-
Смешни љубови
0300,00 денСмешни љубови е збирка раскази напишани во периодот од 1960 до 1968 година, кога е и објавена, но набргу потоа, по руската инвазија на Чехословачка истата година, е забранета.
Главна тема на расказите, како што луцидно навестува и насловот, е љубовта, при што акцентот само навидум е ставен на нејзиниот физички аспект, додека под површината на односите се наѕираат смешните недоразбирања и комичните ситуации во кои се вплеткуваат протагонистите – неретко во мрежата што самите ја сплетуваат за другиот, за партнерот во играта…
-
Проштален валцер
0360,00 денВо едно бањско лекувалиште со застарен изглед, осум личности се фаќаат на еден валцер што се забрзува: една симпатична медицинска сестра, еден гинеколог фантазер, еден богат Американец (понекогаш светец понекогаш дон жуан), еден познат трубач, еден стар осуденик, жртва на чистки, кој е на прагот да ја напушти својата земја…
Овој роман е еден „сон на летната ноќ“, еден „црн водвиљ“. Најтешките прашања во оваа книга се поставени со таква леснотија поради која разбираме дека модерниот свет нè лишил од правото на трагичното.
-
Животот е на друго место
0390,00 денРоманот Животот е на друго место е напишан и издаден оригинално на чешки јазик во 1969 година, а во 1973, непосредно по неговото објавување на француски јазик, ја добива наградата „Медичи“ (Prix Médicis Etranger).
„Со Дон Кихот и со Госпоѓа Бовари, Животот е на друго место е можеби најстрогото дело што некогаш било напишано против поезијата. Поезијата како привилегирана територија на потврдата, на занесот и на ’автентичноста‘. Поезијата како последното прибежиште на Бога…“
-
Бесмртност
0420,00 ден„Смртта и бесмртноста создаваат неразделна двојка… поубава од Ромео и Јулија или од Лорел и Харди…“ „Бесмртноста подразбира вечно судење.“
Тоа го вели Кундера во Бесмртност, каде што и самиот се јавува како лик. Бесмртноста, или претставата за неа, е присутна низ целата приказна, почнувајќи од интерференцијата на Гете и Хемингвеј како ликови, преку односите на другите, фиктивните ликови, па сè до инспирацијата што произлегува од еден единствен специфичен гест.
Кундера и во ова дело го користи нему својствениот и мошне типичен психолошки реализам, а низ Бесмртност како стожерни провејуваат две главни теми: врската меѓу човекот и неговата слика и она што Кундера го именува како хомо сентименталис.
-
Животинска фарма
0199,00 денЕден ден животните на фармерот Џонс креваат бунт и го прогонуваат земајќи ја судбината во сопствени раце. Превратот е раководен од свињите, самопрогласени за најумни меѓу своите собраќа. По спроведената животинска револуција следува чекор кон она што е својствено за сите револуции – кон тоталитаризмот. Идеалите се претвораат во демагогија, соперниците на власта сурово се отстрануваат, се измислуваат внатрешни непријатели за оправдување на насилството, се спроведува систематска дезинформација и манипулација на мислењето, се фалсификува историјата… Оваа промена на вредностите е блескаво изразена во паролата „Сите животни се еднакви, но некои животни се поеднакви од другите“.
Напишана во 1944 година, сатиричната антиутопија Животинска фарма била директно вперена против сталинистичкиот режим, но е еднакво важечка за секој систем во кој се поткопува личната слобода. Преведен на над 60 јазици и објавен во милионски тиражи, ова е роман кој никогаш не ја губи својата актуелност.
„Животинска фарма е мудра, емпатична, беспоштедна и просветлувачка басна за нашето време.“ Њујорк тајмс
-
Раскажувачката
0600,00 денНекои приказни живеат засекогаш…
Сејџ Сингер се спријателува со еден старец, омилен во заедницата – пензиониран наставник и тренер во јуниорската бејзбол лига. Нивното пријателство започнува во пекарницата во која работи Сејџ. Еден ден тој ја замолува за услуга: да го убие! Таа е шокирана и одбива… И тогаш започнува исповедта на неговите најмрачни тајни – тој навистина заслужува да умре… Што да се прави кога злото е во соседството? Треба ли да се понуди прошка?
И најтешкото прашање: се работи ли за убиство или за правда?
-
Птиците умираат пеејќи
0600,00 денРОМАН СПОРЕД КОЈ Е СНИМЕНА СЛАВНАТА ТЕЛЕВИЗИСКА ХИТ СЕРИЈА
Меги е ќерка на сиромашни доселеници од Австралија. Уште од мала, таа е запоставена од нејзините родители и постојано живее по религиозните и патријархални правила на нејзината фамилија и стегите што ги наметнува гратчето и огромниот имот Дрогхед.
Ралф е млад, убав и речиси совршен свештеник што назначувањето во Австралија во почетокот го доживува како казна. Имено, неговите силни свештенички амбиции се насочени на друга страна, кон таинствениот Ватикан. Уште од првиот момент кога ќе ја запознае десетгодишната Меги, таа му станува многу мила и постојано е нејзин заштитник. По неколку години, една вечер, кога погледите ќе им се сретнат, сега веќе преубавата тинејџерка Меги, ќе пробуди чувства кај Ралф, чувства какви што тој никогаш немал, а и не ни знаел дека ги има. Од тој момент, Ралф е во вечно искушение дали тој е совршен свештеник и има неограничена љубов кон Бога, или сепак постои жена, на чиј мирис, убавина и нежност не може да им одолее.
Дејствието опфаќа повеќе од половина век – двете светски војни и постапките на Ватикан. Тука се судбините на неколку генерации. Оваа љубовна и семејна сага сведочи и за сушите, пожарите и поплавите кои се заканувале со целосно уништување на имотите во Нов Зеланд.
„Волшебна сторија… едноставна, неповторлива!“
– Чикаго Трибјун
„Преплетувањето на љубовни приказни од една генерација во друга, драматичниот заплет, чувството на постојана напнатост, реалните ликови… се во најмала рака неодоливи.“
– Паблишерс викли -
Трите ќерки на Ева
0500,00 денНа пат кон една луксузна палата на вечера со истанбулската елита, на триесет и петгодишната Пери чантата ѝ ја краде еден питач. Во борбата да си ја врати, но и да си го спаси животот, на земја ѝ паѓа една фотографија – три студентки со својот професор ‒ реликвија од минатото, но и непребол што очајно се обидува да го заборави.
Додека градот го тресат терористички напади, во Пери навираат живи спомени од идиличното детство со нејзиниот мистичен придружник, и од студентските денови на Оксфорд, кога првпат го напушта родниот град. Си спомнува на двете најверни другарки од сликата, бунтовната Иранка Ширин и набожната Египќанка Мона и нивните конфликти за идентитетот, религијата и феминизмот, но и на харизматичниот професор Азур, чиј контроверзен предмет ги преобразува животите на студентите. Како што се стеснува обрачот на тероризмот, Пери е принудена да се соочи со болниот спомен од детството и најпосле – со оксфордскиот скандал што неповратно ги раскинува сите врски меѓу нив…
„Длабок и незаборавен роман што поврзува различни светови, гледишта и можности.“ Сандеј тајмс
-
Полиња со диви нарциси
0250,00 денПисмото што останува непрочитано во џебот на едно палто е причина за едно долго патување кон секој изминат и иден миг од животот. Сто и осум жолти ливчиња со непромен- ливата порака: Разбуди ме. Страниците од дневникот, испишани во потрагата по себе, се единствената нишка во лавиринтот на љубовта и неверството. Митови што еманираат од нашето најсекојдневно постоење. Доброволни прогонства и разделби ни ги отвораат портите кон вечно живите детства. Мириси што можат да ги разбудат најскриените агонии на животот, секогаш еден чекор пред нас. Како можеме да го најдеме она што ниту сме знаеле дека воопшто ни припаѓа. Противречноста на очекувањето. Да проникнеш во човекот е исто како тој да се роди повторно. Дали тоа, што еднаш суштински се скинало, може совршено да зацели?
Најновиот роман на Винка Саздова, Полиња со диви нарциси, е необична приказна за едно неверство. Особено восхитуваат веќе докажаното мајсторство во монтажата на нарацијата и суптилната инверзија во која ни се откриваат ликовите. Староста преку младоста, минатото преку иднината. И едното и другото судбински вкрстени во вечното сега.
-
Последниот чај
0250,00 денОд далеку ли доаѓате?, ме прашува.
– Не од блиску, од многу блиску.
Сомничаво ја ниша главата. Со авион не се доаѓа од близу, сака да каже, ама премолчува.
– Долго ли бевте на пат?
– Не бев на пат.
– Туку… – Бев дома.
– А сега, кај одите?
– Дома.
– Ништо не разбирам, вели подналутено и гласно ја пушта музиката.Спакувај се и замини! Каде? Што е можно подалеку. Зошто? За да дознаеш. Што? Не прашувај. Одважи се и тргни! Можеш ли!? Ако може жената од Последниот чај можеш и ти. Препушти ѝ се да те одведе до Тара, Елена, Савита, Џиду, Тарун, Самир… до самиот тебе. Последниот чај ги отвора нашите сопствени приказни. Нè охрабрува да се соочиме со нив и да ги прифатиме такви какви што се, убави или грди, сеедно.
Ова е роман во кој понекогаш и една единствена реченица е голема приказна врз која се останува долго време. Толку долго колку што е потребно таа да се спои со личната приказна на оној што ја чита. Сочувствителен. Љубовен. Нежен, а цврст. Меко што зборува за груби болки и вистини, покажувајќи како се исцелуваат и претвораат во спокојство.
-
Понекогаш доаѓа среќа
0250,00 денМладата Гора е заплеткана во необични сестрински односи со Ведра. Давид по разводот опсесивно се врзува за своето синче. Средбата меѓу девојката и зрелиот човек навестува љубов, но не им ги олеснува животите. Во насловот се насетува среќен крај, ама до него треба да се стаса низ многу пречки, болни интимни соочувања и преиспитувања… низ созревање.Овој роман само навидум се движи по еднонасочен колосек. „Попатните станици“ го прават богат и слоевит, непредвидлив, возбудлив… (…Љубовта те прави свесен за неименливиот недостиг…)
„Оваа загадочна исповед во нашите раце не е љубовен роман. Или барем не претендира да биде. Таа ги допира најранливите места на нашата склоност да се приврзуваме за сенките и одблесоците на она што замислуваме дека сме. Местата каде што започнува секое наше суштинско прогонство… и, одново пронаоѓање.“отец Методиј Златанов
-
Ние против вас
0500,00 денЕдно гратче против друго. Еден хокејски тим против друг. Некогаш и против себе.
„Ние против вас“, накратко, е роман за последиците. Како продолжение на приказната за Мечкоград и на сите случувања што го зафатија, оваа книга, со емотивниот набој со кој е напишана, зборува за љубовта, другарството, честа, верноста, единството, разединетоста, жртвувањето и борбата за опстанок. Подготовките за новата хокејска сезона започнуваат, но хокејскиот клуб е на раб на стечај. Додека спортскиот директор се обидува да го спаси, клубот, како и градот, се распаѓа дел по дел. Следуваат настани во кои ќе се отсликаат сите емоции и надежи на заедницата, следуваат и жестоки пресметки и трагични случки.
Нови ликови, нови пријатели, нови непријатели. Мечкоградската хроника на Бакман е микрокосмос, емоционален тобоган што уште еднаш подвлекува за каков автор станува збор.
Серијата „Мечкоград“ на HBO премиерно беше прикажана во октомври 2020 година.
-
Мечкоград
0500,00 денЛуѓето велат дека со Мечкоград е готово. Малечката заедница вгнездена длабоко во шумата полека попушта пред дрвјата што стануваат сè погусти и ја проголтуваат. Но покрај езерото има едно старо лизгалиште што пред многу генерации го изградиле работниците што го основале ова гратче, а во тоа лизгалиште се наоѓа причината поради која народот верува дека утре ќе биде подобро од денес. Јуниорскиот хокеарски тим игра во полуфиналето на националниот турнир и, всушност, се обидува да го освои. Сите надежи и сништа на ова место сега почиваат на рамената на еден грст тинејџери.
Одговорноста за надежите на целото гратче е тежок товар, а полуфиналниот натпревар е катализатор за чин на насилство по кој едно девојче ќе биде трауматизирано, а градот ќе врие. Се појавуваат обвиненија и, како камчиња што отскокнуваат од површината на водата, патуваат низ цел Мечкоград и никого не го оставаат рамнодушен.
„Мечкоград“ ги истражува надежите што ја обединуваат малата заедница, тајните што ја разединуваат и храброста што е потребна за еден човек да ѝ се спротивстави. Во оваа приказна за мало шумско гратче, Фредрик Бакман го сместил целиот свет.
Истоиментата серија на HBO премиерно беше прикажана во октомври 2020 година.
-
Брит-Мари беше тука
0400,00 денНеодолив роман за наоѓање љубов и за вторите шанси што сите ги заслужуваме. Брит-Мари не може да поднесе неред. Неорганизирана фиока за прибор е непростлив грев. Секој ден го започнува во шест часот бидејќи само лудаци се будат подоцна од тоа. И не е пасивно агресивна. Секако дека не! Само понекогаш луѓето нејзините корисни сугестии ги толкуваат како критики. Таа не суди за другите, никако.
Зад социјално непријатното, напорно лице на Брит-Мари се крие жена со фантазија, со преголеми соништа и со претопло срце! По разделбата со сопругот Кент, животот го почнува одново во мистериозното гратче Борг. Секојдневно се соочува со новите сограѓани: пијаници, џаболебари, а еден згоден локален полицаец успева дури и да ѝ го привлече вниманието. Нејзината нова и речиси невозможна задача е да стане тренер на фудбалски тип со неталентирани деца.
Дали Брит-Мари ќе го најде местото каде што навистина припаѓа? На комичен и динамичен, внимателен и хуман начин се слават неочекуваните пријателства што нè менуваат засекогаш. Дали може да го направиме светот подобро место?
-
Човекот по име Уве
0450,00 денЗапознајте го Уве, 59-годишен вдовец. Тагата по неговата сакана го тера секој ден да ја посакува сопствената смрт. Уве е еден од оние што покажуваат со прст во луѓе што не им се допаѓаат. Секое утро врши инспекција по населбата во која живее. Ги преместува велосипедите и проверува дали ѓубрето е правилно селектирано – иако веќе поминале неколку години откако е разрешен од должноста претседател на здружението на станари. Вечно гневен и незадоволен, лесно избувлив, накратко: сосед од кошмарите. Меѓутоа, зад неговата мрзоволност, педантерија и железна принципиелност се крие една многу тажна судбина… И така, еден ноемвриски ден, кога соседот што се вселува во соседната куќа случајно го уништува поштенското сандаче на Уве, одеднаш почнува комично топлата приказна. Приказна што суштински ќе промени еден човек и едно соседско здружување. Ова е роман за влијанието на еден човечки живот врз безброј други.
Истоимениот филм во 2017 година беше номиниран за „Оскар“ за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје.
-
Сопруга на хартија
0420,00 денЈужна Кина, 1923 година. Очајни да ѝ обезбедат иднина, родителите на Меј Линг договараат нејзин брак со вдовец кој живее во Калифорнија. За да влезе во земјата, Меј Линг мора да се преправа дека е првата сопруга на својот сопруг- сопруга на хартија.
За време на опасното патување, Меј Линг прима под своја закрила девојче- сирак по име Сју. Соништата за подобар живот во Америка ѝ даваат сила на Меј Линг да ги издржи мачното патување и држењето во излоација на островот Енџел. Но, кога конечно ќе стигне во Сан Франциско ја чека изненадување…