-
Лето во градот
0590,00 денДваесет и седумгодишната сценаристка Ел ја добива шансата што ја чекала цел живот: да напише сценарио за високобуџетен филм сместен во Њујорк. Единствениот проблем? Со месеци има креативна блокада, а рокот за сценариото ѝ истекува на крајот од летото.
Во очајна потрага по инспирација, Ел се враќа во градот во кој се заколнала дека никогаш повеќе нема да стапне. Се вселува во стан што во нормални услови не би можела да си го дозволи (со прозорци од под до таван, поглед кон хоризонтот и ново кафуле што веднаш ѝ станува навика). Совршено место за пишување… сè додека не сфати дека нејзиниот нов сосед е технолошкиот „Ерген-милијардер“, Паркер Ворен – човекот со кого имаше неславна авантура на скалилата во еден ноќен клуб пред две години. Веќе комплицираниот однос „од љубовници до непријатели“ штотуку станува уште полош.
Кога повторната средба со него се претвора во ноќ исполнета со омраза и неочекувана инспирација, Ел сфаќа дека нејзиниот најголем непријател можеби е токму човекот што ѝ треба за да го доврши сценариото… Таа пишува анонимно, а тој е на насловната страница на секое бизнис списание. Тој посетува раскошни настани со црвени теписи, а таа не сака да излезе надвор од својот „емоционално безбеден радиус“ од пет блока. Едно лето. Еден ѕид меѓу нив.
Еден договор ги спојува: нему му треба лажна врска, нејзе ѝ е потребен филм базиран на автентични локации низ Њујорк. На двајцата им е потребна пауза од немилосрдните распореди и шанса повторно да ги откријат блескавите облакодери, вкусот на пицата и сончевиот шарм на градот. Едно лето во Њујорк, еден ѕид меѓу нив и правила што не смеат да се прекршат.Оваа летна романса е само договор. Сè е глума. Ветување.
Сè додека веќе не е така. -
Сто љубовни сонети
0300,00 ден„…со многу понизност ги создадов овие сонети од дрво и им го дадов оној звук на непроѕирна и чиста супстанција“, пишува Неруда. Голотијата што ја избира авторот намерно ги одбегнува звучните и конструктивните рамки на класичниот сонет. Преку ова своеволно скршнување, зборот пулсира и се ослободува од сликите. Во „Сто љубовни сонети“, Неруда пее за Матилда Урутија. Овие стихови се дефиниција за љубовта што ја негувал кон својата жена. Но, љубовта на која овие сонети ù оддаваат чест не е само саканото тело на поетот туку и пристапен пат што ù овозможува на индивидуалната свест да се препознае во битието на светот.
-
Семејни тајни
0590,00 денДоколку исчезне твојата мајка, дали ќе пријавиш во полиција? Дури и ако најочигледниот осомничен е твојот татко? Ова е дилемата со која се соочуваат четворицата возрасни браќа и сестри Делејни. Делејни се столб во својата заедница. На родителите, Стен и Џој, им завидуваат сите пријатели. Тие се „убијци“ на тенискиот терен, а надвор од него, нивната хемија е речиси опиплива. Но, по педесет години брак, тие конечно ја продаваат тениската академија и се подготвени да почнат да ги живеат златните години од нивните животи. Тогаш зошто Стен и Џој се чувствуваат толку мизерно? Нивните деца – Ејми, Логан, Трој и Брук – биле тениски ѕвезди во детството, но, според нивниот татко, никој од нив го немал она што е потребно за да оди докрај. Подоцна, откако ќе исчезне Џој, полицијата ја испрашува единствената личност која преостанува: Стен. Двајца од децата Делејни мислат дека татко им е невин, а двајца не се толку сигурни…
-
Изневерени тестаменти
0360,00 денМетафориcхната идеја за двеве полувремиња ми дојде уште порано, во текот на еден пријателски разговор, и не претендира на никаква науcхност, впроcхем, станува збор за едно банално елементарно, наивно, евидентно доживувањеч во врска со музиката и со романот, ние сите сме воспитувани во естетиката на второто полувреме.
-
Патеката на слоновите
0430,00 денРут е преубава млада девојка која живее во Лондон. Но, не само што е убава, таа ќе има среќа да се сретне и да се омажи со Џорџ Кери, баснословно богат земјопоседник кој наследил огромни имоти и луксузна куќа на островот Цејлон, далеку од родната Англија. Џорџ е средовечен маж, добродушен и згоден човек и син на Том Кери, познат земјопоседник во британската колонија кој ја има изградено огромната куќа од тиково дрво и ги поседувал огромните плантажи со кафе и чај. Куќата е изградена на долговековната патека на слоновите, кои во топлите и сушни денови поминувале од тука за да најдат свежа вода и храна. Таа патека за нив е од непроценливо значење. Во првите моменти Рут ужива во луксузните подароци од медениот месец во Франција, раскошот на куќата на Цејлон и егзотиката на овој прекрасен остров исполнет со природни убавини. Сепак, она што постојано ѝ недостига на Рут е вниманието на Џорџ, бидејќи тој сè помалку е во куќата. Но, Рут има постојана поддршка од Апухами, стариот слуга на Џорџ и од Вилдинг, привлечниот и вешт управител на плантажата за чај. Вилдинг сè почесто е во друштво на Рут и ја надоместува празнината од Џорџ, додека Апухами на мудар начин се обидува да го заштити својот господар Џорџ… Љубовта секогаш го пронаоѓа својот пат, иако понекогаш може подолго да трае. Исто како и слоновите што секогаш одат по својата патека, иако често таа е подолга од другите патеки и во таа намера никој и ништо не може да ги спречи. По романот е снимен познатиот холивудски филм „Патеката на слоновите“, во кој главната улога ја толкуваше мегапопуларната филмска дива Елизабет Тејлор. Извонредна историска љубовна приказна, филмувана и режирана според романот продаден во преку 50 милиони примероци
-
Лебарки
0500,00 денСѐ додека има болка, ќе има и живот.
Во еден сомнителен мотел во Бангкок е најдено телото на норвешкиот амбасадор во Тајланд, прободено со ритуален нож. Дали бил жртва на грабеж или се работи за убиство од политички причини? Обидувајќи се да избегне скандал, Осло го праќа мамурниот инспектор Хари Хуле на специјална задача. Набргу тој талка по бангкокшките улички помеѓу опиумските дувла, храмовите, рекламите за туристи, малолетниците што се проституираат и го-го баровите.
Сите кријат нешто и истрагата тапка во место. Кога Хари ќе дојде до една сомнителна снимка, работите уште повеќе се комплицираат. Можните сведоци ненадејно исчезнуваат и трагите не водат никаде. Но неуспехот во расветлување на убиството не е единствената казна што може да ги најде непретпазливите. Зад мрачните ѕидови на градот владее подземен свет на високи финансии, меѓународна шпионажа и педофилија.
Има ли некој комушто Хуле може да му верува во непознатиот град?
„Несбе цврсто управува со сложеното дејство и драмскиот развој на ликовите, но особената привлечност на овој роман е што Хари Хуле совршено се вклопува во живописната реалност на Бангкок и Тајланд, иако Несбе го префрлил во крајно ненорвешко опкружување.“
– Индипендент
-
Кралството
0600,00 денКога сѐ ќе изгубиш, веќе немаш од што да се плашиш.
Во едно мало норвешко село автомеханичарот Рој Опгард води осаменички живот сè додека не се случи она што никој не го очекува – враќањето на неговиот помлад брат. Карл доаѓа богат, со диплома во џебот, со мистериозната сопруга Шенон и со голем план за осиромашеното родно место – бизнис што сите го прифаќаат како можност за спас. И токму кога се чини дека минатото е заборавено, почнуваат да испливуваат мрачните тајни од нивното детство. Сѐ уште не се заборавени мистериозните несреќи во кои загинуваат нивните родители и селскиот полицаец, а сега нивниот број се зголемува…
Додека напнатоста расте и обрачот околу нив се стега, Рој се преиспитува до каде може да оди за да го заштити својот алчен брат. Дали по секоја цена да му остане верен на семејството или да им се препушти на страсните чувства кон Шенон?
„Кралството“ е моќен роман за мрачните семејни тајни каков што може да напише само врвниот криминалистички автор на норвешката и светската литература, Ју Несбе.
„Целата книжевна моќ на најпознатиот скандинавски писател на црниот роман е концентрирана во мрачната, насилна приказна за двајца браќа. Несбе со епски замав ја разурнува илузијата за едно семејство и за една мала, среќна планинска заедница.“
Киркус ривјус
-
Ти си херој
0250,00 денЕма и Филип се двајца пријатели со големи срца и со уште поголеми соништа… Со боички и моливи, преку уметнички страсти и безусловна поддршка, тие учат дека вистинското пријателство има моќ да го промени животот.
Tопла и инспиративна приказна за различноста, за храброста да бидеш свој, за надежта и за силата што се раѓа кога навистина се слушаме и се разбираме. Приказна за сите што веруваат дека една насмевка, една подадена рака и една книга можат да направат вистинско чудо. Тргни во авантура со Ема и Филип…
Можеби ќе откриеш дека и ти си херој.
-
Брачниот портрет
0490,00 денОд авторката на бестселерот на „Њујорк тајмс“ – романот „Хамнет“ – книга за волшебната млада војвотка Лукреција де Медичи.
Зима, 1561 година. Лукреција, војвотката на Ферара, е однесена на неочекувана посета на селската вила на нејзиниот сопруг Алфонсо. Додека вечераат во леденостудената сала, таа сфаќа дека Алфонсо има злобен план: да ја убие.
Лукреција имa 16 години и водела изолиран живот затворена во големата палата во Фиренца, чувана од војниците на татко ù и дамите на мајка ù. Меѓутоа, овде, во оваа оддалечена вила, таа е на милост и немилост на нејзиниот сè понепредвидлив сопруг.
Што ќе направи Лукреција со ова ненадејно сознание? Кои се нејзините шанси против Алфонсо, владетел на провинција и обучен војник? Како да го обезбеди својот опстанок?
„Брачен портрет“ е живописно потсетување на убавината и бруталноста на ренесансна Италија и на млада жена чија близина до моќта ја става во смртна опасност.
-
Џилиан
0380,00 денКога канцерот повторно се враќа, со себе носи прашање што ѝ го разнишува животот на Џилиан:
Колку долго можеш да бегаш од нешто што тлее во тебе?Новата дијагноза не ѝ остава многу време. Пет месеци „нормален“ живот, пет месеци да ги брои своите воздишки и да се преправа дека не слуша како часовникот ги отчукува последните часови.
Ноќите стануваат немирни, со себе носат сенка што демне на крајот од улицата, кучиња што лаат како да гледаат нешто што човечките очи не можат и човек што исчезнува оставајќи зад себе купче песок. Но, најголемата опасност не е болеста, ниту сенката. Најголемата опасност што ја крши се спомените за Симон, љубовта што ја изгуби и црвениот волк што ја демне во соништата.
Џилиан ќе мора да избере, да умре од болест или да преживее со нешто што можеби не е човечко, принудена да тргне по пат што ја оддалечува од логиката и науката, да навлезе длабоко во митот, легендите и пустината на Блискиот Исток, меѓу древни храмови, забранети градови и вистини што не припаѓаат на ниту едно време.Ова е приказна што не бара од тебе да веруваш, туку да се запрашаш: што ако рационалното е само тенка врата, а од другата страна стои нешто непознато и трпеливо чека?
-
Невидливиот живот на Ади Лару
0560,00 денФранција, 1714 година. Ади Лару сака само едно: да се ослободи од оковите на животот во провинција за да може сама да господари со својата судбина. Во момент на очај таа се спогодува со ѓаволот, кој за возврат ù ветува слобода и вечна младост. Но, цената за тоа е висока; секого кого ќе го сретне, набргу ја заборава. И така младата жена почнува патување низ вековите што ја носи на различни места од европската историја, спознавајќи ја притоа тенката граница меѓу осаменоста и малодушноста. Ади Лару се обидува да остави трага во времето и просторот, во историјата на уметноста: таа е позната муза на старите мајстори, безимена убавица во песните на големите поети.
Триста години подоцна, Ади во една книжарница во Њујорк запознава момче кое ќе ја запамети…„Невидливиот живот на Ади Лару“ е историско-фантастичен роман, горко-слатка љубовна приказна, но и омаж на уметноста и уметничката инспирација. Со фаустовски заплет и промислувања за моралот и смислата на животот, овој роман ги надминува границите на жанрот фантастика и со надвременската убавина на класиците гарантира задоволство при читањето на секој што ќе посегне по него.
-
Едно лето во Италија
0420,00 денКога ќе почине мајка ù на Кети, таа се чувствува изгубено. Керол не ù била само мајка туку и најдобра пријателка. Таа ги имала сите одговори и сега, кога ù е најпотребна на Кети, неа ја нема. Да бидат работите уште полоши, тие го планирале нивното животно патување мајка-ќерка: две недели во Позитано, магичниот град во кој Керол го поминала летото пред да го запознае татко ù на Кети. Таа со години го чекала ова патување со мајка ù, па сега е соочена со можноста да се впушти во авантурата сама.
Само што ќе стапне на брегот на Амалфи, Кети почнува да го чувствува присуството на својата мајка. Маѓепсана од прекрасните води, преубавите карпи, љубезните домаќини и, секако, превкусната храна, Кети како да се враќа во живот.
И тогаш се појавува Керол – жива, здрава, исончана и триесетгодишна. Кети не разбира што и како се случува – сè на што може да се сосредоточи е дека некако, невозможно, ја има мајка си назад. Во текот на едно лето во Италија, Кети ја запознава Керол, не како нејзина мајка, туку како млада жена пред да ја роди неа. Таа не е истата каква што ја замислувала Кети, но Кети мора да ги поврзе мајката која знаела сè со младата жена која сè уште нема поим.
Следната голема љубовна приказна на Ребека Серл е тука, а овој пат е меѓу мајка и ќерка. Со својата препознатлива срцепарателна, искупителна и автентична проза, таа создаде трансцендентен роман за тоа како по загубата продолжуваме понатаму и како луѓето кои ги сакаме никогаш вистински не нè напуштаат.
-
Левораката дама
0280,00 денСега и филм на „Нетфликс“ со Мили Боби Браун, Хенри Кавеил и Хелен Бонам Картер!
Енола Холмс е во бегство! Зад петиците ù е, ни помалку ни повеќе, туку нејзиниот постар брат, Шерлок Холмс. Сепак, додека се обидува да му измолкне на легендарниот детектив – во најголемиот, најмрачниот и највалканиот град на светот – таа ги открива неочекуваните цртежи на Леди Сесили, што ù оставаат силен впечаток. Но, Леди Сесили е исчезната без трага. Храбро трагајќи по левораката дама низ темните улици на Лондон, Енола ризикува повеќе од што треба. Ги ризикува сопствениот идентитет и сопствениот живот, во случај многу покомплексен од обично исчезнување на една леворака дама.
„Левораката дама“ е втората книга од серијалот „Мистериозните случаи на Енола Холмс“ од веќе признаената авторка Ненси Спрингер – совршена приказна за вљубениците во Шерлок Холмс, детективската фикција и мистеријата.
-
Атлас – Приказната на Тате Солт
0940,00 ден1928 година, Париз
Најдоа едно момче, непосредно пред смртта. Го зеде едно учтиво семејство. Паметно и талентирано, момчето ужива во новиот дом но одбива да зборува за своето потекло. Додека детето се претвора во млад маж, вљубувајќи се и земајќи часови на престижниот Конзерваториумот во Париз речиси заборава на ужасите од своето минато…и ветувањето што го дал. Наскоро во Европа почнува да се буди зло кое не гарантира ничија безбедност. Бегството станува неизбежно.
2008 година, Егеј
Сите седум сестри за првпат се собраа на палубата на Титан, за да се збогуваат за последен пат со таинствениот татко што толку многу го сакаа. На изненадување на сите, Тате Солт избрал да ѝ ја довери тајната за нивното минато токму на загубената сестра. А сепак, по секоја откриена вистина се раќа ново прашање. Сестрите се соочуваат со идејата дека нивниот обожаван татко бил човек кој одвај го познавале. И, уште постаписувачко: дека овие долго чувани тајни можеби и понатаму носат последици за нив и денес.
-
Согласност
0430,00 денПовеќе од триесет години од настаните што ги опишува во својата книга, Ванеса Спрингора го претставува процесот на немилосрдна психолошка манипулација и застрашувачка двосмисленост на согласноста со која се соочува жртвата полна со љубов. А покрај својата индивидуална приказна, таа ги доведува во прашање и настаните од цела една епоха – како и самозадоволството на една средина заслепена со сопствената слава и талент.
Во средината на осумдесеттите години на 20. век, воспитувана од страна на разведената мајка, В. со читањето ја пополнува празнината што ја оставил отсутниот татко. На возраст од само тринаесет години, на една вечера, го запознава Г., писателот чија мрачна слава не ја познава. На прв поглед била привлечена од харизмата на тој педесетгодишен маж – од неговите вљубени погледи и вниманието што ѝ го посветува. Потоа добива писмо во кое тој ја нагласува својата несовладлива потреба повторно да ја види. Сеприсутен и страстен, Г. успева да ја убеди дека ја сака и дека нема да ѝ направи ништо лошо.
Кога полни само четиринаесет години, В. му се нуди и со душата и со телото. Заканите на Одделот за малолетници уште повеќе ја засилуваат оваа опасно романтична идила. Меѓутоа, кога В. ќе забележи дека Г. отсекогаш негувал љубовни врски со адолесцентки, како и дека практикува сексуален туризам во земјите во кои малолетниците се загрозени, таа поминува низ страшно разочарување. Бидејќи зад привлечната појава на еден писател се крие предатор, В. се обидува да се оттргне од него, подготвувајќи се да ја раскаже нивната приказна.
Така настана оваа автобиографија што се темели на вистински настани…
-
Тажниот гостин
0300,00 денНа крајот, сè се сведува на (не)прифаќање на ранливоста на постоењето.
Среде зима во туѓ град, еден млад човек почнува да ја раскажува својата приказна испреплетувајќи ја со туѓи биографии, за да не го изгуби чувството на припадност. Трагајќи по нејзината смисла, бара одговор за суштината на животот и смртта. Дали тој одговор лежи во архитектката Дорота, која со својата интелектуална енергија и егзистенцијалистичките монолози покренува уште повеќе прашања? Или пак во несреќниот Даријуш, хирург кој ја губи работата поради проблеми со алкохолот?
Оваа книга е портрет на Градот – местото каде што се судираат индивидуалните судбини и универзалните правила, историските херои и настани и луѓето од сегашноста, кои заедно ја формираат сликата за Нештото и Ништото. Раскажувајќи општочовечки приказни, но користејќи ги сопствените искуства, Наврат создава филозофска приказна со импресивен и прецизен тон за едно недофатливо битие кое преку метафизичкото толкување ја бара смислата на постоењето.