-
Магијата на верувањето
0350,00 денБлагодарение на овој докажан водич за самопомош, што и по 70 години од своето прво издание го задржува приматот на една од најзначајните мотивациски книги на сите времиња, милиони читатели низ светот ги имаат почувствувано придобивките од безграничната моќ на верувањето. Црпејќи од личниот пат до успехот, без апстрактни теоретизирања, авторот Клод Бристол ни дава практични совети за тоа како да ги претвориме соништата во реалност. Своите директни сознанија ги преточува во ефикасни чекори за достигнување на сите краткорочни и долгорочни цели: подобра работа, зголемен приход, посреќен брак, или едноставно, душевен мир. Неговото тајно оружје се силата на позитивната мисла и безграничната моќ на потсвеста ‒ а мотивациските техники во книгата се универзални и еднакво применливи и денес.
Сакате да станете поуспешни во работата, поисполнети во приватниот живот и повлијателни во комуникацијата со луѓето? Верувајте во оваа книга и применете ја во животот ‒ и ќе видите дека Магијата на верувањето прави чуда!
-
Почни со зошто
0400,00 денВо бизнисот не е важно што правите, туку ЗОШТО го правите.
Сајмон Синек е еден од најбараните автори и говорници на светот. Неговиот настап на видеоплатформата Тед е вториот најгледан на сите времиња, со над 36 милиони прегледи, а Почни со зошто како глобален бестселер ги освои светските топ-листи. Причината за тоа е што откритијата на Синек имаат неверојатно влијание врз успехот на која било организација.
Тој забележа една значајна работа: многу често сме толку оптоварени со тоа што правиме и како правиме што често забораваме зошто го правиме тоа. Ако ја изгубиме од вид таа суштинска причина, ќе ја изгубиме моќта да бидеме лидери и, што е уште поважно, да ги инспирираме луѓето околу себе.
Во оваа книга Синек со очигледни примери покажува што им е заедничко на Епл, Харли Дејвисон, Дизни, Старбакс, Мартин Лутер Кинг, Бил Гејтс, Томас Едисон, браќата Рајт – тие никогаш не го заборавиле своето зошто, со кое го инспирираат светот околу себе и стануваат примери за големи лидери.
-
Како да престанете да се грижите и да почнете да живеете
0400,00 денЗА МУДРИОТ ЧОВЕК СЕКОЈ НОВ ДЕН ЗНАЧИ НОВ ЖИВОТ.
Како да ја планираме и направиме поубава иднината, без да се оптоваруваме со непотребни грижи за неа?
Наместо да плачеме и да се каеме за направените грешки, треба да се соочиме со проблемот кога тој ќе се појави, трезвено да размислиме и да пристапиме кон негово решавање. Токму во тоа ќе ни помогне оваа збирка делотворни, испробани рецепти. Тие ќе нè научат на нов начин на живот – ослободен од грижите, поисполнет и посреќен. Зашто овој прирачник ќе ви ги отвори очите за ситните мудрости што обично не ги забележувате.
Запаметете дека токму вие сте новото чудо на светот. Дека во историјата на човештвото никогаш немало личност сосем слична со вас и дека во иднина никогаш веќе нема да се роди човек каков што сте вие. Искористете ги сите способности со кои ве надарила природата. Престанете да се грижите за ситни работи и живејте го животот исполнето! Бидете среќни што сте живи и што учествувате во возбудливата авантура на постоењето!
-
Моќта на потсвеста
0450,00 денМоќта на потсвеста, една од најомилените и најпродаваните инспиративни водичи на сите времиња, ви покажува како менувањето на вашиот начин на размислување може да доведе до драстично подобрување на вашиот живот. Со помош на практични, разбирливи техники и конкретни примери, д-р Џозеф Марфи ви го открива огромното влијание на потсвеста врз сите животни сфери: парите, односите, работата, среќата – и како да ја примените и да ја насочите нејзината моќ за да ги остварите своите цели и соништа.
Оваа неверојатна книга веќе им помогна на читателите ширум светот да го постигнат навидум невозможното со самото учење како да ја контролираат неверојатната моќ на потсвеста. Сега и вие можете да ги научите овие моќни техники за да го смените својот живот, така што најнапред ќе ги смените своите верувања.
-
Будење на свеста
1400,00 денВистинскиот извор на страдањето во светот се стравот, болката и незнаењето. Ова се случува кога не сме во допир со универзумот, кога не сме во хармонија и баланс. Сè додека ја проектираме моќта надвор од себе и не сме во можност да ја препознаеме внатрешната моќ која вистински нè исцелува, тогаш и го поддржуваме сето страдање кое му се случува на светот.
Потребно е да ја поттикнеме личната и духовна преобразба, да се ослободиме од товарот што го носиме во себе, да станеме свесни за своите програми и да работиме на нивно освестување, да се ослободиме од нив и да отвориме простор во срцето за љубов која целосно ќе нè исцели. Тоа нема секогаш да биде пријатно и лесно, но колку повеќе се исцелуваме толку и креативниот канал ќе ни биде почист и посјаен и ќе уживаме во неограниченото изобилие на универзумот. А како што ние ќе се исцелуваме, ќе се исцелува и целото човештво.
Ве повикуваме заедно да ја разработиме оваа идеја на Будење на свеста. Посакуваме секој да погледне во себе, да го пронајде својот копнеж, свесно да косоздава реалност каква што посакува и да биде љубов. Нашата желба за вас е со радост да ја прегрнете новата промена која е веќе присутна насекаде околу нас и да завладеат хармонија и љубов на нашата планета.
-
Никој не рече дека ќе биде лесно
0199,00 денЗа да го создадеме чудото што толку многу го посакуваш, ќе мора да тргнеме кон едно место. Едно тајно место. Место каде што има доволно чуда за сите нас.
Во тоа место живеат сите твои соништа. Тоа место ќе ти ја даде можноста за првпат во твојот живот навистина да ја почувствуваш среќата.
Ќе дојдеш ли со мене? Следи ме.
-
Нашето последно кафе
0199,00 денОва е книга за сите борци. Книга за луѓето кои не се откажуваат. Книга за луѓето кои ја гледаат светлината и во најтемните моменти на животот.
Од авторот на Се гледаме на врвот и Стравот, ни доаѓа уште една книга која ќе нè соочи со себе, со сопствените стравови, изговори, самонаметнати граници и откажувања, но и ќе ни покаже како да ги ослободиме своите потенцијали и да го достигнеме личниот максимум.
Затекнат од загубата на многу блиска личност и соочен
со кршливоста на животот, Петров решава да напише книга-обраќање, како потсетување дека животот се живее, а не се случува. Оваа книга е силно освестување за да се разбудиме и да не го земаме животот здраво за готово, туку од него да направиме искуство вредно за живеење, приказна вредна за споделување, живот по наша мера. Споделувајќи ги своите животни искуства, иницијациски предизвици, мисли и размисли, авторот ни раскажува како да се соочиме со парализирачкиот страв и со предизвиците што ни ги сервира животот, како да се справиме со луѓето кои нè повредуваат… Како да не се откажуваме од своите соништа, да го најдеме мирот и да направиме подобра верзија од себе.
Правилото е едноставно. Ништо во нашите животи нема да се промени ако не се промениме себеси.
-
Се гледаме на врвот
0199,00 денПреку 10.000 луѓе во изминатите три години ги посетија елитните настани на компанијата Пи Ворлд. Како глобален лидер во својата област, компанијата секојдневно соработува со најголемите светски брендови и ја менува бизнис- реалноста во над 50 земји ширум светот. А сето тоа го прави токму оттука, од Македонија.
Во „Се гледаме на врвот“, Коста Петров, дваесет и деветгодишниот основач на компанијата, ве води на патување низ својата животна приказна полна со неверојатни моменти, со подеми и со падови, пријатни и непријатни искуства кои се неодминлив дел од „патот по кој поретко се оди“. А за оној што ќе го избере тој пат и што ќе истрае на него, на крајот го чека заслужената награда. На своето возбудливо патување, Коста Петров се соочува со големи- те можности на Америка, со горчливите сценарија на Прага, со луксузниот бизнис-центар Дубаи, но и со реалноста на креирање на глобален бренд од Македонија. Се гледаме на врвот е книга за сите оние што верува- ат дека во животот сите се создадени за големи нешта. Влезете во светот каде што сè е можно.
„Книгава ќе има многу читатели. Зошто? Затоа што споделува скапо платени животни лекции со јасна цел: животот да биде подобар со нас. Апликативна духовност достапна секому!“
-
Стравот
0299,00 денВо својата прва книга, „Се гледаме на врвот“, Коста Петров ги открива своите тајни на успехот, каде стравот како тема е само начнат како една од препреките на тој пат. Затоа беше сосема природно оваа чудовиштна и неоснована емоција, што претставува пречка во секојдневното себереализирање, да добие свое четиво. „Стравот“ е повеќе од книга,тоа е повик за будење и повик на битка со нашиот најголем непријател, нашето его и неговата најмоќна алатка – Стравот.
Низ несебичното споделување на личните искуства, мисли и чувства, Коста Петров храбро нè води низ нашата психолошка битка, битката која секој од нас треба да ја добие за да може да го живее сето она што Универзумот го подготвил за него. Со својот јасен, сликовит и енергичен јазик, поткрепен со активизам, тој го поттикнува читателот на решителност и на храбро делување.
-
Надвор од редот
0500,00 денВо 12 животни правила клиничкиот психолог и прославен професор на Харвард и на Универзитетот во Торонто, д-р Џордан Б. Питерсон им помогна на милиони читатели да воведат ред во хаосот на своите животи. Во ова смело продолжение Питерсон дава уште дванаесет витални принципи за да се спротивставиме на исцрпувачкиот данок што неминовно гиоси нашата желба за уредување на светот според нашите мерила.
Во време кога човечката волја се наметнува над секоја сфера во животот, од нашите социјални структури до нашите емотивни состојби, Питерсон нуди стратегии со чија помош можеме да најдеме значење и цел, дури и кога ќе се чувствуваме немоќни. Иако хаосот ни се заканува со нестабилност и страв, неконтролираниот ред може да нè скамени и да нè натера на покорност. Надвор од редот повикува на балансирање на овие два фундаментални принципа на самата реалност и нè води по птавиот и тесен пат што го дели.
„Највлијателниот интелектуалец во денешниот западен свет“
Њујорк Тајмс
-
Богат татко, сиромашен татко
0450,00 денКнига што го растресе финансискиот свет! Што е разликата во погледите и ставовите на богатите во споредба со обичните луѓе? Во што се разликуваат нивните постапки што даваат драстично поинакви резултати? Роберт Киосаки, инвеститор-милионер, автор и предавач, ја имал единствената шанса да ги открие одговорите на овие прашања уште во своето детство, и тоа од две сосема различни перспективи – богатиот и сиромашниот татко. Едниот, таткото на Роберт, редовен професор со размислувања на обичен работник што работи за плата. И другиот, таткото на неговиот другар, успешен бизнисмен, кој станал негов ментори му ги отворил очите за огромните грешки што ги правел неговиот сиромашен татко во врска со парите. Богат татко, сиромашен татко е лична финансиска перспектива за целосно преиспитување на тоа како функционираат парите. Нè учи како да работиме на сопствената финансиска интелегенција, како да го забрзаме финансискиот прогрес и како ризикот да ни стане сојузник. Богат татко, сиромашен татко е почетна точка за секој што сака да има контрола над својата финансиска иднина. УСА Тудеј
-
Вистините во кои веруваме
0480,00 денОва е книга за најсуштествените вистини што нè обединуваат и за долгата борба да се сознае кои се тие вистини и како најдобро да се дејствува според нив, прикажани преку личниот живот и низ сите сегменти на животот во САД, на жената која е еден од најинспиративните американски политички лидери.
„Додека нашата демократија се соочува со сеопшт напад што не личи на ниту еден друг напад на кој сме посведочиле досега во животот, мораме да запомниме дека нашиот систем функционира тогаш кога луѓето на кои Соединетите Американски Држави им се важни, ќе се исправат и ќе почнат да учествуваат. Секој ден си поставувам задача: да бидам дел од решението, да бидам радосен борец во битката за душата на земјава. Вам ви поставувам задача да ми се придружите во тие напори. Да не креваме раце, зашто време е да засукаме ракави.
Затоа што години отсега, овој момент веќе ќе биде минато. А, нашите деца и внуци ќе нè прашуваат каде сме биле кога влоговите биле толку високи. Ќе нè прашаат како било. Не сакам да им раскажувам како сме се чувствувале. Сакам да им раскажувам што сме сториле.“
-
Продавница за животни промени
0450,00 денРоман што буди желба да внесеме повеќе живот во животот и да ја прифатиме иновативната филозофија водилка на зебрата: „смелорноста“.
Три нетипични личности, три електрони со слободни души. Кога ќе им се вкрстат патиштата, поредокот на нештата ќе се измени засекогаш. Полето на можностите се отвора, а хоризонтите се прошируваат. Тие се слеваат еден во друг за да си најдат послободен, поотворен, посреќен пат…
Базил, пронаоѓач, раздвижувач на невроните со несекојдневна генијалност, нè води во еден поетско-уметнички свет што го скокотка умот и поттикнува да скршне од униформното размислување. Отвора „бихевиористичка“ продавница од трет вид: за провокативни предмети што ги будат фантазијата, креативноста и го поттикнуваат отворањето на умот. Џулија, надарен „нос за парфеми“, мечтае да внесе душа во својот занает, а нејзиниот син Артур, бунтовен тинејџер, се труди да си го открие местото во светот во кој припаѓа. Наспроти нив е Лујза Мортеј, уредничката на општинскиот весник која сака по секоја цена да ја затвори чудната продавница.
До каде ќе ги однесе своите ликови? Популарната писателка се враќа во своето најдобро издание – со нов извонреден роман со кој уште еднаш нè изненадува и нè освојува.
-
Твојот втор живот започнува кога ќе сфатиш дека имаш само еден
0400,00 денШто да правиш кога одеднаш ќе се најдеш заглавен во стапицата на секојдневната рутина, кога ќе сфатиш дека животот веќе не ти носи радост? Имаш навидум сè што ти е потребно, но нешто недостига, нешто суштинско што го први животот убав, интересен, неповторлив…
Во еден таков преломен момент Камиј, хероињата на овој волшебен роман, среќава необичен човек со уште понеобично занимање: рутинолог. Од него таа повторно ќе ја открие мудроста на вистинските избори, на заборавањето и прошката. Зашто „животот е како летачки балон што се издига со помош на топол воздух. За да се искачиш повисоко, треба да умееш да се ослободиш од товарот и да исфрлиш преку оградата сѐ што ти пречи да се кренеш“. Постепено, тој ќе ја поттикне обесхрабрената Камиј да се осмели да си постави големи соништа. И да тргне кон нивно остварување. Зашто не е најстрашно да не успееш. Најстрашно е да не се ни обидеш!
Со теоријата на мали чекори, тој ќе ја поведе по патот на самопрочистувањето и самооткривањето, за да проникне повторното во љубовта и чудото на постоењето.„Рафаела Жордано нè учи како да излеземе од зачмаеноста и повторно да се вљубиме во животот!“ Мадам Фигаро
-
Клубот 5 наутро
0500,00 денСветски признатиот гуру Робин Шарма ви го претставува концептот на Клубот 5 наутро – докажан систем кој им помогнал на илјадници клиенти максимално да си ја зголемат продуктивноста, да си го подобрат здравјето и да уживаат во спокоен живот во ова динамично и стресно време.
Преку восхитувачка – и честопати забавна – приказна во која главните актери се борат да ги надминат своите лични проблеми и се среќаваат со еден ексцентричен тајкун кој станува нивен таен ментор, Клубот 5 наутро ќе ве запознае со:
– Начинот на кој големите и мудри луѓе ги почнуваат своите утра за да постигнат зачудувачки резултати.
– Малку познатата формула за инспирација и фокусираност за извлекување на најдоброто од денот.
– Докажаната практика што помага лесно да се разбудите додека повеќето луѓе уште спијат, добивајќи скапоцено време за размислување и изразување на својата креативност.
– Револуционерни тактики да ги одбраните своите дарби, таленти и соништа од дигиталното лудило и тривијалните дразби за да можете да уживате во успехот, работата и магичното влијание врз светот. -
ТАЈНАТА ВРАТА НА УСПЕХОТ
0250,00 денРазликата меѓу успешните и неуспешните луѓе е во познавањето на начинот на кој се стигнува до целта. Тајната врата на успехот на Флоренс Сковел Шин ни покажува како да ја пронајдеме и да ја отклучиме вратата што води до тајното знаење за успехот.
Со едноставни и практични совети, Шин ни покажува како да ги отстраниме бариерите што нè спречуваат да доживееме вистинска љубов, да заработиме пари и да ги оствариме своите цели. Таа ни ја открива тајната врата која води кон исполнување на сето она што го посакуваме длабоко во себе. Ни објаснува како своите несреќи да ги претвориме во радост за само неколку дена. И како вистинскиот ментален став може да нè доведе до успех – зашто секој може да воспостави контрола врз ситуацијата и да постигне изобилство со помош на духовните закони што се закодирани во нас.