-
Согласност
0430,00 денПовеќе од триесет години од настаните што ги опишува во својата книга, Ванеса Спрингора го претставува процесот на немилосрдна психолошка манипулација и застрашувачка двосмисленост на согласноста со која се соочува жртвата полна со љубов. А покрај својата индивидуална приказна, таа ги доведува во прашање и настаните од цела една епоха – како и самозадоволството на една средина заслепена со сопствената слава и талент.
Во средината на осумдесеттите години на 20. век, воспитувана од страна на разведената мајка, В. со читањето ја пополнува празнината што ја оставил отсутниот татко. На возраст од само тринаесет години, на една вечера, го запознава Г., писателот чија мрачна слава не ја познава. На прв поглед била привлечена од харизмата на тој педесетгодишен маж – од неговите вљубени погледи и вниманието што ѝ го посветува. Потоа добива писмо во кое тој ја нагласува својата несовладлива потреба повторно да ја види. Сеприсутен и страстен, Г. успева да ја убеди дека ја сака и дека нема да ѝ направи ништо лошо.
Кога полни само четиринаесет години, В. му се нуди и со душата и со телото. Заканите на Одделот за малолетници уште повеќе ја засилуваат оваа опасно романтична идила. Меѓутоа, кога В. ќе забележи дека Г. отсекогаш негувал љубовни врски со адолесцентки, како и дека практикува сексуален туризам во земјите во кои малолетниците се загрозени, таа поминува низ страшно разочарување. Бидејќи зад привлечната појава на еден писател се крие предатор, В. се обидува да се оттргне од него, подготвувајќи се да ја раскаже нивната приказна.
Така настана оваа автобиографија што се темели на вистински настани…
-
Планината си ти
0350,00 денЗа да го искачиме врвот не треба да ја совладаме планината, туку себеси.
Просветлувачка книга полна со моќни сознанија што нè поттикнува да ги искачиме сопствените планини ослободувајќи се од самосаботажата. Зошто и како се самосаботираме и како да престанеме да го правиме тоа за да си го подобриме животот?
Ние инстинктивно промената ја сфаќаме како можна закана. Затоа не е ни чудно што самите си градиме сопствени кафези и доброволно остануваме во нив, иако вратата не е заклучена. Но светлината ја наоѓаме дури тогаш кога сме подготвени да ја прифатиме темнината. Со извлекување клучен увид од нашите штетни навики, со градење емоционална интелигенција и подобро разбирање на нашите мозоци и тела, можеме да се ослободиме од минатите искуства и да дејствуваме со нашиот нависок потенцијал.
Планината си ти е повик за будење што влева надеж за надминување на сите пречки што ни стојат на патот кон себеостварувањето. Заборавете ги правилата за она на што ве учеле и свесно изберете нови уверувања за да создадете живот што длабоко го посакувате и го заслужувате.
„Врвен водич за сите кои се доволно храбри да се соочат со себе и да си ја повратат моќта.“
Џена Блек, меѓународен животен тренер
-
Година со Ентони Де Мело
0490,00 денЗапалете ја светилката на свесноста, па темнината ќе исчезне!
Секојдневни средби со Тони де Мело, од недела во недела, во текот на целата година. Таква е оваа книга. Поделена на педесет и две поглавја, во кои секој неделен дел е клучен пасус од ремек-делата на Де Мело.
Сме научиле среќата да ја бараме надвор од себеси, па кога со своите напори не можеме да оствариме духовно исполнет живот, се обвинуваме и самоосудуваме. Ништо на светот не може да ни даде среќа. Зошто? Зашто веќе ја имаме. Исто како што ги имаме и спокојот и љубовта. Тие се кодирани во нашата ДНК. Не се стекнати или заработени. Живеат во нас за да бидат изразени низ нас. Единствениот потребен напор не е напор. Тоа е согледување и отфрлање на лажните верувања што нè спречуваат.
Ако некогаш се посомневате во моќта на оваа книга, во Де Мело и во себе, навратете се на неговото ветување: „Не сум запознал ниту еден човек што не ја забележал разликата по неколкунеделна посветеност на постигнувањето свесност“.
„Компас за животот, мапа за среќата.“
Тарнер сторис
-
Умешност на лутината: мал водич за голема лична моќ
0350,00 денПовик за сопствена револуција
„Умешност на лутината“ нè води на мало патување во лутината… Ова чувство е корен на многу наши дисфункционалности, незадоволства, несигурности, ама и учител и извор на нашата лична моќ.
Малку по малку, разбирливо и преку примери, книгата ни открива слој по слој од лутината. Што правиме со својата лутина? Зошто го правиме? Свесно ли избираме како ќе ја покажеме или ќе ја скриеме? Како тоа влијае на нашиот живот? На нашата самодоверба? На нашите лични односи? И, конечно, што можеме да преземеме околу тоа? На крајот, сфаќаме дека патувањето со „Умешност на лутината“ било патување во самите нас.
Доц. Мирјана Јовановска Стојановска, психолог/психотерапевт
Книга-амалгам за лутината – водич за трансформација
Водичот „Умешност на лутината“ е како амалгам од повеќе книги, па му го дава на читателот, без да губи многу време, она најпотребното што би го извлекол за себе од сите тие книги заедно… ретко дело наменето за пошироката читателска публика, а сепак според својата содржина не спаѓа во класичната комерцијална литература меѓу книгите за самопомош.
М-р Дора Попова Узуновски, психолог/психотерапевт
-
Внимавај кој волк го храниш
0480,00 денКнигата „Внимавај кој волк го храниш“ е втората книга на овој популарен автор во неговиот препознатлив стил кој се карактеризира со леснотија во читањето. Одушевените читатели, како и големиот број на позитивни критики, коментари и реакции кој ја преплавија медиумската јавност се најдобра препорака за оваа книга да стане култен, балкански бестселер, како и првиот хит на Црнкиќ, „7 тајни на успехот“.
Книгата е напишана на едноставен јазик, преполна е со позитивни и корисни совети кои произведуваат инстант мотивација. Ова е книга што се чита во еден здив, но и на која постојано се враќаме пронаоѓајќи нова смисла и одговори со секое ново читање.
Брилијантни и необични приказни кои лесно се паметат и прераскажуваат, одличен почеток кој ќе ве заинтригира и ефективен крај кој ќе ве натера да размислувате, се само неколку причини зошто оваа книга едноставно не се испушта од раце и зошто е прав подарок за вашите најблиски. Среќата се зголемува кога се споделува.
-
Да го живееме животот од своите соништа
0450,00 денКако да станете најдобра верзија за себе? Преку вистинската книга за себеспознавање! Авторката ја анализира човековата посебност врз основа на неговите ставови, емоции, чувства, желби и со едноставен јазик ни објаснува дека мораме секојдневно да бидеме благодарни за малите нешта во животот, бидејќи единствено така ќе ги почувствуваме позитивната промена и задоволството. Во седумте поглавја на книгата, Коваржик ги вклучува и своите лични искуства. Овие автобиографски моменти се во функција да го појаснат целиот процес. Aвторката со сопствен пример ни покажува дека може да се живее животот од соништата.
Прочитај и откриј се себеси – осмели се да ги оствариш своите желби и соништа!
„Сте се запрашале ли некогаш дали постои нешто повеќе од самиот живот? Истото го правела и Лидија Коваржик. Таа била токму таму каде што сте денес. Барала одговори, траги и алатки за да го подигне својот живот на повисоко ниво. Направете си голема услуга и прочитајте ја оваа книга. Лидија е тренерот кој ви треба токму сега.“
Инге Рок, основачка на Академијата „Инге Рок“
„Да се научи да се прифати сопственото постоење како едно ’Да‘ упатено за својата среќа; да се усвои сопствениот живот како уникатна можност за личен развој што води кон себеисполнување; а со сето тоа надградување и ’дотерување‘ за живот да му се изрази на битието едно ’Благодарам‘ како резултат на човековата зрелост. Тоа е животната филозофија преточена во книгата на Лидија Коваржик.“
Лордан Зафрановиќ, филмски режисер и сценограф
„Да бидеме како децата. Оваа навидум едноставна идеја, но со голема енергија и со длабок дострел одекнува во книгата на Лидија Коваржик. Поврзува често неочекувани контексти и ги вдахнува читателите да го осознаат своето битие – не само во интелектуална смисла, туку многу практично, на конкретни примери. Како секој од нас може да живее исполнет живот и да им користи на другите. На своите мисии низ сите краишта на светот, повеќепати имав можност да увидам дека ни се враќа она што симболично сме го ’пуштиле низ вода‘. Книгава што ја држите в раце е уживање. Не го оптоварува читателот со теориска мудрост, туку во секоја реченица дава надеж, леснотија и желба за живот. Да се живее со полн здив, да се живее смислено. Благодарна сум што настанало ова дело, а верувам дека тоа ќе си го пронајде патот до срцата на читателите.“
Павла Гомба, извршна директорка на УНИЦЕФ во Чешката Република
-
Кога телото вели не
0550,00 денКога самите не сме способни да му кажеме „не“ на стресот, телото зборува место нас. А кога телото ни зборува, треба да го слушаме.
Може ли човек буквално да умре од осаменост? Дали постои „рак-личност“? Зошто и како се појавуваат артритис, дијабетес, срцеви заболувања, мултиплекс склероза… и дали можат да се излечат?
Врз основа на научните истражувања и своето повеќедецениско искуство, д-р Мате дава одговори на многу важни прашања за ефектот на телоумот врз здравјето и улогата што стресот и индивидуалната емоционална структура ја имаат во многу болести. „Целта на оваа книга е да го опише влијанието на стресот врз здравјето. Тој е толку длабоко скриен и сраснат со нас што го чувствуваме како дел од себе. Се обидуваме да го разбереме телото одвојувајќи го од умот, но тоа е голема предрасуда“, вели д-р Мате.
„Кога телото вели не“ изобилува со животни приказни на многу пациенти. Таа е откровение што придонесува за трансформативни сознанија за тоа дека болеста е начин на кој телото му кажува „не“ на она што умот не може да го признае.
„Габор Мате вешто ги обединува последните достигнувања во биомедицината со личните приказни на пациентите овозможувајќи ни длабок увид во тоа како искуствата го обликуваат нашето здравје и однесување. Книга што мора да се прочита.“
Брус Липтон, автор на „Биологија на верувањето“
„Ова е мошне важна книга, и за докторите и за обичните луѓе. Во секој случај спасува животи.“
Питер Левин, доктор по трауматски стрес
-
Лисица
0350,00 денДелото „Лисица“ од првата дама на ексјугословенската книжевност, Дубравка Угрешиќ, е роман, автобиографија, патопис – и многу повеќе од тоа. Авторката на духовит начин се пресметува со современата книжевна сцена и со глобалните трендови, патувајќи, литерарно и физички, од Јапонија преку многу руски класици до американските авантури на Набоков, или пак до бесмисленото претставување на книгата во денешниот свет.
Што е книжевноста денес, која е нејзината улога и, уште поважно, која е улогата на писателот, дали е тој само кловн што патува низ светот, дали воопшто е возможно сè уште да се раскажуваат приказни, дали е возможно само така да се создаде роман и да се измисли приказна, како и кој има контрола над текстот, авторот или самата приказна – сите овие прашања ги поставува „Лисица“.
Без нималку патетика, преполна со фин хумор, со суптилна иронија, со книжевни и теориски референции, „Лисица“ е посвета на писателите и на пишувањето, на оние важните, неодминливите, на оние чии приказни го менуваат читателот. Такви приказни може да создаде само исклучителен раскажувач, а таква раскажувачка без сомнение е токму Дубравка Угрешиќ.
-
Тим – официјалната биографија на Авичи
0600,00 денИнтимна биографија за Тим Берглинг – Авичи, легендарниот диџеј што прерано го напушти овој свет.
Диџејот и продуцент Тим Берглинг, во цел свет познат под уметничкото име Авичи, експлодира на музичката сцена како огномет наспроти ноќно небо. Беше музички визионер, кој со своето чувство за мелодија успеа да го дефинира периодот кога шведската и европската хаус-музика го освојуваа светот.
Но Тим Берглинг исто така бил и интровертен и кревок млад човек, принуден пребрзо да порасне. По цела серија инциденти, кои резултираат со болнички престој, тој ја прекинува турнејата летото во 2016 година. Едвај две години подоцна, си го одзема животот.
„Тим – официјалната биографија на Авичи“ е дело на наградуваниот новинар Монс Мосесон, кој добива специјален пристап до белешките на Тим, а прави интервјуа и со неговото семејство, како и со неговите пријатели и колегите од музичкиот бизнис. Биографијата искрено ги претставува Тим и неговата животна потрага, не срамејќи се од тешкотиите со кои се соочувал.
-
Тажни мисли
0450,00 ден„Пазарот е преплавен со книги за тоа како да се постигне добро ментално здравје, почнувајќи од медитација, преку максимална концентрација, до лекување со медикаменти. Но, мозокот не се развил за потребите на нашата добросостојба, туку заради наше преживување и размножување. Стресните состојби, паничните напади, опсесивно-компулсивните нарушувања, дури и АДХД и дијагнозите во спектарот на аутизмот, сите тие носат еволуциски поволности. Психијатарот Андерш Хансен го сфатил ова, и сега ни ги испорачува своите размисли во неговата генијална и одлично составена книга. Апсолутно задолжително четиво!“
–Хуго Лагеркранц, почесен професор по педијатрија, институт „Каролинска“„Андерш Хансен е нашиот најистакнат и најугледен јавен едукатор. Со неговиот кристалнојасен, максимално непосреден стил, кој во ниеден миг не отстапува исплашен од тешки прашања, Хансен пишува за еволуцијата, за мозокот и за тоа зошто многумина од нас се чувствуваат толку неубаво. Според мене, брилијантно. И, многу поучно“.
–Давид Лагеркранц -
Пријатели, љубовници и големото ужасно нешто
0700,00 денОмилената ѕвезда од „Пријатели“ нè носи зад сцената на хит-серијата и на неговата борба со порокот во овие искрени, забавни и разоткривачки мемоари што испраќаат моќна порака за надеж и упорност.
„Здраво, се викам Метју, иако можеби ме знаете и по друго име. Пријателите ме викаат Мети. И требаше да сум мртов.“
Вака започнува приказната на познатиот актер, која води од детските амбиции за слава сè до зависноста и закрепнувањето од неа. Тој нè запознава со: петгодишниот Метју, кој патувал од Монтреал до Лос Анџелес, врвејќи ја траекторијата помеѓу неговите разделени родители; со четиринаесетгодишниот Метју, кој веќе бил познат во цела Канада; и со дваесет и четиригодишниот Метју, кој ја зграбил посакуваната улога како водечки член на актерската екипа од пилот-серијата која првично била наречена „Пријатели како нас“.
Во извонредната приказна што само тој може да ја раскаже, Метју Пери го открива растуреното семејство во кое израснал, желбата да биде препознаен, и празнината што не можела да се пополни дури и кога неговите најголеми соништа биле остварени. Исто така, тој детално ги опишува мирот што го нашол во трезвеноста и чувството додека траела сеприсутноста на „Пријатели“, споделувајќи приказни за колегите од серијата, но и за други ѕвезди што ги запознал по тој пат. Искрен, самосвесен, и со хуморот како заштитен знак, Пери сликовито ја прикажува својата доживотна битка со пороците и како тие се родиле и покрај тоа што навидум имал сè.
„Пријатели, љубовници и големото ужасно нешто“ сe незаборавни мемоари кои се и интимни и ни ги отвораат очите, како подадена рака за секој што води некоја битка. Непоколебливо искрена, трогателна и бурно смешна, ова е книгата што фановите долго ја очекуваа.
-
Купи си ги е*ените лилјани
0430,00 денАко барате книга што содржи совети и строги техники што ги користат петте најуспешни луѓе на планетава, тогаш оваа книга не е за тебе. Оваа книга е за секој човек. Особено за младите жени. Тара Шустер e обична девојка, дезориентирана душа, која, исто како тебе, решила да си го среди животот. Таа не нуди решенија како во секоја втора книга за самопомош напишана по шаблон и книги на кои веќе никој не им ни верува.
Едно утро, Тара се разбудила мамурна и решила да се соочи со вистината и да стави точка на својот несреден живот. Вистината е тука речиси цело време, само што ние ја забележуваме или не обрнуваме доволно внимание на неа. Ако сакаш да си го средиш животот, потребни ти се само неколку трикови, многу искреност и малку доследност. Препуштете ги крајностите на оние што живеат екстремни животи.
„Книга што би сакала да ја имав покрај себе кога имав дваесет години.“ – Анџелика Хјустон
„Во своето интересно автобиографско дело, Тара Шустер, отворено пишува како од фазата на лечење самата себе успеала да ја поврати контролата над својот живот. Исполнет со бисери на мудроста овој дневник е вистински погодок.“ – Паблишер викли
„Тара Шустер не само што дава неверојатно конкретни, корисни совети, туку со читателите дели живописни приказни благодарение на кои имате впечаток дека не сте толку осамени на овој свет“ – Њујорк магазин
-
Четири години во планините на Курдистан
0450,00 ден„Четири години во планините на Курдистан (1915-1919) – Мемоарите на преживувањето на едно ерменско дете“ е ретко и инспиративно лично сведоштво за едно потресно поглавје од историјата. Извонреден приказ за влегувањето во светот на возрасните и приказна за опстанокот на еден ерменски тинејџер принуден да живее во племенска култура меѓу курдските селани и турските бегови.
Ерменецот Арам Хајгаз имал само 15 години кога ги загубил татко си, браќата, многу роднини и соседи. Сите биле убиени или починале од глад кога отоманските војници го ставиле нивното село под едномесечна опсада.
При депортацијата на Ерменците, Арам и мајка му биле принудени да пешачат низ сириската пустина без храна, вода и засолниште како дел од системското уништување на христијанското ерменско население во 1915 година.
Мајка му го поддржала да премине во ислам за да преживее. На четвртиот ден од маршот еден Турчин се согласил да го земе овој млад преобратеник во своето домаќинство. Тој се издигнал од „неверник“ до доверлив секретар, единствениот што знаел да чита и пишува во племето што го прифатило.
Арам поминал четири долги години живеејќи како роб, слуга и овчар меѓу курдските племиња, полека стекнувајќи ја довербата на своите киднапери. Во текот на овие години тој израснал од момче во маж и неговата приказна им нуди на читателите извонреден приказ за влегувањето во светот на возрасните и вредно историско сведоштво.
Хајгаз успеал да побегне од заложништвото во САД во 1921 година.
-
Болеста како метафора / Сидата и нејзините метафори
0300,00 ден„Болеста како метафора“ и „Сидата и нејзините метафори“ се два од најзначајните есеи на американската писателка Сузан Сонтаг. Во „Болеста како метафора“ таа ги разоткрива митовите и зборува за вистинското значење на болеста, која со векови влијае врз културата на човештвото. „Сидата и нејзините метафори“ ги испитуваат метафорите поврзани со сидата и ја покажуваат вистината, ослободена од вина, срам и страв.
Истакнувајќи ги сличностит200е меѓу јавните перспективи за ракот (парадигматската болест на дваесеттиот век пред појавата на сидата) и туберкулозата (симболичната болест од деветнаесеттиот век), Сонтаг покажува дека и двете болести се популарно поврзани со лични психолошки особини. Конкретно, таа вели дека метафорите и термините што се користат за опишување на двата синдрома водат до поврзаност меѓу потиснатата страст и самата физичка болест.
Најјасен и највистинит начин на размислување за болестите е без прибегнување кон метафори. Таа верува дека обвиткувањето на болеста во метафори ги обесхрабрува, ги замолчува и ги срами пациентите. Сонтаг го напишала првиот есеј додека се лекувала од рак на дојката, иако во него не го спомнува директно своето лично искуство со оваа болест.
-
ХРАБРОСТА ДА СЕ БИДЕ СВОЈ
0420,00 денАко не го живеете својот живот за себе, тогаш кој ќе го живее за вас?
Дали среќата е нешто што човек може да го избере за себе? Јапонскиот феномен „Храброста да се биде свој“ ни дава едноставен и јасен одговор.
Користејќи ги теориите и техниките на Алфед Алер, еден од најбрилијантните умови на психологијата, необичниот филозоф му помага на едно момче да сфати дека секој човек сам ја одредува насоката на својот живот. Ослободување од оковите на минатото и од очекувањата на другите – овој идеал ги предизвикува социјалните норми што ги живееме и за кои сме убедени дека се вообичаени. Потребна е храброст да се ослободиме од нив и да сфатиме дека секој од нас има своја улога во светот.
Оваа мудра книга ќе ви помогне да почнете да верувате во себе и да заборавите на туѓите и на самонаметнатите ограничувања. Веќе на милиони луѓе им помогна. Сега е вашиот ред!
„Сократовски дијалог што ги обединува Адлеровата психологија и стоичката филозофија. Зачудувачки од почеток до крај. Моја топла препорака.“ Марк Андерсен
-
Речи НЕ без чувство на вина
0430,00 денПрестани да им угодуваш на другите! Научи како да поставиш граници и како слободно да кажеш НЕ – без чувство на вина!
Зарем не ти досади тоа што луѓето те искористуваат? Дали си уморен/на од колегите, пријателите, па дури и роднините што си земаат за право да го користат твоето време и очекуваат да им бидеш достапен кога ѝ да им затреба нешто? Ако е така, тогаш ова е вистинска книга за тебе – Речи НЕ без чувство на вина!
Во оваа книга ќе откриеш:
– Како и самиот автор ги пребродил навиките да им угодува на другите луѓе
– Список на најчести причини кога велиме ДА, а знаеме дека треба да кажеме НЕ
– Десет едноставни стратегии како на фин начин да го одбиеме барањето
– Зошто зборот НЕ, не нè прави лоша личност (напротив!)
– Најдобар начин да развиеш навика за да воспоставиш лични и професионални граници
– Како да знаеш дали си личност што им угодува на другите
Плус бонус поглавје:
– Како да речеш НЕ на посебни групи луѓе како што се брачни другари, деца и пријатели (о да, можеш и нив да им речеш НЕ!)
Не дозволувај луѓето да те земат здраво за готово, преземи контрола над својот живот така што ќе речеш НЕ без чувство на вина!