-
-41%
Сите цвеќиња во Париз
10Original price was: 420,00 ден.249,00 денCurrent price is: 249,00 ден.Две жени се поврзани низ времето во градот Париз, поврзани со мистериозен дневник и шокантни тајни кои се протегаат од Втората светска војна до сегашноста.
Кога Керолајн се буди во една болница во Париз и не се сеќава на своето минато, се разочарува кога дознава дека со години водела тажен, осаменички живот во стан покрај Сена. Кога полека почнуваат да ѝ се враќаат некои бледи спомени од маж и мало детенце, се заколнува дека ќе ја состави сложувалката за својот живот, иако од некоја причина се чувствува како да е во опасност. Полека се спријателува со главниот готвач во едно пријатно ресторанче во близина за да не се опседнува со минатото, како и со една шокантна мистерија од пред неколку декади…
Во Париз, окупиран од нацистите, млада вдовица, Селин, си живее мирен живот со татко ѝ, локален цвеќар, и нејзината ќерка, Кози. Кога еден безмилосен германски офицер дознава дека семејството има еврејско потекло, тој почнува да ја уценува Селин, принудувајќи ја да му стане љубовница само за нејзиниот татко да биде безбеден. Тројцата почнуваат да кројат план за бегство, но нивната мисија скршнува во лош правец и саканиот татко и ќерка на Селин ги снаоѓа лоша судбина. Крајно вознемирена, Селин се плаши од најлошото. Но набрзо дознава дека Кози се искраднала и ја следела до станот каде што таа е заробена. Мотивирана како никогаш претходно, Селин сега мора да се бори да ја крие и заштити личноста што ја сака повеќе од сè.
Паралелната нарација се вкрстува кога Керолајн го наоѓа дневникот на Селин скриен во плакар и дознава дека ѕидовите на нејзиниот стан кријат мрачни тајни.
-
Една страшна зима (Wallflowers #3)
2420,00 денОчајна да побегне од нејзините злобни и расипани роднини, Еванџелин Џенер бара помош од најзлогласниот ерген во Лондон. И договорениот брак помеѓу нив е единствено решение, иако никој не би ја споил срамежливата девојка која пелтечи кога зборува со згодниот виконт кој е легендарно популарен помеѓу жените. Но набрзо станува јасно дека Иви е жена со скриена сила во себе… и иако делува покорно и кротко, Себастијан од некоја причина ја посакува повеќе од која било друга жена што ја запознал.
Решена да го освои ладното срце на својот сопруг, Иви се осмелува да склучи зделка со ѓаволот: Ако Себастијан успее да остане целибат три месеци, таа ќе му дозволи да ја одведе в кревет.
Кога на Иви ѝ се заканува одмаздољубив непријател од минатото, Себастијан се заколнува дека ќе направи сè што треба за да ја заштити својата сопруга… па макар и по цена на сопствениот живот.
-
-53%
Изгубеното писмо
2Original price was: 420,00 ден.199,00 денCurrent price is: 199,00 ден.Срцепарателна, љубовна историска приказна инспирирана од вистински ликови кои биле дел од отпорот за време на Втората светска војна во Австрија и мистериозно љубовно писмо што поврзува генерации еврејски семејства.
Австрија, 1938
Кристоф е млад чирак на еврејски мајстор за изработка на поштенски марки. Кога неговиот учител исчезнува за време на Кристалната ноќ, Кристоф е принуден да продолжи да изработува марки за Германците, а истовремено работи и со Елена, ќерката на неговиот сакан учител, на фалсификување документи за што повеќе Евреи да побегнат од државата. Додека се вљубува во Елена во екот на бруталниот хаос на војната, Кристоф мора да најде начин да ја спаси неа и да се спаси себеси.Лос Анџелес, 1989
Кејти Нелсон си ги средува животот и куќата после тежок развод и налетува на колекцијата поштенски марки на татко ѝ, кој од неодамна е во дом затоа што почнува да го губи помнењето. Кога ги носи кај проценител, тој открива необична поштенска марка од Австрија од времето на Втората светска војна, залепена на старо љубовно писмо кое никогаш не стигнало на својата финална дестинација. Кејти и Бенџамин, проценителот на стари марки, заедно почнуваат да откриваат приказна која зборува за страст и трагедии кои се протегаат низ декади и континентни. -
-34%
Изгубените девојки во Париз
2Original price was: 450,00 ден.299,00 денCurrent price is: 299,00 ден.Од авторката на бестселерот Вагонот со сираци, нова исклучителна приказна за пријателството и храброста на жените како шпиони за време на Втората светка војна.
1946, Менхетен
Грејс Хејли се обидува одново да го изгради својот живот откако го губи сопругот во војната. Едно утро, додека поминува низ железничката Гранд Централ одејќи на работа, таа наоѓа напуштен куфер пикнат под една од клупите на терминалот. Не можејќи да одолее на љубопитноста, Грејс го отвора куферот и внатре наоѓа десетина фотографии – секоја од нив од различна млада жена. Импулсивно, ги зема фотографиите и брзо заминува од железничката.
Грејс набрзо дознава дека куферот припаѓал на Еленор Триг, лидерка на група женски тајни агенти кои биле испратени надвор од Лондон за време на војната. Дванаесет од овие жени биле пратени во Окупирана Европа како радио операторки за да помагаат во отпорот, но тие никогаш не се вратиле дома и нивните судбини останале мистерија. Решавајќи да ја дознае вистината, Грејс посебно ја влече младата мајка Мари која била таен агент во Париз и чија опасна мисија раскажува уникатна приказна за пријателството, војната и предавствата.
-
Тајни на летната ноќ (Wallflowers #1)
3420,00 денЧетири млади дами во ќоше во една сала за танцување прават пакт меѓусебно да си помогнат да пронајдат пристојни сопрузи… по секоја цена.
Гордата и прекрасна Анабел Пејтон би можела да бира од мажите и додворувачите – но само кога би имала мираз. Нејзиното семејство е на раб на катастрофа и постои само еден начин на кој Анабел би можела да им помогне, а тоа е да се омажи за многу богат маж. За жал, никој од благородниците не сака жена без мираз, па нејзиниот најупорен додворувач е безобразниот Сајмон Хант, згоден и амбициозен претприемач кој ја сака само за љубовница.
Анабел е решена да одолее на неговите непристојни предлози и покрај очајот во кој запаѓа нејзиното семејство, но не може да негира дека чувствува привлечност кон храбриот заводник, исто како што тој не може да негира дека таа му претставува страшен предизвик. Додека тие двајца се надмудруваат, полека се предаваат на нешто помоќно од сè што можеле да замислат. Само што, судбината има други планови…
-
-41%
Ленинградска зима
9Original price was: 420,00 ден.249,00 денCurrent price is: 249,00 ден.Мередит и Нина Витсон се толку различни што не личат на сестри. Едната останува дома, се мажи со својата прва љубов, раѓа деца и го води семејниот бизнис. Другата ги следи своите соништа и патува низ светот како познат фоторепортер. Но кога нивниот сакан татко се разболува, Мередит и Нина повторно се спојуваат со нивната неописливо ладна мајка, Ања, која дури и во овој најтрагичен момент не им нуди утеха на своите ќерки.
Како деца, единственото нешто што ги поврзувало со неа била руската бајка што Ања понекогаш им ја раскажувала на девојчињата ноќе. Сега, татко им на смртна постела, бара трите жени да му дадат едно заедничко ветување – бајката да биде раскажана и ислушана за последен пат, но овој пат од почеток до крај. Па така почнува необичното патување низ вистината за животот на Ања во војна – во Ленинград, пред пет декади. Приказната на мајка им е толку потресна, срцепарателна и страшна што ќе ги протресе основите на нивното семејство и целосно ќе ги промени сите.
Оваа приказна започнува меланхолично и бавно, но до последните страници веќе не останува суво око дури ни кај најсилните читатели.
-
-49%
Вагонот со сираци
2Original price was: 450,00 ден.229,00 денCurrent price is: 229,00 ден.Моќна приказна за пријателството, која се одвива во циркус кој патува низ Европа за време на Втора светска војна. Вагонот со сираци ни ги раскажува приказните на две исклучителни жени, приказни за жртвување и преживување по секоја цена.
Шеснаесетгодишната Ноа ја бркаат од дома откако останува трудна од германски војник и ја принудуваат да се откаже од бебето. Немајќи друг избор, таа живее во мала железничка станица, каде што работи како чистачка за да си го заслужи престојот. Кога Ноа наоѓа вагон со бебиња Еврејчиња товарени за патување до некој концентрационен логор, одеднаш се потсетува на детето што ѝ било одземено. Импулсивно грабнува едно од бебиња и бега во ноќта, и тој момент засекогаш ќе ѝ го промени текот на животот.
Ноа наоѓа засолниште во германски циркус, но мора да научи да изведува точки на летечки трапез за да се вклопи и да не биде забележана од непријателот, а со ова ѝ боде око на главната акробатка, Астрид. Ноа и Астрид најпрво се ривалки, но набрзо се зближуваат како сестри. Меѓутоа, војната е премногу опасна за сите во циркус кој крие Евреи, па Ноа и Астрид мора да решат дали нивното пријателство ќе биде доволно за да ги спаси – или тајните што горат помеѓу нив ќе уништат сè.
-
Песната на речните птици
5450,00 денКнигата е базирана на вистинска приказна за еден од најморничавите светски скандали во кој директорка на здружение на сиропиталишта киднапирала и продавала сиромашни деца на богати семејства низ цела Америка.
Мемфис, 1939. Дванаесетгодишната Рил Фос и нејзините четири помали сестри и братче имаат прекрасен живот на нивниот семеен брод-куќа на реката Мисисипи. Но една вечер, за време на страшна бура, кога татко им мора да ја однесе нивната мајка во болница и ја оставаат Рил како најголема да ги чува помалите деца, одеднаш се појавуваат непознати луѓе. Децата од семејството Фос се нагло и злобно оттргнати од сè што им е познато и завршуваат во сиропиталиште. Иако таму ги уверуваат дека наскоро ќе бидат вратени кај нивните родители, тие набрзо ја сфаќаат мрачната вистина. Соочена со злобата на директорката на институцијата, Рил се бори да не дозволи нејзините сестрички и братче да бидат разделени.
Јужна Каролина, сегашност. Ејвери Стафорд е родена во богато и привилегирано семејство, па има сè што може да посака: успешна кариера како обвинител, згоден вереник и раскошна свадба на повидок. Но кога Ејвери се враќа дома за да му помогне на татко ѝ во здравствена криза, една случајна средба ѝ буди рој прашања и ја тера да започне патување низ долго криеното минато на нејзиното семејство.
Оваа прекрасна приказна на Лиса Вингејт ни покажува дека иако животните патишта можат да нè однесат на многу различни места, срцето никогаш не заборава каде припаѓаме.
-
-36%
Тајната колиба на плажата
6Original price was: 420,00 ден.269,00 денCurrent price is: 269,00 ден.Историска драма за Втора Светска Војна, сага за недозволена љубов, убиство и одамна загубена слика…
Летото во 1942 година, дваесет и едногодишната Ен Келовеј, неодамна свршена, одлучува да ја напушти својата земја за да служи во Армијата на медицинските сестри на Пацифичкиот остров Бора-Бора. Ова за неа претставува нешто сосема ново и возбудливо, сосема спротивно од она на кое е научена и навикната со нејзиниот мирен и предвидлив свршеник, па нејзиното внимание веднаш го привлекува мистериозниот војник по име Вестри. Нивното пријателство на прекрасно опишаниот остров наскоро почнува да цути како што хибискусот цути покрај океанот. Но покрај океанот има и нешто друго… Мала напуштена колиба на одамна починат сликар, непозната за останатите војници, па Ен и Вестри се состануваат под малиот речиси распаднат кров каде делат еден свој приватен свет. Но нивниот мал идеален свет во колибата се распаѓа кога стануваат сведоци на грозоморно убиство во близина на колибата. Брзо по убиството, Вестри одеднаш го преместуваат на друга воена локација и целата убавина исчезнува во ветриштата на војната.
Ен Келовеј, сега старица, ја раскажува оваа приказна обидувајќи се да открие нешто повеќе во врска со љубовта која трае повеќе од седумдесет години…
-
Тајната сопруга
8450,00 денВечна љубов. Брутална грижа на совест. Скршени срца…
1914: Русија е на раб на колапс и семејството Романови се соочува со ужасно несигурна иднина. Големата војвотка Татјана се вљубува во војникот Дмитри, но со катастрофален пресврт во настаните, нивната романса – а и нивните животи – паѓаат во опасност…
2016: Кити Фишер открива нешто ужасно што ја тера нагло да побегне од Лондон во колибата на нејзиниот прапрадедо во Америка. Таму, на брегот на прекрасното езеро Аканаби, наоѓа спектакуларно парче накит што ќе ја одведе до одамна закопана семејна тајна…
Срцепарателна и прекрасно напишана, Тајната сопруга патува низ векови, спојувајќи го минатото со сегашноста за да раскаже незаборавна приказна за љубовта, загубите и борбеноста, потврдувајќи уште еднаш дека надежта секогаш умира последна.
-
-50%
Зима со мирис на капини
11Original price was: 400,00 ден.199,00 денCurrent price is: 199,00 ден.Сиетл, 1933
Самохраната мајка Вера Реј го бакнува своето тригодишно синче, Даниел, и оставајќи го дома сам затоа што нема никаков друг избор, со тешко срце заминува на работа во локален хотел каде што работи како собарка. Кога излегува од работа следното утро, гледа дека градот го покрил голем снег, иако е месец мај. Кога стигнува дома открива дека нејзиниот син исчезнал во текот на ноќта. Надвор, го наоѓа неговото сакано мече фрлено на подмрзнатата улица, а снегот веќе ги има скриено неговите стапки, како и на личноста што го зела.
Сиетл, 2010
Новинарката Клер Олдриџ добива задача да пишува за снежната бура, чуден феномен во мај кој се случил и пред осумдесет години и така дознава за нерешениот случај со киднапирање дете, па си се заколнува дека ќе ја открие вистината. Во процесот дознава дека таа и Вера може да се поврзани на неочекуван начин…
Авторката ја посветува книгата на секоја мајка што има изгубено дете, па самото тоа зборува за емоциите кои се вткаени во приказната.
-
-22%
Момчето во пижами на риги
5Original price was: 320,00 ден.249,00 денCurrent price is: 249,00 ден.Раскажана од перспектива на Бруно, оваа книга на моменти е смешна, на моменти детски наивна, на моменти искрена како што знае да биде само дете и постојано полна со надеж и пријателство. Патувајќи со Бруно, вие ќе мора да го напуштите неговиот удобен дом во Берлин и да се преселите во новата куќа, каде што неговиот татко, еден од командирите на Хитлер, има многу важна задача. Бруно ќе биде тажен, осамен и ќе нема со кого да си игра, па ќе Ве поведе на пат кон оградата зад која има „фарма“ полна со луѓе и деца во пижами на риги. Она што тој не го знае е дека „фармата“ воопшто не е фарма, туку логор и дека чадот од големите оџаци не е запалено ѓубре, туку…
„Мало чудо од книга“, оцени Гардиан, бидејќи оваа книга е навистина тоа. Поглед во ужасното минато низ детски очи, невина пријателска детска рака подадена преку оградата која го поделила светот… Книга која ќе ја помните долго откако ќе ја прочитате, како што оцени Irish Times.
-
Кралство од соништата
10400,00 денТОЈ Е МОЌЕН, АРОГАНТЕН И СТРАШЕН. ТОЈ Е НЕЈЗИНИОТ НАЈГОЛЕМ НЕПРИЈАТЕЛ…
Ројс Вестморленд, познат како Црниот Волк, е најмоќниот англиски воин и најомразениот непријател на Шкотска. Легенда на бојните полиња, легенда помеѓу жените во кралските палати, легенда од која трепери цела Шкотска.ТАА Е ГОРДА, БЕЗОБРАЗНА И НЕПОКОРНА. ТАА НЕ СЕ ПРЕДАВА…
Џенифер Мерик е храбра, тврдоглава Шкотланѓанка која живее за своето семејство, својот клан и својата земја. Кога одеднаш ја грабнуваат и завршува како заробеничка на озлогласениот Волк, нема намера да плаче и моли како беспомошна жена. А особено нема намера да го моли НЕГО, ужасниот мрачен маж кој сее смрт во нејзината земја откако знае за себе. Не, таа има намера да се бори – затоа што тоа е во крвта на кланот Мерик.ДВАЈЦАТА СЕ ЗАПЛЕТКУВААТ ВО ОПАСНАТА МРЕЖА НА ЛОЈАЛНОСТА И СТРАСТА…
Двајцата лојални до срж и опасно темпераментни, полека ја губат волјата за војување кога во нив почнува да се буди нешто друго. -
-45%
Славејот
12Original price was: 420,00 ден.229,00 денCurrent price is: 229,00 ден.Франција, 1939
Во тивко француско село, кротката и плашлива Вијан Моријак се збогува со својот сопруг, кој оди да војува. Таа не верува дека Германците ќе ја окупираат Франција, но тоа сепак се случува и ја принудува да прими непријател во сопствениот дом. Во ова време на војни, Вијан мора да научи да биде храбра. Храбра како сестра ѝ.Нејзината помала сестра Изабел, од друга страна, мора да научи да се плаши. Таа е премногу бунтовна и храбра за свое добро. На самиот почеток од војната, се запознава со мистериозниот партизан Гејтон и се вљубува како што може да се вљуби само млад човек… лудо и комплетно. Не можејќи да ја гледа татковината како пропаѓа, Изабел непромислено се приклучува на тајните групи за ослободување на Франција без да размисли за опасностите.
Безвременска новела која ќе ве тера да ги голтате страниците без пауза. Приказна за издржливоста и храброста на жените која ќе ја помните цел живот. Сага за преживувањето и љубовта за време на војна што ќе ве натера да липате на глас.
Ова е книга за секого, ова е книга за навек. -
-52%
Крадци и проститутки
9Original price was: 350,00 ден.168,00 денCurrent price is: 168,00 ден.14ти Јуни, 1941 година
Тие ме зедоа облечена само во ноќница. Тоа не беше тропање. Тоа беше страшно трескање кое ме натера да потскокнам. Тупаници удираа по нашата влезна врата. Внатре во куќата никој не мрдаше, никој не пушташе глас. Станав и ѕирнав во ходникот. Мајка ми стоеше залепена за ѕидот, нејзините очи затворени, а лицето згрчено од вознемиреност. Таа се молеше.Советите нѐ натискаа во камион како стока: жени, деца, стари и изнемоштени, штотуку породени со бебиња. Воз полн со учени луѓе, професори, адвокати, уметници… рекоа сме биле криминалци обвинети за контрареволуционерни активности. Најпочитуваните и најдостоинствените луѓе од Литванија, Латвија и Естонија, а вагонот во кој се возевме беше обележан со табла „Крадци и проститутки“.
„Ќе те најдам“, ми рече Андриус. Најди ме, се молев секој ден. Најди ме побрзо.
Ужасна тајна на милион луѓе. Во некои војни се работи за бомбардирање. За овие луѓе и оваа војна, се работи за верување.
-
Дете 44
6420,00 денКога стравот го замолчува целиот народ, еден човек мора да ја каже вистината.
Во Советскиот Сојуз на Сталин не постои такво нешто како злосторство. А милиони луѓе сепак живеат во страв. Најмал сомнеж за нелојалност или погрешен збор кажан во погрешно време може да осуди невина личност на смрт. Лео Демидов, воен херој со прекрасна сопруга и идеалист, живее во луксуз во Москва и верува дека помага во создавањето на совршено општество. Негова цел е да ѝ служи на Државата. Меѓутоа, по погубувањето на еден невин човек, Лео почнува да се сомнева, а набрзо добива наредба под исто сомнение да спроведе истрага и за својата сопруга, Раиса. Тој е принуден да донесе одлука на чија страна е.
Тогаш се случува невозможното. Во земјата во која „не постои злосторство“ се појавува сериски убиец на деца кој остава крвава, перверзна трага низ целата држава. Но како да се фати ова чудовиште во држава која воопшто не сака да признае дека такво нешто е можно? Лео почнува своја истрага, а како завршува истата веројатно не би можеле да погодат ни најголемите љубители на трилери…
