-
-30%
Прошетка по облаците
2Original price was: 380,00 ден.266,00 денCurrent price is: 266,00 ден.„Животот порано беше неописливо прекрасен. Полн со магија и можности. Полн со чуда и возбуда. Не постоеше ништо што не можев да направам. Не постоеше ништо што не можев да бидам. Не постоеше место каде што не можев да отидам.
Били Крофорд беше мојот свет. Мажот од моите соништа. Човекот што се заколнав дека ќе го сакам и почитувам и ценам сè додека „смртта не нè раздели“. Мислејќи и верувајќи, се разбира, дека никогаш нема да дојде до тоа. До смрт. Или ако дојде, тоа ќе биде многу, многу далеку во иднина. Премногу далеку за да се грижам за тоа денес. Или дури и утре.
Но… ах, колку брзо можат да се распарчат соништата. За една секунда. Со еден пиштол. Со еден куршум кој ја распарува тишината на една ноќ.
-
-30%
Го сакам Њујорк
4Original price was: 390,00 ден.273,00 денCurrent price is: 273,00 ден.Да претпоставиме дека сте на свадбата на вашата најдобра пријателка. Деверица, во преубав тесен фустан за кој сте се мачеле како грешен ѓавол да ослабнете и со преубав пар Кристијан Лубутон на нозете. Се радувате за вашата пријателка, погледнувате во својот свршенички прстен и се надевате дека на вашето момче во скоро време ќе му текне да го одреди вашиот датум, се надевате дека вие сте следни на списокот. И тогаш прекрасниот Лубутон почнува вечерта да ви ја прави пекол, нозете ве болат и одите до колата за да ги земете вашите удобни, рамни чевли… А таму?! Таму вашето момче, со испотено лице и пантолони спуштени до земја. Под него, некоја евтина девојка која ужива на задното седиште од вашиот заеднички автомобил!!!
Светот се руши, ви доаѓа да му ги забодете штиклите во празната глава и да врескате на цел глас! ИЛИ… едноставно да побегнете, да, таму каде што не е Марк, таму каде што не е евтината блудница, таму каде што ги нема „пријателите“ кои ве гледале во очи и ве лажеле, таму каде што секој има шанса да стане некој нов – ЊУЈОРК!
Запознајте ја Анџела Кларк! Новата и помлада Кинсела!
-
-30%
Од љубов до омраза
6Original price was: 390,00 ден.273,00 денCurrent price is: 273,00 ден.Топла и духовита приказна за богата девојка која открива дека можеби малку напорна работа е баш она што ѝ треба…
Откако нејзиниот татко го губи целото семејно богатство во нелегална зделка, самохраната мајка Паркер Велс е соочена со неколку многу тешки одлуки. Како прво: таа мора да се упати кон Заливот Гидеон, Мејн, за да го продаде единствениот имот кој сега го поседува – една мала полу распадната колиба на брегот која бара сериозно средување. Кога потрчкото на нејзиниот татко, неговиот личен адвокат Џејмс Кахил, се нуди да дојде со неа за да ѝ помогне, таа не е воодушевена, но нема други опции.
Со оглед на тоа што сега мора да заработува за себе и за своето синче, Паркер почнува да работи во цвеќарница и полека да се наоѓа себеси по пат. Можеби животот без богатство и не е толку лош. И можеби Џејмс не е толку плиток и расипан како што мисли таа.
Ова се ликови кои ќе ги обожавате, ова е приказна во која просто ќе се вљубите додека се смеете со насолзени очи!
-
-30%
Нешто позајмено
6Original price was: 390,00 ден.273,00 денCurrent price is: 273,00 ден.Нешто позајмено ја раскажува приказната на Рејчел, млада адвокатка која живее и работи во Менхетен. Рејчел цел живот живее според правилата, таа е непоправливо добра девојка – прекрасна, послушна ќерка и најдобра пријателка… сè до вечерта на нејзиниот триесетти роденден кога нејзината најдобра пријателка Дарси ѝ приредува забава. Таа вечер, после многу пијалаци, Рејчел завршува во кревет со свршеникот на Дарси. Иако следното утро се буди со ужасна грижа на совест и решена да ја остави страшната грешка зад себе, Рејчел преплашено сфаќа дека таа има искрени и силни чувства за единствениот тип од кој би требало да бега на километри. Свадбата закажана за во септември се наближува страшно брзо, а Рејчел знае дека мора да донесе одлука.
Што е поважно: дали пријателството кое трае скоро цел живот или љубовта на твојот живот? Може ли да се одбере едното без губењето на другото засекогаш да ти го скрши срцето?
Нешто позајмено е феноменална книга продадени во милиони примероци која ќе ве натера да се смеете, да плачете и да вртите кај своите најдобри пријателки.
-
-30%
По улица Лондон
1Original price was: 390,00 ден.273,00 денCurrent price is: 273,00 ден.Џоана Вокер добро знае што сака. Силен, стабилен, финансиски обезбеден маж кој ќе се однесува со неа како што треба и ќе се грижи за неа и нејзиниот брат, Кол – нешто што никој претходно не го правел за нив. Отсекогаш било препуштено на Џоана да се грижи за нејзиното семејство, особено за помалото братче. Со отсутен татко и мајка алкохоличарка, Џоана носи одлуки што се во интерес на Кол откако помни за себе. Таа дури и одлучува со кои мажи да се гледа само врз основа на тоа од кого може да има најголема корист за Кол, а не кој неа вистински ја привлекува.
Но со Камерон МекКејб, привлечноста не може да се игнорира. Новиот секси колега ја стресува секојпат кога ќе ја погледне. И за првпат во животот, Џо е во искушение да ги стави своите потреби и желби на прво место. Кам е подеднакво опседнат со тоа да ја запознае Џо, но нејзините ѕидови се превисоки за да му дозволат дури и само да се обиде.
Тогаш Кам случајно се вселува во зградата на Џо и хемијата станува уште понеподнослива. А Кам е решен да ги открие сите тајни на Џо… макар и да треба да и ја урива одбраната дел по дел.
-
-30%
Во потрага по Алјаска
4Original price was: 370,00 ден.259,00 денCurrent price is: 259,00 ден.ПРЕТХОДНО: Мајлс „Буце“ Халтер има крајно здодевен живот. Тој нема пријатели, неговите денови се празни, а единствена занимација што ја има му е опсесијата со последни зборови на познати луѓе. Но, сето ова се менува кога заминува да учи во училиштето со интернат – Кулвер Крик. Неговиот живот станува тотална спротивност на здодевен и безбеден. А таму ја запознава и прекрасната, откачена Алјаска Јанг. Таа е паметна, убава, смешна и бескрајно фасцинантна – таа е девојката која го повлекува Буце во својот свет, а притоа го краде и неговото срце.
ПОТОА: Ништо никогаш повеќе нема да биде исто.
„Убавината на оваа книга лежи во тоа што таа не крие ништо. Ги прикажува младата љубов и растењето во реално, брутално и искрено светло. Можеби нема да наполните кофи со солзи како на крајот од Светот не е фабрика за исполнување желби, но ќе се приврзете за Мајлс и Алјаска, исто како што тие се приврзуваат еден за друг.“
The Guardian -
-30%
Го сакам Вегас
2Original price was: 380,00 ден.266,00 денCurrent price is: 266,00 ден.Она што се случува во Вегас, останува во Вегас…
Анџела Кларк го обожава својот живот како Британка во Њујорк. За жал, таа од неодамна е Британка во Њујорк која ја губи работата, а со тоа и својата работна виза. Кога имиграционото биро ја известува дека таа има еден месец за да ја напушти земјата (и тоа токму пред Божиќ), таа очајно се фрла на кроење планови за да најде начин да остане во Њујорк. Но триесет дена се малку за човек да најде работа. Или да се омажи… Особено кога таа е убедена дека Алекс, нејзиното момче, нема да биде импресиониран од идејата да се ожени за виза.
Кога купот грижи станува неподнослив, Џени, откачената најдобра пријателка на Анџела, ја изненадува со прекрасен божиќен подарок за релаксација. Викенд во Вегас! Има ли подобар начин за опуштање од гламурозни клубови, коктели, дизајнерска облека и ноќи полни со забава?
Но дали е вистина дека она што се случува во Вегас останува во Вегас или и тоа се враќа дома со тебе и ти го превртува животот наопаку? -
-30%
Рајот може да почека
2Original price was: 360,00 ден.252,00 денCurrent price is: 252,00 ден.„Што би правел без тебе, Луси Браун?“ рече и ме бакна нежно. Го држев неговото лице и го бакнав и јас. Имав чувство дека животот не може да биде посовршен. И бев во право, немаше да биде. До крајот на следниот ден, ќе бидам мртва…
Луси Браун е на прагот на исполнувањето на својот сон. Треба да се омажи со човекот на нејзиниот живот: прекрасниот, згодниот, забавниот Ден… Тие се совршен пар кој не може да дочека остатокот од животот да го помине заедно. Но, судбината на Луси е поинаква. Таа не ја дочекува свадбата бидејќи ден пред неа умира додека се обидува да го најде идеалниот подарок за Ден.
Но чекајте, Луси има избор пред ескалаторот на Рајот. Да, таа може да одбере… Дали сака да оди во рајот и вечно да остане таму… или… сака да се врати на земјата како дух за да биде покрај својата сродна душа? Иако изборот е тежок, па што може проклетиот дух да прави на земјата, не може да живее како човек, Луси сепак одлучува дека не смее да замине пред да се увери дека Ден е добро и пред да му каже дека го сака… Одлуката е донесена, РАЈОТ МОЖЕ ДА ПОЧЕКА!
-
Божиќ засекогаш
0500,00 денДодека го промовира својот нов божиќен роман писателката Рајли Рејнолдс останува без зборови.
За време на телевизиското интервју емитувано во живо низ целата земја ја прашуваат како може да пишува романси кога самата досега лично не доживеала нешто романтично. Рајли набрзина вели дека во минатото доживеала една голема љубов која подоцна станала инспирација за нејзините романи. Но, таа не е свесна дека нејзината патемна изјава ќе ѝ го преврти светот на глава. Интервјуто го гледаат тројца нејзини поранешни момчиња: секој од нив мисли дека зборувала токму за него и сите тројца доаѓаат на нејзиниот книжевен викенд-настан, Божиќниот камп. Секој од нив е решен да ја наговори заедно со него одново да го напише среќниот крај на личната љубовна приказна. Поранешните момчиња на Рајли се натпреваруваат кој ќе ѝ го освои срцето, при што не бираат начини за да го испланираат најромантичното рандеву на светот. Рајли почнува одново да чувствува наклоност кон секој од нив, но на различен начин. Додека се навраќа на трите поранешни врски и притоа дознава повеќе за себеси, Рајли ѝдозволува на празничната магија да ја обземе и конечно ја наоѓа онаа, вистинската љубов, оној свој среќен Божиќ засекогаш…
-
Чудесната госпоѓица
0430,00 денАлистер Карсингтон навистина не сака како порано, тол-
ку да ги обожува жените. За да им избега на своите најлоши
навики, си замина далеку од цивилизацијата: во Дарбишир,
и тоа во зима!
Се надеваше дека таму со еден потег ќе заврши две
нешта: дека ќе им побегне на сите свои пороци и дека ќе му
се оддолжи на пријателот што му го спаси животот во бит-
ката кај Ватерло. Но, и покрај овие чесни намери, Алистер
се најде лице во лице со госпоѓица Мирабел Олдриџ, нео-
бичната повозрасна девојка што е своеглава и истовремено
досетлива како него. Но и совршено неодолива.
Мирабел Олдриџ веќе има полни раце работа, внима-
вајќи нејзиниот генијален и неверојатно ексцентричен тат-
ко да не падне во неволја.
Најмалку што ѝ треба е исклучително привлечен, прете-
рано чувствителен и премногу умен благородник што ќе ја
потсети дека и таа има срце – а и тело за кое тој забележу-
ва дека е толку неугледно облечено што дури чувствува
граѓанска должност да го соблече.
Може ли да биде полошо? И зошто, она што е сосема
погрешно речиси секогаш е толку чудесно?
„Восхитувачка книга од самиот почеток до крајот.“
‒ Афер де кор
„Волшебна историска романса.“
‒ Мидвест бук ривју
„Чудесната госпоѓица е духовита, шарматна и многу
романтична книга. Исклучително интересна. Чејс е
навистина една од најдуховитите писателки.“
‒ Ол абоут романс -
Невозможниот господин
0430,00 денАнглиските, француските и турските благородници
уште од средниот век патувале во Египет да истражуваат,
да владеат, да водат љубов и да уживаат во земјата на сон-
цето, фараоните и пирамидите. Во 1821 година на Нил е
Руперт Карсингтон, четвртиот син на лордот Харгејт. Тој
е вистински авантурист и заводник. Неодоливо згоден, не-
веројатно мажествен, секси и непоправливо невозможен,
каде и да се упати, го следат неволји.
Но… Руперт никогаш не се нашол во ситуација од која
не може да побегне. Сѐ досега. По игра на судбината завр-
ши во занданата на најзлогласниот каирски затвор и един-
ствен излез му е да ја прифати опасната понуда на убавата
црвенокоса вдовица, госпоѓица Дафне Пемброк. Таа сака
Руперт да ѝ помогне да го пронајде братот, кој што веројат-
но е грабнат поради легендарното фараонско богатство.
Нивната соработка е само деловна: таа ќе биде мозок на
операцијата, а тој, Руперт – силата. На прв поглед тоа звучи
многу едноставно. Но со време, напнатоста меѓу нив сѐ по-
веќе расте, а сопирачките попуштаат и неизбежно доаѓа до
спој на тие два потполно различни светови – воздржаната
вдовица и непоправливиот заводник – и тоа на најнеодолив
можен начин.
Историска, романтична, секси, љубовна приказна на
Лорета Чејс.
„Руперт е еден од моите омилени херои, а Дафне многу му
одговара. Оваа книга е возбудлива и исполнета со љубов,
страст и на моменти многу ќе ве насмее.“
– Кејти Лав -
Совршениот господин
0430,00 денПримерниот!
Наследникот на грофот од Харгејт, Бенедикт Карсингтон, виконтот од Ратбурн, е совршен аристократ. Висок, црн и привлечен, познат по своите беспрекорни манири и доброто потекло. Бенедикт ги познава сите општествени правила и не му претставува никаков проблем да ги почитува – сѐ додека не се појави таа.
На лош глас.
Батшеба Вингејт е припадничка на лошата гранка на фамилијата Де Лусеј – позната по озлогласените лажговци и измамници. Не е ни чудо што токму затоа, нејзиниот маж, инаку син на благородничка фамилија, останал без наследство. Кога станала вдовица, со скромни приходи, Батшеба решила на својата ќерка да ѝ обезбеди стабилен живот и пристојно воспитување. Никој и ништо нема да ги попречи нејзините планови – сѐ додека не се појави тој.
Совршениот!
Но, тогаш немирната ќерка на Батшеба, го привлекува бистриот внук на Бенедикт за потрага по легендарно богатство. За да ги спасат витезите-скитници, Бенедикт и Батшеба тргнуваат во спасувачка мисија што ќе ги доведе во опасна, интимна блискост. Тоа е состојба што речиси гарантира хаотична завршница – дури и скандал! – ако во неа биде вклучен кој и да е друг. Но, Бенедикт држи сѐ под совршена контрола. Под совршена контрола и покрај неговата луда желба да ги прекрши сите правила.
Совршена контрола?
Како да не…„Уште една возбудлива, романтична, на моменти секси сторија.“
‒ Џулија Квин -
Забранети задоволства
0430,00 денНивните животи беа совршени сѐ додека не се запознаа.
Леди Хиро Батен е занесна млада дама што ѝ припаѓа на самата елита на аристократијата. Таа е родена сестра на војводата од Вејкфилд и ништо не ѝ недостасува. Верена е за маркизот од Мендевил, за кого смета дека е досаден и нема смисла за хумор… Ама не ѝ пречи. Сѐ додека не се сретна со братот на маркизот!
Лордот Грифин Ридинг воопшто не е совршен. Всушност тој е еден многу мистериозен тип за кого никој не знае како му поминува денот, ама затоа е општопознато дека ноќе присуствува на разновидни развратни забави… Уште кога првпат го виде, Хиро почувствува одбојност, а Грифин пак мисли дека таа со својата добротворна работа и беспрекорните манири е премногу совршена за неговиот брат. Нивното постојано надмудрување и битка со зборови се разгоруваат во незапирлива страст која се заканува како кули од карти да ги разурне нивните уредени светови.
Можат ли двата несовршени лика
да пронајдат совршена, вистинска љубов?Ова е втората од неколкуте романтични и секси љубовни романси, што авторката Елизабет Хојт ги објави по 2010 година. Најпребирливите читатели неодамна имаа можност од оваа серија да ја прочитаат книгата „Опасни намери“, а при читањето на „Забранети задоволства“ ќе се потсетат на настаните и нејзините главни ликови.
„Опојна комбинација на љубовна приказна, историски роман и бајка… Предизвикувачка, сензуална и забавна сторија со несекојдневни главни јунаци, што ќе ги воодушеви читателките што се жедни за длабоки и вистински чувства.“
Буклист -
Остров на тишината
0400,00 денПредизвик за љубителите на авантуристични приказни – неизвесност зачинета со летна романса.
Четворица туристи од Франција и од Англија учествуваат во предизвик што го прочитале преку социјалните медиуми. Не ги слушаат предупредувањата на старицата од пансионот чиј покоен сопруг бил еден од стражарите на „забранетиот град“ во времето кога се случило нешто за кое се молчи. „Градот не смее да се вознемирува“, ги советува таа. Некој од туристите смета дека се работи само за суеверие, друг прифаќа да оди надгласан од групата, трет живее за авантура, иако не се познаваат добро меѓу себе.
Островот Сазан во близина на Валона е популарна туристичка дестинација, опкружен со тиркизни води и уникатна плажа и познат по сочуваниот напуштен град, целосно забранет за пристап до 2015 година, а сега достапен единствено за организирани краткотрајни посети.
Напуштениот град можеби и не е напуштен… која е тајната на „Островот на тишината“?
-
Возбудливи времиња
0450,00 денКамо да знаев како е да се биде слободен.
Роман за неверојатната слобода и големата несигурност што таа ја носи со себе. Сурово искрената приказна на една повлечена девојка ни ги доловува личните, професионални и љубовни недоумици на младите во потрага по своето место во светот.
Не можејќи да се помири со ситуацијата што владее во нејзината родна Ирска, Ејва одлучува да си ја најде среќата во Хонгконг. Тука деновите ги минува предавајќи им англиски на богати дечиња, а ноќите избегнувајќи ги зајадливите цимерки во малото станче. Низ најразлични размисли, таа постепено ни ги открива својот карактер, борбата со ниската самодоверба и храбрите политички ставови.
Набрзо во нејзиниот живот ќе се појават две значајни личности. Благодарение на искуствата од двете сосем различни љубовни приказни, таа го открива патот за закрепнување од самоомразата. Пријателството со Џулијан и Идит ќе ја стави на значаен животен крстопат. Кој пат ќе го избере нејзиниот ум, а кој срцето?
-
Список за читање
0490,00 денНезаборавен и трогателен дебитантски роман за тоа како случајна средба со список за читање во една библиотека помага да се создаде неверојатно пријателство помеѓу двајца различни луѓе во едно лондонско предградие.
