Филтер по цена
Жанр
Автори
  • Дневникот на Бриџит Џонс

    Дневникот на Бриџит Џонс

    0

    Дали Дневникот на Бриџит Џонс е сензационална урбана сатира за модерните меѓучовечки односи?

    Ироничен осврт за пропаѓањето на едно традиционално семејство?

    Или, пак, едноставно конфузни чкртаници на една изнервирана триесет и нештогодишна девојка?

    „Брилијантен потсетник за животот кога сте биле млада и немажена девојка во еден период од животот… Секоја жена која имала љубовни врски, работа и, секако, мајка, ќе ја чита оваа книга со громогласно смеење“ – Тајмс

    300,00 ден
    Додај во кошничка
  • Совршената дадилка

    Совршената дадилка

    0

    Кога Мирјам одлучува да почне да работи наместо да остане домаќинка, таа и нејзиниот сопруг бараат совршена дадилка за своите деца. Никогаш не сонувале дека ќе ја најдат Луиз: тивка, љубезна, посветена жена, која умее да пее приспивни песни, го чисти нивниот стан во Париз, останува доцна без приговор и приредува прекрасни забави за децата. Но, како што парот и дадилката стануваат сѐ позависни еден од друг, љубомората, незадоволството и сомнежите се зголемуваат. Потоа, еден ден, две деца се убиени од eдна „совршена дадилка“! Градејќи напнатост со секоја страница, овој роман е возбудливо и храбро набљудувано истражување на моќта, класата, расата, семејството, мајчинството и лудилото! Во 2016 година романот ја добива наградата „Гонкур“ и набргу станува бестселер со над 450 000 продадени примероци!

    300,00 ден
    Додај во кошничка
  • Жената во кафезот

    Жената во кафезот

    0

    Прогонувана. Киднапирана. Но достоинствена. И борбена. Гребе со ноктите по голите ѕидови на просторијата во која е заробена додека прстите не почнат да ѝ крвават. Нема начин да одреди колку е часот или кој ден е, па неделите и месеците минуваат како на бескрајна лента. Прикриениот глас во темнината е груб и немилосрден. Вели дека сето тоа ќе престане кога ќе му одговори на едно едноставно прашање…

    Детективот Карл Морк се враќа на работа по подолго отсуство поради престрелка во која едниот од неговите колеги останува парализиран, а другиот е убиен. Карл се обвинува себеси, а колегите почнуваат да го избегнуваат. Шефот го преместува во новоформираниот сектор за нерешени случаи надвор од Копенхаген, наречен секторот Q. Како единствен вработен во овој сектор му е назначен сирискиот имигрант Асад, кој всушност е чувар, но се покажува како талентиран и надарен детектив.

    Карл одново ја започнува истрагата за случајот со исчезнатата млада политичарка Мерете Лингор. Таа исчезнала пред пет години и се претпоставува дека е удавена, но нејзиното тело никогаш не е пронајдено. Карл смета дека нешто е пропуштено во истрагата. Навистина, Мерете не е мртва. Сè уште не!

    450,00 ден
    Додај во кошничка
  • ДНК #1 Детската куќа

    ДНК #1 Детската куќа

    0

    Прва книга од серијата „Детската куќа“! Мрачна и тажна приказна што започнува во 1987 година, кога три дечиња остануваат сираци и се разделени во три различни семејства. Како оваа приказна подоцна се поврзува со настаните што се случуваат во 2015 година, кога две момчиња бараат помош од соседите затоа што се будат заклучени во својата соба, а мајка им ја нема? Има причина за тоа – таа е мртва. Убиена е на грозоморен начин, а единствениот сведок на убиството е девојчето скриено под креветот, нејзината ќерка, која не можат да ја натераат да зборува. Каков ќе биде животот на тоа дете кога ќе биде во грижата на Фреја, психолог во „Детската куќа“, која работи со трауматизирани и злоупотребувани деца? Но убиецот не застанува тука! Атмосферата на неочекуваното е присутна од почетокот до крајот, меѓу несреќните животни судбини, страшните убиства, кодираните пораки, заплетканите животни приказни, кои постојано се откопуваат од минатото… Трилер во кој најморничавите настани се случуваат токму кога најмалку очекувате!

    450,00 ден
    Додај во кошничка
  • Мртва ладна

    Мртва ладна

    0

    Во бајковитото село Три Пајнс во Квебек, додека селаните се подготвуваат за Божиќ, некој се подготвува за убиство. Главниот инспектор Арманд Гамаш е повикан да ја истражи причината за грозната и необична смрт на една жена. Не му треба многу време да сфати дека госпоѓата Сиси де Поатје не била омилена. Но, и покрај тоа што сите ја мразеле – меѓу кои и нејзиниот сопруг, љубовникот и ќерката – како е возможно никој да не види како се измачува од електричен удар среде подмрзнатото езеро? Инспекторот длабоко копа во случајот за да дознае каде лежи вистината. Набргу сфаќа дека и тој си создава непријатели. Со доаѓањето на страшните зимски ветришта, надоаѓа нешто уште пострашно. Во следните денови уште два смртни случаи ќе се најдат пред брилијантниот детектив Арманд Гамаш, легенда од рангот на Херкул Поаро и Шерлок Холмс!

    350,00 ден
    Додај во кошничка
  • Сè што никогаш не ти кажав

    Сè што никогаш не ти кажав

    0

    Лидија е мртва. Но тие сѐ уште не го знаат тоа. Со овие зборови почнува несекојдневниот роман на Селест Инг за семејството со кинеско потекло што живее во Америка во седумдесеттите години од минатиот век. Лидија е омиленото дете на Мерилин и на Џејмс Ли, кои се надеваат дека таа ќе ги исполни нивните големи очекувања и ќе го оствари сето тоа за што сонуваат, а што самите не биле во можност да го достигнат. Но кога во езерото недалеку од нивната куќа ќе биде пронајдено телото на Лидија, чувствителната рамнотежа во семејството Ли ќе биде уништена и во нивниот живот ќе завладее хаос.
    Ова е роман полн со детали и одлично прикажани емоции што ги преживуваат ликовите: долго потиснување на неостварените желби на родителите со кои ги оптоваруваат своите деца, како и напорот и борбата на членовите на семејството за меѓусебно разбирање.

    270,00 ден
    Додај во кошничка
  • Светот на рамена

    Светот на рамена

    1

    Сите мислат дека знаат сè за Либи Страут, но никој никогаш не се обидел да погледне подлабоко во неа и вистински да ја запознае. По ненадејната смрт на нејзината мајка, Либи се затвора дома, но сега таа е подготвена: за средното училиште, за новите пријатели, за љубовта и за СЕКОЈА МОЖНОСТ ШТО И ЈА НУДИ ЖИВОТОТ.

    Сакам да бидам девојката која може да стори сè.

    Исто така, сите мислат дека знаат сè за Џек Маселин. Да, тој е секси и фраер во секоја смисла на зборот. Но, зад неговата самодоверба, тој крие тајна што мора да ја чува во себе по секоја цена.
Биди шармантен. Биди проклето пресмешен. Не зближувај се со никого.

    Тогаш Џек ја запознава Либи. И нивните светови се менуваат.

    Бидејќи понекогаш, кога ќе запознаете некого, целиот свет доаѓа во фокус.

    Џенифер Нивен ни дава уште една потресна и возбудлива љубовна приказна за пронаоѓањето токму на онаа личност што ве гледа и ве сака такви какви што сте.

    420,00 ден
    Додај во кошничка
  • Поранешниот ти

    Поранешниот ти

    0

    Лин Нејсмит се откажа од работата што ја сакаше кога се омажи за Ед, љубовта на нејзиниот живот. Но, вредеше, заради среќните години што ги проживеаја заедно. Сега, десет години подоцна, на Ед му е дијагностицирана рана деменција и почнуваат да се случуваат чудни работи- почудни од загубени клучеви и проголтани зборови. Како што некои сеќавања се заборавени, така, други, долго заборавени, испливуваат на површината… и совршениот свет на Лин почнува да се урива.

    Но, кој тука си замислува нешта, Ед или Лин?…

    480,00 ден
    Додај во кошничка
  • Транскрипција

    Транскрипција

    0

    Во 1940 година, осумнаесетгодишната Џулиет е регрутирана во светот на шпионажата, ангажирана во таен оддел на МИ5 со задача да ги надгледува активностите на британските фашистички симпатизери. Брзо сфаќа дека таа работа е истовремено здодевна и застрашувачка. Но, со крајот на војната, смета дека сето тоа е засекогаш позади неа.

    Десет годицни подоцна, сега како продуцент во „Би-би-си“, Џулиет ненадејно се соочува со некои ликови од шпионското минато. Сега е во тек една поинаква војна, војна што се води на поинакво бојно поле, а Џулиет сфаќа дека повтороно живее живот исполнет со закани и ризици.

    „Транскрипција“ е не само возбудлива книга. Таа поседува длабочина и текстура што многу ретко се наоѓа во овој жанр. Ова е бравурозен современ роман кој е полн како со остроумност, така и со емпатија – врвно авторско остварување на една од најдобрите пистелики на денешнината.

    430,00 ден
    Додај во кошничка
  • Морам да знам

    Морам да знам

    0

    Овој психолошки трилер од „ЦИА инсајдер“ навистина ќе ве заледи. Во потрагата по руски шпионски круг во Америка, една аналитичарка од ЦИА открива смртоносна тајна што ќе ја преиспита нејзината лојалност кон Агенцијата, но и кон нејзиното семејство.

    Што би направиле кога сè во што имате доверба излегува дека е лага?

    Вивијан Милер. Врвна аналитичарка во ЦИА, среќно омажена со сопруг што го обожава, мајка на четири прекрасни деца. Но, во еден момент, таа открива нешто толку страшно, што почнува да се сомнева во сè околу себе.

    Вивијан е решена да ја одбрани својата земја од сите непријатели, странски и домашни. Но, сега, соочена е со невозможен избор. Растргната меѓу лојалност и предавство, соработка или проневера, љубов или сомнеж. Кому да верува?

    Не пропуштајте го „Морам да знам“, роман преведен на повеќе од дваесет јазици ширум светот, од кој се подготвува и филм со Шарлиз Терон во главната улога.

    420,00 ден
    Додај во кошничка
  • Исповеди

    Исповеди

    1

    На дваесет и една година, Обурн Рид веќе изгубила сè што ù е важно.
Во својата борба одново да си го изгради урнатиот свет, таа си ги зацртува целите и нема простор за грешки. Но, кога влегува во едно уметничко ателје во Далас, барајќи работа, таа не очекува да се појави длабока привлечност кон таинствениот уметник кој работи таму, Овен Гентри.

    Обурн ризикува првпат и си го препушта срцето да ја води, само за да открие дека Овен чува голема тајна да не излезе на виделина. Обемот на неговото минато се заканува да го уништи сето она што ù е важно на Обурн и единствениот начин таа да си го врати животот е да го отфрли Овен од себе.

    За да ја спаси нивната врска, сè што треба да направи Овен е да се исповеда. Но, во овој случај, исповедта може да биде многу подеструктивна од самиот грев.

    „Хувер длабоко ќе ве трогне во оваа љубовна приказна за втора шанса… напнато, секси.“ (Буклист, Онлајн осврт)

    „Исповеди е уште една емотивно наполнета и извонредно срочена книга. Колин Хувер продолжува да им носи на читателите уште една автентична приказна што се разликува од сите други и е прекрасно пренесена.“ (Бук краш)

    390,00 ден
    Додај во кошничка
  • Варшавскиот протокол

    Варшавскиот протокол

    0

    Од мирните канали на Бриж, до елегантните простории на „Кралскиот замок Вавел“, и длабоко под земјата во античкиот полски рудник за сол, Малоун е фатен среде смртоносна војна – чиј исход се претвора во тајна позната како „Варшавскиот протокол“. Откако поранешниот агент на Министерството за правда Котон Малоун беше сведок на кражба на една реликвија, тој од својата бивша шефица Стефани Нил дознава дека наскоро ќе се одржи приватна аукција каде што на највисокиот понудувач ќе му бидат дадени информации за претседателот на Полска, уцена што ја сакаат и САД и Русија, но од многу различни причини. Цената за присуство на аукцијата е една од реликвиите, па Малоун е испратен во замок во Полска за да го украде илјада години старото Свето копје, значајно не само за христијаните, туку и за полскиот народ. Но, ништо не оди според планираното и Малоун е втурнат во крвава битка меѓу три нации околу информациите што, доколку бидат откриени, може да го променат балансот на силите во Европа. Во најновиот бестселер на Њујорк тајмс „Варшавскиот протокол“, авторот ве води во една незамислива авантура каде што сте сведоци на исчезнувањето на седумте скапоцени реликвии „Арма Кристи“ од светилиштата низ целиот свет, кои се дел од распнувањето на Исус Христос.

    550,00 ден
    Додај во кошничка
  • Еден плус еден

    Еден плус еден

    0

    Да претпоставиме дека вашиот живот не е во ред. И тоа многу. Вашиот сопруг е исчезнат, тинејџерот посинок тврди дека е малтретиран, а вашата ќерка која е фрик за математика ѝ се пружа животна шанса која вие не можете да си ја дозволите. Тоа е судбината на Џес. Но, неочекуваниот витез во сјаен оклоп ќе ѝ понуди спас. Само што витезот на Џес е чудниот Ед, неподнослив милионер, чиј дом таа го чисти. Тој ќе понуди да го одвезе ова дисфункционално семејство на математичката олимпијада. Тоа е првиот, а можеби и последниот, несебичен чин во неговиот живот. ЕДЕН ПЛУС ЕДЕН на авторката Џоџо Мојес е еден од нејзините најдобри романи, тој е феноменален. Ќе се смееш, ќе плачеш, одвај ќе ја дочекаш последната страница.Кога ќе го завршиш ќе посакаш повторно да го прочиташ.

    450,00 ден
    Додај во кошничка
  • Патриотска закана

    Патриотска закана

    0

    Историјата на Законот за данок на доход стои во 16-тиот амандман во Уставот на САД. Но, една тајна го доведува во прашање овој закон. Сега е ред на Котон Малоун да ја дознае вистината. . .
    Малоун, поранешен член на Елитниот разузнавачки оддел, своите пензионерски денови ги поминува како сопственик на книжарница во Данска. Но, се појавува Стефани Нел, која од него бара да ги следи непријателски настроените Севернокорејци, кои имаат тајни досиеја од Министерството за финансии – досиеја што САД можат да ги фрлат на колена.

    Мелоун е вовлечен во 24-часовна потера која започнува во каналите на Венеција и завршува во далечните висорамнини на Хрватска.

    Со појавата на Френклин Рузвелт, Ендру Мелон, сликата која сѐ уште виси во Националната галерија на уметност и некои сознанија за доларот, истрагата на Малоун, на крајот, ќе го постави прашањето:
    Што ако федералниот данок на доход е нелегален?

    Сега тој треба да го најде одговорот по секоја цена!

    550,00 ден
    Додај во кошничка
  • Кодот на Да Винчи

    Кодот на Да Винчи

    1

    Најголемата конспирација, во последните две илјади години, почнува да се открива.

    Роберт Ленгдон, професор за верските симболи на Харвард, е во Париз за да одржи предавање. На приемот што следи, тој треба да се сретне со почитуваниот куратор од светски познатиот музеј Лувр. Но, кураторот нема да се појави, а подоцна таа вечер Ленгдон дознава, од страна на валстите, дека кураторот е пронајден мртов. Ленгдон оди во Лувр на местото на злосторството, каде што открива чудни докази кои убиецот ги оставил зад себе.

    Тука почнува трка со времето, бидејќи Роберт Ленгдон станува осомничен и со помош на францускиот криптолог Софи Неве, мора да дешифрираат безброј таинствени симболи кои биле оставени специјално за нив. Ако Роберт и Софи не можат да ја решат загатката, древната вистина може да биде загубена засекогаш, а тие самите да завршат како колатерална штета.

    600,00 ден
    Додај во кошничка
  • Инферно

    Инферно

    1

    Данте инспирираше раѓање на уште едно уметничко дело! Но уметничко дело кое сее смрт! Дали ИНФЕРНО за човештвото значи Пекол, Чистилиште или Спасение? Роберт Ленгдон се буди во болнички кревет, под седативи и потполно дезориентиран… Несвесен за моментот кога пристигнал во Фиренца, дознава дека има прострелна рана на главата и дека вистинско чудо го спасило од смртта. Сиена Брукс, интелегентна и згодна млада докторка, прави сè да му помогне на професорот по симбологија да се извлече од канџите на Конзорциумот – моќна организација која го гони низ три европски градови… Неколку спротиставени страни се натпреваруваат да дознаат една единствена информација! Каде е скриено мистериозното и смртоносно ремек-дело кое му прети на човештвото и само еден човек може да го најде? Професорот по историја, уметност и симбологија вешто ги толкува и најмистериозните траги кои позади себе ги остава богатиот гениј за генетски инжинеринг…

    Ден Браун повторно не води на патување низ мрачните предели на човечкиот ум, каде се раѓаат грандиозни и опасни идеи…

    600,00 ден
    Прочитај повеќе