-
Најстари приказни: Митови од мугрите на западната цивилизација
0200,00 денВо оваа мала книга писателот Томислав Османли преку своето вешто и искусно перо ни раскажува неколку од „најстарите приказни“ − приказни што оставиле и што сè уште оставаат пеcхат врз нашата култура и историја. Раскажувањето поcхнува со падот на древниот континент Атлантида и војната помеѓу титаните и боговите, што, пак, директно води кон даровите на Прометеј и отворањето на Пандорината кутија. Следуваат две големи авантури и патешествија: задаcхите на силниот Херкул и пловидбата на храбрите аргонаути – две приказни богати со претстави на борби, cхудовишта, магија и лјубов. Тројанската војна и враќањето на Одисеј, заедно со подвизите на Персеј, се приказните со кои Османли го затвора cиклусот со избраните најстари повести, за на крајот, во јасен поговор, да ги објасни митовите и да го разјасни контекстот од кој потекнуваат
-
Црниот мачор – раскази за мистеријата
0300,00 денЛуѓето кои мечтаат будни знаат многу нешта што им се измолкнуваат на оние кои сонуваат само ноќе.
Едгар Алан По е еден од првите американски раскажувачи кој се смета за творец на детективската и криминалистичката проза, а му се припишува и заслугата за појавата на научната фантастика. Меѓутоа најпознат е по неговите мрачни приказни што ги истражуваат мистериозните длабочини на човековата психа. Смртта, лудилото, натприродното, со сложени заплети и живописни слики на страв и ужас, заслужено му го носат епитетот „принц на темнината“.
Во оваа книга се вклучени некои од најпознатите раскази на По, почнувајќи од „Маската на црвената смрт“, „Елеонора“, „Падот на куќата Ашерови“…, сè до „Убиствата на улицата Морг“. Таа е безвременска класика задолжителна за сечија библиотека.
Без предрасуди, без сомнеж во своите светови, По успеал да ги издигне своите раскази на ниво на ремек-дела. Вистински бисери во светската книжевност.
-
Бизарни раскази
0350,00 денЗбирка од десет раскази чиј заеднички именител е фасцинацијата од чудовишното. Токарчук ни поставува дилеми што нè исфрлаат од комфорната зона, потсетувајќи нè дека светот сè повеќе ни се измолкнува и дека сè помалку имаме контрола врз она што го правиме.
Бизарен е светот во кој живееме, ставен во непрестајно движење и постојано менување. Такви се и овие фасцинантни раскази огромно патување, книга што преку чудовишното ги поткопува сите очекувања. Од каде води потекло бизарното? Дали бизарното е одлика на светот или пак лежи во секого од нас? Читателот ја губи свеста низ постојаната промена на ритамот на нарацијата. Што ли го чека на следната страница?
Ова не се само приказни за клонирање, осаменост и неможност да се сфатиме себеси и својата положба во утврдените општествени улоги, туку секој расказ е визија што ја поттикнува потребата да му дадеме смисла на светот. Со помош на гротеска, црн хумор, фантастични и хорор-елементи ни покажува дека реалноста не е онаква каква што ја познаваме. Токму затоа и постои уметноста за да го провоцира она што се плашиме и да го помислиме.
-
Мојот пурпурен мирислив роман
0180,00 денПријателството меѓу двајcа писатели добива cхуден пресврт кога едниот од нив одеднаш ќе стане успешен. Лјубомората и фрустраcиите ќе го поттикнат неуспешниот писател да испланира и бескрупулозно да изврши совршено книжевно злосторство.
-
Нишки до срцата
0300,00 денНаташа Брезовска-Богоевска не ѝ е непозната на македонската читателска публика досега, во својот творечки опус веќе има повеќе дела поезија и проза како за деца така и за возрасни, а повеќе пати нејзините раскази биле наградувани и забележувани како драгоцен придонес кон македонската белетристичка литература. Во оваа збирка раскази таа се пројавува како мајстор на кусиот прозен жанр, а големиот опус раскази зборува за нејзината посветеност на секој внимателно избран збор, лапидарноста на изразот зборува за високата креативност на авторката: со малку зборови
да каже многу, да погоди токму во срцата и на пребирливата читателска публика и со интерес да се очекува секое нејзино следно остварување.
Нејзините раскази „Кукли“, „Спомени“, „Преку океанот“, „Спасување“ и многу други издишуваат човечки топол здив што е чуен и восприемлив за секој вистински читател, обременети со пораките: Назад кон природата!; Семејството е света работа!; Љуби го ближниот свој!; Верувај во моќта на љубовта! итн. На мошне сликовит и колоритен начин ни ги доближува токму овие трајни човечки вредности, кои не губат смисла и во овие луди времиња и зборуваат дека само со вистинска верба и истрајност се стигнува до вистината и токму тие моменти на топлина и грижа од најблиските се вистинска среќа за секој човек и сите животни несреќи и предизвици полесно се пребродуваат со вербата во доброто. Со секој нејзин расказ извира по една нишка до срцето на читателот.
Авторката верува во човекот, верува во неговата добрина, во неговата верба дека доброто со добро се враќа, па да ѝ веруваме и ние дека овие топли животворни редови се дел од нејзиното богато животно искуство, кое на најдобар можен начин го преточила во литературно дело вредно за читање и за паметење.
Проф. д-р Снежана Петрова-Џамбазова -
Сè што изгубивме во огнот
0350,00 денДванаесет раскази во кои вешто се спојува аргентинското секојдневје, обликувано од крвавите траги од суровоста, грабнувањата и убиствата во бурното минато, со натприродните елементи.
Во книгата се распостилаат моќни приказни за патолошки личности, сериски убијци, мајка што го продала детето за да преживее, туристи што ги посетуваат местата на најтешките злосторства за разонода, ќе прочитаме за животот на луѓето во опасните и бедни квартови, полициската бруталност, за локалните празноверија и обичаи.
Последниот расказ, по кој воедно е и насловена книгата, ја раскажува историјата на група жени што решиле да се самозапалaт откако други жени загинале фрлени во оган од своите партнери. Инспирација е вистинскиот случај на фемицид на Ванда Тадеи, која починала неколку дена откако сопругот ја запалил.
Расказите не даваат одговор за судбината на ликовите, читателот не дознава кој е човекот што наведува една девојка да се самоповредува, што се случи со девојката што ја одведе напуштената куќа, кое е момчето со крвави заби што седи на креветот или каков е тој порив на жените за самозапалување како порака кон заканата од насилство. Се чини дека светот едноставно има потреба од жртви
-
Психопорно
0400,00 ден„Психопорно“ е збирка од кратки раскази, целосно напишани во динамичен дијалог.
Како што кажува и самиот наслов, во делото се прикажуваат сексуалноста, нејзината духовна и трансцедентална димензија. Во расказите буквално се разглобува сексуалноста, дел по дел. Пред читателот се открива длабинско истражување на човековата внатрешнотст. Ова се разговори што се состојат од изјави без заобиколувања, без одбирање „суптилни“ зборови и понекогаш ја доведуваат дискусијата меѓу ликовите до самата срж.
Даворин Ленко е вистински мајстор на дијалогот, кој успева да исцрта сцени без премолчување, а истовремено создава расположение на комплексни, ранети или „ѕверски“ харизматични ликови. Со оваа шокирачка книга тој отвора ново поглавје од својот литературен опус и го подигнува нивото на читателските очекувања.
-
Шинела и други раскази
0400,00 денПрозата на Николај В. Гогољ стои во основите на модерната европската литература, како претходник на Франц Кафка, но и како мајстор на гротеската.
Гогољ живее и твори на преминот меѓу две големи книжевно-историски епохи романтизмот и реализмот, при што неговите дела ги имаат карактеристиките на двата правци. Извршил големо влијание на подоцнежните руски реалисти, но и на модернистите. Иако расказите му се проникнати со типично руска атмосфера, успеал да создаде општочовечки и универзални дела. Гогољ ни укажа на сличностите на нашиот свет со пеколот, на истоветноста меѓу сонот и јавето, на алогичното и баналното како клучни во нашето постоење, на невозможното како возможно и на тенката линија што го дели лудилото од уметноста. Полни со имагинација и безвремени, неговите раскази остануваат свежи и значајни денес исто толку колку што биле во времето кога се појавиле.
Од „Виј“ и „Нос“ до „Портрет“ и „Шинела“, оваа збирка ни ги носи осумте раскази на Гогољ кои се вброени во класичните дела на руската и светската литература.
-
Избрани раскази
0450,00 денЧехов е автор на околу 900 дела, најголемиот дел хумористични раскази, драми, новели и повести, кои се сметаат за класични творби на светската литература.
Во расказите не прикажува големи историски настани и ликови. Приказните почнуваат секојдневно, за да го вовлечат читателот, но на крајот ефектите се секогаш моќни и предизвикуваат длабоки размисли и големи емоции. Прозата му е проткаена со хумор или со блага иронија и секогаш е присутна тагата која во подоцнежните дела преминува во резигнација и очај. Многумина го сметаат за еден од најдобрите автори на куси раскази во светот.
Работел како лекар во текот на целиот живот, а паралелно се занимавал и со книжевност. Самиот изјавил: „медицината ми е сопруга, а литературата – љубовница“.
Во оваа книга се поместени петте антологиски раскази и повести пишувани во опсег од десетина години: „Шега“ (1886), „Степа“ (1888), „Двобој“ (1891), „Павилјон број 6“ (1892) и „Човек во футрола“ (1898).
-
Пчелно семејство
0300,00 ден„Пчелно семејство“ е збирка од седум раскази. Секој расказ застапува одреден обред или обичај од словенечката традиција, кои во делото на Мугерли се вметнати во поинаков контекст или во современи рамки, така што добиваат нова улога и добиваат нова смисла. Централна тема на секој расказ е семејството: било да е неостварено („Јаболкарка“), обединето и потоа раздвоено („Пламени јазици“) или некое што во нормални услови би можело да стане вистинско („Пчелно семејство“). Сите раскази, освен еден, се случуваат во сегашноста, но поради ритуалите и атмосферата се чинат безвременски. Авторката со јазична виртуозност нè внесува во свет што не го познаваме, иако живееме во него.
Читајќи ги расказите, постојано преминуваме некакви граници – јазични, културни, политички, географски, но и оние што се поставени помеѓу реалноста и несвесното.
Во 2021 година „Пчелно семејство“ ја добива престижната Награда за литература на Европската Унија.
-
Скопјани
0290,00 ден„Оваа книга е мал колаж од песни и други стихозборја и тивкозборја, игрозборки и зборограпки, сонофатки и досеќавалки, слова, записи, документи, препеви паметења, и уште други зборовни итроштини, врзани исклучиво за Скопје и за скопјани“ ќе напише Гане Тодоровски во белешката кон Скопјани, што можеби неслучајно се наоѓа во средсрцето на оваа книшка. Низ овие стихувани страници со документаристичка вредност, поетот пее за конкретни теми, објекти и личности сместени во реалистична просторно-временска рамка каде што опеаното се актуализира. Овде поетската слика е отворена и согледлива, што ја прави оваа поетска збирка комуникативна и читлива и надвор од својот контекст.
-
Бегалка
0350,00 денНиту еден жив писател не може толку убедливо да пишува за „текот на љубовта“ како Алис Манро. Таа е жив џин на модерниот расказ, а нејзиниот чеховски реализам, длабоката психолошка интуиција, инстинктивното чувство за емоционалната аритметика на животот, оставија неизбришлив печат на современото пишување. Вештината на Манро во прикажувањето на човековите чувства и богатството на овие приказни, прави тие да делуваат како заокружени романи. Под нејзиното перо ликовите – жени од секакви средини и возрасти и нивните пријатели, љубовници, родители и деца – оживуваат како да ни се соседи. Бегалка е збирка од 8 раскази која критичарите ја сместуваат на највисокото скалило од опусот на Алис Манро.
-
ПОТЕКЛО Саша Станишиќ
0400,00 денВака стојат нештата: земјата во која сум се родил денес веќе ја нема. Додека постоеше, се сметав себеси за Југословен. Како и моите родители: татко ми – Србин, a мајка ми – од бошњачко муслиманско семејство. Бев дете на мултиетничка земја, плод и исповед на двајца луѓе што се сакале и кои југословенскиот melting pot ги ослободил од притисокот на различното потекло и религија.
ПОТЕКЛО е книга за моите потекла, за сеќавањата и откритијата. Книга за јазикот, работата на црно, штафетата на младоста и за многу, многу лета.
Во својот трет роман Саша Станишиќ раскажува како од родниот Вишеград патува за Хајделберг, па се враќа назад во босанските планини кај баба си. Топол, близок, духовит и живописен роман, кој ја плени германската публика. Вонсериско дело што ќе ве освои на прво, второ и на секое следно читање.
Германска книжевна награда за 2019 година!
„За разлика од други постјугословенски автори што ја создаваат својата книжевност во тесните, зададени рамки на идентитетскиот кафез, Станишиќ сам отвора рамки и дефинира идентитети.“ – Миљенко Јерговиќ
-
Деца
0300,00 денВо рамките на обемното прозно творештво на Андриќ има голем број текстови кои се занимаваат со децата и со детството, и тоа, што е својствено за него, низ најразлични призми и од најразлични перспективи. А во втората половина на 1930-тите години светлината на денот ја здогледува и една негова збирка раскази насловена, едноставно, „Деца“.
Андриќ го слика детството како сложен период од човечкиот живот, исполнет со многу страдања, болки, па дури и зло присутно кај – како што писателот ги нарекува децата – малите луѓе.
„Малите луѓе, кои ние ги викаме ’деца‘, имаат свои големи болки и долги страдања, кои потоа како мудри и пораснати луѓе ги забораваат. Поточно, ги губат од вид. А кога би можеле да се вратиме назад во детството, како во клупата во основното училиште од кое сме веќе одамна излезени, ние повторно би ги здогледале. Таму долу, под тој агол, тие болки и тие страдања живеат и понатаму и постојат како и секоја друга стварнос
-
Речно улиште
0250,00 денДебитанската книга и првата збирка раскази од Драги Михајловски.
Расказите се реминисценции од детството на авторот во кои провејува фиктивниот свет на неговите сеќавања. Спомените и детските фантазии се ројат околу Курдерес, битолската река што денес повеќе не постои, како пчелите околу водата. Оттука доаѓа и насловот на збирката. Писателската имагинација кривулка по течението на Курдерес (на турски „волчи поток“) низ мозаикот од разни детски доживувања, сеќавања, расположенија, мечти и фантазии.
Во „Сенка“, „Слика“ и „Мрежа“ се прикажани случките од детството поврзани со родителите, во „Леван“ првите љубовни мечти и така натаму. Детството на авторот не е преокупација на Михајловски само во раниот период од неговото творештво, туку и во книгите за деца, како и во неговиот роман „Бдеењето на Одисеј“.
Книгата е оригинално објавена во 1981 година. Ова е прво нејзино издание оттогаш.„Движејќи се по работ на видливото и невидливото, можното и неможното, јавето и сонот, Драган Михајловски го открива пределот на фантазијата, внесувајќи во него сопствен сензибилитет, внесувајќи во тој отворен простор своја специфичност, што ќе биде забележана и од читателите и од литературната критика.“
Анте Поповски (1981) -
Број 13 : раскази за духови
0300,00 денСвеќата слабо нека гори. Тишината нека избие. И закопаното минато може да добие збор…
Целта на добрите приказни за духови е да ти ја замрзнат крвта, но на некој пријатен начин. Приказните за духови на Џејмс се доведени до совршенство – дали е во англиските селски куќи и градини, или во црковните дворови, лавиринти или возови, неговите имагинарни пресврти секогаш го секнуваат здивот.
Добре дојде во зоната на самракот, во заборавените цркви и библиотеки, во старите хотели без соба бр. 13, во крајбрежните урнатини во кои и самото време се двоуми да влезе. Во овие спектакуларни приказни за духови ти треба повеќе од храброст. Потребна будност во шушкањето на пергаментот и во ехото на чекори од ходниците во кои никој не поминува, а сепак се слуша чекорење.
Секоја приказна е реликвија ископана од тивкиот страв на научниот ум на човек што знае каде лежи вистинскиот ужас. Овие загатки се сенките што ги фрла знаењето што е премногу древно за да биде безбедно.
„Ако некоја од моите приказни ги предизвика читателите да се чувствуваат непријатно и да ги полазат возбудливи морници кога одат по осамен пат во самрак или додека седат во доцните ноќни часови пред огнот што полека згаснува, мојата цел во пишувањето ќе биде постигната.“
М. Р. Џејмс