-
-30%
Проколната земја
0Original price was: 550,00 ден.385,00 денCurrent price is: 385,00 ден.Бет и нејзиниот мил, добродушен сопруг Френк имаат среќен брак, но главниот предуслов за нивната врска е минатото да остане закопано. Кога братот на Френк ќе го застрела кучето што им удавило неколку овци, никој не знае дека тој истрел засекогаш ќе им ги промени животите. Бидејќи кучето му припаѓа на Гејбриел Волф, човекот кого Бет го сакала како тинејџерка – човекот кој ѝ го има скршено срцето пред многу години. Гејбриел се враќа во селото со својот мал син, Лио – момче кое Бет премногу ја потсетува на нејзиниот сопствен син, кој има починато во трагична несреќа.
Како што струите ја повлекуваат Бет назад во животот на Гејбриел, така растат и тензиите во селото, па почнуваат да испливуваат опасни тајни и љубомора, но овој пат со смртоносни последици. Бет е принудена да направи избор помеѓу жената што била некогаш и жената во која е претворена сега.
Длабока љубовна приказна со пресврт на трилер – новела за горлива страст, невозможни избори и експлозивни последици која шета помеѓу минатото и сегашноста истражувајќи ја моќта на првата љубов.
-
-30%
Кога жеравите летаат на југ
0Original price was: 450,00 ден.315,00 денCurrent price is: 315,00 ден.„Жеравите летаат на југ“ на шведската писателка Лиса Ридзен е импресивен дебитантстки роман кој допира директно до срцето. Книга за која без двоумење може да се каже дека е невозможно да не ве трогне.
Дома кај Бо ретко се менува тивкото секојдневие, освен кога доаѓа персоналот од службата за домашна нега. Но тој го има своето сакано куче Сикстен, па не е сосем сам. Во празнотијата што зад себе ја оставила неговата сопруга, која живее во дом за дементни лица во шведскиот град Остерсунд, кај Бо почнуваат да ријат и гребат размислувања и сомнежи. Времето е премногу кратко за да стигне да го реши тоа што на моменти се чини невозможно – односот со синот.
Таткото и синот несигурно, но упорно се обидуваат да се сретнат на половина пат и да се доближат еден до друг. Но, во исто време, синот е убеден дека омилениот придружник на татко му, Сикстен, мора да се пресели, бидејќи осумдесет и деветгодишниот старец не може повеќе да се грижи за него. Заканата дека ќе го изгуби своето куче буди длабок вител од емоции што го тера Бо да се наврати на својот живот, на татковството и на својот начин на изразување и искажување љубов. -
-30%
Крстопати
0Original price was: 520,00 ден.364,00 денCurrent price is: 364,00 ден.Го запознав Вест Хејвен кога имав осум години. Ме научи да играм покер кога имав девет и заедно правевме авиони од
хартија кога имав единаесет. Ме бакна кога имав шеснаесет. Тој беше најдобриот дел од нашите семејни летни одмори во Монтана. Тој беше момчето кое ми го украде срцето. Имав дваесет и три кога животот грубо нѐ раздели.Години подоцна, го прекршувам заветот и се враќам на ранчот. Не како гостинка, туку како негова нова сопственичка. Вест можеби најмногу посакува да ме снема, но дури и тој мора да признае дека прифаќањето на мојата помош е единствениот преостанат начин да се спаси нивното семејно наследство.
Не ни е лесно да работиме еден покрај друг соочувајќи се со тие стари спомени. Но оваа ситуација е само привремена. Двајцата сме на крстопати. И можеби, ако не си дозволам повторно да се вљубам во Вест Хејвен, ова е нашата шанса засекогаш да ги закопаме тие духови. Можеби овој пат конечно ќе можеме вистински да се збогуваме.
-
-30%
Убавината на скршените нешта
0Original price was: 390,00 ден.273,00 денCurrent price is: 273,00 ден.Итан се бори за нешто целиот свој живот – за успех, за докажување, за љубов. Роден со големи соништа и амбиции, а израснат со малку, се обидува да се пробие во свет кој никогаш не му дал ништо на тацна. Научен да очекува загуби. Научен секогаш да биде подготвен за падот.
Тогаш ја запознава Ирис, девојката која му покажува дека ништо во животот не е невозможно. Таа прави тој да се чувствува семоќно. Со неа, повеќе не мора да се бори сам. Па кога таа сонува, тој сонува со неа. Кога таа посакува нешто, тој ќе помести и планини за да ѝ го даде. А кога таа копнее за семејство, тој се заколнува дека ништо – дури ни невозможното – нема да им застане на патот.
Нивната љубов е неуништлива, неопислива, луда… Но што кога љубовта не е доволна?
Навидум совршен пар, тие бијат битка во тишина: битка која им ги тестира силите, надежта, телата и љубовта. И кога конечно го добиваат чудото кое го чекаат, мислат дека е готово. Но грешат. Судбината е безмилосна и ја распарчува нивната љубовна приказна. Стануваат туѓинци во сопствените животи, а нивната љубов почнува да напукнува од грешката која никој не може да ја поправи. За првпат, тие се на спротивна страна на битката.
Некои љубови преживуваат сѐ. Некои не. Но за некои вреди да се бориш… дури и кога се скршени. Можеби затоа што има некоја посебна убавина во љубењето со скршено срце.
-
-30%
Фаворити
1Original price was: 590,00 ден.413,00 денCurrent price is: 413,00 ден.За светот се скандал. Еден за друг, опсесија.
Таа нема значајно потекло, познато име, богатство или семејна поддршка, но отсекогаш знаела дека ѝ е пишано да стане добитничка на златен олимписки медал во танц на мраз. Кога Катарина Шо го запознава Хит Роча, осамено дете заглавено во системот за згрижување сираци, нивната инстантна конекција ги прави добар пар на мразот. Благодарение на тоа што се потпираат на лизгањето – и еден на друг – за да побегнат од своите турбулентни животи, Кет и Хит стануваат шампиони на мразот, освојувајќи го светот со нивната неопислива хемија, бунтовнички стил и нивната вртоглаво луда врска.
Но шокантен инцидент на Олимписките Игри ненадејно става крај на нивното партнерство.
На десетгодишнината од нивното последно лизгање заедно, еден документарен филм повторно ја потпалува масовната опсесија со Шо и Роча, тврдејќи дека низ интервјуа со нивните најблиски пријатели и најжестоки ривали ќе ја открие „вистинската приказна“ за скандалозниот пар. Кет не сака да има ништо со документарецот, но не може да ја поднесе помислата некој друг да ја дефинира нивната историја. Па, по цела декада молк, сега ја раскажува приказната: од детските трагедии од кои се раѓа нејзината огнена врска со Хит до судирот на желби поради кој се разделуваат. Сензационалистички гласини им го следат секој чекор со години, но има шанси вистината да е уште пошокантна од насловите во таблоидите.
