Филтер по цена
Жанр
  • Трите мали волчиња

    Трите мали волчиња

    0

    Си беа еднаш три мали волчиња
    кои сакаа да си изградат своја куќичка.
    Но Гицо Гнасец, подмолниот
    и злобен прасец,
    други планови кроеше..

    190,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Оваа книга ми го изеде кучето!

    Оваа книга ми го изеде кучето!

    0

    Се бара љубезен читател за да ѝ покаже на оваа палава книга кој е главен. „Оваа книга ми го изеде кучето“ е приказна за едно мало девојче, едно големо куче и една книга со палаво однесување! Еден ден, додека Бела си го шеташе кучето, случи нешто чудно. Тоа исчезна! На Бела, на нејзиниот пријател Бен и на спасувачките екипи им стана јасно дека опасноста се крие на страниците на оваа книга. Но, таму каде што полицијата и противпожарната бригада не успеваат, ти – читателот – би можел да помогнеш.

    360,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Ние сме во погрешна книга!

    Ние сме во погрешна книга!

    0

    Се бара љубезен читател да им помогне на Бен и Бела да најдат среќен крај во оваа сликовница. Кога трката со вреќи за компири тргнува наопаку, Бен и Бела ќе се најдат исфрлени од нивната страница во некоја непозната територија. Но, тоа ќе ги одведе и на авантура со секое прелистување на страниците. Ајде да видиме како ќе го најдат патот назад во својата книга?

    360,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Размислувај како Шерлок Холмс

    Размислувај како Шерлок Холмс

    0

    На половина пат помеѓу прирачник и разиграна лабораториска вежбанка, Размислувај како Шерлок Холмс е патување низ раскажување, активности и игри со кои ќе откриеш како да го вежбаш твојот ум за набљудување, логика, концентрација и  селективна меморија, следејќи ги трагите на најгенијалниот детектив на сите времиња

    360,00 ден
    Додај во кошничка
  • Шапката на волшебникот

    Шапката на волшебникот

    0

    Еден пролетен ден Муминтрол, Снусмумрик и Сниф тргнуваат во потрага по нешто необично. На еден планински врв наоѓаат висока, црна шапка.

    Наскоро ќе се покаже дека мистичната шапка има волшебна моќ. Сè што се става во неа се преобразува во нешто друго: лушпите од јајца стануваат розови облачиња на кои може да се седи и лета, а куќата на Мумините се претвора во џунгла. Но еден ден се случува нешто страшно. Муминтрол се покрива со шапката додека играат криеница, а кога излегува од неа никој не го препознава. Тој е претворен во чудно суштество со големи уши и долга опашка. Што ќе се случи сега со него?

    Шапката на Волшебникот е третата книга на финско-шведската писателка Туве Јансон од серијата за Мумините. Таа е возбудлива приказна за едно прекрасно и чудно лето кое семејството на Мумините никогаш нема да го заборави.

    280,00 ден
    Додај во кошничка
  • Размислувај како Леонардо Да Винчи

    Размислувај како Леонардо Да Винчи

    0

    На половина пат помеѓу прирачник и разиграна лабораториска вежбанка, Размислувај како Леонардо да Винчи е патување низ раскажување, активности и игри со кои ќе откриеш како да го вежбаш твојот ум за љубопитност, креативност, техника и перфекција, следејќи ги трагите на најсложениот и полиедричниот генијалец на сите времиња.

    360,00 ден
    Додај во кошничка
  • Размислувај како Алберт Ајнштајн

    Размислувај како Алберт Ајнштајн

    0

    На половина пат помеѓу прирачник и разиграна лабораториска вежбанка, Размислувај како Алберт Ајнштајн е патување низ раскажување, активности и игри со коишто ќе откриеш како да го вежбаш твојот ум за истражување, логика, научен метод, страст и мотивација, следејќи ги трагите на најголемиот научник на сите времиња.

    360,00 ден
    Додај во кошничка
  • Желбата на ежот

    Желбата на ежот

    0

    Кога сме заедно, ние го имаме најдоброто време на светот. Тогаш сме безвременски.

    Колебливото еже живее осамено во својата куќичка во шумата. Никој не му оди на гости, а тоа никако не може да се реши да ги покани. Долго ја смислува поканата, но дали воопшто треба да ја прати? Што ако му дојдат сите заедно, ќе има ли чај и торта за сите? И дали сите јадат иста торта? А што ако се исплашат од неговите боцки?…

    Ежето со денови ги замислува сите посети на животните од шумата, од морето и пустината. Можеби ќе немаат за што да разговараат? Можеби дабарот, носорогот или мечката ќе му ја растурат куќата? Јастогот може да му ги извади боцките со своите клешти, осата може да го боцне. Слонот ќе му ја скрши масата, а китот ќе му ја поплави куќата. А песната на славејот, пак, многу ќе го растажи…

    За тоа време, желката и полжавот упорно патуваат кон неговата куќичка и си замислуваат како ќе се забавуваат. Дали ќе успеат да стигнат кај ежето пред да заврне првиот снег?

    Чудесна приказна за пријателството, за прифаќањето на разликите и потребата да живееме заедно, во љубов и разбирање.

    280,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Оваа книга ми ја украде мачката

    Оваа книга ми ја украде мачката

    0

    Повеќето книги не се непослушни или скокотливи, ниту пак киваат. Но,оваа НЕ Е таква книга!

    360,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Ти си херој

    Ти си херој

    0

    Ема и Филип се двајца пријатели со големи срца и со уште поголеми соништа… Со боички и моливи, преку уметнички страсти и безусловна поддршка, тие учат дека вистинското пријателство има моќ да го промени животот.

    Tопла и инспиративна приказна за различноста, за храброста да бидеш свој, за надежта и за силата што се раѓа кога навистина се слушаме и се разбираме. Приказна за сите што веруваат дека една насмевка, една подадена рака и една книга можат да направат вистинско чудо. Тргни во авантура со Ема и Филип…

    Можеби ќе откриеш дека и ти си херој.

    250,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Размислувај како гениј

    Размислувај како гениј

    0

    На половина пат помеѓу прирачник и разиграна лабораториска вежбанка, Размилсувај како гениј помага да се подобри меморијата и концентрацијата, да се активираат логичките процеси на учење, да се развива имагинацијата и креативноста

    360,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Децата и разводот

    Децата и разводот

    0

    Во својот научен труд „Децата и разводот: Психологија на разводот од перспектива на децата“ – што е адаптирана и дополнета верзија на нејзината докторска дисертација – универзитетската професорка Драгана Батиќ пишува за влијанието на разводот на родителите и на семејната структура врз менталното здравје на децата и на адолесцентите. Таа прави детален преглед на разводот како стресоген животен настан и на карактеристиките на семејствата што настануваат по разводот. Од истражувањата што ги спроведува професорката во рамките на својата работна практика, но и од истражувањата на цитираните автори кои се занимаваат со истата тема, може да се заклучи дека менталното здравје на децата и на адолесцентите на разведени родители не е изложено на ризик, односно дека за менталното здравје на децата и на адолесцентите поважни фактори се функционалноста на новоформираните семејства и кооперативниот однос помеѓу родителите, отколку самата структура на семејствата.

    450,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Левораката дама

    Левораката дама

    0

    Сега и филм на „Нетфликс“ со Мили Боби Браун, Хенри Кавеил и Хелен Бонам Картер!

    Енола Холмс е во бегство! Зад петиците ù е, ни помалку ни повеќе, туку нејзиниот постар брат, Шерлок Холмс. Сепак, додека се обидува да му измолкне на легендарниот детектив – во најголемиот, најмрачниот и највалканиот град на светот – таа ги открива неочекуваните цртежи на Леди Сесили, што ù оставаат силен впечаток. Но, Леди Сесили е исчезната без трага. Храбро трагајќи по левораката дама низ темните улици на Лондон, Енола ризикува повеќе од што треба. Ги ризикува сопствениот идентитет и сопствениот живот, во случај многу покомплексен од обично исчезнување на една леворака дама.

    „Левораката дама“ е втората книга од серијалот „Мистериозните случаи на Енола Холмс“ од веќе признаената авторка Ненси Спрингер – совршена приказна за вљубениците во Шерлок Холмс, детективската фикција и мистеријата.

    280,00 ден
    Додај во кошничка
  • Бајки од Македонија - лектира

    Бајки од Македонија – лектира

    0

    Секоја генерација ги прераскажува бајките по свое, па тие постојано се менуваат и се обновуваат. Бајките од нашето поднебје не се само варијанти на познатите светски бајки, иако честопати имаат слични мотиви. Тие се локално обликувани, со можностите на нашиот македонски јазик, низ нашите обичаи, пејзажи и верувања.

    250,00 ден
    Додај во кошничка
  • Исчезнатиот маркиз

    Исчезнатиот маркиз

    0

    Сега и филм на „Нетфликс“ со Мили Боби Браун, Хенри Кавеил и Хелен Бонам Картер!

    Запознајте ја Енола Холмс, тинејџерка-детектив и помлада сестра на Шерлок Холмс! Кога Енола ќе открие дека мајка ù е исчезната, таа бргу тргнува во Лондон да ја бара. Но, дали е спремна за сè што ја очекува во големиот град? Таа бргу се замешува во киднапирањето на еден млад маркиз, истовремено е во бегство од опасни криминалци и сопствените браќа – кои сакаат од неа да направат дама – а покрај тоа, се обидува да ги протолкува трагите што ќе ù го објаснат чудното исчезнување на мајка ù. Дали Енола ќе се справи со сите овие предизвици?

    „Исчезнатиот маркиз“ е првата книга од серијалот „Мистериозните случаи на Енола Холмс“ од веќе признаената авторка Ненси Спрингер – совршена приказна за вљубениците во Шерлок Холмс, детективската фикција и мистеријата

    280,00 ден
    Додај во кошничка
  • Кој сум јас? - Животни од шумата

    Кој сум јас? – Животни од шумата

    0

    Интересни загатки и изненадувања на секоја страница. Одличен начин за дечињата да ги научат животните и нивните главни карактеристики.

    170,00 ден
    Прочитај повеќе