-
-
Волшебната топка
0300,00 денУште една книга од можеби најпродаваниот современ турски писател за деца, Фатих Ердоган. Препорачано за деца над 7 години. Дениз посакуваше да стане добар фудбалер, но по малку му недостасуваше талент. Најпрвин, мораше да научи како добро да ја шутира топката. Но, топката никогаш не одеше таму каде што тој ја упатуваше… Откријте што ќе се случи доколку топката е… Волшебна!
-
-
Сестринството Теа во опасност
0250,00 денТеа Стилтон
Таа е многу интересна девојка!
Сигурна и сериозна, работи како специјален репортер за „Глувчеви вести“.
Секогаш е во потрага по интересни вести и е подготвена да оди на авантуристички патувања од кои се враќа
со сензационални статии и фотографии. Таа е брилијантна и секогаш подготвена да им помогне на другите. Теа е одличен пријател на другите глувчиња, но нејзината најистакната особина е женската солидарност!Сестринството Теа брои пет членови, студенти од колеџот Глушфорд на Островот на китовите. Тие се палави, забавни и сакаат да станат вистинити репортери! Меѓу лекциите и пријателствата, љубовта и слатката завидливост, животот на колеџ е навистина возбудлив!
-
Логички загатки за умни глави : 10+
0120,00 денРешавањето логички загатка е извонредна алатка за:
– Координација на левата и десната страна на мозокот.
Левата страна е задолжена за решавање проблеми, учење јазици, математика, наука и логика. Десната страна ја поттикнува креативноста, интуицијата и визуелно-уметничките вештини.– Подобрување на меморијата и концентрацијата.
Решавајќи ги загатките треба да запомнат разни форми на парчиња кои треба да се вклопат, треба да се пронајдат правила, да се фокусира на делови додека да се стигне до целосното решение.– Подобрување на вештините за просторно размислување.
Решавајќи сложувалки и загатки се активираат центрите за движење, ротирање и проекција. Исто така, се развива способноста за визуелизираат на формите или сликите што недостасуваат.– Одмор од дигиталните уреди.
Решавањето загатки е одлична забавна алтернатива на дигиталните игри со која се развиваат креативност, аналитички вештини и брзина во процеост на размислување. -
-
ПЧЕЛКИ НА РОЛЕРКИ
0190,00 денЗбирка поезија за деца со илустрации и со хумористични и интересни стихови.
-
Џорџ и космичкиот лов на богатство
0600,00 денДали некогаш сте сакале да патувате во вселената?
Запознајте го Џорџ. Тој е обично момче со неверојатна тајна – има можност да доживува меѓугалактички авантури!
На најдобрата другарка на Џорџ, Ени, ѝ е потребна помош – и тоа веднаш. Таа откри нешто многу чудно во суперкомпјутерот Космос…
Дали тоа е порака од вонземјанин? Постои ли живот таму горе? Џорџ и Ени мора да заминат на меѓугалактички лов на богатство за да откријат!
-
Џорџ и големиот прскот
0600,00 денДали некогаш сте сакале да патувате во вселената?
Запознајте го Џорџ. Тој е обично момче со неверојатна тајна – има можност да доживува меѓугалактички авантури!
Придружете му се во битката против лошиот бунтовен научник, кој по секоја цена сака да го саботира највозбудливиот – и опасниот експеримент на векот.
Смртоносната бомба чука.
Целиот свет гледа.
Дали Џорџ може да го сопре вториот ГОЛЕМ ПРСКОТ?
-
Џорџ и непробојниот код
0600,00 денДали некогаш сте сакале да патувате во вселената?
Запознајте го Џорџ. Тој е обично момче со неверојатна тајна – има можност да доживува меѓугалактички авантури!
На Ени, најдобрата другарка на Џорџ,ѝ е потребна помош – и тоа веднаш. Татко ѝ работи на вселенски проект – и нешто не е во ред со целата работа.
Еден робот слетал на Марс, но се однесува многу чудно. А Ени открива нешто чудно на суперкомпјутерот на татко ѝ.
Дали тоа е порака од вонземјанин?
Можно ли е да има живот таму надвор?
И ако можеш да зборуваш со вонземјани, што би им рекол? -
Џорџ и тајниот клуч на Универзумот
0600,00 денЗапознајте го Џорџ, едно обично момче. Но сето тоа ќе се смени со доаѓањето на неговите нови соседи.
Тие го поседуваат КОСМОС – таен, суперпаметен компјутер кој зборува и кој може да го однесе Џорџ на вртоглаво патување низ вселената. Но, КОСМОС е во опасност и ако дојде во погрешни раце на Џорџ, а и на целиот свет, му се заканува голема опасност.
Ова е неверојатна приказна – лекција исполнета со интересни илустрации осмислена и напишана од Луси, ќерка на можеби најпаметниот човек на планетата, неверојатниот Стивен Хокинг. -
Кој се плаши од Црвенкапа?
0400,00 денЕдно паметно волче мисли дека пораснало и дека веќе може само да излезе на прошетка низ шумата. Сепак, неговата мајка не се согласува со него и има неколку прашања што би сакала најпрвин да му ги постави на своето волче. Тоа одговара на сите прашања на начин што ја изненадува мајка си. Покрај тоа, многу е креативно …
„Кој се плаши од Црвенкапа?“ е навистина посебна книга со својот шеговит јазик, перспективата на приказната и извонредните илустрации.
Во 2009 година ја доби наградата за најдобра сликовница во Турција.
-
-
Боенка – Буква до буква азбука
0110,00 денЕдукативна боенка во која, покрај боењето и поврзување на точки, детето изучува поими, зборови и букви како и вежба за нивно правилно пишување.
-
-
ТИ НОСАМ ПУСТИНСКИ ПЕСОК
0300,00 денТаа е неговата најнај другарка, тој нејзиниот најнај другар. Се викаат Стела и Сани, а меѓу себе Јасти и Тијас. Родени се на ист ден, во иста година, во ист час. Исти им се и имињата. Sвездени.Живеат во исто маало, учат во исто одделение, исти нешта ги интересираат. Изгледа дека ништо не би можело да ги раздели, па сепак…
Кога ќе се најдат илјадници километри далеку еден од друг, продолжуват да се дружат преку мејлови. Но колку можат тие да им ги надоместат живите средби, гушкањата, заедничката смеа, солзите, воздишките?… Ќе се смени ли нешто меѓу нив? Дали ќе успеат да ја одржат блискоста?
На прагот се од тинејџерската доба со неброени прашања без одговори. И премногу си недостигаат. Ех, само кога повторно би се виделе!
Ти носам пустински песок, прв роман за деца и млади од авторката на Последниот чај, Полиња со диви нарциси, Понекогаш доаѓа среќа, Луна и Вилино.