Филтер по цена
Жанр
  • Жртва 2117

    Жртва 2117

    0

    #8 СЕКТОРОТ Q

    Застрашувачка меѓународна истрага ја открива сложената животна приказна на еден од членовите на одделот за нерешени случаи – загадочниот Асад.

    Весниците го нарекуваат мртвото тело само „Жртва 2117“, две илјади сто и седумнаесеттиот мигрант што го загубил животот во Средоземното Море.

    Но за тројца луѓе, жртвата е многу повеќе, а нејзината смрт поттикнува низа настани, кои Секторот Q, предводен од инспекторот Карл Морк, го фрлаат во длабоко опасен и прилично личен случај, кој не само што открива мрачни тајни за минатото туку и смртоносни последици за иднината.

    За едно психички нестабилно момче од Данска, смртта на Жртвата 2117 станува симбол на сѐ што мрази и е совршен изговор да ги ослободи своите убиствени нагони. За Галиб, суров мачител од озлогласениот затвор Абу Граиб, смртта на Жртвата 2117 е првиот чекор во терористичка завера, планирана со години. А за Асад, Жртвата 2117 е врската до неговото закопано минато и до своите најблиски кои ги сметал за одамна мртви.

    550,00 ден
    Додај во кошничка
  • 13 минути

    13 минути

    0

    Прогласена „најдобра книга“ за млади за 2016 година од ТЕЛЕГРАФ.

    Не се сеќавам како завршив во студената вода, но ова со сигурност го знам: тоа не беше несреќен случај. Велат, чувајте ги пријателите блиску до Вас, а непријателите уште поблиску, но понекогаш е тешко да препознаете непријател меѓу пријателите. Моите пријатели ме сакаат. Сигурна сум дека е така. Но тоа не значи дека не се обидоа да ме убијат…

    “13 минути” е роман за една возбудлива мистерија околу еден обид за убиство, за недовербата меѓу луѓето, за стравот, за манипулацијата и за моќта на вистината. Содржина која едноставно Ве тера да ги преиспитате сите Ваши врски – и дали навистина ги познавате луѓето што Ве опкружуваат…

    490,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Сето тоа ќе ти го дадам

    Сето тоа ќе ти го дадам

    0

    Мрачни семејни тајни, убиства, измами и вечната потрага по вистината сместени во прекрасно опишаниот лозарски крај на Галиција.

    Познатиот писател Мануел Ортигоса добива известување дека неговиот сопруг Алваро Муњис де Давила загинал во сообраќајна несреќа во Галиција кога всушност требало да биде на службен пат во Барселона. Се упатува таму и открива дека истрагата за случајот е затворена, а човекот со кој бил во брак петнаесет години криел од него дека потекнува од богато благородничко семејство и дека тој му е единствениот наследник.

    Растргнат помеѓу болката од загубата и од сознанието за двојниот живот, сака да избега веднаш по погребот. Но го задржува Ногеира, полицаец во пензија, кој се сомнева во околностите за смртта на Алваро исто како и за друг смртен случај во неговото семејство, за кој мисли дека бил прикажан како несреќен случај. Заедно со свештеникот Лукас, кој му бил најдобар пријател на загинатиот од детството, го наведуваат Мануел да започне истрага за ненадејното патување на Алваро во Галиција и за неговиот таен живот. Ја почнуваат потрагата по вистината во место во кое старите обичаи и верувања се длабоко вкоренети и место што крие многу тајни.

    650,00 ден
    Додај во кошничка
  • Најсвирепиот месец

    Најсвирепиот месец

    0

    #3 АРМАНД ГАМАШ

    Велигден во Три Пајнс е време на црковни служби, потрага по јајца и сеанси за воскреснување на мртвите.

    Група пријатели одат во старата куќа на Хадли, ужасот на ридот, за конечно да се ослободат од злите духови што го измачуваат селото со децении. Но, наместо да се ослободат од духот, тие создаваат нов. Еден од пријателите умира од страв. Или сепак се работи за убиство? Тогаш се појавува главниот инспектор Арманд Гамаш со својот тим од полицијата во Квебек. Додека ги разоткриваат слоевите нечистотија што ја покриле опседнатата куќа, сфаќаат дека злото не е само таму. Еден од навидум љубезните селани е воден од исто такво зло.

    Велигден во Три Пајнс е време на повторно раѓање, особено кога природата се буди. Но тогаш се буди и нешто друго, нешто неубаво. И веќе е јасно дека за да се случи повторно раѓање, прво мора да има смрт.

    500,00 ден
    Додај во кошничка
  • Хари Потер и Редот на фениксот

    Хари Потер и Редот на фениксот

    0

    Хари Потер е исфрлен од Хогвортс! Бранејќи го својот братучед Дадли од дементорите, тој е принуден да употреби магија за време на летниот распуст, постапка што доведува до негово сослушување од министерот за магија лично. Во меѓувреме, лордот Волдеморт е сè помоќен, а голем дел од волшебничкиот свет – вклучувајќи го и Министерството за магија – е во одрекување: се води подмолна хајка против сведоштвата на Хари и Дамблдор. Но, за среќа, постојат луѓе кои ќе му се спротивстават на Мрачниот господар. Познатиот Ред на фениксот, основан од Дамблдор како противтежа на страшните смртојади, дејствува и се бори зад кулисите. На повидок е нова волшебничка војна и секој мора да ја одбере страната на која ќе се бори.

    „Хари Потер и Редот на фениксот“ е петтиот дел од серијалот за младиот волшебник Хари Потер и неговите авантури во светот на волшебниците и магијата.

    1.150,00 ден
    Додај во кошничка
  • Силвервју

    Силвервју

    0

    „Силвервју“ е роман од британскиот автор Џон ле Каре кој постигна светска слава со романот „Наследство на шпионите“. Џулијан Лондсли се откажува од неговата високоплатена работа во Лондон и отвора книжарница во мало англиско приморско гратче. Една вечер, само неколку месеци по почетокот на неговата нова кариера, Џулијан е посетен од непознат човек. Едвард, полски имигрант кој живее во Силвервју, голема куќа на крајот од градот, изгледа дека знае многу за семејството на Џулијан и е премногу заинтересиран за внатрешните работи на неговиот нов бизнис. Кога на вратата на шефот на шпионите ќе се појави писмо со предупредување за опасно истекување информации, истрагата го води во ова тивко место покрај морето… „Силвервју“ е фасцинантна приказна за средбата меѓу невиноста и искуството и јавната должност и личниот морал. Во ова последно ремек-дело на најголемиот хроничар на нашето време, Џон ле Каре прашува што ѝ должиме на државата што веќе не ја препознаваме.

    360,00 ден
    Додај во кошничка
  • Длабоко во ноќта

    Длабоко во ноќта

    0

    Најлошото што некогаш се случило во населбата Хемлок Сиркл се случило во задниот двор на Итан Марш.

    Една јулска ноќ, дестегодишниот Итан и неговиот најдобар другар Били заспиваат во шаторот на уредниот тревник од семејната куќа на Маршови во една тивка, живописна населба во Њу Џерси. Следното утро Итан се буди сам. Во текот на ноќта некој со нож го расекол шаторското крило и го грабнал Били – кој потоа никогаш не е пронајден.

    Триесет години подоцна, Итан неволно се враќа во својот дом од детството. Измачуван од кошмари, почнува да забележува чудни нешта што се случуваат во соседството длабоко во ноќта. Како некој да талка низ уличката, а во задниот двор почнуваат да се јавуваат знаци на присуството на Били. Му прави ли некој несовесни шеги? Или, пак, тој навистина се вратил во Хемлок Сиркл?
    Таинствените појави го наведуваат Итан да почне да истражува што всушност се случило, потрага која повторно го спојува со дамнешните другари и соседи и потрага која го води во шумата околу населбата.
    Колку повеќе Итан се доближува до вистината, толку повеќе сфаќа дека ниедно место, ниту во тивката шума, ниту на мирната улица, не е сосема безбедно – и дека минатото има свои начини на кои секогаш ќе ја прогонува сегашноста.

    550,00 ден
    Додај во кошничка
  • Ефектот на Марко

    Ефектот на Марко

    0

    #5 СЕКТОРОТ Q

     

    Функционер на висока позиција во финансиски нестабилна банка врши проневера со средства наменети за развој на африкански села. Во меѓувреме, петнаесетгодишниот Марко сака да стане дански државјанин и оди на училиште како секој обичен тинејџер. Но неговото минато не е како на секој обичен тинејџер. Тој целото свое детство го минал во ромска банда со која автократски владее неговиот вујко Зола и во која сите деца се принудени да питаат и да крадат.

    Кога Марко ќе дознае дека вујко му планира да го осакати за му носи поголем приход, конечно се обидува да побегне. Но тогаш открива закопано тело што го води до фрапантни тајни за кланот. Плашејќи се дека ова откритие може да стигне до полицијата, Зола и неговите луѓе почнуваат да го бркаат Марко.

    Неговите патишта сега се вкрстуваат со оние на детективот Карл Морк. Кога Карл ќе сфати што сè знае Марко, ќе одлучи да ја реши мистеријата и да го спаси момчето. Мистеријата се протега од Данска до Африка и води до високата политика и бизнис, каде што не постојат правила на игра, а човечкиот живот се множи со нула.

    550,00 ден
    Додај во кошничка
  • Манипулант

    Манипулант

    0

    #6 СЕКТОРОТ Q

     

    Телефонот го буди Карл Морк од утринската дремка во подрумот од полицискиот штаб. Повикот е од колега од Борнхолм, најисточниот дански остров. „На прва топка“ Карл го одбива случајот што му е понуден, но неколку часа подоцна слуша фрапантни вести и чувствува дека нема друг избор освен да го предводи одделението за нерешени случаи на островот и да ја открие вистината за смртта на преубавата средношколка Алберта. Таа пред седумнаесет години исчезнала од училиштето, а потоа била пронајдена како виси на дрво крај патот. Истрагата ќе ги донесе до чуден култ и до неговиот харизматичен водач, човек што е необично привлечен за жените. Во лавиринтот од мистерии и лажни траги, Карл – со своето топло срце, неодоливиот хумор, лудото возење и со детективската интуиција – заедно со своите помошници Асад, Роуз и нововработениот Гордон, тргнува во потрага по убиецот, вешт манипулатор што одбива кој било и што било да му застанат на патот…

    Бестселер-авторот, чии книги се продадени во милионски тиражи низ светот, добитник на многубројни престижни награди, Јуси Адлер-Олсен, е клучната фигура на скандинавскиот трилер.

    550,00 ден
    Додај во кошничка
  • Детето што сакаше елени

    Детето што сакаше елени

    0

    #3 Миа Кригер и Холгер Мунк

    Зима е, 1996 година. Еден пензионер вози низ планините со својот автомобил. Одеднаш забележува нешто пред себе и нагло закочува. Фаровите фрлаат светлина врз снегот на патот каде што стои преплашено дете со помодрени усни и со еленски рогови на главата.

    Четиринаесет години подоцна, во планинското езеро недалеку оттука, пронајдена е мртва девојка. Во балетски костим, а близу до неа стои и фотоапарат на статив. За една недела ќе се случат уште две убиства. Убиецот остава насоки за полицијата што ги водат во игра во која не може да победат.

    450,00 ден
    Додај во кошничка
  • Не пуштај го внатре

    Не пуштај го внатре

    0
    520,00 ден
    Додај во кошничка
  • Нејзиното совршено семејство

    Нејзиното совршено семејство

    0

    Секоја лага има своја цена. Но, дали сте подготвени да ја платите?

    Рејчел и Ед Хартли очекуваа денот на дипломирањето на нивната ќерка да биде еден од најсреќните денови на нивното семејство. Но, кога Џема ќе падне на сцената за време на церемонијата, еден прекрасен момент се претвора во тотален хаос. Џема е застрелана.
    Приватниот детектив Метју Хил е меѓу првите на сцената. Шифрираната порака што Џема ја добила претходно, во текот на денот, укажува дека некој нејзин близок е замешан. Но, за кого се работи? Како што Метју започнува да истражува, така наоѓа сè повеќе слоеви што ја заматуваат вистината. Тој дури почнува да се сомнева дека Хартлиеви кријат нешто големо, но не само од него туку и едни од други.

    Додека Џема лежи во болница во кома, нејзиниот потенцијален убиец сè уште е таму. Може ли Метју да ги открие тајните на семејството пред напаѓачот да го зададе последниот удар?

    500,00 ден
    Додај во кошничка
  • ДЕВОЈКИТЕ ШТО ГОРАТ

    ДЕВОЈКИТЕ ШТО ГОРАТ

    0

    Експлозивен трилер од авторката на „Човекот од креда“ за селцето Чепел Крофт кое крие тегобни тајни. Пред 500 години во него на клада биле изгорени осум протестантски маченици. Пред 30 години без трага исчезнале две тинејџерки. А пред два месеца се самоубил капеланот. Постои ли некаква поврзаност меѓу нив, и дали навистина местото е опседнато?

    Новиот капелан Џек Брукс, самохрана мајка која и самата бега од своето мрачно минато, се надева дека ќе најде мир и одново ќе го започне животот. Но кога од непознат праќач ќе добијат за добредојде стар комплет за егзорцизам, скромната куќа и немањето интернет се најмалите грижи со кои се соочуваат таа и нејзината 14-годишна ќерка.

    Колку повеќе се запознаваат со чудните жители, сомнежот и стравот им се продлабочуваат. Зашто откривањето на вистината во село во кое сите се поврзани со крвавото минато и никој не им верува на дојденците – може да биде смртоносно.

    „Хипнотизирачки и застрашувачки… Најдоброто од Тјудор што ме натера да спијам со запалена светилка.“

    Крис Витакер

    500,00 ден
    Додај во кошничка
  • ЗАЛОЖНИЦИ

    ЗАЛОЖНИЦИ

    0

    Можете да спасите илјадници непознати животи или еден, на човекот кој ви значи најмногу

    Клаустрофобичен трилер чиј заплет се случува во тесниот простор на еден авион. Има уште 12 часа до слетувањето, во кои можат да се случат многу нешта. Особено ако се последни…

    Мина е стујардеса која дава сè од себе да им го направи спокоен летот на патниците. Се обидува да ги заборави домашните проблеми – разнишаниот брак и петгодишната ќерка со синдром на нарушена приврзаност. Но овој пат тоа е невозможно. Зашто по полетувањето добива заканувачка порака од анонимен патник кој е решен да не слетаат во Сиднеј. Некој кој ѝ ја знае слабата точка и знае како да ја услови: „Следниве инструкции ќе го спасат животот на ќерка ти…“

    Кога неколку патници се убиени и ситуацијата излегува од контрола, Мина знае дека мора да преземе нешто. Патниците за кои е одговорна или… ќерката и сопругот кои се под закана, врзани во нивниот дом. Дилемата е морничава, исто како и расплетот. Ова е најнапнатиот лет во историјата на трилерите.

    „Роман што хипнотизира. Ќе биде хит, а веројатно и класика.“

    Ли Чајлд

    „Застрашувачки трилер.“

    Шари Лапена

    500,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Преживеаните девојки

    Преживеаните девојки

    0

    Три девојки, три масовни убиства и… една тајна.

    Пред десет години студентката Квинси Карпентер оди на одмор со пет пријателки и се враќа сама: таа е единствената преживеана од масакар како од хорор-филм. Преку ноќ станува дел од клуб во кој никој не сака да припаѓа – група од девојки со слично минато, наречени „Преживеаните девојки“. Покрај Квинси, тука се и Лиза и Саманта. И трите се обидуваат да ги остават кошмарните сеќавања зад себе и, наспроти обидите на медиумите да ги соберат на исто место, не сакаат да се сретнат. Сè додека Лиза, првата „преживеана девојка“, не е пронајдена мртва во нејзината бања, со пресечени вени а Саманта не се појави во домот на Квинси.

    До овој момент тие мислеа дека колежот што го преживеаја е најлошто нешто што им се случило во животот.

    Првиот роман на Рајли Сејгер е национален и интернационален бестселер, објавен во повеќе од дваесет земји и добитник на наградата ITV за најдобар роман во категоријата трилери.

    Книга што се чита одеднаш, што не се испушта од рака од првата до последната страница!

    500,00 ден
    Додај во кошничка
  • Натриум хлорид

    Натриум хлорид

    0

    #9 СЕКТОРОТ Q

    Во возбудливиот претпоследен трилер од серијалот, тимот тргнува во лов на криминалец кој со години се провлекува незабележано.

    На својот шеесетти роденден, една жена си го одзема животот. Кога случајот пристигнува на бирото на Карл Морк, нему не му е јасно каква врска има тоа со одделот за нерешени случаи бидејќи причината за смртта се чини сосем очигледна. Сепак, неговиот шеф, Маркус Јакобсен, е убеден дека тоа е поврзано со нерешен случај што го мачи уште од 1988 година.

    На барање на Маркус, Карл и колегите од Секторот Q, Росе, Асад и Гордон, неволно почнуваат да истражуваат. Набрзо откриваат дека претчувството на Маркус се покажува точно: во текот на последните три децении, на секои две години има необични, беспрекорно темпирани смртни случаи со меѓусебна поврзаност што вклучува мистериозни купчиња сол на местото на злосторството. Како што истрагата навлегува подлабоко, се покажува дека овие „несреќни случаи“ се, всушност, дел од пакосна шема на убиства.

    Соочени со својот најтежок случај досега, дополнително отежнат од рестрикциите со ковид-19 и предизвиците што им ги носи приватниот живот, колегите од Секторот Q влегуваат во трка со времето за да го пронајдат виновникот пред да се изврши следното убиство, зашто станува сѐпојасно дека убиецот нема намера да сопре.

    550,00 ден
    Додај во кошничка