамерикански полк испратен во Европа да помогне да се стави крај на големата војна. Љубовта е последното нешто што му е на ум. Но, тоа е пред да ја сретне Колет Фурние, белгиска пејачка која веќе преживеала ужасна трагедија од рацете на Германците.

    Триесет години откако судбината ќе ги поврзе овие четворица љубовници, грчката божица Афродита им ја раскажува нивната приказна на нејзиниот сопруг Хефест и на нејзиниот љубовник Арес во луксузна хотелска соба на Менхетн во екот на Втората светска војна. Таа бара одговор на вечното прашање: Зошто Љубовта и Војната секогаш се привлекуваат една со друга? Но, нејзината потрага по заклучок што ќе го задоволи нејзиниот љубоморен сопруг, открива повеќеслојна приказна за предрасуди, трауми и музика и открива дека ниту Војната не може да ù застане на патот на вистинската Љубов.

    520,00 ден
    Додај во кошничка
  • Завршете со позитивна нула

    Завршете со позитивна нула

    0

    Замислете си како би било, пред да го напуштите светов, само да правите сé што некој друг ви кажал. Сте работеле напорно, сте штеделе и со нетрпение сте ја очекувале финансиската слобода што доаѓа со пензионирањето.

    Единственото нешто што сте го потрошиле по пат бил..вашиот живот.

    Завршете со позитивна нула претставува една изненадувачки нова и провокативна филозофија, како и практичен водич за тоа како да го извлечете максимумот од вашите пари – и од вашиот живот. Наменета е за оние што сакаат да доживеат незаборавни искуства многу пред, едноставно, само да заработуваат и да акумулираат пари за таканаречените Златни години.

    Бил Перкинс сака да ве спаси од прекумерно штедење и од тоа само преживувањето да му го преземе местото на живеењето. Без оглед на вашата возраст, Завршете со позитивна нула ќе ви покаже, чекор по чекор, како да си го оптимизирате животот така за да уживате во она за што работите и штедите.

    360,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Дина и Додо на кампување

    Дина и Додо на кампување

    0
    138,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Совпаѓање

    Совпаѓање

    0

    Вајлди порасна не знаејќи ништо за неговата фамилија, уште помалку за неговиот сопствен идентитет. Сè што знае е дека, како малечко момче, бил пронајден како живее дивјачки живот во планините Рамапо во Њу Џерси. Тој стана познат како момчето од шумата. Сега истражува на генеалошка интернет-страница. Ја внесува неговата ДНК. 100% совпаѓање. Неговиот татко. Се среќаваат, и тој сфаќа дека татко му не знаел дека има син. Тоа не го обесхрабрува да продолжи да бара членови од неговата фамилија, но се вплеткува во заедница на онлајн-доксери, тајна група која разоткрива анонимни тролови. Кога доксерите еден по еден умираат, станува јасно дека се мета на сериски убиец – и дека следната жртва би можел да биде самиот Вајлди… „Совпаѓање“ е продолжение на хит-трилерот на Харлан Кобен, „Момчето од шумата“. Со фасцинантни портрети на ликовите и експлозивна акција, Кобен создава привлечен и непредвидлив трилер, кој е возбудливо „возење“ и во реалниот и во виртуелниот свет.

    490,00 ден
    Додај во кошничка
  • Знакот на четворицата

    Знакот на четворицата

    0

    НАЈПОЗНАТИОТ ДЕТЕКТИВ НА СИТЕ ВРЕМИЊА

    Холмс и неговиот придружник д-р Вотсон откриваат скриено богатство и убиство.

    Госпоѓица Мери Морстан пристигнува на улица „Бејкер“ 221б, за да побара помош за мистеријата на нејзиниот исчезнат татко, накитот што го добива од анонимен испраќач, како и за едно писмо во кое од неа се бара да се сретне со непознато лице таа вечер. Шерлок го прифаќа случајот и авантурата почнува. Оригинално објавена во 1890 година, втората приказна за Шерлок Холмс е класичен детективски роман и предвесник на жанрот кој е толку сеприсутен во моментов.

    „Вториот роман во серијата за Шерлок Холмс е можност да откриете повеќе за познатиот детектив од улицата „Бејкер“ и за неговите придружници, а и да го следите развојот на уште една мистерија. Во неа има заплети и пресврти и, како што е вообичаено за мистерија во која е вклучен Холмс, дел од нив навистина ќе ве изненадат.“ – Гардијан

    „За оние кои сакаат загадочна приказна која завршува со тоа што виновникот ги објаснува своите постапки, начинот на извршување и мотивацијата, книгата навистина ќе ви се допадне.“ – Ен Логан, книжевен рецензент

    „Забавна и мелодраматична, оваа кратка мистерија кулминира со епската ноќна брканица со бродови по Темза. Не смее да се пропушти!“ – Семи Кокс, автор и блогер

    300,00 ден
    Додај во кошничка
  • Господарот на темнината

    Господарот на темнината

    0

    КОГА ТУЃИНЦИТЕ ВО НОЌТА…  

    Тој живее меѓу сенките. Додека ја става маската на таинствениот одмаздник познат под името Духот од Сент Џајлс, единствена желба на Годрик Сент Џон е да ги заштити невините граѓани на Лондон. Сѐ додека во еден од своите ноќни походи не се соочува со дрската млада жена што му вперува пиштол во главата – а тој сфаќа дека тоа е неговата сопруга.

    ЌЕ СТАНАТ ЉУБОВНИЦИ…  

    Леди Маргарет Ридинг вети дека крваво ќе му се одмазди на Духот од Сент Џајлс – убиецот на човекот на нејзиниот живот. Враќајќи се во Лондон кај мажот што не го видела од денот на нивната венчавка, Маргарет зад маската не го препознава својот маж. Див, строг и опасен, Духот од Сент Џајлс е сѐ од што се плашеше дека ќе биде – ама и многу повеќе од тоа.

    СТРАСТА Е НАЈГОЛЕМА ОПАСНОСТ.  

    Кога ќе засветка страста, тие двајца интимни туѓинци даваат од себе многу повеќе од она што некогаш им беше намерата. Ама кога Маргарет ќе ја сфати вистината – дека Духот е нејзин маж – играта е готова, а играчите мораат да се предадат… на искушението што и двајцата може да ги уништи.

    „Господарот на темнината е круна на безграничната фантазија на авторката… приказна што ќе ја обожавате.“ – РТ Бук Ривју

    „Класичната Елизабет Хојт! Единствено, привлечно четиво по кое читателот напнато ја чека следната книга… неверојатно дополнување на сјајниот серијал од Мејден Лејн.“

    430,00 ден
    Додај во кошничка
  • Ќерката на трговецот со свила

    Ќерката на трговецот со свила

    0

    Незаборавна приказна за една жена растргната помеѓу два света…

    Француска Индокина, 1952 година. Кога Никол, полу-Французинка, полу-Виетнамка, ќе наполни осумнаесет години, нејзината мајка умира и татко ѝ ѝ препушта да се грижи за одамна затворената продавница за свила во Ханој. Но нејзината сестра Силви е таа што ќе го преземе управувањето со големиот семеен бизнис. Погодена од оваа неправда, почнува да ги чувствува и неправдите на колонијалната власт кон Виетнамците.

    Додека бунтовниците со сите расположливи средства се обидуваат да стават крај на владеењето на Французите, Никол е на крстопат помеѓу Тран, озлогласен виетнамски бунтовник што ѝ нуди совршено бегство од неволите, и Марк, шармантниот американски трговец и маж за каков што отсекогаш сонувала. Исправена пред големите одлуки, животот ќе ѝ тргне во неочекуван правец…

    Магична повест за мрачните тајни, сестринското ривалство и страсната љубов, сместена во колонијалната ера на Далечниот Исток.

    Од бестселер-авторката на МИРИСОТ НА ЛИСТОВИТЕ ЧАЈ

    500,00 ден
    Додај во кошничка
  • Кери Сото се врати

    Кери Сото се врати

    0

    Кери Сото е бестрашна и нејзината посветеност да победи по секоја цена не ја прави ниту малку популарна. Во моментот кога ќе се повлече од тенисот, таа е најдобрата тенисерка што ја видел светот. Таа го постави секој можен рекорд и освои дваесет грен-слем титули. Жртвуваше речиси сè за да стане најдобра, со помош на нејзиниот татко, Хавиер, како нејзин тренер. И самиот поранешен шампион, Хавиер ја тренирал уште од двегодишна возраст. Но, шест години по повлекувањето, во 1994 година, Кери седи на трибините на Отвореното првенство на САД и гледа како нејзиниот рекорд го соборува извонредната тенисерка Ники Чен. На 37 години, Кери решава да се врати и со помош на нејзиниот татко да го собори рекордот на Чен. И покрај тоа што на медиумите никогаш не им се допаѓала „Борбената секира“. И покрај тоа што нејзиното тело не се движи како порано. Па, дури и ако тоа значи да си ја проголта гордоста и да тренира со човекот кому еднаш му го отвори срцето: Боу Хантли.

    490,00 ден
    Додај во кошничка
  • 48 закони на моќта

    48 закони на моќта

    0

    Тој што сака секогаш и во сите ситуации да биде добар, ќе пропадне меѓу другите што не се добри.

    Провокативна и контроверзна, „48 закони на моќта“ отворено зборува за мрачните страни на човековото однесување и неговата желба за моќ, што ја прави актуелна особено во денешно време.

    Некои нејзини закони нѐ учат за скромноста, други за таинственоста, а некои нѐ упатуваат на бескомпромисно извлекување лична полза. Независно од моралните забелешки до кои може да се дојде, тие закони се сосем реални и видливи во нашето секојдневие. Целта на оваа книга не е да се прикаже начинот на стекнување моќ туку, напротив, да се научиме да ги препознаваме туѓите обиди за завладување на нашиот живот.

    Возбудлива и богата со вистински историски настани и ликови, првпат објавена во 1998 година, ова е книга за принципите и стратегиите што луѓето отсекогаш ги користеле за стекнување и одржување на власта во различни контексти, од политика и бизнис до личните односи. Водич со непроценливи увиди за меѓучовечките односи, за манипулацијата и општественото влијание, кои можат да се применат за лично и за професионално растење и напредување.

    450,00 ден
    Додај во кошничка