Филтер по цена
Жанр
Автори
  • Кревка рамнотежа

    Кревка рамнотежа

    0

    Во еден неименуван град крај морето, власта воведува вонредна состојба. И така, хаосот се вселува во секојдневниот живот на луѓето: многумина остануваат бездомници, некои се апсени, некои се принудени на присилна работа, сите се исплашени и осамени…

    „Кревка рамнотежа“ раскажува за четворица ликови кои кога се заедно не можат да ја поднесат блискоста, но кога се далеку едни од други не можат да преживеат.

    Среде политичките превирања во Индија, реалноста станува толку неверојатна, што дури и она што е измислено изгледа вистинито. Така, овој чудесен роман час може се чита како магичен реализам, час како историски портрет на распадот на една земја.

    550,00 ден
    Додај во кошничка
  • Пластично трособје

    Пластично трособје

    0

    Една чешка сексуална работничка решава со читателот на овој роман да ги сподели своите размислувања за професијата што ја работи, за стареењето, за влијанието на новите технологии врз сексот и за суштината на материјализмот. Својот светоглед го пренесува преку скици за сценарио за документарна телевизиска серија, за која искрено и наивно сонува дека еден ден ќе биде снимена.

    Исполнувајќи го површното секојдневие на својата протагонистка со фетишизам, насилство, хумор и чуден, ама неочекувано успешен, спој од вулгарен и поетски јазик, Петра Хулова на само стотина страници успева да создаде свет во мало преку текот на свеста на својот лик. „Пластично трособје“ е една од најнаградуваните современи чешки книги: последно во низата признанија е наградата на Англискиот ПЕН центар за најдобар превод во 2017 година.

    280,00 ден
    Додај во кошничка
  • Министерство за врвна среќа

    Министерство за врвна среќа

    0

    Приказната во „Министерство за врвна среќа“ полека и мајсторски се ткае низ сиромашните квартови на Делхи и низ рајските пејзажи на Кашмир. Рој раскажува за ликови кои на прв поглед се чинат маргинални и кои во други приказни веројатно би останале заборавени, но овде полека се претвораат во јунаци. Раскажувајќи за немирот и болката, за среќата и надежта, Рој гради епски портрет на современа Индија, но и грандиозна слика на нашето денешно општество.
    Варирајќи од љубовна приказна до историски роман, од семејна сага до политичка сатира, „Министерство за врвна среќа“ е дело какво што се среќава сосем ретко, роман во својот чист и моќен облик.

    500,00 ден
    Додај во кошничка
  • Невидливите

    Невидливите

    0

    На малиот остров Барој, зафрлен меѓу норвешките фјордови во близина на Поларниот Круг, живее само едно петчлено семејство. За тригодишната Ингрид островот е рајска градина, огромна и зачудувачка како универзум. За нејзиниот татко, Ханс, островот е место каде што целокупното постоење на човекот се сведува на борба против студот и гладот – борба што секогаш одново сите ја губиме.
    „Невидливите“ е многуслоен, моќно напишан роман што личи на бура: преку едноставно и ненаметливо раскажување, полека ја собира својата сила, за потоа да ја излее во една точка и да го преврти светот и на ликовите и на читателот. Ова веројатно е најдоброто дело на Рој Јакобсен и секако, еден од најмаркантните современи норвешки романи.

    370,00 ден
    Додај во кошничка
  • Снежно слепило

    Снежно слепило

    0

    „Снежно слепило“ ја раскажува приказната за младиот полицаец Ари Тор, кој уште пред да ја заврши академијата добива работно место во Силгуфјордур – мало рибарско гратче на крајниот север на Исланд. Ари Тор ќе ги напушти студиите, својата девојка и животот во Рејкјавик и ќе замине на север, очекувајќи дека ќе живее во место каде никогаш ништо не се случува. Зимските бури ќе го парализираат Силгуфјордур и ќе го отсечат од остатокот од земјата, а потоа во местото ќе почнат да се случуваат убиства. Ари Тор сфаќа дека мора да се соочи со нешто за што воопшто не е подготвен – сложените полициски случаи и застрашувачките поларни бури.
    Напишан во манирот на класичен детективски роман, „Снежно слепило“ е уникатен во доловувањето на ледената атмосфера и сликањето на животот во мало провинциско место, каде приказните на цела низа ликови одеднаш се преплетуваат и се поврзуваат.

    330,00 ден
    Додај во кошничка
  • Врвки

    Врвки

    0

    По дванаесет години брак, врската на Ванда и Алдо се распаѓа поради неверство. Сепак, зад нивната разделба се кријат многу повеќе мрачни тајни отколку што се чини на прв поглед. Соочувањето со сиот притаен гнев, со насобраните разочарувања и со желбата за независност и слобода целосно ги пресвртува животите на Ванда, Алдо и нивните две деца.
    Приказната е мајсторски изградена и преку фрагменти ја раскажува долгата историја на распадот и повторното обединување на едно семејство. Доменико Старноне во „Врвки“ ни подарува моќен приказ на бегството од себеси и на малите одлуки кои целосно и неповратно ни ги менуваат животите.

    250,00 ден
    Додај во кошничка
  • Писма до Милена

    Писма до Милена

    0

    За писмата на Кафка често се вели дека може да се читаат како љубовен епистоларен роман во кој главниот лик е Милена Јесенска. Преку љубовната врска со Милена се прават бројни обиди да се протолкува делото на Кафка, особено темата на прељубата во романот „Замок“, како и дополнително да се осветли биографијата на славниот писател. Меѓутоа, писмата на Кафка укажуваат и на Милена Јесенска како личност –исклучителен интелектуалец и мошне успешна преведувачка заслужна, меѓу другото, за популаризирањето на неговото дело. Писмата ни откриваат прекрасен портрет на една исклучителна, самостојна и либерална жена, каков што ретко може да се сретне и во уметничката и во документарната литература од почетокот на XX век. Во таа смисла, „Писмата до Милена“ се неизбежен дел од опусот на Кафка, еднакво значаен како неговата проза и неговите дневници.

    620,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Ахиловата песна

    Ахиловата песна

    0

    Грција во старо време на богови и јунаци.

    Поради едно случајно убиство, осамениот принц Патрокле е прогонет на дворот на кралот Пелеј и неговиот син Ахил. Така им се вкрстуваат патиштата и меѓу нив се раѓа нераскинливо пријателство. Додека растат и се воспитуваат во различни вештини, нивното другарство се продлабочува – и покрај противењето на Ахиловата мајка, суровата морска божица Тетида. Но веста за грабнувањето на убавата Елена го прекинува идиличниот живот и го обновува пророштвото дека само Ахил може да ја реши војната за нејзино враќање. Раскинат помеѓу љубовта и стравот, Патрокле тргнува со Ахил кон Троја, не знаејќи дека тие години ќе стават на проба сѐ што им е важно.

    Потресна и волшебна верзија на Тројанската војна, болна приказна за љубовта, но и за непомирливата борба меѓу боговите и кралевите, спокојот и честа, бесмртната слава и човечкото срце. „

    Фантастично живописна и уверлива верзија на една од најлегендарните љубовни приказни.“ Ема Донахју

    „Мадлин Милер со голема имагинација и стручност ги оживува впечатливите случувања во стара Грција. Освојува сосем нова територија прераскажувајќи ја една од најстарите приказни на светот – за мажите во љубовта и војната, но и за извонредните жени.“ -Паблишерс викли

    „Роман што се чита поради неговите квалитети, но ако притоа ги инспирира читателите да им се вратат на Хомер и неговите наследници, треба да му се припише и таа заслуга.“ Вашингтон индипендент ривју оф букс

    500,00 ден
    Додај во кошничка
  • Исповед

    Исповед

    0

    Несудениот свештеник Феликс Ардевол ги користи своите врски во Ватикан за да стигне до вреден нацистички плен, виолината Сториони од 1764 година. Многу години подоцна неговиот син Адрија се сеќава на темниот стан преполн со антиквитети во кој како дете, со фигуричките на шерифот Карсон и индијанскиот поглавица Црн Орел, се криеше зад фотелјата обидувајќи се да ги сфати тајните на таткото. И по педесет години, го мачи вина затоа што ја знаеше комбинацијата за отворање на сефот и виолината му ја позајми на својот пријател Бернат и така предизвика фатална забуна. Меѓутоа скапоцениот инструмент не беше несреќа само за таткото и синот Ардевол – овој инструмент имаше многу возбудлива историја, а луѓето на кои им минал низ рацете, од барокниот композитор Жан Мари Леклер до виолинистката, Еврејката, Берта, на различни начини станале заложници на судбината на виолината.
    Романот Исповед е фасцинантно дело на славниот современ каталонски писател Жауме Кабре. Преведено е на повеќе од 20 јазици и има добиено повеќе каталонски и меѓународни награди. Испреплетувајќи разновидни интригантни стории во роман што посакувате да го прочитате во еден здив, Кабре се докажал како брилијантен раскажувач и го зацврсти своето место во врвот на современата европска книжевност.
    „Роман над романите“
    Мартин Шулц
    „Кабре извонредно прикажува различни епохи и ликови, мајсторски преминувајќи од една во друга, дури и среде реченицата.“
    Гардијан
    „Исповед е раскошен, величествен, амбициозен, залудувачки, брилијантен предизвик во кој мора да бидете стрпливи. Сфаќам дека критичарите не смеат да покажуваат премногу восхит, ама оваа книга е блиску до совршенството“.”
    www.texasbooklover.com

    600,00 ден
    Додај во кошничка
  • Надвор од редот

    Надвор од редот

    0

    Во 12 животни правила клиничкиот психолог и прославен професор на Харвард и на Универзитетот во Торонто, д-р Џордан Б. Питерсон им помогна на милиони читатели да воведат ред во хаосот на своите животи. Во ова смело продолжение Питерсон дава уште дванаесет витални принципи за да се спротивставиме на исцрпувачкиот данок што неминовно гиоси нашата желба за уредување на светот според нашите мерила.

    Во време кога човечката волја се наметнува над секоја сфера во животот, од нашите социјални структури до нашите емотивни состојби, Питерсон нуди стратегии со чија помош можеме да најдеме значење и цел, дури и кога ќе се чувствуваме немоќни. Иако хаосот ни се заканува со нестабилност и страв, неконтролираниот ред може да нè скамени и да нè натера на покорност. Надвор од редот повикува на балансирање на овие два фундаментални принципа на самата реалност и нè води по птавиот и тесен пат што го дели.

    „Највлијателниот интелектуалец во денешниот западен свет“

    Њујорк Тајмс

    500,00 ден
    Додај во кошничка
  • Костурите на округот Медисон

    Костурите на округот Медисон

    0

    Госпоѓа Павица е приморка во златни години и секогаш кога некој ќе ја нарече жена во златни години, ù се превртува желудникот. Живее во мало место, пее во мал хор и е омажена за поморец со кого цел живот е во брак. Ги има ќерката Ана, внукот Тони и болките во колената. Децата за неа се безусловна љубов и доживотна робија и кога повторно би се родила, никогаш не би  родила. Првпат е среќна во седумдесеттата година бидејќи го наоѓа мажот пред кој не мора да клечи. И не размислува за смртта.

    Ана е образована и самостојна жена во педесеттите која добро заработува, има мигрена и проблем со желудникот. Поради помлад маж, остава прекрасен сопруг и дете и никогаш не се грижи што мисли светот за неа. Нејзе ù се воодушевува дури и младата љубовница на нејзиниот втор сопруг. Додека чека третман со акупунктура во ординација, убедена е дека мајка ù полудела и размислува за незадоволниот татко, поранешниот и сегашниот сопруг, неговата љубовница… и стравот од смртта.

    Во полифоничниот роман „Костурите на округот Медисон“Ведрана Рудан бескомпромисно и духовито, а над сè уметнички успешно, зборува за родителите, децата, љубовта и сексот. Таа ги разбива стереотипите за пожртвуваните мајки, послушните ќерки, посветените сопрузи и злобните љубовници. Стереотипите поради кои сите тие стануваат жртви.

    Како завршува мојата љубовна приказна? Дали на крајот ќе се венчаат или можеби ќе ги обноват заветите? Или се разделуваат на обострано задоволство за да тргнат во нови љубовни маки опседнати со сексот или од стравот од секс? Нема да ви кажам. Што мислам, дали книгата е добра? Одлична е. Земете ја в раце. Откако ќе ја прочитате, можеби нема да скокнете на ФБ, туку на некој што го сакате. Или ви се чини дека го сакате.

    350,00 ден
    Додај во кошничка