-
-37%
Последната желба
0Original price was: 550,00 ден.349,00 денCurrent price is: 349,00 ден.1996 е годината која менува сѐ за Меги. Кога на шеснаесет години ја праќаат да живее со тетка која едвај ја познава, во далечно гратче на брегот на Северна Каролина, не може да мисли на ништо друго, освен на пријателите и семејството кои ги остава зад себе… но тоа почнува да се менува кога го запознава Брајс Трикет, еден од малкуте тинејџери на островот. Прекрасен, искрен и полн со живот, Брајс ја запознава со многуте убавини на градот опкружен со плажи, но и со фотографирањето, страст која ќе го дефинира остатокот од нејзиниот живот.
До 2019 година, Меги веќе е познат фотограф. Таа има успешна галерија во Њујорк, но истовремено и многу патува на далечни места низ целиот свет. Но оваа година неочекувано останува дома за Божиќ, избезумена од страшна дијагноза. Бидејќи станува сѐ позависна од својот асистент, таа се зближува со него. Додека заедно ги одбројуваат последните денови од празниците, таа почнува да му раскажува приказна за еден друг Божиќ, од пред многу декади – и љубовта која ја насочила кон животот кој никогаш не можела ни да си го замисли.
-
-29%
Длабоко под површината
0Original price was: 420,00 ден.299,00 денCurrent price is: 299,00 ден.Таа е скршена однатре…
Меган Хантер има дадено сѐ од себе за повторно да застане на нозе и да го остави кошмарот од своите тинејџерски години зад себе. Последното нешто што ѝ треба или што го сака во животот е некојси маж. Но кога ја напаѓа некој од минатото, страшен туѓинец со лузни интервенира, спасувајќи ги неа и нејзината мала ќеркичка. Но изгледот може да лаже затоа што и покрај тоа што човекот делува грубо и страшно, таа се чувствува безбедно со него. И за првпат во животот, сфаќа што е тоа копнеж.
Тој е скршен однадвор…
Натаниел Вест има платено висока цена за служење како маринец во Авганистан. Се враќа на неговиот семеен ранч во планините на Колорадо за да заздрави – и да биде сам. Унаказен каков што е, не може ни да мисли на романтики и секс. Не кај Меган има нешто што го враќа во живот, му ја зоврива крвта и прави повторно да се чувствува како маж. Кога гледа дека ја демнат опасности и се разоткрива вистината за нејзиното минато, тој се заколнува дека ќе ја штити, но и дека ќе го исцели нејзиниот ранет дух. Но соочувањето со минатото никогаш не е лесно – особено кога тоа вклучува оружје. Меган ќе мора да научи да му верува за да преживее, но и да се предаде на страст која продира многу… длабоко под површината.
-
-15%
Фустанот и Светец
0Original price was: 350,00 ден.299,00 денCurrent price is: 299,00 ден.„Фустанот“ и „Светец“ се две кратки приказни од легендарната Колин Хувер, која неуморно твори бидејќи нејзините читатели низ целиот свет секогаш се желни за уште.
„Фустанот“ е романтична приказна за прифаќањето; прифаќањето на оние кои ги сакаме вистински и безусловно, но и за себеприфаќањето. Што ако твојот дечко, кој би требало да те сака таква каква што си и да те смета за најпривлечната личност во секоја просторија, секогаш ти купува неколку броја помали фустани и долна облека? Дали едноставно не знае кој број навистина носиш или сака да ти пренесе некоја скриена порака?
„Светец“ е малку помрачна романтична приказна со нишка на мистерија. Во стилот, повеќе потсетува на Верити отколку на романсите на Хувер. Една писателка заминува во изолирана колиба за да се дистанцира од сѐ и да може да пишува. Но, приказната на која работи вклучува афера, а таа никогаш во животот немала афера и едноставно не верува дека може автентично да ја напише. Кога ѝ се укажува шанса да доживее лично искуство кое би можело да ѝ помогне во пишувањето, не се колеба многу. Но сите непромислени работи најчесто доаѓаат со каење…
-
-29%
Дневникот на собарката
1Original price was: 490,00 ден.349,00 денCurrent price is: 349,00 ден.Номинирана за најдобар трилер на GOODREADS CHOICE AWARDS 2023
Кит Дарлинг е собарка со несекојдневна зависност. Не умее да одолее да не продушка во куќите на нејзините богати клиенти во кои чисти. Нејзиното „хоби“ е безопасно, сè до моментот кога ќе види нешто што не смее во домот на најновите клиенти: толку мрачна тајна која може да му го уништи животот на парот кој го очекува своето прво дете. Тоа ја прави Кит опасна за парот, но едновремено, тоа го прави парот, кои би убиле за да ја заштитат тајната – опасен за Кит.
Кога детективката Мелори Вал Алст пристигнува на местото на злосторството во луксузната куќа покрај морето, соочена е со докази за толку крвав насилен напад што е речиси невозможно жртвата да останала жива. Но тело – нема. Ги нема и сопствениците. А ја нема и собарката. Единствениот сведок е повозрасната сосетка, која ја разбудил вресок доцна во ноќта. Сосетката е и последната личност која ја видела Кит Дарлинг жива.
Кога детективката се зафаќа со растајнување на случајот, сфаќа дека ништо не е онака како што изгледа.
И никој не умее да му побегне на минатото.
-
-32%
Последното писмо
2Original price was: 590,00 ден.399,00 денCurrent price is: 399,00 ден.Едно последно писмо. Неговата последна желба. Оди и биди со неа…
Бек,
Ако го читаш ова… го знаеш она за последното проштално писмо. Ти преживеа. Јас не. Немој да чувствуваш вина, затоа што те познавам и ако си имал шанса да ме спасиш, ќе си ме спасел. Затоа, без разлика во каква длабока, темна јама на вина се валкаш сега, престани.Сепак, сакам да те замолам за една услуга – остави ја војската и оди во Телјурајд. Ела е сосема сама. Прво ни починаа родителите, па нашата баба, а сега Ела ме изгуби и мене. Премногу несреќа за еден човек. Едноставно не е фер.
Па ако мене ме нема, тоа значи дека не ќе можам да се вратам дома, како што планиравме. Не ќе можам да бидам таму за неа. Не ќе можам да ѝ помогнам на Ела да се справи со сѐ. Но, ти можеш. Затоа те молам, како мој најдобар пријател, да се грижиш за сестра ми, за моето семејство.
Неправедно е да се бара тоа од тебе; знам. Не си тип што сака да се грижи и да се врзува, но многу ми е потребно ова. Те молам, не дозволувај сама да се справува со сите нејзини проблеми.Ќе ти чувам место од другата страна, брате, но не брзај се. Искористи ја секоја секунда живот што ти се дава.
Рајан
-
-23%
Статистичка веројатност за љубов на прв поглед
1Original price was: 390,00 ден.299,00 денCurrent price is: 299,00 ден.Кој би рекол дека четири минути можат да сменат сѐ?
Денес треба да биде еден од најлошите денови во животот на седумнаесетгодишната Хедли – денот од кој таа се плаши со месеци.
Втората свадба на татко ѝ, на сосема друг континент од неа, со жена која таа воопшто ја нема запознаено. Во нејзиното срце има едно нежно и ранливо место кое сѐ уште не е заздравено од неговото заминување и дефинитивно уште повеќе страда поради настаните кои претстојат.
Како сето тоа да не е доволно; таа е присилена да присуствува на свадбата и поради доцнењето од само четири минути, Хедли го испушта својот лет. Таа доцни ќе доцни на свадбата на која воопшто не сакаше да оди.
Има ли поголема иронија на судбината од тоа? Постои ли нешто полошо од целиот тој сплет на околности?
Постои. Оливер, осумнаесетгодишното момче од Британија кое седи до Хедли на следниот лет ќе ви покаже дека судбината има чуден начин да си поигра со нас, ќе ви докаже дека од лошото секогаш постои полошо и дека треба да научиме да ја пронајдеме светлата точка во сѐ.
Кога може тој, може секој. Тој ќе ни покаже дека четири минути навистина можат да сменат сѐ.
Оваа прекрасна приказна неодамна доби и своја екранизација, која со недели беше во ТОП 10 на Netflix, во над 100 земји ширум светот.
-
-49%
Добра ноќ, Џун
0Original price was: 490,00 ден.249,00 денCurrent price is: 249,00 ден.„Добра ноќ, месечино“ е обожуван детски класик, но неговото вистинско потекло е загубено во историјата. Во „Добра ноќ, Џун“, Сара Џио споделува една своја имагинарна верзија за приказната зад инспирацијата за детскиот класик.
Џун Андерсен е успешна на професионално поле, но многу несреќна во приватниот живот. Неочекувано ја повикуваат за наследството на нејзината почината тетка Руби и треба да донесе одлука за судбината на детската книжарница Сината птица, која Руби ја основала во четириесеттите. Помеѓу документацијата во книжарницата, Џун наоѓа писма кои си ги пишувале Руби и покојната Маргарет Вајс Браун… и зачекорува во страниците на американската литература.
-
-43%
Танцувај со мене
0Original price was: 520,00 ден.299,00 денCurrent price is: 299,00 ден.По долго време, легендарната Сузан Елизабет Филипс се враќа со емотивен роман за женскоста, дивите срца и исцелувачката моќ на љубовта.
Кога животот ја разочарува по којзнае кој пат, младата вдовица Тес Хартсонг бега во мало гратче високо во планините Тенеси, надевајќи се дека во природата ќе успее да побегне од скршеното срце и да го најде мирот којшто ѝ е потребен за да си дојде на себе. Но наместо спокој и тишина, пронаоѓа енигматичен уметник кој исто така е во потрага по самотија, еден слободен дух со премногу тајни, едно беспомошно новороденче, група љубопитни тинејџери и град сомничав кон секој новодојденец, особено таквите тврдоглави како Тес. А подеднакво тврдоглав е и Иан Норт; комплициран, надарен маж со измачена душа – човек кој ја тера Тес да преиспитува сè.
Бегајќи кон овој нов живот, Тес се прашува: дали целосно ќе се изгуби себеси… или ќе си ја пронајде иднината?
-
-37%
Пред таа да исчезне
0Original price was: 550,00 ден.349,00 денCurrent price is: 349,00 ден.Една обична жена нема да дозволи ништо да ја запре да ги пронајде исчезнатите луѓе кои остатокот од светот ги има заборавено.
Френки Елкин е просечна средовечна жена, зависничка од алкохол во фаза на лекување, со куп нешта во животот за кои се кае.Но сега го поминува времето правејќи го она што никој друг не го прави – бара исчезнати луѓе кои светот престанал да ги бара. Кога полицијата се откажува, кога јавноста заборава, кога медиумите престануваат да обрнуваат внимание, тогаш Френки почнува да бара.
Нов случај ја води во бостонско соседство со лоша репутација. Ја бара Анжелик, тинејџерка со потекло од Хаити, која исчезнала од своето средно училиште пред неколку месеци. Отпорот на бостонската полициска станица и семејството на жртвата ѝ даваат до знаење дека е препуштена сама на себе . Но ништо нема да ја спречи да ја открие вистината, па макар тоа значело следната исчезната личност да биде лично таа.
-
-27%
Сите опустошени места
1Original price was: 550,00 ден.399,00 денCurrent price is: 399,00 ден.1946 година. Три години по катаклизмичниот настан кој им ги разнишува животите од корен, мајка и ќерка бегаат во Париз со куфери полни срам и страв, не знаејќи колку е всушност тешко да му се побегне на минатото.
Речиси осумдесет години подоцна, Гретел живее живот кој е далеку од нејзиното трауматично детство; мирен и удобен, и покрај нејзиното мрачно и вознемирувачко минато. Таа не зборува за бегството од нацистичка Германија, не зборува за тешките повоени години во Франција, но најважно, не зборува за татко ѝ, командант на еден од најозлогласените логори на Рајхот.
Кога во нејзината зграда во Лондон се вселува нов пар, појавувањето на нивниот деветгодишен син Хенри ѝ враќа спомени кои повеќе би сакала да останат закопани. Но посилно е од неа, па Гретел се спријателува со момчето. Една вечер, таа е сведок на вознемирувачка, насилна расправија помеѓу прекрасната мајка на Хенри и неговиот арогантен татко. Соочена со изборот помеѓу сопствената безбедност и неговата, Гретел се враќа на слични крстопати како многу одамна. За да му помогне на момчето, треба да ги открие тајните кои ги чува целиот свој живот. Но овој пат може да донесе поинаква одлука од претходно – без оглед на цената која ќе треба да ја плати за храброста…
-
-32%
Ловец на очи (Колекционер на очи #2)
0Original price was: 590,00 ден.399,00 денCurrent price is: 399,00 ден.Тој е најдобриот очен хирург во светот. Легенда во операционата сала. И им ги вади очните капаци на жените пред да почне да се изживува над нив…
Доктор Зукер е психопат кој води двоен живот. Преку ден ги врши најкомплицираните операции на човечкото око. Но ноќе се фокусира на неговите „специјални пациенти“: жените на кои им ги отвора очите во најбуквалната смисла на зборот. Им ги отстранува очните капаци, ги силува – и им дозволува да побегнат. Досега, сите негови жртви имаат извршено самоубиство. Бидејќи немаат ниту сведоци, ни физички докази, полицијата бара помош од Алина Грегориев. Слепата физиотерапевтка, која се смета за јасновитка од случајот со „Колекционерот на очи“, треба да се обиде да даде некоја насока за следниот „пациент“ на Зукер. Алина неволно се согласува – и со тоа пропаѓа во вртлог на лудило и насилство. Нејзиниот пријател, Александер Зорбах, е единствената личност која би можела да ја ослободи, но тој е западнат во комплетна апатија уште откако „Колекционерот на очи“ го киднапира неговиот син. Ни едниот, ни другиот од нив сѐ уште нема сфатено дека постои фатална конекција помеѓу „Колекционерот на очи“ и „Ловецот на очи“, Зукер…
-
-27%
Домашен фронт
0Original price was: 550,00 ден.399,00 денCurrent price is: 399,00 ден.Во овој моќен роман, Кристин Хана ја истражува душата на проблематичниот брак преку провокативен и актуелен приказ на еден вљубен и завојуван брачен пар.
Сите бракови имаат точка на пукање. Сите семејства имаат рани. Сите војни имаат своја цена…
Како многу сопружници, и Мајкл и Џолин Заркејдс се соочуваат со притисоците на секојдневниот живот – деца, кариери, сметки, домашни обврски – додека дванаесетгодишниот брак им се распаѓа. Но кога војничката Џолин ќе биде распоредена во Ирак, во вителот на опасноста, адвокатот Мајкл останува дома, несвикнат да биде единствениот родител на двете ќерки. Мајката Џолин со тешко срце го напушта семејството, но војничката Џолин отсекогаш го сфаќала вистинското значење на должноста. Во писмата што ги праќа до семејството слика розова верзија на нејзиниот живот во првите борбени редови, штитејќи ги најблиските од вистината. Но војната ќе ја промени на начини што никој од нив не можел да ги предвиди. Кога ќе се случи трагедија, Мајкл мора да се соочи со својот најмрачен страв и да води битка со своите уверувања – за најважната работа на неговото семејство.
„Домашен фронт“ е приказна за љубовта, загубата, херојството, честа и надежта, која ни нуди длабок и искрен поглед на модерниот брак. Драматично истражување на последиците што ги остава војната врз обичното американско семејство.
-
-45%
Ослободување
0Original price was: 450,00 ден.249,00 денCurrent price is: 249,00 ден.ДУЕТ: RELEASE #1
Додека растев, Ремзи Стјуарт ми остави белези во душата што времето не умее да ги излечи.
На дванаесет години, ме праша дали сакам да му бидам девојка.
На тринаесет ми го подари првиот бакнеж.
На шеснаесет се вљубивме и планиравме заедничка иднина.Љубовта никогаш не пропаѓа.
За Ремзи, пропадна.
Љубовта го изневери.
Јас го изневерив.
Сиот свет го изневери.На седумнаесет години, Ремзи беше осуден за убиство на момчето што ме силуваше.
Заборави ме, ми напиша во првото и последно писмо од затворот.
Почни нов живот, настојуваше.
Не те сакам повеќе, излажа.Никогаш не помислив да се откажам од него. Можеби љубовта е нашето проклетство, но тој ми е во срцето – тогаш, сега и засекогаш.
Сега, по дванаесет долги години, го чекам да излезе низ затворските порти мажот којшто не го ни познавам.
-
-22%
Прекрасна грешка
0Original price was: 450,00 ден.349,00 денCurrent price is: 349,00 ден.Првиот пат кога го запознав Кејн Вест, беше во бар.
Тој забележа дека гледам накај него и погрешно го протолкува
моето муртење, мислејќи дека го меркам.
Кога се обиде да разговара со мене, јас го пресеков – му кажав што мислам за неговиот лажлив, прељубнички, его-манијакален задник.
Видете, прекрасниот кретен си отиде на вечера со мојата најдобра пријателка – намамувајќи ја во неговиот кревет, без ни да помисли да спомне дека е оженет.
Тој си го заслужи секој дел од моето пердашење, дури и малку му беше, во споредба со тоа што тој го направи.
Особено кога таа мрзлива насмевка му го украси неговото совршено лице, како одговор на мојот бесен монолог.
Само што, испадна дека, човекот кој штотуку го направив партал, не е вистинскиот човек.
Упс. Моја грешка.
Засрамена, избегав без извинување.
И онака никогаш повеќе немаше да го видам згодниот странец, нели?
Така си мислев… додека следното утро не влегов на час.
Па, здраво професоре Вест, јас сум вашиот нов асистент.
Ќе работам под Вас… фигуративно кажано.
Иако буквалното толкување можеби и не е толку лоша работа – да работиш „под“ професорот Вест.
Ова има да биде интересно… -
-34%
Играчот
0Original price was: 450,00 ден.299,00 денCurrent price is: 299,00 ден.Го запознав Броди Истон во машката соблекувална. Требаше да го направам моето прво интервју како спортски новинар.
Познатиот квотербек реши да се разголи. Не, не ми ги раскажа своите тајни, не ми ја разголи душата. Самобендисаниот играч реши да ја тргне крпата врзана околу половината во моментот кога му го поставив првото прашање. А интервјуто одеше во живо!
Но јас не излегувам со играчи – згодни и самозадоволни момци на кои паметот им е само во сексот. Не затоа што сум една од малкуте жени кои работат во светот на професионалниот спорт.
Нема поголем играч од Броди Истон. Секоја жена копнее да го смени. Но нему му беше потребна девојка за која вреди да се промени. Излезе дека јас сум таа девојка.
Просто како грав, нели? Но никогаш не е толку едноставно. Постои цела една приказна меѓу Си беа еднаш и Си живееја среќно до крајот на животот. А оваа е нашата.
-
-43%
Изопачена љубов (Twisted #1)
0Original price was: 520,00 ден.299,00 денCurrent price is: 299,00 ден.(Серијал TWISTED #1)
Алекс Волков е ѓавол со ангелско лице и минато од кое не може да побегне. Трагедијата во детството му го одредила животот и му го поплочила патот кон одмаздата. Воден од безмилосната потрага по успех, тој во своето срце нема место за љубов.
Кога е принуден да се грижи за помладата сестра на неговиот најдобар пријател, почнува да чувствува дека нешто се топи во неговите гради. По извесно време му го распламтува срцето. Во него почнува да беснее таков оган што ќе му го изгори сиот свет.
Ава Чен е самостојна и силна девојка, со чии соништа господарат кошмарите од детството на кое не може да се сети. Но и покрај тешкото минато, постојано наоѓа убавина во светот што ја опкружува – вклучително и во срцето скриено зад ледениот ѕид што го кренал мажот кој не смее да го посакува. Најдобриот пријател на нејзиниот брат. Нивниот сосед. Нејзиниот спасител и нејзината пропаст.
Алекс и Ава не смеат да се засакаат. Нивната забранета љубов ќе разоткрие тајни кои би можеле да ги уништат – нив двајцата и сè што им значи.