Филтер по цена
Жанр
  • Жирафата Жижи

    Жирафата Жижи

    0

    Другарчиња, сте чуле ли за новата жителка на волшебната шума? Не? Значи не знаете за хаосот што го направи таа… Дури и во сликовницава! Многу е мала, а многу е немирна, трча наоколу и се губи. Ќе ни помогнете ли да ја најдеме? Да? Јееј!

    200,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Месечина

    Месечина

    0

    Значи, другарчиња, Боби си читал сликовница во собата, но кога снемало струја, наеднаш станал и погледнал пред себе. 👀 На подот си ја видел сенката и многу се зачудил! Па како може ноќе да има сенка?!. си рекол, нели само Сонцето и светилките прават сенки? Се свртил и ја видел Месечината на небото. Но, како може Месечината толку да свети, се запрашал.

    390,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Јас сум Миа: Дневник за девојчиња

    Јас сум Миа: Дневник за девојчиња

    0

    Тинејџерка си? Или можеби наскоро ќе бидеш?

    Тогаш нема шанси да не ти се случуваат возбудливи работи во животот!

    Ако имаш многу другарки, другари, дечко, симпатија, проблеми, убави настани, милениче, желби, соништа… сѐ тоа вреди да се запише во овој ДНЕВНИК!

    300,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Скарлет и Блесок

    Скарлет и Блесок

    0

    Скарлет и Блесок уживаат во Академијата за еднорози. Тоа е совршено место каде што можеш да се забавуваш, а и да бидеш палав!

    Волшебното езеро почнува да замрзнува и можно е да се затвори училиштето! Скарлет и Блесок не можат да поднесат да бидат разделени, па одлучуваат да откријат кој стои зад големото замрзнување и да ги вратат работите на свое место…

    250,00 ден
    Додај во кошничка
  • Лејла и Танчар

    Лејла и Танчар

    0

    Лејла не може да поверува на својата среќа поради тоа што оди во Академијата за еднорози! Го обожава својот бодар еднорог, Танчар, иако премногу се плаши да скока и да јава брзо како нивните пријатели.

    Кога дрвјата околу Волшебното езеро ќе почнат да умираат, Лејла мора да собере храброст и да го поведе Танчар во возбудлива авантура за да го најдат лекот!

    250,00 ден
    Додај во кошничка
  • Оливија и Снегулка

    Оливија и Снегулка

    0

    Оливија е многу среќна поради тоа што е во Академијата за еднорози. Се надева дека нејзиниот мил еднорог, Снегулка, ќе ја открие магичната моќ пред доделувањето на дипломите!

    Сите се зафатени со украсување на Академијата за еднорози за свечената прослава, но изгледа дека некој се обидува да ја уништи забавата. На Оливија и Снегулка останува да ја спасат ситуацијата – и училиштето!

    250,00 ден
    Додај во кошничка
  • Поларна светлина

    Поларна светлина

    0

    „Поларна светлина“ е првиот том од трилогијата „Темната граѓа“ (оригинален наслов His Dark Materials). Делото е напишано уште во 1995 година и е добитник на многу награди, а од 2019 година е и критички и комерцијално успешна серија на Би-би-си и Ејч-би-о. Денес, романите на Филип Пулман се сметаат за модерни класици на детската литература.

    „Без детето, сите ќе умреме.“

    Лира Белаква и нејзиниот дајмон живеат разуздан и безгрижен живот меѓу професорите на Колеџот „Џордан“ во Оксфорд.

    Судбината ќе ги однесе во далечните, смрзнати предели на Арктикот, каде што вештерски кланови се борат меѓу себе, а поларните мечки имаат свое кралство.

    Невообичаеното и возбудливо патување на Лира ќе има огромни последици, што ќе ги надминат границите на нејзиниот свет…

    420,00 ден
    Додај во кошничка
  • Изабела и Облак

    Изабела и Облак

    0

    Изабел сака да се трка околу Академијата за еднорози со нејзиниот прекрасен еднорог, Облак. И едвај чека нејзиниот еднорог да ја открие неговата магична моќ!

    Некој фрла лоша магија на Волшебното езеро. Изабел и Облак ќе мораат да научат да си веруваат еден на друг впуштајќи се во опасна авантура за да го спасат училиштето…

    250,00 ден
    Додај во кошничка
  • Софија и Ѕуница

    Софија и Ѕуница

    0

    Софија е многу возбудена поради тоа што е во Академијата за еднорози. Сигурна е дека Ѕуница, нејзиниот прекрасен еднорог, ќе ù стане најдобра пријателка.

    Кога Волшебното езеро ќе добие чудна боја и магијата на еднорозите ќе тргне на лошо, Софија и Ѕуница знаат дека можат да го поправат ова. Но, мораат да бидат храбри и да тргнат на голема авантура во шумата…

    250,00 ден
    Додај во кошничка
  • Ава и Ѕвезда

    Ава и Ѕвезда

    0

    Ава и Ѕвезда ја сакаат нивната прекрасна градина во Академијата за еднорози. Оваа градина е местото каде што ги одгледуваат нивните магични растенија!

    Кога ќе исчезнат небесните бобинки, кои им требаат на еднорозите за да преживеат, Ава и Ѕвезда се сигурни дека можат да направат нешто. Мораат да најдат повеќе специјални бобинки пред да почне да бледнее магијата на сите еднорози!

    250,00 ден
    Додај во кошничка
  • Уципуци си го бара домот

    Уципуци си го бара домот

    0

    Оваа книга ја раскажува возбудливата и по малку опасна авантура на Уципуци, бувчето играчка што Крис го заборава на одморот во Италија. За да се врати кај својот мал сопственик, бувчето мора да помине долга и опасна патека низ целата куќа за да дојде до терасата и да се сретне со Големиот Комарец, единствениот што знае каде е Крис. На Уципуци ѝ помагаат пајакот и штурецот и двајцата стануваат нејзини незаменливи помошници и добри пријатели.

    Ова е интерактивна книга – на крајот ве очекува изненадување! Хммм дали е можно во книгата да има и куклен театар?

    500,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Духот од кантервил

    Духот од кантервил

    0

    „Духот од Кантервил“ е приказна за едно семејство коешто се доселува во куќа на село, опседната од духот на еден покоен благородник. А кога во куќата ќе се всели конзервативното американско семејство што не верува во натприродни сили, следува низа од комични ситуации. Духот на сер Сајмон попусто дава сè од себе да го преплаши семејството Отис со неговите најморничави привиденија. Сепак реалното американско семејство одбива да биде исплашено, а сер Сајмон мора да се задоволи единствено со комичните неуспеси.

    290,00 ден
    Додај во кошничка
  • Малите жени

    Малите жени

    0

    „Малите жени“ е приказна за четири сестри: Мег, Џо, Бет и Ејми Марч. Базирана е на личните искуства на авторката и нејзините три сестри. Секое од девојчињата се бори со некоја особена, лична карактеристика: Мег е суетна, Џо е избувлива, Бет е срамежлива, а Ејми е егоцентрична. Додека девојчињата се обидуваат да ги надминат тешкотиите во животот најдобро што умеат додека татко им е далеку, во војна, низ нивната креативност и меѓусебна љубов тие успеваат да уживаат во убавите мигови и да опстојат низ тешките времиња.

    290,00 ден
    Додај во кошничка
  • Малата голема точка

    Малата голема точка

    0

    „На страницата од тетратката за домашни задачи се сретнаа две точки. Не точки од некој сок или од остатоци од чоколадо. Тие повеќе би се нарекле дамки, што ги има по многу тетратки. Разбирливо. Кога се пишува домашна задача, истовремено се пие и се јаде, па – се случува и страницата од тетратката да добие некој свој заслужен дел. Овие се писмени точки, зашто специјално се описменети да служат во редовите на писменото искажување, какво што е во книгите, во писмата, во весниците и слично.“

     

    Во книгата „Малата голема точка“ од Цане Андреевски се случуваат уште многу вакви средби, каде што главни улоги, покрај точките, се и прашалникот, извичникот, запирката, трите точки и другите „членови“ на „интерпункциската елита“.

    250,00 ден
    Додај во кошничка
  • Волшебната авантура

    Волшебната авантура

    0
    200,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Нека играат децата

    Нека играат децата

    0

    „Нека играат децата“ е прва објавена книга на Денис Бојаров и претставува збирка раскази наменета за различни возрасни категории, која обработува социолошки, психолошки и филозофски теми поврзани со децата, со семејството, но и со човекот, воопшто.

    Во голема мера книгата изобилува со автобиографски приказни, збогатени со имагинативната нарација, преку кои авторот воспоставува комуникација и блискост со читателот и му испраќа емотивни и моќни пораки.

    Нараторот преку гласот на децата, преку родителите, животните и растенијата комуницира со читателот и му дава еден готов производ од ликови и настани од нашето поднебје, со кои сите ние се идентификуваме. Педесет и еден расказ на број, тематски слични, сепак со поинакво сиже и поуки. Ова се раскази што ќе ја поттикнат емпатијата во вас.

    300,00 ден
    Додај во кошничка