-
-29%
Херој
1Original price was: 420,00 ден.299,00 денCurrent price is: 299,00 ден.Таткото на Алекса Холанд бил нејзиниот херој – сè до шокантното откритие дека таа и мајка ѝ не биле неговото единствено семејство. По откривањето на таа тајна, Алекса дава сè од себе да го насочи својот живот во друг правец и да создаде свој сопствен идентитет надвор од неговите ужасни тајни. Но кога запознава човек кој е подеднакво оштетен од грешките на татко ѝ како и таа, Алекса мора да му помогне.
Кејн Каравеј не сака ни да чуе за обидите на Алекса за искупување, но не е толку лесно да се оттурне таа девојка. Решен да ја натера да го мрази, тој ја доведува до самиот крај на нејзиното трпение, речиси на раб на лудило, и чека таа да замине. Но неговите постапки само уште повеќе ги зближуваат и и покрај сè, тие почнуваат бурна и експлозивна афера.
Само што, Кејн знае дека тој никогаш не би можел да биде витезот на бел коњ по кој Алекса отсекогаш копнеела. Но кога запаѓаат во опасност, сфаќа дека е подготвен да направи сè за да не дозволи некој од нив двајцата повторно да биде повреден.
-
-34%
Бестрашните пилотки
0Original price was: 450,00 ден.299,00 денCurrent price is: 299,00 ден.Прекрасна приказна за Женската воздухопловна служба чија храброст за време на Втората светска војна ги претворала обичните жени во исклучителни хероини.
1941. Одри Колтрејн отсекогаш сакала да лета. Затоа уште од мали нозе го преколнувала татка си да ја научи на малиот аеродром во близина на нивниот дом во Тексас. Затоа се пријавува да обучува воени пилоти во Хаваи кога почнува војната во Европа. И затоа не е заинтересирана за никаква романса која би можела да ја оддалечи од сонот, дури ни со шармантниот поручник Џејмс Харт, кој набрзо ѝ станува подеднакво ценет пријател како и жените со кои лета. Еден судбоносен ден, се наоѓа затекната во воздухот над Перл Харбор баш кога бомбите почнуваат да паѓаат, и одеднаш повеќе никаде не се чувствува безбедно.
Не сакајќи сите загуби да бидат залудни, Одри се приклучува на Женската воздухопловна служба. Поврзаноста што се раѓа помеѓу неа и останатите пилотки одново ја потпалува искрата надеж во очи на војната и – кога Џејмс исчезнува во акција – ѝ дава сила да се бори во војната, не само за својата држава, туку и за љубовта која ѝ станува неописливо важна.
„Бестрашните пилотки“ е прекрасен приказ на женската храброст и љубов, кој расветлува еден прилично непознат, а моќен дел од историјата.
-
-34%
Летото смени сѐ (Браќата О’Нил #2)
2Original price was: 450,00 ден.299,00 денCurrent price is: 299,00 ден.Темпераментната Французинка Елиз има опасно лош ден. Не само што ѝ пропаѓаат плановите за отворањето на нејзиното сакано бистро, туку, згора на тоа, и Шон О’Нил е вратен во градот. Тие двајца минатото лето поминале една незаборавна ноќ заедно… и спомените сега навистина ѝ отежнуваат на Елиз да се држи до нејзиното строго правило: „не повеќе од една вечер со маж“! Нејзината глава знае дека Шон ќе замине кога-тогаш, па не ѝ преостанува ништо друго, освен да пробува да го игнорира своето срце пред да експлодира од копнеж по него.
Од друга страна, враќањето во Вермонт – па макар и само привремено – е најстрашниот кошмар на хирургот Шон О’Нил. За него, враќањето во ресортот Снежниот Кристал значи принудно соочување со сите причини поради кои го напуштил, но особено со вината што ја чувствува за одбивањето на руралниот животен стил на неговото семејство пред многу години. Но дознавањето дека Елиз сега живее во Вермонт и дека од неа сѐ уште му зоврива крвта е добредојдена дистракција. Тој е во искушение да ја убеди на реприза од минатото лето, но истовремено, не може да заборави колку беа добри заедно и знае дека тоа ќе му го отежни заминувањето…
-
-20%
Бронзениот коњаник II: Златната порта
0Original price was: 500,00 ден.399,00 денCurrent price is: 399,00 ден.Руската зима го стега Ленинград со своите студени канџи, а германската опсада не попушта ни за миг. Татјана Метанова веќе носи воени трагедии на своите млади плеќи, но љубовта кон Александар, несудениот сопруг на нејзината сестра Даша, ѝ дава сила да се бори за иднината.
Од една страна притиснати со моќната воена машинерија на Хитлер, од другата обесхрабрени од суровиот советски систем кој го претвора дури и обичното секојдневие во борба за опстанок, Татјана и Александар се наоѓаат на крстопат во историјата, пресвртен момент кој ќе го означи крајот на еден свет. Новата доба можеби носи ветување за поубав живот, но патот до него е тежок, а непрегледното море од опасности на секој чекор е доволно моќно и бурно за да ги потопи надежите на младите љубовници.
Речиси хипнотизичарка уште од првата страница, па сѐ до самиот срцепарателен крај, оваа книга ја оживува приказната на една толку голема љубов што триумфира дури и над очајот на завојувана земја.
-
-29%
Џелатот (Robert Hunter #2)
3Original price was: 490,00 ден.349,00 денCurrent price is: 349,00 ден.Замислете го вашиот најголем страв… а сега замислете како го доживувате истото, како да се будите директно во вашиот најстрашен кошмар.
Во црква во Лос Анџелес, на скалилата пред олтарот, наоѓаат тело на обезглавен свештеник. Трупот е внимателно позициониран во локва крв, со испружени нозе и рацете прекрстени на градите, а најстрашниот дел од целата глетка е тоа што главата на свештеникот е заменета со кучешка глава. Подоцна, форензичкиот тим открива дека на градите на жртвата со крв е начкрабан бројот „3“.
Детективот Роберт Хантер на почетокот смета дека се работи за ритуално убивање. Но кога почнуваат да се појавуваат нови тела, принуден е одново да размисли за таа теорија. Сите жртви умреле од она од кое најмногу се плашеле. Нивните најлоши кошмари буквално се претвориле во реалност. Но како можел убиецот да знае? И што е тоа што ги поврзува овие жртви?
Хантер тргнува во потрага по вештиот и садистички убиец, некој кој очигледно има моќ да ги чита мислите на жртвите. Некој кој претчувствува што најмногу ги плаши жртвите. Некој кој нема да дозволи ништо да го запре во реализирање на својата изопачена мисија.
-
-40%
Прекрасната самотија
3Original price was: 500,00 ден.299,00 денCurrent price is: 299,00 ден.Ернт Олбрајт, поранешен воен затвореник, се враќа од војната во Виетнам како сосема променет, непредвидлив и насилен човек. Кога губи уште едно работно место, носи импулсивна одлука: решава да го пресели семејството на север, во Алјаска, каде што ќе живеат далеку од модерното општество, во дивината на најдалечната американска граница.
Тринаесетгодишната Лени, девојче кое созрева во турбулентно време и кое е заробено во вртлогот на страсната и бурна врска на нејзините родители, се осмелува да се надева дека новата земја ќе води до подобар живот за нејзиното семејство. Таа е очајна да припаѓа некаде. Нејзината мајка, Кора, ќе направи сѐ и ќе отиде дури и на крајот на светот за човекот што го сака, па макар и тоа значело да го следи во непознатото.
На почетокот се чини дека Алјаска ќе биде одговор на нивните молитви. Во дивината наоѓаат страшно независна заедница полна со силни мажи и уште посилни жени. Долгите сончеви денови и дарежливоста на локалното население надоместуваат за неподготвеноста на Олбрајтови и нивниот недостаток на ресурси. Но со наближувањето на зимата во Алјаска почнува да настапува темнина и кревката психичка состојба на Ернт дополнително се влошува, па семејството почнува да се крши. Убавината надвор почнува да бледее во споредба со опасностите внатре во домот. Во нивната мала колиба покриена со снег, под превезот на ноќта долга 18 часа, Лени и нејзината мајка ја откриваат ужасната вистина: дека се препуштени сами на себе. Во дивината, нема кој да ги спаси ако не се спасат самите.
„Прекрасната самотија“ е неверојатна приказна која ќе ве остави будни цела ноќ; приказна за љубовта и загубата, борбата за преживување и дивината која живее во природата, но и во човекот.
-
-29%
Шефот од соништата
0Original price was: 420,00 ден.299,00 денCurrent price is: 299,00 ден.Вечерта кога го запознав Чејс Паркер, не оставив добар прв впечаток. Се криев во ходник пред тоалетите во еден ресторан за да ѝ оставам порака на мојата најдобра другарка да ме спаси од ужасниот прв состанок. Тој го наслушнал мојот муабет и ми рече дека сум кучка, а потоа продолжи да ми дели љубовни совети. Па му реков да си брка негова работа на тоа високо, арогантно, згодно копиле и си се вратив на мојот состанок.
Кога помина покрај мојата маса, цинично се насмевна и го гледав како самобендисано се враќа на масата кај неговата придружничка. Толку бев изиритирана од неговата дрскост, што не можев да не ѕиркам повремено во негов правец во текот на вечерта. И се разбира, ме забележа повеќе од еднаш, и ми намигна.
Кога згодниот непознат маж и неговата подеднакво секси девојка одеднаш дојдоа на нашата маса, мислев дека ќе ме издаде. Но тој се преправаше дека се знаеме и почна да раскажува детални, засрамувачки приказни од нашето фиктивно детство. И мојот здодевен состанок одеднаш стана бизарно возбудлив. Кога се разделивме, мислев на него повеќе отколку што требаше, иако знаев дека никогаш веќе нема да го видам. Мислам, колкави се шансите да налетам на него во град со осум милиони луѓе? Колкави се шансите да излезе дека некој месец подоцна, баш тој ќе ми биде новиот секси шеф?
-
-34%
Криптолог
1Original price was: 450,00 ден.299,00 денCurrent price is: 299,00 ден.За еден безмилосен сериски убиец кој никогаш не простува и не заборава, таа е единствената која му побегнала. Сѐ досега…
ФБИ агентката Нина Герера побегнала од стапицата на сериски убиец кога имала шеснаесет години. Години подоцна, ја напаѓаат додека џогира во парк, и видео снимката од нападот масовно се споделува на социјалните медиуми. Многумина се импресионирани од нејзините боречки вештини, а помеѓу нив и човекот кој ја киднапирал пред единаесет години – кој исто така ја има видено снимката. Решен да ја врати назад единствената која му побегнала, извршува грозоморно убиство со цел да ја вовлече неа во истрагата… но неговите игри штотуку почнуваат. И го користи интернетот за да ја покани и јавноста да учествува.
Благодарение на неговите шифрирани загатки, тој станува супер ѕвезда на социјалните медиуми – енигматичен сајбер дух познат како „Криптологот“ – но за Нина е само чудовиште кое таргетира ранливи жртви. Заедно со својот партнер, легендарниот Вејд, кој и самиот има духови во минатото, Нина го лови предаторот низ целата земја. Трага по трага, жртва по жртва, Нина ита да го запре смртоносниот убиец додека целиот свет гледа.
-
-22%
Некој близок
1Original price was: 420,00 ден.329,00 денCurrent price is: 329,00 ден.Тие знаат кој е виновникот. Можеби само потсвесно. Но сепак знаат.
Кога осумгодишната Дејзи Мејсон исчезнува од својот семеен дом во Оксфорд за време на забава со маски, инспекторот Адам Фоли знае дека во девет од десет случаи, киднаперот е некој близок на семејството. А семејството на Дејзи дефинитивно е чудно – мајка ѝ е опседната со впечатокот што го оставаат пред другите, а татко ѝ е ладен и одбранбено настроен за време на испрашувањето. А тука е и помалото братче на Дејзи, толку повлечено и некомуникативно…
Детективот Адам Фоли дава сѐ од себе за да пронајде некоја трага од малото девојче, знаејќи дека секоја секунда е важна, но се чувствува како детето да пропаднало во земја – никој не видел ништо; никој не знае апсолутно ништо. Од друга страна, секој има свое мислење и се чини дека сите имаат по некоја тајна што ја кријат… oсобено членовите на семејството.
-
-34%
Војводата и јас (Бриџертон #1)
3Original price was: 450,00 ден.299,00 денCurrent price is: 299,00 ден.Децата на аристократите во Лондон учат како треба да му се обраќаат на војвода и како да се поклонуваат пред принц уште од најрана возраст. Аристократското општество е полно со пишани, но и голем број непишани правила, кои едноставно се подразбираат. Еден вистински војвода треба да е авторитативен и резервиран. А младите дами кои се на возраст за брак треба да се културни и пријателски настроени… но никако премногу пријателски настроени.Дафне Бриџертон отсекогаш имала проблем токму со ова. Бидејќи потекнува од огромно семејство во кое владее хармонија и блискост, таа се има спријателено со сите најпожелни ергени во Лондон. Сите ја сакаат Дафне поради нејзината добрина и хумор. Но никој не ја посакува вистински. Таа е премногу искрена за да ги игра романтичните игри кои ги играат другите млади дами за да освојат добар маж.За војводата од Хејстингс дефинитивно не може да се каже дека е пријателски настроен. Кога се враќа во Англија од долгите патувања низ светот, тој планира да се дистанцира од бракот и општеството – баш како што неговиот ладен татко го дистанцирал него од себе во текот на целото негово болно детство. Но добива уште подобра идеја кога наидува на сестрата на неговиот најдобар пријател. Ако Дафне се согласи да се преправаат дека тој ѝ се додворува, Сајмон ќе се спаси од напорните мајки кои парадираат пред него со своите ќерки, а Дафне значително ќе ја подобри својата репутација и бројката на додворувачи.Планот е одличен, барем на почетокот. Но сите знаат дека љубовта ги игнорира сите правила… -
-29%
Слаткоречив туѓинец (Тревис #3)
2Original price was: 420,00 ден.299,00 денCurrent price is: 299,00 ден.Џек Тревис има прилично едноставен и некомплициран живот како тексашки милионер и плејбој. Тој не дава никакви ветувања, љуби многу жени и живее за задоволство. Но вистината е дека никој никогаш ја нема допрено неговата душа и нема стигнато до неговото срце. Тој е нескротлив и безгрижен сѐ до моментот кога една жена му се појавува на врата со видлив бес на лицето и бебе во рацете.
Лутата жена е тетка на бебето и таа тврди дека Џек е таткото на бебето. Вистинската мајка го напуштила детето, препуштајќи ѝ ја грижата за него на својата поодговорна сестра. И сега, од Џек се бара да преземе одговорност за првпат во животот.
Со неодолива романтична тензија и ликови кои се толку живи што чиниш чекорат по страниците и влегуваат директно во твоето срце, Лиса Клејпас повторно создала една од оние приказни кои те засмеваат, расплакуваат и оставаат вечна трага во твоето срце и ум.
-
-33%
Сите стравови на светот
0Original price was: 490,00 ден.329,00 денCurrent price is: 329,00 ден.„Телата ги пронајдоа во вторник“ – Така започнува еден од најинтригантните и најветувачките трилери за 2021 година; комплексна и заплеткана приказна за мрачната судбина на семејството Пајн.
По ноќ помината на забава, студентот Мет Пајн се враќа во својата соба во студентскиот дом, а таму го чекаат трогателни вести: речиси целото негово семејство – мајка му, татко му и помалите брат и сестра – ги пронашле мртви од труење од гас за време на нивниот одмор во Мексико. Локалната полиција тврди дека се работи за несреќен случај, но ФБИ имаат други сомнежи, само не сакаат да му кажат на Мет зошто.
Трагедијата завршува на сите наслови страници затоа што на семејството Пајн не му е првпат да го привлече вниманието на новинарите. Постариот брат на Мет, Дени, отслужува доживотна казна за убиството на неговата девојка од тинејџерските денови, па благодарение на тоа, целото семејство е прочуено. Иако илјадници се убедени дека Дени е неправедно осуден, Мет чува тајна за брата си, која никогаш ја нема споделено со никого: ноќта кога се случило убиството на девојката, Мет видел нешто што го тера да верува дека брат му навистина е виновен за злосторството. И сега кога смртните случаи во Мексико почнуваат да стануваат сѐ посомнителни, како да се поврзани со случајот на Дени, Мет мора да ја открие вистината за убиството поради кое брат му завршил во затвор – и притоа да се соочи со сите свои најголеми стравови на светот.
-
-29%
Основно правило за успех: КУМУЛАТИВНИОТ ЕФЕКТ
1Original price was: 420,00 ден.299,00 денCurrent price is: 299,00 ден.Без евтини фори. Без преувеличувања. Без магични стапчиња. Според Дарен Харди постои само еден, многу едноставен и функционален принцип за успех, без оглед на кое поле во животот сакате да напредувате. Ако сте сериозни дека сакате да живеете исклучителен живот, тогаш искористете ја моќта на кумулативниот ефект за да го постигнете успехот кој го посакувате.
Оваа книга се базира на принципот дека одлуките што сите ги носиме во животот се оние кои ја обликуваат нашата „судбина“ и нашиот пат во животот. Малите секојдневни одлуки или водат до живот каков што сите посакуваме или пак до катастрофа. Дарен Харди, авторот и издавач на списанието УСПЕХ, направил збир на основните принципи кои се заслужни за најфеноменалните достигнувања во бизнисот, врските и општо во сите аспекти на животот.
Оваа книга треба да ја прочита секој кој копнее по нешто, без разлика дали тоа се однесува на подобра кариера, поуспешни и поисполнителни љубовни врски, подобро физичко здравје и тело, раст и усовршување или кој било друг аспект… бидејќи е како оперативен систем кој ви овозможува да го умножувате вашиот успех, да го бележите напредокот и да постигнете сè што сакате во животот.
-
-39%
Ноќно пливање
3Original price was: 490,00 ден.299,00 денCurrent price is: 299,00 ден.Откако првата сезона од нејзиниот подкаст за вистински злосторства станува сензација преку ноќ и ослободува невин човек од затвор, Рејчел Крол станува општо познато име и последна надеж за илјадниците луѓе кои бараат правда. Но таа е навикната сите да го препознаваат нејзиниот глас, а не нејзиното лице. Затоа се вознемирува кога наоѓа порака на шофершајбната на нејзината кола, адресирана до неа, со молба за помош.
Во малиот град Неаполис се води ужасно судење за силување. Еден од милениците на градот, пливач со потенцијал да стане олимпиец, е обвинет за силување средношколка, саканата внука на полициски началник. Рејчел е под притисок да направи успешна трета сезона од подкастот, па се впушта во интервјуирање и испрашување – но мистериозните писма и понатаму се појавуваат на неочекувани места. Некој ја следи и нема намера да престане додека Рејчел не открие што се случило со нејзината сестра пред дваесет и пет години. Наводно, Џени Стилс трагично се удавила, но девојката од писмата тврди дека нејзината сестра била убиена, а кога Рејчел почнува да поставува прашања за Џени, никој не сака да одговори. Минатото и сегашноста почнуваат да се судираат кога Рејчел открива вознемирувачки поврзаности меѓу двата случаи, кои имаат моќ да го сменат текот на судењето, а и животите на сите инволвирани.
Може ли еден мал град да ги поправи грешките од минатото? Да се искупи за прикриените гревови? И што навистина се случило со Џени?
-
-33%
Што знае ветрот
4Original price was: 490,00 ден.329,00 денCurrent price is: 329,00 ден.Ен Галахер растела воодушевена и маѓепсана од приказните за Ирска на нејзиниот дедо. Скршена од неговата смрт, таа заминува во неговиот дом од детството за да ја истури неговата пепел таму. Но, совладана од спомените од човекот што го обожавала и проголтана од историја што никогаш не ја знаела, таа патува во друго време.
Но Ирска во 1921 година е опасно време, на раб на војна. А Ен се буди токму таму, во тоа опасно време, повредена и дезориентирана. За неа се грижи доктор Томас Смит, старател на едно младо момче кое за чудо ѝ е познато од некаде. Кога ја помешуваат со одамна исчезнатата мајка на момчето, Ен го присвојува нејзиниот идентитет, убедена дека исчезнувањето на жената е некако поврзано со нејзиното.
Кога тензијата расте, Томас се приклучува на ирскиот отпор за независност, а и Ен се вмешува во конфликт покрај него. Распната помеѓу историјата и своето срце, таа мора да одлучи дали е подготвена да се откаже од својот стар живот за нов живот со љубов каква што мислела дека никогаш нема да пронајде. Но, на крајот, не се знае дали тој избор воопшто е во нејзини раце…
-
-39%
Длабоко во темнината
2Original price was: 490,00 ден.299,00 денCurrent price is: 299,00 ден.Изолирана планинска куќа. Совршено место за да побегнеш од сѐ и да одмориш малку. Толку изолирано место што никој никогаш нема да те најде.
Ветувањето за луксузен одмор во спа центар во дива природа спојува осум среќни гости на едно место. Но ништо не е онака како што очекувале. Кога опасна бура им оневозможува секаков контакт со надворешниот свет, гостите почнуваат да стравуваат дека ова не е одмор. Туку замка.
Секој од нив има тајна. Секој има нешто што го крие. И сега, кога темнината полека се спушта, сите имаат од што да се плашат… а најмногу еден од друг.
Кога дознаваат за исчезнатата група луѓе, еден детектив и еден експерт за спасување мораат да се соочат со бруталните временски услови на планината за да ги најдат. Но дури ни тие двајца не се свесни колку е драгоцена секоја минута. Затоа што стрелката на часовникот врти, а гостите на Форест Шедоу умираат еден по еден. За нив, преживувањето станува морничава игра како од книга на Агата Кристи.