Филтер по цена
Жанр
  • За ваше добро

    За ваше добро

    0

    Теди Крачер ја освоил наградата Наставник на годината на престижната академија „Белмонт“, училиште за најдобрите и најталентираните.

    Тој вели дека неговата сопруга не може да биде погорда – иако никој не ја видел подолго време.

    Теди не може да се заморува со смртта на мајката на една ученичка што сè повеќе личи на убиство, ниту, пак, со еден ученик кој сè подлабоко копа во неговиот личен живот. Главен фокус му е да ги турка овие деца до нивниот максимален академски потенцијал.

    Сè што сака е неговите колеги – и бескрајно наметливите родители – да му се тргнат од патот.

    Понекогаш е лошо што извонредноста доаѓа по многу висока цена.

    490,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Страчки

    Страчки

    0

    Неуспешна мисија

    Две недели пред Денот Д, движењето на Отпорот во Франција се обидува да уништи една телефонска централа од витално значење за комуникација на нацистите. Со големи последици, оваа мисија катастрофално пропаѓа.

    Храбар план

    Додека се наѕира инвазијата, Флик Клере, британска тајна агентка, предлага смел, но мошне опасен нов план. Таа, заедно со целосно женскиот тим наречен Страчки, сака да се инфилтрира и да ја неутрализира телефонската централа пред да стигнат сојузничките сили во Франција.

    Трка со времето

    Сепак, без да знае Флик, Ромел има назначено брилијантен ловец на шпиони, Дитер Франк, со задача да го разбие движењето на Отпорот, кој истовремено опасно ù се приближува на извонредно вештата Клере…

    490,00 ден
    Додај во кошничка
  • Клучот за Ребека

    Клучот за Ребека

    0

    Безмилосен шпион

    1942 година. Целта на Алекс Волф е Каиро. По едно макотрпно пешачење низ Сахара, тој стигнува во градот со себе носејќи примерок на Ребека од Дафне ди Морие, еден смртоносен бодеж и траги на убиени лица зад себе. Познат како Сфинга во неговите кругови, Волф е нацистички шпион со брутална желба за успех по секоја цена.

    Неуспешна воена кампања

    Британската воена кампања во северна Африка станува едвај одржлива. Под водство на Ромел, Германците сè побрзо се приближуваат, а извештаите на Алекс Волф за движењата на британските трупи и нивните стратешки планови им даваат предност. Разузнавачкиот офицер Вилијам Вандам има задача да го фати Волф пред да бидат поразени Британците.

    Смртоносна потера

    Вандам бара помош од куртизаната Елени Фонтана, која се согласува да се обиде да го фати нацистичкиот шпион во замена за подобар живот во Палестина. Дали можат да го фатат овој извонредно лукав шпион пред тој да ги открие тајните на Каиро и да пропадне воената кампања?

    450,00 ден
    Додај во кошничка
  • Детето на месечевата светлина

    Детето на месечевата светлина

    0

    Вознемирувачки и емотивен трилер што нема да ве остави мирни сè додека не откриете сè за вашите соседи.

    Една студена јануарска ноќ Шерон излегува во дворот за да го гледа помрачувањето на месечината за кое сите зборуваат. Сакајќи да ја фотографира, го насочува мобилниот кон куќата на соседите. За нив знае само дека се презиваат Флеминг благодарение на поштенското сандаче.

    Но таа ноќ забележува нешто чудно во нивната куќа – мало девојче кое мие садови поткачено на столче во кујната. Шерон знае дека соседите немаат дете на таа возраст. А дури и да имаат некое гостинче, зошто толку мало дете би миело чинии во единаесет часот навечер?

    Кога ќерка ѝ Ејми ќе ја замоли привремено да ја вдоми Никита, осумнаесетгодишна девојка без родители, Шерон ја заборава таа случка. Но наскоро и Никита почнува да забележува сомнителни работи во соседната куќа. А кога социјалните служби не сакаат да се вмешаат во случајот, тие двете ги преземаат работите во свои раце.

    500,00 ден
    Додај во кошничка
  • Семејни тајни

    Семејни тајни

    0

    Доколку исчезне твојата мајка, дали ќе пријавиш во полиција? Дури и ако најочигледниот осомничен е твојот татко? Ова е дилемата со која се соочуваат четворицата возрасни браќа и сестри Делејни. Делејни се столб во својата заедница. На родителите, Стен и Џој, им завидуваат сите пријатели. Тие се „убијци“ на тенискиот терен, а надвор од него, нивната хемија е речиси опиплива. Но, по педесет години брак, тие конечно ја продаваат тениската академија и се подготвени да почнат да ги живеат златните години од нивните животи. Тогаш зошто Стен и Џој се чувствуваат толку мизерно? Нивните деца – Ејми, Логан, Трој и Брук – биле тениски ѕвезди во детството, но, според нивниот татко, никој од нив го немал она што е потребно за да оди докрај. Подоцна, откако ќе исчезне Џој, полицијата ја испрашува единствената личност која преостанува: Стен. Двајца од децата Делејни мислат дека татко им е невин, а двајца не се толку сигурни…

    590,00 ден
    Додај во кошничка
  • Лебарки

    Лебарки

    0

    Сѐ додека има болка, ќе има и живот.

    Во еден сомнителен мотел во Бангкок е најдено телото на норвешкиот амбасадор во Тајланд, прободено со ритуален нож. Дали бил жртва на грабеж или се работи за убиство од политички причини? Обидувајќи се да избегне скандал, Осло го праќа мамурниот инспектор Хари Хуле на специјална задача. Набргу тој талка по бангкокшките улички помеѓу опиумските дувла, храмовите, рекламите за туристи, малолетниците што се проституираат и го-го баровите.

    Сите кријат нешто и истрагата тапка во место. Кога Хари ќе дојде до една сомнителна снимка, работите уште повеќе се комплицираат. Можните сведоци ненадејно исчезнуваат и трагите не водат никаде. Но неуспехот во расветлување на убиството не е единствената казна што може да ги најде непретпазливите. Зад мрачните ѕидови на градот владее подземен свет на високи финансии, меѓународна шпионажа и педофилија.

    Има ли некој комушто Хуле може да му верува во непознатиот град?

    „Несбе цврсто управува со сложеното дејство и драмскиот развој на ликовите, но особената привлечност на овој роман е што Хари Хуле совршено се вклопува во живописната реалност на Бангкок и Тајланд, иако Несбе го префрлил во крајно ненорвешко опкружување.“

    – Индипендент

    500,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Кралството

    Кралството

    0

    Кога сѐ ќе изгубиш, веќе немаш од што да се плашиш.

     

    Во едно мало норвешко село автомеханичарот Рој Опгард води осаменички живот сè додека не се случи она што никој не го очекува – враќањето на неговиот помлад брат. Карл доаѓа богат, со диплома во џебот, со мистериозната сопруга Шенон и со голем план за осиромашеното родно место – бизнис што сите го прифаќаат како можност за спас. И токму кога се чини дека минатото е заборавено, почнуваат да испливуваат мрачните тајни од нивното детство. Сѐ уште не се заборавени мистериозните несреќи во кои загинуваат нивните родители и селскиот полицаец, а сега нивниот број се зголемува…

    Додека напнатоста расте и обрачот околу нив се стега, Рој се преиспитува до каде може да оди за да го заштити својот алчен брат. Дали по секоја цена да му остане верен на семејството или да им се препушти на страсните чувства кон Шенон?

    „Кралството“ е моќен роман за мрачните семејни тајни каков што може да напише само врвниот криминалистички автор на норвешката и светската литература, Ју Несбе.

     

    „Целата книжевна моќ на најпознатиот скандинавски писател на црниот роман е концентрирана во мрачната, насилна приказна за двајца браќа. Несбе со епски замав ја разурнува илузијата за едно семејство и за една мала, среќна планинска заедница.“

    Киркус ривјус

    600,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Лилјакот

    Лилјакот

    0

    Човечката душа е темна, непрегледна шума, а сите одлуки се носат во самотија.

    Прва средба со нескротливиот Хари Хуле, прв роман на Несбе овенчан со најпрестижните скандинавски награди за криминалистички жанр.

    За да помогне во истрагата на ѕверското убиство на една млада Норвежанка, Хари Хуле заминува службено во Сиднеј. Локалниот полициски шеф го советува да не се меша премногу, но Хари набрзо се спријателува со одговорниот детектив и со една девојка од сведоците. Со својот изострен инстинкт, тој согледува врски и траги што им се измолкнуваат на другите, а неговите сомнителни методи го претвораат во главен двигател на истрагата. Наскоро откриваат дека се работи за низа убиства на психопат што ја плете својата мрежа низ Австралија. Додека му се приближуваат, расте стравот дека никој не е безбеден, а најмалку истражителите на злосторствата.

    Проникнувајќи во локалните митови и легенди, Хари Хуле успева да наѕре кој се крие зад лилјакот, абориџинскиот симбол на смртта…

    „Чудесна средба со младиот, разговорлив Хари… Несбе е одличен автор кој со одмерено темпо го води дејството кон врвот, пред да ве струполи во сосем неочекуван расплет.“

    Скотиш експрес

    500,00 ден
    Додај во кошничка
  • Сејди

    Сејди

    0

    Ако си таму некаде, те молам, јави ми се…

    Животот на Сејди не е лесен. Таа мора да се грижи за својата помлада сестра Мети и да ѝ обезбеди нормален живот. Во еден момент целиот нејзин свет ќе исчезне кога полицијата ќе го пронајде безживотното тело на Мети. По неправилната и неуспешна полициска истрага, таа ќе донесе одлука сама да го фати немилосрдниот убиец и ќе се впушти во потрага, следејќи некои ситни и на прв поглед незабележливи траги.

    Бидејќи не би можел да поднесам, уште една девојка да исчезне…

    Кога радио новинарот Вест Макреј ќе ја слушне животната приказна за двете сестри на локалната бензинска пумпа, станува опседнат со случајот на исчезнатите девојки. Започнува сопствена емисија низ која го следи нејзиното патување, обидувајќи се да открие што точно се случило, со надеж дека ќе ја пронајде пред да биде предоцна.

    500,00 ден
    Додај во кошничка
  • Зборови

    Зборови

    0

    Што сè би направиле за да можете да комуницирате со починатите кои многу ви недостасуваат?
    Стефан се соочува со загубата на својата сопруга на сопствен начин, така што ја игнорира. За него, таа сè уште е присутна, во секој агол, во секој спомен, нејзината арома тлее насекаде…

    Животот му се одвива во рутина, сè додека неврохирургот Филип не му предложи посебна операција со која би можел да го разбуди шестото сетило.
    Тогаш сè што му останува се зборови, нивното значење и мирисот на душите.

    „Ликовите кои се групирани околу (главниот лик) Стефан помагаат во неговото градење и трансформација, но и тие се трансформираат, мал универзум во кој овој познат свет се преклопува со еден суптилен невидлив, а присутен свет . Не би сакала да го наречам паранормален, зашто тој е многу повеќе од тоа, книжевен свет и со тоа белег на времето, белег прикажан на автентичен начин.“

    Мерсиха Исмајлоска

    400,00 ден
    Додај во кошничка
  • Грофот Магнус и други приказни за духови

    Грофот Магнус и други приказни за духови

    0

    Монтегју Роудс Џејмс (1862 – 1936) е еден од најпознатите автори на хорор-приказни во светот и „татко“ на модерната приказна за духови на англиски јазик. Медиевист по професија и долгогодишен професор на Кембриџ, тој е најмногу запаметен по неговите приказни за духови кои се читаат до ден-денес.

    Стари цркви и палати; пронајдени стари ракописи, дневници и приказни; студените предели на Скандинавија и мирните пејзажи на Англија; духови и демони од непознато потекло и со мистериозни намери. Такви се морбидната атмосфера и тивкиот ужас што провејуваат низ овие приказни во кои вешто ни се обзнанува хоророт скриен зад обичното секојдневие.

    Оваа збирка ги содржи неговите најпознати раскази, некои од нив веќе класици на жанрот: „Бројот 13“, „Грофот Магнус“, „Опседнатата куќичка за кукли“ итн. Таа претставува основно четиво за секој вистински љубител на хоророт и на духовите, но и на мајсторски напишаната кратка проза.

    349,00 ден
    Додај во кошничка
  • Моминска вечер

    Моминска вечер

    0

    Сабота, 7:48 наутро. Ме буди ѕвонењето на телефонот. Главата ми пука, а стомакот ми се превртува од лошо претчувство. Синоќа ја прославивме мојата моминска вечер. До свадбата има уште две недели. Мамурна сум како никогаш досега… а покрај мене во креветот лежи непознат маж.
    Се јавувам. Сузан е.
    „Не знам како да ти го кажам ова, Меги… Енџи е мртва.“
    Не можам да поверувам. Пред само неколку часа сите бевме заедно, танцувавме и се смеевме во клубот во центарот на градот.
    Тоа требаше да биде мојата последна вечер како слободна девојка, помината со шесте мои најблиски пријателки.

    Но, сега една од нас е мртва.
    А една од нас можеби е убиецот.
    И кој е човекот во мојот кревет?

    По една бурна моминска вечер и премногу испиени пијалаци, Меги Трухарт се буди покрај непознат маж. Но, вистинскиот кошмар започнува кога добива телефонски повик: нејзината пријателка Енџи била убиена кратко откако девојките се разделиле претходната ноќ.
    Кели Делани, која си заминала порано од забавата, прва се соочува со прашањата на детективот за убиства од Чикаго, Рон О’Рајли. Колку повеќе ги истражува жените што биле на моминската вечер, толку повеќе детективот сфаќа дека некои од нив кријат опасни тајни.
    Додека свадбениот ден се приближува, шокантни вистини излегуваат на виделина, а убиецот го насочува вниманието кон уште една од девојките.
    Дали ќе успеат да го запрат убиецот пред да има нова жртва?

    Впечатлив психолошки трилер – совршен за фановите на Џенева Роуз, Луси Фоли, Лиан Мориарти и Шари Лапена.

    550,00 ден
    Додај во кошничка
  • Заплет

    Заплет

    0

    НЕУСПЕШЕН ПИСАТЕЛ. ОДЛИЧНА ИДЕЈА ЗА РОМАН ШТО ЈА СМИСЛИЛ ДРУГ. УБИСТВО. ЗАПЛЕТ ЗА КОЈШТО СЕКОЈ АВТОР БИ СИ ЈА ПРОДАЛ ДУШАТА. Џејкоб Финч Бонер. Некогаш млад надежен писател, денес предава креативно пишување на мал колеџ во внатрешноста и се бори да ја задржи последната нишка самопочит. Со години нема ништо солидно напишано – а камоли објавено. Еван Паркер. Млад, згоден, арогантен. Од сите студенти кои ја посетуваат програмата на колеџот, Паркер најмногу му оди на нерви на Џејк. Дали е тоа зашто Џејк веќе се гледа како пропаднат автор, а Еван ја има сета иднина пред себе? Сепак, кога Еван ќе ја претстави идејата за неговиот прв роман, оваа блага нетрпеливост се претвора во завист. Идејата на Еван и заплетот во книгата се практично светски бестселер во најава. Поминуваат неколку години, но името на Еван останува непознато во јавноста. Тогаш, Џејк доаѓа до неверојатно откритие. Еван Паркер повеќе не е жив. Онаа одлична идеја сепак не била преточена во роман. Затоа Џејк ќе го стори она што би го направил секој писател: ќе ја искористи. За кусо време тој станува автор на бестселер кој силно одекнува меѓу читателската публика, нешто што отсекогаш го посакувал. Но, сè има своја цена. Еден ден, Џејк добива анонимна порака што ќе го промени неговиот живот. Тоа што беше само прашање на чест и кариера набрзо ќе се претвори во игра на живот-или-смрт помеѓу мачка и глушец.

    490,00 ден
    Додај во кошничка
  • Дебитант

    Дебитант

    0

    „Дебитант“ е совршен, смртоносен отров, кој не остава траги.

    Неговиот создател, хемичарот Калитин, работел во тајната советска лабораторија, но по распаѓањето на Советскиот Сојуз избегал на запад. Потполковниот Шершнев добива наредба да го отруе предавникот со истиот отров што тој го создал…

    Трилерот „Дебитант“ е книжевна студија за отровите како алатка на советските и руските разузнавачки служби, а истовремено брилијантна проза за современиот Фауст, кој му ја продал душата на ѓаволот, како и за вечните теми: суштината на доброто и злото, врската меѓу творецот и неговата творба, науката и моралот.

    350,00 ден
    Додај во кошничка
  • Правило против убиство

    Правило против убиство

    0

    #4 АРМАНД ГАМАШ

    Во екот на летото, брачниот пар Арманд и Рен-Мари Гамаш ја слават својата годишнина во „Маноар Белешас“, изолиран, луксузен хотел недалеку од селото Три Пајнс. Но, тие не се сами. Семејството Фини – богато, културно и угледно – исто така пристигна на своја прослава.

    Прекрасниот „Маноар Белашас“ е можеби опкружен со природа, но има нешто неприродно што демне. Како што се вжештува атмосферата и се приближува дожд, на семејната средба се појавуваат некои изненадувачки гости, а страшната летна бура остава зад себе мртво тело.

    Главниот инспектор Гамаш треба да открие долго закопани тајни и омраза скриена зад љубезни насмевки. Потерата го носи во Три Пајнс, во темните агли на сопствениот живот и, најпосле, до грозоморна кулминација.

    500,00 ден
    Додај во кошничка
  • Заследи ме

    Заследи ме

    0

    „Заследи ме“ е драма со премиси на психолошки трилер, чие дејство е сместено во Скопје и „…си игра со логиката на денешната култура, која и тоа како е моделирана од социјалните мрежи.

    Марина, главниот лик, позната инфлуенсерка, ќе се најде во ситуација во која ќе мора да ги преиспита своите вредности и вредностите што ги пропагира на нејзиниот Инстаграм профил. Низ процесот, таа освестува елементи на ’сајбер булинг‘, на врсничко насилство, па и на лицемерие, што една ваква активност ги поттикнува. Со тоа, Коцевски суптилно зборува за одговорноста на инфлуенсерот, но и за тоа колку за инфлуенсерството може да се зборува како за вистинска професија.“
    -Мерсиха Исмајлоска

    400,00 ден
    Додај во кошничка