-
Сонцето под земја, кралството над него
0450,00 денДлабоко под земја лежи второто сонце, елша. Елшата е магична материја која со векови ги хранела Сончевите кралеви, давајќи им натприродна сила. Но не повеќе. Некои не ни веруваат дека некогаш тоа било вистина.
Сега поважно е пророштвото – пророштвото кое вели дека Сончевото кралство ќе згасне засекогаш. Неизбежноста на судбината ја засенува кралската фамилија. Затоа, принц Марко, Токиј Токмакот – џинот кој не е џин, Неда – главата на Зраците, и Ѕвездан – oвчарот од Поток, мораат да го најдат Неродениот од жена, да го уништат пред тој да збрише сè.
Но, на Сончевото кралство му се закануваат и други опасности. Стариот крал е решен да ги сече врските со господарот од подземјето, а Копачите, на чело со командантот Драгор, сејат раздор и ерес по срцата на народот. Браќа и сестри ќе посегнат по зло од завист, кој со оружје, кој со магија – сите барајќи си го своето.
Херои не можат да постојат, не во оваа земја. Oваа земја плаче за крв, а сонцето под земја ќе го нахрани победникот – некој ќе го отруе, некој ќе го зацари.ф
-
Кога веруваме во сирени
0500,00 денСрцето може буквално да боли, не метафорично – од тежината на споменот, копнежот и бесот
Пред многу години, Џоузи е убиена во терористички напад во воз во Франција. Барем така мисли сестра ѝ Кит, докторка во Санта Круз, која со години се обидува да се помири со трагичната судбина на Џоузи. Но сета насобрана тага прераснува во збунетост и гнев во мигот кога ја здогледува на телевизија. Гледајќи вести од некој ноќен клуб во Нов Зеланд во кој се случил пожар, таа згогледува една жена која излегува од чадот и рушевините. Сличноста е неверојатна и непогрешлива.
Тајните што долго време биле закопани испливуваат на брегот, каде што ги чека нова бура. Можно ли е да е жива? Ако е така, зошто не се јавила? Зошто посакала да води друг живот додека сите ја сметаат за мртва?
Во потрага по одговори, Кит заминува за Нов Зеланд. Повторната средба на сестрите значи откривање на долго чуваните тајни и соочување со вистината што ги држела одвоени. „Кога верував во сирени“ е роман кој нè потсетува дека некои врски, особено семејните, колку и да се болни и тешки, сепак се нераскинливи.
„Емотивна приказна за поврзаноста на две сестри и неможноста да се соочат со болната вистина.“
Тудеј
-
Диво месо
0200,00 денДиво месо е ненадминато ремек-дело на нашата драмска книжевност која и по 44 години од создавањето не губи од својата актуелност. Зашто ние и денес говориме за глобалното, капиларно и невидливо продирање на корпоративниот и либерален капитализам, за бришење на малите култури, за уништување на традиционалните семејни вредности и на семејствата воопшто.
Стилски и занаетчиски совршена, пиесата се одликува со кратки реплики, остри како брич, кои се помнат и зариваат во свеста и потсвеста. „Ќе има војна“, вели Димитрија на почетокот. Марија одговара исто така лаконски: „Доста беше и ваков мир“. Во две кратки реченици е даден цел есеј за лажните вредности. Лажен мир е полош од вистинска војна, гласи поентата на тој есеј, која читателот/гледачот на претставата треба сам да си ја изведе во свеста.
Сè на сè, оваа пиеса е врвот на нашиот драмски пантеон, а нејзиниот автор Горан Стефановски (1952 – 2018) е еден од неговите темелници и столб на македонскиот современ театар. Кој не ја прочитал или не ја гледал на сцена – тој како да не живеел за книжевноста и театарот.
-
Остров на тишината
0400,00 денПредизвик за љубителите на авантуристични приказни – неизвесност зачинета со летна романса.
Четворица туристи од Франција и од Англија учествуваат во предизвик што го прочитале преку социјалните медиуми. Не ги слушаат предупредувањата на старицата од пансионот чиј покоен сопруг бил еден од стражарите на „забранетиот град“ во времето кога се случило нешто за кое се молчи. „Градот не смее да се вознемирува“, ги советува таа. Некој од туристите смета дека се работи само за суеверие, друг прифаќа да оди надгласан од групата, трет живее за авантура, иако не се познаваат добро меѓу себе.
Островот Сазан во близина на Валона е популарна туристичка дестинација, опкружен со тиркизни води и уникатна плажа и познат по сочуваниот напуштен град, целосно забранет за пристап до 2015 година, а сега достапен единствено за организирани краткотрајни посети.
Напуштениот град можеби и не е напуштен… која е тајната на „Островот на тишината“?
-
Клара и сонцето
0500,00 денСонцето секогаш наоѓа начин да допре до нас.
Од авторот на „Никогаш не оставај ме“ и „На крајот од денот“ – прва книга на Казуо Ишигуро по добивањето на Нобеловата награда за литература, фасцинантно дело за чудесната и мистериозна природа на човековото срце.
Клара е она што во чудесниот и футуристички свет на Ишигуро се нарекува ВП, вештачки пријател – човеколик робот кој родителите им го купуваат на децата за да им овозможат друштво и поддршка. Хранејќи се со сончевите зраци во излогот на продавницата, набљудувајќи ги луѓето и сѐ повеќе разбирајќи ги нивните чувства, Клара надежно чека некој да ја вдоми.
Во мигот кога четиринаесетгодишната Џози решава токму Клара да биде нејзина пријателка, односот меѓу роботот и човекот добива друга димензија, а книгата станува преиспитување на емоциите. „Клара и сонцето“ е возбудлива книга со специфичен наратор, која ни овозможува од поинаков агол да проникнеме во едно од суштинските прашања на постоењето: што значи да се сака?
„Нежна, но вознемирувачка приказна натопена со тага и надеж.“
Вашингтон пост
„Богатиот внатрешен свет на протагонистите на Ишигуро е носител на една голема порака, исто како и тивките и остроумни преиспитувања за човечката природа приземјени со возвишената сила на Клара… Оваа книга е слоевита синтеза од жанрови што навистина маѓепсува.“
Паблишерс викли
-
Невидливиот живот на Еуридиси Гузмау
0300,00 денРоман што на забавен и ироничен начин го прикажува животот на две сестри, Гида и Еуридиси.
Среде патријархалното бразилско општество од 1940-тите години, тие тргнуваат по различни патишта. Гида бега од дома за да живее со лекар од угледно семејство кој на крајот ја напушта и ја остава сама да се грижи за нивното дете. Еуридиси, пак, се однесува како што се очекува од неа, станува добра сопруга, примерна домаќинка и мајка. Но, ниту една од нив не е задоволна со својот избор и поминува многу време додека не сфатат дека среќата по која копнеат е скриена на најнеочекуваните места.
Длабоко хуман и креативен роман за две жени, опкружени со разновидни незаборавни ликови во мала озборувачка средина. Гида и Еуридиси се жени кои им пркосат на општествените ограничувања и се борат за својата еманципација и реализација.
-
Пеколен меден месец
0400,00 денВо науката го нарекуваат енергија. Во религијата – верба. Лаички е ‚‚вајб‘‘ или атмосфера. Шесто сетило. Гатачите го декларираат како претчувство. Уметниците – спиритуалност. Не знам како е правилно, знам дека постои. И дека треба да му се верува.
Бен, млад, луд, со апетит за авантура, сосема случајно и неочекувано ја запознава Кејти – нежна, емотивна, склона кон романтизирање на животот. Љубовта го наоѓа својот пат и ги спојува двајцата млади луѓе. Бен и Кејти се заљубуваат. Онака – вистински, исконски, неприкосновено. Набрзо стапуваат во брак. А што следува потоа? Секако дека меден месец. Одлучуваат да одат во Монтана, САД.
Но што може да тргне по зло?
Монтана е прекрасна. Воодушевувачки пејзажи, божествена природа, фини луѓе. Уникатни флора и фауна. Рај за очи, спокој за душа. Дабри кои ги градат своите брани, лосови кои пијат вода од бистрите реки, орли летаат високо во небото, раскошни шуми со секакви растенија, од црвен берберис до канадско гиломо…
И сеприсутно чувство на несигурност. Нешто необјасниво. Нешто што Бен и Кејти го чувствуваат, но не можат да си го објаснат. Мистериозна шума. Приказни за лудак кој избегал од лудница. Злокобен ресорт, фарма, имот…? Нешто непознато и одделено од тамошната цивилизација.
Бен и Кејти во Монтана се среќаваат со најстрашното нешто на кое некогаш се осудило човештвото.
-
Станот во Париз
0490,00 денЕден станар исчезнува. Клучот е кај друг станар… Добре дојдовте во Ру Дез Амон, бр. 12. Преубав станбен блок, длабоко во споредните улици на Монмартр. Место со извиени скали, заклучени соби, будни очи од секој прозорец. Место на кое никој не пропушта ништо и секој нешто крие. Место на убиство. Внимателна настојничка Презрена љубовница Љубопитен новинар Наивна студентка Добар тип Несакана гостинка Загатката е заклучена зад вратата од станот број 3. Кој го има клучот на решението?
-
Најстари приказни: Митови од мугрите на западната цивилизација
0200,00 денВо оваа мала книга писателот Томислав Османли преку своето вешто и искусно перо ни раскажува неколку од „најстарите приказни“ − приказни што оставиле и што сè уште оставаат пеcхат врз нашата култура и историја. Раскажувањето поcхнува со падот на древниот континент Атлантида и војната помеѓу титаните и боговите, што, пак, директно води кон даровите на Прометеј и отворањето на Пандорината кутија. Следуваат две големи авантури и патешествија: задаcхите на силниот Херкул и пловидбата на храбрите аргонаути – две приказни богати со претстави на борби, cхудовишта, магија и лјубов. Тројанската војна и враќањето на Одисеј, заедно со подвизите на Персеј, се приказните со кои Османли го затвора cиклусот со избраните најстари повести, за на крајот, во јасен поговор, да ги објасни митовите и да го разјасни контекстот од кој потекнуваат
-
Балерини
0350,00 денРоман за контроверзите на образованието и практиката на класичната балетска уметност.
Базирана врз лично искуство, приказната се развива околу школувањето на млада девојка на балетски конзерваториум во Прага во 1990-тите години. Осамостојувањето на рана возраст, предизвиците на големиот град, жртвите за посакуваниот идеал, постојаниот физички и ментален напор, строгата и непотполна едукација, секојдневните прегладнувања, дрогите и алкохолот… Се покажува дека возвишената балетска игра има потресна позадина.
Раскрвавени стапала, вкалапување на телото во точно пропишани размери, губење на индивидуалноста, честопати и изневерување на идеалите, куси и недоволно успешни кариери, многу разочарувања, па и самоубиства… Приказната е раскажана непретенциозно, со иронија и горка смеа, со еден воздржан, но продорен револт: дали навистина мора да биде така?
Појавата на оваа книга предизвикала сериозни дебати во балетскиот свет во Чешка и побудила контрадикторни реакции кај читателската публика: некои ја осудуваат за оцрнување на класичниот балет, а други ја доживуваат како поттик за сериозно преосмислување на практикувањето на оваа уметност.
-
Возбудливи времиња
0450,00 денКамо да знаев како е да се биде слободен.
Роман за неверојатната слобода и големата несигурност што таа ја носи со себе. Сурово искрената приказна на една повлечена девојка ни ги доловува личните, професионални и љубовни недоумици на младите во потрага по своето место во светот.
Не можејќи да се помири со ситуацијата што владее во нејзината родна Ирска, Ејва одлучува да си ја најде среќата во Хонгконг. Тука деновите ги минува предавајќи им англиски на богати дечиња, а ноќите избегнувајќи ги зајадливите цимерки во малото станче. Низ најразлични размисли, таа постепено ни ги открива својот карактер, борбата со ниската самодоверба и храбрите политички ставови.
Набрзо во нејзиниот живот ќе се појават две значајни личности. Благодарение на искуствата од двете сосем различни љубовни приказни, таа го открива патот за закрепнување од самоомразата. Пријателството со Џулијан и Идит ќе ја стави на значаен животен крстопат. Кој пат ќе го избере нејзиниот ум, а кој срцето?
-
Америка-Кафка
0400,00 денПрвиот и веројатно најведар роман на Кафка ја раскажува приказната за седумнаесетгодишниот Карл Росман, кој по една засрамувачка сексуална авантура со слугинката е „спакуван за Америка“ од страна на родителите. Очекувајќи да се искупи себеси во оваа „магична земја на можности“, младиот Карл е занесен од изобличени настани и вртоглави авантури.
Кафка никогаш ја немал посетено Америка и уште од првите страници на книгата очигледно е дека не му било целта да даде некаква реална претстава за неа. Слики од имагинарни пејзажи, злокобни опасности, безизлезни ситуации, постојани неправди и гротескни тензии меѓу ликовите го карактеризираат овој генијален роман.
„Америка“ е зачудувачки модерна и визионерска пародија за континентот што буди најразлични асоцијации и чувства, но и многу повеќе од тоа.
-
Список за читање
0490,00 денНезаборавен и трогателен дебитантски роман за тоа како случајна средба со список за читање во една библиотека помага да се создаде неверојатно пријателство помеѓу двајца различни луѓе во едно лондонско предградие.
-
Црниот мачор – раскази за мистеријата
0300,00 денЛуѓето кои мечтаат будни знаат многу нешта што им се измолкнуваат на оние кои сонуваат само ноќе.
Едгар Алан По е еден од првите американски раскажувачи кој се смета за творец на детективската и криминалистичката проза, а му се припишува и заслугата за појавата на научната фантастика. Меѓутоа најпознат е по неговите мрачни приказни што ги истражуваат мистериозните длабочини на човековата психа. Смртта, лудилото, натприродното, со сложени заплети и живописни слики на страв и ужас, заслужено му го носат епитетот „принц на темнината“.
Во оваа книга се вклучени некои од најпознатите раскази на По, почнувајќи од „Маската на црвената смрт“, „Елеонора“, „Падот на куќата Ашерови“…, сè до „Убиствата на улицата Морг“. Таа е безвременска класика задолжителна за сечија библиотека.
Без предрасуди, без сомнеж во своите светови, По успеал да ги издигне своите раскази на ниво на ремек-дела. Вистински бисери во светската книжевност.
-
Дворец во Ромања
0250,00 денДворец во Ромања“ е првиот роман на Игор Штикс.
Тројца млади вљубеници во литературата и архитектурата доаѓаат во посета на дворецот Марди, каде што поетот Енцо Стречи живеел во периодот на ренесансата.
Додека девојките го разгледуваат дворецот, момчето се фасцинира од приказните на калуѓерот за животот на Стречи. Тој својата љубов ја сретнал токму таму, по што ѝ посветил многу љубовни песни, но во дворецот ги проживеал и најтешките денови од својот живот.
Инспириран од потеклото на момчето, калуѓерот раскажува и за себе. Дошол во Италија од Раб, по прогонот од тамошните власти заради Резолуцијата за Информбирото. Неговиот егзил е резултат на политичката ситуација и на несогласувањето со тогашната комунистичка власт, како и на забранетата љубов.Штикс поврзува две љубовни приказни со историски и политички ситуации. Првата се случила во време на конфликт меѓу Ломбардија и Хабсбурзите, а другата се случила во поствоена СФРЈ.
-
Ноќи на чума
0890,00 ден„Ноќи на чума“ е долгоочекуваниот роман на Орхан Памук, пишуван пет години (2016-2021). Во него се вешто проткаени историјата и фикцијата, при што на читателот од една страна му се оневозможува да ја најде границата што е вистина, што – не; но од друга страна му носи чудесна возбуда за недобројните лица на многуте можни вистини, во минатото, во сегашноста и во иднината. Во пролетта 1901 година избива епидемија на чума на островот Мингерија, 29. провинција на Османлиското Царство и султанот Абдулхамид ги прака првин главниот здравствен инспектор Бонковски-паша, а потоа и младиот и успешен доктор Нури, за да ја запрат чумата. Вака почнува романот и продолжува со многу писма, љубови, интриги, страдања,.. со многу политика натопена во иронија и пародија. Раскошен, повеќеслоен роман со минуциозно претставување на историјата на еден незнаен остров…